Ерупцијата на Етна прерасна од спектакуларен природен феномен во сериозен транспортен проблем за Сицилија во самиот врв на летната сезона. Вулканската пепел петти ден по ред го нарушува работењето на аеродромот во Катанија, а ограничувањата се продолжени до раните утрински часови во сабота, 15 август. Стотици летови се откажани или пренасочени, а илјадници патници останаа заглавени на островот. Етна продолжува да исфрла пепел и вулкански ...

Луиџи Манџоне, обвинетиот за убиството на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, денеска пред федералниот суд во Менхетен призна дека го планирал нападот и дека го застрелал Томпсон во Њујорк. Дваесет и осумгодишниот Манџоне се изјасни за виновен по две федерални точки за следење со намера за убиство, а за секоја од нив може да добие доживотен затвор. Случајот доби огромно внимание во САД откако Томпсон беше застрелан на 4 ...

Автомобилите во иднина би можеле да добијат уште едно светло кое денес речиси никој го нема – зелено стоп-светло на предниот дел од возилото. Идејата звучи необично, но истражување на Техничкиот универзитет во Грац покажува дека ваквиот сигнал би можел да спречи дел од судирите на раскрсници и да ја намали силата на ударот во други случаи. За разлика од класичните црвени стоп-светла, кои ги гледаат возачите зад автомобилот, новото светло би ...

Еден од шест жители на Европската Унија секојдневно користи тутун или сродни производи. Уделот се намалува, но најновите европски податоци откриваат и нешто друго: класичната цигара повеќе не е доволна за да се измери колку Европа навистина е зависна од тутун и никотин. Во 2025 година 16,5 отсто од населението на ЕУ на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користело тутун или сродни производи. Во 2022 година уделот бил 17,5 отсто. ...

Руски ракетен напад на 14 август погодил дел од TIS Container Terminal во пристанишниот комплекс Пивденни, во поширокиот регион на Одеса – еден од клучните логистички центри на Украина на Црното Море. Терминалот неодамна премина под контрола на швајцарскиот бродски гигант Mediterranean Shipping Company (MSC), што го прави нападот особено чувствителен и од аспект на странските инвестиции во Украина за време на војната. Според ексклузивната ...

На само дваесетина километри од центарот на Скопје има место каде за помалку од еден час градската врева се заменува со шума, стари селски дворови, средновековен манастир и патеки што водат длабоко кон Скопска Црна Гора. Побожје е доволно блиску за еднодневно бегство, но има доволно содржина за да не биде само уште едно село низ кое се поминува. Сместено на околу 590 метри надморска височина, Побожје е природна почетна точка за прошетки кон ...

Руски ракетен напад на 14 август погодил дел од TIS Container Terminal во пристанишниот комплекс Пивденни, во поширокиот регион на Одеса – еден од клучните логистички центри на Украина на Црното Море. Терминалот неодамна премина под контрола на швајцарскиот бродски гигант Mediterranean Shipping Company (MSC), што го прави нападот особено чувствителен и од аспект на странските инвестиции во Украина за време на војната. Според ексклузивната ...

Хрватска продолжува да се бори со серија големи пожари. Додека пожарникарите сè уште ја контролираат состојбата на подрачјето на Омиш, каде огнот во текот на ноќта предизвика огромна материјална штета, попладнево избувнаа два пожари и во поширокото подрачје на Задар – кај Нински Станови и во градската населба Били Бриг. Првиот поголем пожар е регистриран кај Нински Станови, каде хрватскиот главен противпожарен командант Славко Туцаковиќ ...

Франција нема да ја воведе најавената забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години, откако Уставниот совет го блокираше законот усвоен од францускиот парламент. Одлуката доаѓа само неколку недели пред планираниот почеток на примената на мерката, која требаше да стапи во сила од 1 септември. Законот беше дел од иницијативата на француските власти за поголема заштита на децата од ризиците поврзани со социјалните мрежи. ...

Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала мигрантите дека преминувањето од Мароко во шпанската енклава Сеута е лесно и безбедно. Новинарска истрага открила дека дел од профилите нуделе конкретни совети за нелегално преминување на границата во замена за пари, додека на социјалните мрежи се ширеле и лажни информации за наводно отворена граница. Истрагата покажала дека десетици профили на Инстаграм објавувале видеа на кои патот до Сеута бил ...

Францускиот Уставен совет оцени дека законот со кој се воведува право на медицинска помош при умирање е во согласност со Уставот. Одлуката ги отстранува последните уставни пречки за негово спроведување, но истовремено воведува важни појаснувања за лекарите, фармацевтите и приватните здравствени установи. Законот беше усвоен од францускиот Парламент на 15 јули, по долгогодишна и исклучително чувствителна политичка и општествена дебата за ...

Пожарот што го зафати Сивири на Халкидики остави зад себе илјадници хектари опожарено земјиште, оштетени куќи и јавни објекти. Иако огнената стихија е ставена под контрола, опасноста не е целосно помината поради најавените силни ветрови кои можат повторно да активираат жаришта. Огнот избувна на 13 август во областа Сивири, на првиот крак на Халкидики, и поради силниот ветер за кратко време почна брзо да се шири кон населените места. Грчките ...

