Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Денеска во филијалата на „АЛТА банка” АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка” од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше ...
Вооружен маж влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков и отворил оган кон луѓето, при што најмалку петмина се убиени, а десетина се повредени. Нападот се случил денеска, 7 ноември, околу 15 часот. Меѓу повредените има и полицајци, наведува СДК, повикувајќи се на Би-Би-Си и на информациите од полската полиција. Напаѓачот бил застрелан при полициската интервенција и потоа пренесен во болница. По нападот, градските власти ги повикале ...
Пеко Бањаја доживеа тежок пад на спринт-трката во Мото ГП во Катар на 7 ноември, по контакт со Фермин Алдегер. Италијанскиот возач на „Дукати“ беше изнесен на носилка, а организаторите ја прекинаа трката со црвено знаме за да овозможат безбедно извлекување од патеката. Според првичните информации, Бањаја бил свесен. Според „Скај спорт“, Алдегер го удрил Бањаја одзади, по што Италијанецот бил исфрлен од мотоциклот. Возачот останал на земја со ...
Поранешни професионални војници денеска протестираа пред Владата, барајќи изедначување на отпремнините за пензионираните припадници на Армијата, без разлика кога заминале во пензија. Учесниците реагираат на разликите во исплатите пред и по законските измени од 14 февруари 2024 година. Со транспаренти „Не бараме милостина, бараме еднаквост“ и „613 ветерани не бараат виновници, бараат државата да ја исправи неправдата“, побараа решение за ...
Љубителите на рок-музиката денеска на 7 ноември ќе имаат можност да уживаат во второто издание на „Трибјут Фест”, кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со почеток во 20 часот. Публиката ја очекува вечер исполнета со енергија, гласни гитарски рифови и безвременски хитови од три светски познати бендови што оставија неизбришлива трага во музичката историја. На фестивалската програма се„Side Quest”, кои ќе ги изведат ...
Полицијата уапсила 37-годишен жител на Радовиш, осомничен дека телефонски им упатил сериозни закани на вработени во странска амбасада во земјава. Против него е поднесена кривична пријава, а судот одредил психијатриско набљудување во здравствена установа. Според МВР, Ѓ.Н. на 4 ноември се јавил во амбасадата и на странски јазик упатил закани со кои ја загрозил сигурноста на вработените. Случајот бил пријавен следниот ден, на 5 ноември, по што ...
Козо Ташима има намера да се вклучи во трката за претседател на ФИФА и да му се спротивстави на актуелниот прв човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино. Според јапонските медиуми „Асахи“ и „Никан спортс“, на кои се повикува „Слободен печат“, неговата намера едногласно ја поддржало раководството на Јапонската фудбалска асоцијација. Ташима, кој има 68 години, е член на Советот на ФИФА и поранешен претседател на јапонската асоцијација. Во ...
Доцноантички мозаик кај Драчево ги потврди податоците стари речиси девет децении за мозаичен под на локалитетот Пеленица. Археолошкиот музеј го соопшти откритието на 5 ноември, по ископувањата започнати на 28 октомври за да се провери што се крие зад старите записи за кружна просторија со мозаик. Истражувачите пронашле полихромен, односно повеќебоен мозаик, изработен со редење мали мозаични коцкички. Покрај него, откриени се и керамички ...
Како напуштените јавни објекти да се претворат во достапни простори за култура, спорт, зеленило и дружење, ќе биде тема на јавна дебата што ја организираат Меѓународното здружение на граѓани „Културно Ехо“ – Скопје и здружението „Гоу Грин“. Целта на дебатата е да се разгледаат можностите за ревитализација, пренамена и одржливо управување со напуштените јавни објекти, како и да се предложат конкретни модели со кои овие простори повторно би им ...
Пет нови сликовници со Стела и Сани ќе бидат претставени в сабота, 7 ноември, од 11 часот во Веро Центар (Џамбо). Приказните ги напиша Бистра Георгиева, а илустрациите се на Наташа Андонова и Љупка Стојкова. Петте нови наслови се „Мечка се жени“, „Ноќна смена“, „Како да го прескокнеш вторник“, „Изгубено – најдено“ и „Кој прв ќе заспие“. По обраќањето на авторката и потпишувањето на сликовниците ќе следуваат интерактивен концерт и ...
