Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Дијабетесот често се поврзува со симптоми како зголемена жед, често мокрење и замор, но лекарите предупредуваат дека понекогаш првите сигнали може да се појават токму на кожата. Еден од можните предупредувачки знаци се темните и кадифени дамки на кожата, познати како acanthosis nigricans. Тие најчесто се појавуваат на вратот, под пазувите или во препоните и може да бидат поврзани со инсулинска резистенција, која често претходи на дијабетес ...
Масовна физичка пресметка меѓу шест лица била пријавена вчера попладне во скопското село Батинци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 11 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, при што дошло до тепачка меѓу две групи лица. Во инцидентот учествувале Б.Д. (38) и В.Д. (30), од една страна, и С.М. (27), Д.М. (33), Д.М. (38) и С.М. (44), од друга ...
Украина ќе ги зголеми платите на припадниците на вооружените сили, ќе воведе нови договори за воена служба и ќе ги засили напорите за привлекување странски доброволци, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски. По владиниот состанок, Зеленски изјави дека армиските бригади ќе добијат поголема финансиска самостојност и можност самите да организираат обука за новите војници, со цел побрзо и поефикасно зајакнување на воените капацитети. ...
Предлог-измените на Законот за оружје предизвикаа дебата на денешната јавна расправа во Собранието, каде претставници на институции, комори и експерти ги изнесоа своите ставови и забелешки за новото законско решение. Според предлагачите, измените имаат цел да ја усогласат домашната регулатива со европските стандарди и да воведат појасни правила за набавка, поседување, носење, чување и промет на оружје и муниција. Пратеникот Бране Петрушевски ...
Русија забележа рекордно високи воени трошоци во првиот квартал од 2026 година, покажуваат пресметките на истражувачот Јанис Клуге од Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии, базирани на податоци од руското Министерство за финансии. Според анализата, во периодот јануари-март годинава за воени цели и производство на оружје биле потрошени 5,908 билиони рубли, што претставува зголемување од 29,9 проценти во споредба со истиот ...
Истрагата за убиството што пред два дена се случи во центарот на Барселона доби неочекуван пресврт откако шпанските медиуми објавија дека жртвата е роден брат на позната ирска спортска ѕвезда. Станува збор за 36-годишен маж од Даблин, чиј идентитет засега не се објавува поради заштита на семејството. Според шпанските медиуми, истражителите проверуваат дали тој бил поврзан со балканските криминални кланови и меѓународната трговија со дрога. ...
Непријатен инцидент го одбележа почетокот на летната сезона во Пефкохори, едно од најпосетуваните летувалишта на Халкидики меѓу македонските туристи. Дел од крајбрежјето беше погоден од излевање отпадни води по дефект на цевковод за транспорт на канализација, поради што локалните власти воведоа привремена забрана за капење. Фотографии и видеа од местото на настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, прикажувајќи делови од морето со ...
Трагичен инцидент се случил на фарма за крави во Горњи Таванкут, во близина на Суботица, каде што животот го загубил вработен работник откако бил нападнат од бик. Според информациите од полицијата, несреќата се случила во утринските часови кога животното го нападнало работникот додека ги извршувал своите работни обврски. На местото веднаш пристигнале полициски екипи и Итна медицинска помош, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. ...
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев повторно ќе настапи на култниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Нашиот најтрофеен фудбалер доби покана да биде дел од големиот хуманитарен натпревар меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид, кој ќе се одигра на 13 јуни. Станува збор за традиционалниот „Корасон Класик Меч“, на кој ветераните на двата европски гиганти повторно ќе ги одмерат силите пред илјадници навивачи. Во составот на Интер, ...
Деменцијата претставува група состојби кои влијаат врз меморијата, размислувањето и секојдневното функционирање, а најчестиот облик е Алцхајмеровата болест. Истражувањата покажуваат дека значителен дел од случаите можат да се спречат или одложат преку промена на животните навики. Меѓу најголемите фактори на ризик се недоволниот сон, недостатокот на физичка активност, пушењето и прекумерната консумација на алкохол. Според експертите, овие ...
