Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Хронологија на денешната интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски покажа дека Собранието не расправаше само за еден министер, туку за целата состојба во македонското земјоделство: блокирани европски средства, корупциски скандали, намалени субвенции, паднати откупни цени, незадоволни земјоделци и жестока партиска битка околу тоа кој го уништил секторот. Седницата започна како политички судир за одговорноста во ресорот ...
Белфаст влезе во ноќ на хаос откако брутален напад со нож врз маж на улица прерасна во улични нереди, запалени возила, нападнат автобус и страв меѓу жителите, додека полицијата и семејството на повредениот повикаа на смирување. Драмата почнала во северен Белфаст, на Кинерд авенија, каде маж во четириесеттите години бил нападнат со нож и тешко повреден. Снимка од нападот брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала силни реакции во ...
Ди Велт пишува дека зад најавата на Бугарија дека повеќе нема да испраќа оружје за Украина стои многу посложена приказна од официјалната порака за „справедлив мир“, затоа што Софија навистина ги запира новите донации од армиските складишта, но продажбата и оружениот бизнис со Киев остануваат можни. Новиот бугарски министер за одбрана Димитар Стојанов објави дека Бугарија повеќе не планира да обезбедува оружје за украинската армија и порача ...
Нова искра меѓу Скопје и Софија отвори случајот со Ива Михајлова од Кочани, млада жена со бугарско државјанство, која според бугарските медиуми веќе осум месеци не може да ја напушти Македонија за да се лекува во Бугарија, откако по сообраќајна несреќа ѝ биле одземени и македонските и бугарските лични документи. Бугарскиот медиум MediaPool случајот го опиша како „со одземени документи и без здравствена помош“, оценувајќи дека нов личен момент ...
Во пустината Гоби, во регионот Ќингај на североисточниот раб на Тибетската висорамнина, се развива еден од најнеобичните енергетски проекти во светот – огромна соларна фарма која наместо да ја „истисне“ природата, ја менува и ја обновува. Станува збор за комплексот Талатан, кој се смета за најголема соларна електрана во светот, со површина од стотици квадратни километри и милиони соларни панели. Проектот е развиен од компанијата Huanghe ...
Нова дипломатска и вербална ескалација меѓу Турција и Израел дополнително ги заостри веќе нарушените односи меѓу двете земји, по серија меѓусебни тешки обвинувања на релација Анкара–Тел Авив. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говор пред пратениците од својата партија го спореди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со Адолф Хитлер, оценувајќи дека израелските воени активности во регионот претставуваат закана не само за Сирија и ...
Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија со нова корекција на цените на скрининг тестовите за рано откривање на заболувања на грлото на матката, со што ПАП и ХПВ тестирањето станува подостапно за граѓанките. Според објавените информации, цената на ПАП тестот е намалена од 250 на 150 денари, додека ХПВ тестот сега чини 350 денари, наместо претходните 550 денари. Од здравствените институции се посочува дека целта на ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски упати серија обвинувања за, како што рече, скандали, корупција и лоши резултати во земјоделскиот сектор, при што посочи дека земјоделците останале без навремени субвенции и без финансиска поддршка. Петровска во своето обраќање истакна дека, според неа, зад најавите и ветувањата на министерот останале ...
Признание од една од најстарите и најугледни научни институции во Европа доби македонскиот научник Петар Поповски, кој е избран за член на Кралската данска академија на науките и книжевноста. Поповски, кој долги години живее и работи во Данска, каде е професор на Универзитетот во Олборг, е дел од меѓународната научна заедница во областа на безжичните комуникации, мрежните технологии и теоријата на информации. Според објавата, неговото ...
Прелет на грчки F-16 и италијански Eurofighter Typhoon е изведен над Скопје како дел од одбележувањето на Денот на воздухопловниот винг, при што борбените авиони извршија ниски прелети над главниот град, јавуваат повеќе извори поврзани со настанот и безбедносните активности на НАТО во регионот. Според достапните информации, прелетот е дел од редовни воени активности и демонстрации на соработка меѓу сојузничките земји во рамки на НАТО, кои ...
Цените во САД пораснаа со најбрзо темпо за три години минатиот месец, покажуваат официјалните податоци. Стапката на инфлација достигна 4,2 проценти во мај, објави Бирото за статистика на трудот на САД. Тоа е највисокото ниво на индексот на потрошувачки цени од април 2023 година. Зголемувањето на цените беше предизвикано од повисоките цени на нафтата и гасот по нападите на САД и Израел врз Иран. Цените на енергијата нагло се зголемија поради ...
Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности, од достапната инфраструктура и мрежа за дистрибуција и од свеста за поголема промоцијата на домашната музичка продукција. Ова е генералниот заклучок на Панел дискусијата „Музичко издаваштво во Македонија – лет во место?“, посветена на актуелната состојба, предизвиците и можностите за развој на домашното ...
Почетокот на летната сезона во Виена донесе засилени контроли на градските базени, каде што во наредните месеци ќе има поголемо присуство на полиција, обезбедување и построги правила на однесување. Властите во австриската престолнина одлучиле дополнително да ја зајакнат безбедноста на купалиштата по повеќе инциденти што во изминатите години ја вознемирија јавноста. Проблемот со безбедноста на базените подолго време е тема на расправа во ...