Албер Ками е роден на денешен ден во 1913 година во Мондови, во тогашен француски Алжир. Неговите романи и есеи ги отворија прашањата за смислата, одговорноста и човечкото однесување во свет што не нуди едноставни одговори. Во 1957 година ја доби Нобеловата награда за литература. Во образложението, Нобеловата фондација го истакнува неговото книжевно дело што ги осветлува проблемите на човечката совест. Книжевниот пробив го направи со романот ...
Најмалку 53 лица загинаа во рускиот воздушен напад врз центар за хуманитарна помош и подземно засолниште во Комишуваха, во украинската Запорошка област, на 2 ноември. Спасувачите на 6 ноември петти ден ги пребаруваат урнатините, додека десетици жители сѐ уште се водат како исчезнати. Портпаролката на украинската служба за вонредни ситуации во регионот, Јулија Баришева, потврди дека се извлечени 53 тела. Според неа, околу 50 луѓе остануваат на ...
Европското јавно обвинителство на 6 ноември потврди истрага за можна измама со европски пари наменети за безбедноста, сигнализацијата и комуникациите на брзата железничка линија меѓу Мадрид и Севилја. На истата линија, кај Урда во провинцијата Толедо, во несреќата на 28 октомври загинаа 69 луѓе. Истражни дејствија се спроведуваат во управувачот на железничката инфраструктура АДИФ, Државната агенција за железничка безбедност и Судот за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе еден од најтешките политички порази во својата кариера. Републиканците ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот на изборите на 3 ноември, додека демократите, исто така, победија во државите кои со децении беа упоришта на републиканците. Иако на Трамп му остануваат нешто повеќе од две години од мандатот, резултатите од изборите веќе покренаа прашања за неговото политичко наследство, ...
Пет лица, меѓу кои и едно 14-годишно дете, беа повредени во рускиот балистички ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, а две беа хоспитализирани. Државната служба за вонредни состојби на градот објави дека избувнал пожар во населбата Соломјански, а експлозиите ја оштетиле фасадата на станбена зграда, додека прозорците биле скршени во неколку петкатни згради. Во нападот беше уништена и двокатна зграда во близина на градинката, а се ...
Француските синдикати, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ повторно повикуваат на масовни протести низ целата земја за денеска, четвртиот викенд по ред протести во Франција. Претходно во текот на неделата имаше блокади и демонстрации, како и генерален штрајк во четврток, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според Министерството за внатрешни работи. Синдикатот CGT процени дека речиси 1,6 милиони луѓе учествувале во ...
Кремљ го потврди составот на делегацијата што ќе патува на разговори со САД и Украина следната недела. Трилатералниот состанок ќе се одржи на 10 и 11 ноември во Абу Даби, објави Ројтерс . Портпаролот Дмитриј Песков во саботата објави дека во делегацијата ќе бидат советникот на Кремљ, Владимир Медински, и заменик-министрите за надворешни работи, Сергеј Рјабков и Михаил Галузин. Во делегацијата ќе бидат и шефот на руската воена разузнавачка ...
Рускиот провоен Телеграм канал „Воени Осведомител“ објави видео за кое тврди дека прикажува украински напад од страна на копнени роботски системи врз руски позиции во близина на Лиман. Каналот тврди дека во нападот учествувале 28 роботи од украинскиот Трет армиски корпус. Според неговите тврдења, по 18 роботи носеле по два противтенковски лансери АТ-4, два биле опремени со автоматски лансери на гранати Мк 19, а осум биле наменети за ...
САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма, соопшти американската Централна команда. Покрај паричниот надоместок, предвидена е и можност за преселување на лицата што ќе обезбедат информации. Понудата е дел од програмата „Награди за правда“ на американскиот Стејт департмент, пренесува „Еуроњуз“. Што бара Вашингтон за иранската нуклеарна програма? Повикот се однесува на информации за нуклеарни објекти, ...
Осум полициски службеници се уапсени во Србија поради сомневање дека се одговорни за смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор. Драгијевиќ беше брат на еден од обвинетите за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Уапсените полицајци се припадници на Одделот за посебни акции при Управата на криминалистичката полиција, а според неофицијални информации, Вишото јавно обвинителство во Ниш најавува натамошни приведувања поврзани со ...