Серија помали експлозии утрово ги вознемири жителите на населбата 11 Октомври во скопска Кисела Вода. Според сведоштва на станари, силните звуци за неколку минути ги натерале жителите да излезат од своите домови стравувајќи од поголем инцидент. На местото интервенирале полициски екипи кои им помогнале на станарите безбедно да ги напуштат зградите, додека екипи на Електродистрибуција веднаш излегле на терен. Поради безбедносни причини бил ...
Македонската режисерка Дина Дума постигна голем меѓународен успех откако нејзиниот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја освои престижната награда „Нора Ефрон“ на филмскиот фестивал „Трибека“ во Њујорк. Филмот својата светска премиера ја имаше во рамки на главната меѓународна конкуренција на фестивалот, а признанието се доделува на авторки со силен и автентичен филмски израз. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е втор долгометражен филм ...
Албанските безбедносни служби привеле македонски државјанин откако при контрола на возило бил пронајден околу еден килограм хероин скриен во дел од комбето што го управувал. Според информациите од истрагата, акцијата била реализирана во реонот на Елбасан, на патниот правец Булќиза–Либражд. Полицијата запрела комбе во кое се наоѓале 32-годишен жител на Струга и 45-годишен албански државјанин од Драч. При деталниот преглед на возилото, ...
Според информации објавени од американски медиуми, четири транспортни авиони од американските воздухопловни сили се упатиле кон Европа во рамки на подготовките за можно официјално потпишување на договор поврзан со прекин на конфликтот меѓу САД и Иран. Како потенцијална локација за церемонијата се споменува Женева, каде што во наредните денови би можел да пристигне и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс за да го потпише документот во име на ...
Компаниите што одобруваат брзи кредити наскоро ќе се соочат со значително построги услови за работа. Со новите измени на Законот за финансиски друштва се предвидува целосно укинување на готовинските исплати, па кредитите во иднина ќе можат да се добиваат исклучиво преку банкарска сметка. Покрај оваа промена, финансиските друштва ќе мора да воспостават и задолжителни внатрешни контролни механизми, меѓу кои одбор за внатрешна ревизија, одбор за ...
И по пет години од нејзината смрт, името на Марина Туцаковиќ останува синоним за најголемите музички хитови на Балканот. Зад себе остави илјадници стихови кои ги отпеаја најголемите регионални музички ѕвезди, но само една песна имаше посебно место во нејзиното срце – „Мишо мој“. Легендарната текстописка почина во септември 2021 година во Белград, по долга борба со тешка болест и компликации предизвикани од коронавирусот. Во текот на својата ...
Прилепската јавност е во жалост по трагичната сообраќајна несреќа што вчера се случи на експресниот пат Градско–Прилеп, во која животот го загуби познатиот бизнисмен Жарко Ристески. Во несреќата загинала и 42-годишна сопатничка од Прилеп, додека трето лице се здобило со тешки повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 13:30 часот по директен судир меѓу автомобил „Шкода Октавија“, управуван ...
Авион со 267 патници се судрил со радарска инсталација на аеродромот во Анталија, Турција, при што дошло до сериозно оштетување на леталото – крилото е уништено, а на трупот настанал голем отвор. Во моментот на ударот во авионот настанал хаос. Според наводите на британскиот весник „Сан“, преградите за багаж во кабината се отвориле, а маските за кислород испаднале од своите лежишта. Во авионската несреќа, според првичните информации, едно лице ...
Успешната операција на 13-годишно момче од Сараево, на кое во Србија му било вградено вештачко срце, претставува редок медицински подвиг што го привлече вниманието на светската стручна јавност. Интервенцијата не само што му овозможила нова шанса за живот на младиот пациент, туку го вброила регионот меѓу малкуте места во светот каде што се изведуваат вакви исклучително сложени зафати. Момчето страдало од тешко срцево заболување кое сериозно ја ...
Корисници на апликацијата МојДДВ од вчера пријавуваат проблеми при користењето на услугата, откако не успеваат да ги скенираат фискалните сметки и да ги евидентираат во системот. Според реакциите на граѓаните, при обид за пристап до апликацијата се појавува известување дека нема конекција со Управата за јавни приходи, поради што голем број корисници не можат нормално да ја користат услугата. По бројните поплаки, од Управата за јавни приходи ...