Аргентина го победи Исланд со 3-0 во нивниот последен подготвителен натпревар пред Светското првенство. Лионел Меси постигна гол од пенал откако влезе како замена во второто полувреме. Актуелните светски шампиони ја забележаа седмата последователна победа во пријателските натпревари, потврдувајќи дека се во одлична форма пред Светското првенство. Голот на Исланд го отвори Барко во осмата минута, а головите од пенал на Лионел Меси во 72-та ...
Иранската фудбалска репрезентација ќе може да патува во САД еден ден пред секој натпревар на претстојното Светско првенство, објави Министерството за внатрешна безбедност на САД, негирајќи ги тврдењата дека на иранската репрезентација ѝ било дозволено да патува во САД само на денот на натпреварот, а потоа веднаш потоа да ја напушти земјата. „Овие тврдења се лажни. Благодарение на дарежливоста на американскиот претседател Доналд Трамп, ...
МВР информира дека 08.06.2026 во 13:50 часот, полициски службеници од СВР Штип го уапсиле лицето Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, напредува со засилена динамика, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при увидот на градежните работи на трасата. Станува збор за еден од најкомплексните инфраструктурни проекти во земјава, кој е дел од источниот крак на Коридорот 8 и треба железнички да ја поврзе Северна Македонија со Бугарија, а преку неа и со ...
Хартиените свидетелства постепено заминуваат во историја. Министерството за образование и наука годинава воведува дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение, а од следната учебна година системот треба да премине кон целосно електронско издавање. Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека дигитализацијата на свидетелствата ќе се спроведува постепено, за училиштата и наставниците да можат да се ...
Собранието денеска ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, со што и формално му престана функцијата во Владата. Оставката беше констатирана во рамки на 104. собраниска седница. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека Фетаи нема да ја образложи оставката пред пратениците и констатираше дека, согласно членот 246 од Деловникот, на министерот му престанува функцијата. Фетаи ја поднесе оставката ...
Тековните загрижености за животната средина во врска со планираниот развој на одморалиштето на Џаред Кушнер во Албанија би можеле да ги нарушат напорите на земјата за пристапување во Европската Унија, бидејќи претставници на Европската комисија во Брисел потврдија во вторник дека ја предупредиле албанската влада дека проектот би можел да биде во спротивност со еколошките правила на ЕУ. „Дозволете ми да нагласам дека Албанија треба да се ...
Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика голема материјална штета во словенечката општина Жетале, во областа Халозе. Според првичните информации, во текот на ноќта биле активирани околу 50 свлечишта, оштетени се мостови и делови од патната инфраструктура, а поплавени биле и повеќе станбени и деловни објекти. Градоначалникот на Жетале, Матјаж Копше, изјави дека се оштетени два државни и еден општински мост, како и повеќе патни ...
Вознемирувачки случај на можно семејно насилство е пријавен во Тетово, откако жена, според пријавата, физички нападнала мало дете, а потоа го оставила на улица и си заминала со друго малолетно дете. Како што информира СВР Тетово, случајот бил пријавен на 9 јуни во 17 часот. Според пријавата, околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена физички го нападнала своето малолетно дете, на возраст од околу три до четири години. На настанот ...
Украинските сили во текот на ноќта и утрово извршија нови напади врз Москва и повеќе руски региони, соопштија руските власти. Според првичните информации, цел на нападите биле Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област и инфраструктурни објекти во Владимирската област. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана одбила напад со беспилотни летала. Според него, во текот на ноќта и утрото ...
Светското првенство во фудбал 2026 ќе биде најголемиот Мундијал во историјата. За првпат турнирот ќе се игра со 48 репрезентации, 104 натпревари и три земји-домаќини – САД, Канада и Мексико. Од 11 јуни до 19 јули, фудбалот ќе се пресели низ 16 градови во Северна Америка, на стадиони што се движат од историски симболи до ултрамодерни спортски арени вредни милијарди долари. ФИФА го замисли Мундијалот 2026 како турнир со невиден обем. ...
На Универзитетот во Павија, Италија, беше промовирана новата книга посветена на режисерот Милчо Манчевски, со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Изданието е објавено од римската издавачка куќа „Cue Press“, во едиција во која се застапени томови од и за значајни имиња како Самјуел Бекет, Федерико Фелини и Марко Ферери. Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведниот текст го напиша ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде што е најавено нејзино обраќање на пленарната сесија посветена на темата „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. На маргините на самитот е најавена и билатерална средба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Сиљановска-Давкова пред средбата изјави дека ...
Нестабилна воздушна маса попладнево зафати делови од западна Македонија, носејќи пороен дожд и грмежи во планинските региони околу Кичево и Македонски Брод. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилност има во планинските предели во западниот дел од земјата, а радарската слика која е од европскиот сателит, покажува развој на облачност северозападно од Македонски Брод. „Според радарската слика нестабилност имаме во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде што е најавено нејзино обраќање на пленарната сесија посветена на темата „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. На маргините на самитот е најавена и билатерална средба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Сиљановска-Давкова пред средбата изјави дека ...
НАСА го објави екипажот за мисијата Артемис III, која се смета за еден од најважните и најсложените тестови во новата програма за враќање на човекот на Месечината. Мисијата е планирана за 2027 година и нема да вклучува слетување на Месечината, туку тестирање на критични системи во ниската орбита на Земјата. Екипажот ќе го предводи астронаутот на НАСА, Ренди Бресник, како командант. Пилот на мисијата ќе биде Лука Пармитано од Европската ...
Европската интеграција на Западен Балкан веќе не е само прашање на проширување, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Софија. Муцунски учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со оваа регионална ...