Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Кинеските електрични автомобили сè повеќе предизвикуваат внимание кај светските производители, а последната анализа на моделот BYD Atto 3 откри зошто компанијата успева да понуди конкурентни цени на глобалниот пазар. Јапонски експерти детално го расклопиле електричниот модел на BYD со цел да откријат како кинескиот производител ги намалува трошоците за производство. Нивните заклучоци покажале дека тајната не е само во поевтината работна сила, ...
Безживотно тело на 66-годишен жител на Битола било пронајдено во водите на реката Драгор, кај местото познато како „Дрвено мовче“ во населбата Кланица, информираа од СВР Битола. По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за лице чие исчезнување било пријавено во полиција на 2 јуни од страна на член на семејството, откако се оддалечило од својот дом. На местото на настанот излегле полициски службеници и екипа на Итната ...
Во време кога сѐ повеќе луѓе внимаваат на исхраната, често се поставува прашањето дали природниот шеќер е навистина поздрав од рафинираниот. Иако двата вида му обезбедуваат енергија на организмот, разликата е во тоа од каде доаѓаат и што уште содржат покрај шеќерот. Природните шеќери се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и млекото. Тие се дел од намирници богати со витамини, минерали, антиоксиданси и растителни влакна. Токму влакната го ...
Научници од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско и Институтот „Гладстон“ објавија резултати од истражување кои отвораат нова можност во борбата против Алцхајмеровата болест. Според нивните наоди, два веќе постоечки лекови што се користат во онкологијата покажале потенцијал да влијаат врз процесите поврзани со оваа тешка невродегенеративна болест. Станува збор за лековите летрозол, кој најчесто се применува кај пациенти со рак на ...
Четириесет и седумгодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако полициски службеници кај него пронашле марихуана. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена синоќа околу 23:40 часот на подрачјето на Велешко езеро од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции. При извршената контрола, кај Б.М. (47) од Велес била пронајдена и ...
Чилеанските власти реализираа една од најголемите антидрога операции во историјата на земјата, при што е запленета огромна количина наркотични супстанци наменети за европскиот пазар. Според официјалните информации, дрогата била внимателно сокриена во пратки со дрвен материјал кои преку поморски транспорт требало да стигнат до повеќе европски држави. Акцијата била резултат на повеќемесечна координирана истрага во која учествувале ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје. На кампот што ќе се одржи од 10 до 14 јуни 2026 година во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје, ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот ...
Летната сезона носи одмори, долги патувања и зголемен сообраќај, но и дополнително оптоварување за автомобилите. Високите температури, долгите релации и постојаното користење на клима-уредот можат брзо да откријат дефекти кои вообичаено остануваат незабележани. Затоа, пред да тргнете на подолг пат, експертите препорачуваат да направите неколку основни проверки кои можат да спречат непријатности и скапи поправки. Најпрво проверете ги гумите. ...
Кина направи уште еден голем чекор во технолошките иновации, откако во близина на Шангај официјално започна со работа првиот подводен дата-центар во светот кој се напојува исклучиво со енергија добиена од ветерници. Проектот е реализиран во соработка меѓу компанијата HiCloud Technology и државната корпорација China Communications Construction, а центарот е поставен на околу 10 метри под морската површина и повеќе од 10 километри од брегот. ...
Тројца жители на Скопје биле лишени од слобода во одвоени полициски акции спроведени во текот на вчерашниот и денешниот ден на различни локации во главниот град. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Б.С. (40), А.Б. (26) и Д.Н. (33), сите од Скопје. При извршените контроли и постапувања кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, по што лицата биле ...
Полицијата работи на расчистување на случај поврзан со незаконско споделување експлицитни фотографии од малолетно лице на интернет. Според информациите од СВР Скопје, на 8 јуни околу 16:30 часот, 43-годишна жена пријавила дека преку мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка. По добиената пријава, надлежните служби започнале со преземање мерки и активности за утврдување на сите околности поврзани ...
Судењето против апелациониот судија Ѓоко Ристов продолжи со презентација на материјалните докази од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, при што беа прикажани фотографии, снимки и записници од претресот во семејната куќа во Неготино. Според информациите презентирани во судницата, при претресот биле пронајдени околу 350.000 евра сокриени во ѕид од кујнски простор во домот на родителите на Ристов. Во текот на ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот што води кон Солун, при што животот го загуби едно лице, а сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин. Според првичните информации од грчките медиуми, до несреќата дошло во близина на наплатната рампа Малгара, кај клучката Еврони, каде директно се судриле патнички автомобил и камион. Во несреќата тешко била повредена 70-годишна жена која била пренесена во болница, но подоцна им ...
Надлежните институции издадоа итно предупредување до потрошувачите и наредија повлекување на одредени серии сирења од брендот „Ile de France“, откако во производите биле откриени ентеротоксини произведени од бактеријата Staphylococcus aureus. Од пазарот се повлекуваат производите „Ile de France Petit Brie“ од 125 грама со ознака LOT S26097F3P3 и рок на употреба до 6 јуни 2027 година, како и „Ile de France Petit Camembert“ од 125 грама со ...
Јавното претпријатие за државни патишта ги информираше граѓаните дека од 15 јуни ќе стапат во сила нови правила за користење на лентите на наплатните станици низ државата. Според најавените измени, лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски тагови за наплата. Тоа значи дека плаќањето со MCard повеќе нема да биде дозволено на овие ленти. Од ЈПДП појаснуваат дека корисниците на MCard и понатаму ќе ...
Тензиите на Блискиот Исток повторно се зголемуваат откако израелските сили извршија нови воздушни напади врз повеќе локации во јужен Либан. Според локални извори, нападите биле насочени кон подрачјата Тир, Марваније и Зифта во округот Набатије, каде што биле регистрирани повеќе експлозии. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Нападите доаѓаат во период на зголемени регионални тензии меѓу ...