Најмалку 30 жени биле уапсени во западниот авганистански град Херат поради наводно кршење на кодексот за облекување што го наметнале талибанските власти, соопшти агенцијата на Обединетите нации за правата на жените. Дел од приведените подоцна биле ослободени, додека случајот предизвикал нови реакции на меѓународната сцена. Според информациите од ОН, апсењата се случиле во деновите пред протестите во округот Инџил, каде што граѓани излегле на ...
Седумдесет и осумгодишен жител на Тетово е приведен и му е одреден осумдневен притвор по сомнеж дека извршил физички напад врз својата сопруга во семејниот дом. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16 часот го лишиле од слобода лицето со иницијали Ш.А. од Тетово. Тој се сомничи дека истото утро околу 9 часот, во семејниот дом, физички ја нападнал својата 74-годишна сопруга, при ...
Работници кои денеска коселе трева во близина на Мостот на Ада наишле на распаднето тело во тревата. Според првичните информации, телото е пронајдено во поодмината фаза на распаѓање, поради што засега не е можно да се утврди ниту полот на починатото лице. „Тие за време на косењето почувствувале непријатна миризба. Следејќи од каде доаѓа, во тревата пронашле тело“, рекол извор близок до истрагата. За случајот веднаш биле известени полицијата и ...
Безбедносната зона на аеродромот во Хамбург е евакуирана поради „полициска ситуација“, што доведе до привремена обустава на сите летови и доцнења, соопшти германската Сојузна полиција. Според наводите на полицијата, сите патници морале да го напуштат просторот зад безбедносните контроли, вклучувајќи ги и оние кои веќе биле качен во авионите, пренесува „Шпигел“. Во тек е детално пребарување на терминалите, но властите засега немаат соопштено ...
Отровната сребренообразна риба надувачка, во Грција позната како „лагоцефалус“, се шири од јужните делови на земјата кон водите во близина на Атина и централна Грција. Ова предизвикува загриженост поради можните последици врз морскиот екосистем, рибарството и безбедноста на луѓето, истакнаа научниците. Според наводите на истражувачите, оваа вид во последните месеци е забележана во Грција во јужниот Евиски Залив, како и по должината на брегот ...
Шеснаесетгодишно момче од делчевското село Разловци се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Делчево. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 11 јуни во 12:25 часот кај местото викано „Турски андак“. Малолетникот управувал мопед со делчевски регистарски ознаки кога, од засега непознати причини, изгубил контрола врз возилото и излетал на ...
Смилјана Р. (27), државјанка на Србија, загина во несреќа на Проклетије кога паднала од карпа во бездна длабока 250 метри, откако се обидела да заобиколи една карпа. Нејзината сестра се прости од неа со потресни зборови на Фејсбук. Од Грција, преку Алпите, па сè до Африка: Смилјана (27) која загина на Проклетије ги освојуваше НАЈВИСОКИТЕ ВРВОВИ на планините „Мојата сестра Смилја го даде својот живот спасувајќи туѓ. Кога планинар од нејзината ...
Идејата за таканаречено фазно пристапување на земјите од Западен Балкан повторно се враќа во центарот на европските дебати, иако во претходниот период од Брисел официјално беше претставена како напуштена концепција. Сепак, најновиот заеднички документ на петте влијателни членки на Европската Унија – Германија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург – укажува дека се разгледува нов модел на интеграција кој би можел суштински да ги промени ...
Албанската полиција во Елбасан уапсила македонски државјанин од Струга, откако во неговото комбе бил откриен еден килограм хероин скриен во гумата на возилото, во обид за илегален пренос преку македонско–албанската граница. Според полициското соопштение, лицето Л.Г. (32) од Струга, заедно со албански државјанин А.Б. (45) од Драч, биле запрени на патниот правец Булќиза–Либражд, каде била извршена детална контрола на возилото. При проверката, ...
На автопатот М1 во западна Унгарија се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле најмалку седум лица, додека две се повредени, во серија настани што ја потресоа јавноста и предизвикаа целосен прекин на сообраќајот. Според информациите од полицијата, минибус со девет патници во раните утрински часови во петокот се судрил со камион кој стоел во колона поради претходна несреќа на истиот автопат. Ударот бил фатален за ...