Преговорите меѓу Србија и Русија за снабдување со природен гас може да се дискутираат по формирањето на новата влада во Белград. Ова го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на 5 ноември. Дејан Радивојевиќ, кандидат за пратеник од Студентската листа, на 4 ноември објави дека една од целите на политичката формација е да се обезбеди долгорочен договор со Русија за снабдување со природен гас на Србија. ...
Осомничениот за вооружените напади во кои беа убиени осум лица во западна Турција се претставил како припадник на турската разузнавачка служба за да одземе автомобил при бегството. Тоа го раскажа 19-годишниот возач на автомобилот, кој со пријател бил во близина на браната Чаторен во провинцијата Ескишехир. Според неговиот исказ за турските медиуми, осомничениот Ариф Сефа Оздемир им рекол дека е од Националната разузнавачка служба МИТ и почнал ...
Авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, денеска бил пресретнат и придружуван од српската воена авијација по примена закана за експлозивна направа. Според Министерството за одбрана на Србија, воените авиони извршиле визуелна идентификација и го следеле патничкото летало до бугарската граница. Потоа се вратиле во Батајница. Звуците во Шумадија биле од пробивање на звучниот ѕид Интервенцијата била преземена по известување од СМАТСА. ...
„Народната банка на Србија решително реагираше на утврдените сериозни и повеќекратни незаконитости во работењето на „Алта Груп“ доо Белград, овластена берза, со одземање на нејзината лиценца за вршење менувачки работи и изрекување казни во вкупен износ од 250.000.000 динари (околу два милиони евра) за правното лице и одговорното лице во правното лице“, соопшти НБС. Тимот експерти од Секторот за девизни работи и кредитни односи со странство на ...
Авиокомпанијата „Виз ер“ најави ново проширување на својата база во Тирана, со постојано распоредување на 15-ти авион и понуда од девет милиони седишта во 2027 година. Тоа е најавен раст на капацитетот од 11 проценти во однос на годинава, со повеќе зимски летови и зголемен број полетувања кон неколку европски градови. Одлуката, објавена на 6 ноември, дополнително ја зајакнува позицијата на Тирана како регионален авиоцентар и го отвора ...
Грчката полиција разби организирана мрежа осомничена дека незаконски пренела повеќе од 500 мигранти преку границата со Албанија, а на дел од нив им ги одземала пасошите за да ги принуди преку работа да го отплатат долгот за патувањето. Во големата полициска операција, спроведена на 5 ноември во Теспротија и Солун, уапсени се десет лица, додека истрагата опфатила 41 случај на криумчарење мигранти. Според полицијата, мрежата остварила ...
Црна Гора стигна до 23 привремено затворени поглавја во преговорите со Европската Унија, откако на меѓувладината конференција во Брисел на 6 ноември затвори уште две области. Од вкупно 33 отворени поглавја остануваат десет, а Подгорица цели кон завршување на преговорите до крајот на 2026 година и членство во 2028 година. Последниот напредок се однесува на поглавјето 1 за слободно движење на стоките и поглавјето 12 за безбедност на храната, ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, изјави дека очекува Република Северна Македонија да биде подготвена да формира политички наратив кој не е насочен против Бугарија, објави репортер на БГНЕС. Министерката Петрова ги коментираше барањата на Македонија за медијатор во преговорите. „Во врска со тврдењата на македонските претставници за учество на медијатор, благо речено е нетипично да има медијатор помеѓу ...
Иранските државни медиуми објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јужниот дел на земјата. Во ходниците може да се видат камиони со лансери и ракетни тенкови. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се чуваат противбродски ракети и моторни чамци. Видеото го прикажува и Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГК, како го ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денес дека е цел на сајбер криминалци кои ги шират неговите лични информации на „темната мрежа“, скриен дел од интернетот, поради поддршката на Италија за Киев. Тој ги обвини проруските хакери за нападот. „Веќе неколку дена, сајбер криминалците ги шират моите лични податоци на темната мрежа и се обидуваат да добијат дополнителни информации, со што ме изложуваат на нови закани и ...