Додека илјадници туристи се подготвуваат за летување во Грција, тамошните власти испраќаат јасна порака дека сообраќајните прекршоци повеќе нема да се толерираат, без разлика дали станува збор за домашни возачи или странски туристи. Со измените во грчките сообраќајни прописи, казните се значително построги, а во многу случаи покрај паричната санкција следуваат и дополнителни мерки како одземање на возачката дозвола или симнување на ...
Стефан Богоев ќе излезе од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја прифати неговата жалба и ја уважи понудената гаранција во износ од 55.000 евра. Одлуката следува по претходно донесено решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое на Богоев, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена. Според информациите од Судот, Кривичниот совет го ...
Расте интересот за помирни патувања на глобалната туристичка сцена. Ако минатата година вакви искуства барале 22 отсто од туристите, годинава дури 26 проценти од нив се интересирале за мирен, наместо за динамичен одмор, говори Извештајот на Европската комисија за перспективите на туризмот. Брзото темпо на урбаниот живот се смета како главна причина што луѓето за својот одмор сѐ повеќе одбираат патувања со побавно темпо, а неколку села во ...
Популарната хорор-комедија „Wednesday“ официјално стана најгледаната серија во историјата на Netflix, оставајќи зад себе некои од најголемите светски хитови на стриминг платформата. Серијата, во која Џена Ортега ја толкува улогата на Венздеј Адамс, од својата премиера во 2022 година досега собра повеќе од 1,7 милијарди часови гледање и над 252 милиони прегледи. Освен огромната популарност кај публиката, продукцијата освои и бројни признанија, ...
Силни ветрови и огромни бранови денеска го погодија главниот град на Нови Зеланд, Велингтон, поради што надлежните служби експресно ги откажаа сите летови и траектни линии, затворија клучни патишта и наложија итна евакуација на населението во поединечни делови од градот. Властите прогласија вонредна состојба во делови од Велингтон по драматичното предупредување на метеоролошката служба за бранови високи до девет метри по должината на јужниот ...
Германската полиција започна интензивна потрага по исчезнато 13-годишно девојче, ученичка со потекло од Србија, која последен пат била видена во градот Гелзенкирхен. Од неа веќе четири дена нема ни трага ни глас, а во акцијата се вклучени сите надлежни органи. Исчезнатото девојче последен пат е видено во петокот околу пладне на улицата „Есенер“ во Германија, откако претходно под лажен изговор го напуштила станот на своите роднини. „Таа без ...
Денес во просториите на Општина Кавадарци се одржа голем Украинско-македонски форум, во рамките на официјалната бизнис мисија на Лвивската област од Украина во Република Македонија. На овој значаен настан присуствуваа амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, претставници на украинската амбасада, како и висока делегација предводена од началникот на Лвивската областна воена администрација. На ...
Тешка несреќа со смртни последици се случила во скопското село Грушино, каде 73-годишен маж го загубил животот додека работел со трактор. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни околу 19 часот во СВР Скопје било пријавено од приватна здравствена установа во село Арачиново дека кај нив бил донесен починат И.Ш. (73) од село Грушино. Во разговор со полициските службеници, братот на починатиот појаснил дека несреќата ...
Унгарскиот парламент донесе несекојдневна одлука што предизвика големо внимание во јавноста, откако пратениците едногласно изгласаа намалување на сопствените плати за дури 40 проценти. Одлуката била поддржана од сите 189 присутни народни избраници, а според образложението, целта е да се намали товарот врз државните финансии и да се испрати порака за поголема политичка одговорност во период на економски предизвици. Со новите мерки, кои ќе ...
Вознемирувачки случај е регистриран во скопското село Орман, откако покрај реката Лепенец било пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје. По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото и извршиле увид за утврдување на сите околности поврзани со настанот. За време на увидот, кај телото била пронајдена ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска по наплатната рампа Малгара, на клучката кај Евзони во правец кон Солун. Според првичните информации, патнички автомобил директно се судрил со камион под околности кои сè уште се разјаснуваат. Во оваа страшна несреќа животот го загуби 70-годишна жена, додека еден маж со полесни повреди е итно пренесен во болница. Што се однесува до самите околности, според досегашните сообраќајни информации, ...
Со цел подигнување на степенот на безбедност за сите учесници во сообраќајот, во Кавадарци започнаа интензивни активности за обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на една од најфреквентните точки во градот – спојот меѓу „Западен Булевар“ и улицата „8 Септември“. Оваа активност е насочена кон воведување поголем ред во сообраќајот во Кавадарци и подобра видливост на пешачките премини и сообраќајните ленти, што е од клучна ...
Џиновска кафеава дамка долга дури 8.850 километри, која се протега низ Атлантскиот Океан и ги спојува Африка и Америка, е видлива дури и од вселената. Иако првите сомнежи водеа кон еколошко загадување или создавање на нова копнена маса, сателитските снимки ја открија запрепастувачката вистина. Станува збор за најголемата акумулација на морски алги во историјата, која го достигна својот апсолутен рекорд. Што крие мистериозната кафеава дамка? ...
Во бањалучката населба Лауш денеска се случил сериозен инцидент кој предизвикал бурни реакции во јавноста, откако бил пријавен случај на семејно насилство во кој, според наводите, татко го врзал својот син за бандера. Според информациите објавени од медиумите, минувачи биле првите кои ја забележале вознемирувачката сцена и веднаш ја известиле полицијата. По пријавата, полициски службеници пристигнале на местото на настанот и интервенирале за ...