Пишуваме на македонски, но сè почесто со латинични букви. Во пораки, коментари, пребарувања на интернет, па дури и во јавна комуникација, „zdravo“, „kade si“ и „shto pravish“ за многумина станаа секојдневие. Причините се различни. Некому латиницата му е побрза, друг никогаш не ја сменил фабрички поставената тастатура, трет е навикнат така да комуницира уште од времето на СМС-пораките. Но со паметните телефони денес кириличната тастатура е ...

Пожари повторно го зафатија јадранското крајбрежје, а високите температури, сувата вегетација и ветерот создаваат услови огнот брзо да се шири. Најсериозна е состојбата во делови од хрватското и црногорското крајбрежје, каде огнот се приближува и до населени места. Во Хрватска денеска внимание привлече пожарот кај Задар, кој според локалните информации бил локализиран, но на терен и натаму имало чад и жаришта. Во поширокиот далматински регион ...

Еден месец по труењето во Гостивар, наместо целосен јавен извештај и јасно утврдена одговорност, јавноста доби фотографија од претставници на институциите пред чешма со чаши вода. Случајот повторно ги отвора прашањата за спорните пумпи, контролата на водата и постапувањето на институциите во деновите кога граѓаните почнаа да се разболуваат. Според објавените информации, спорните пумпи биле поставени на 25 јуни, а две од нив сè уште работеле ...

Додека после еден месец Гостивар конечно довби вода за пиење, проблем со квалитетот со водата се јави во друга македонска општина/ Јавното комунално претрпијатие „Бошава“ од Демир Капија попладнево објави дека бодата во водоводот на Демир Капија не е безбедна за пиење а ниту за готвење и истата не смее да се конзумира. По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се ...

Уставниот совет на Франција, телото кое проверува дали законите се во согласност со Уставот, ја блокираше забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 15 години, велејќи дека законот не обезбедува доволни правни гаранции за да се потврди возраста на сите корисници и да се заштити слободата на изразување. Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно се залагаше за забраната и сакаше таа да стапи на сила на почетокот на ...

Голема меѓународна полициска операција, спроведена е денеска координирано на територијата на повеќе држави, меѓу кои и Грција, Македонија и Косово, со која е сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици. Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана. Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за ...

По фијаското и елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите во Лигата на шампиони Црвена Звезда ја информираше јавноста дека има нов тренер по оставката на досегашниот стратег Дејан Станковиќ. Нов тренер на Црвена Звезда ќе биде шпанскиот стручњак, Алберт Риера, човекот кој заврши извонредна работа на Балканот предводејќи го Целје, а кој со „црвено-белите“ ставил параф на двегодишен договор. – Нема предавање, пристигнува „тики-така“, – ...

Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Скопје. Станува збор за 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а кај него била развиена и клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен случај поврзан со вирусот за една недела. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација. Пред неколку дена почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така ...

Бесим Красниќи од Кондово, брат на Агим Красниќи, повторно е во бегство откако не се вратил во затворот „Идризово“ по одобрениот 30-дневен прекин на издржувањето на затворската казна. Иако неговата локација е непозната, МВР засега го бара само со централна, а не и со меѓународна потерница. „По барање на надлежен суд за наведеното лице е распишана централна потерница“, соопштиле од МВР за „Слободен печат“. Красниќи бил пуштен од затвор заради ...

Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Скопје. Станува збор за 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а кај него била развиена и клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен случај поврзан со вирусот за една недела. На Инфективната клиника во моментов се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација. Пред неколку дена почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така ...

По нестабилноста и локалните врнежи во петок, викендот носи значително постабилно време во Македонија. Во сабота, 15 август, ќе преовладува сончево до претежно сончево време, а во недела температурите ќе пораснат за уште неколку степени. Во сабота најтопло ќе биде во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и Гевгелија, каде максималните температури ќе се движат околу 31-32 степени. Најсвежо ќе остане во западните и повисоките места, со околу 26 ...

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, побара попладнево опозициската СДСМ. „Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни“ велат од СДСМ. СДСМ прашува и ...

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...

На 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден” во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на ...

МВР информира дека вчера во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот. Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги ...

Необична сцена е забележана денеска во ВИП делот на Меѓународниот аеродром Скопје, каде владиниот авион бил влечен со трактор по аеродромската писта. Фотосторијата ја објави ТВ21, а на фотографиите се гледа како леталото, наместо самостојно да се движи, е прикачено на аеродромско возило кое го пренесува низ ВИП зоната. Засега нема официјална информација дали станува збор за редовно преместување на авионот, техничка интервенција или друга ...

Хрватската полиција пронајде мртво лице при пребарувањето на подрачјето опустошено од големиот пожар кај Омиш. Телото било пронајдено денеска околу 13:30 часот, соопшти сплитско-далматинската полиција. Засега не се објавени идентитетот на починатото лице и околностите на смртта. На местото ќе биде извршен увид под раководство на надлежен државен обвинител, со полициска асистенција. Поради последиците од пожарот медицинска помош добиле вкупно ...

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, што е за приближно 500.000 повеќе во споредба со минатата година. Планот го најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. При посетата, Хоџа заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство се запознал со процесот на вештачко размножување на охридската ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1027
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
74%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
86%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
69%
1030
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
75%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Сребро

1666.05

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

321507.47

Калај

46.54

Платина

49319.25