Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во СВР Скопје вчера вечер била пријавена пукотница во скопското село Арачиново, при што било оштетено паркирано патничко возило. Според информациите од полицијата, 60-годишен жител на Арачиново пријавил дека околу 20:40 часот, додека се наоѓал во дворот на својата семејна куќа, слушнал истрел. По проверката забележал дека хаубата на паркираниот „Фолксваген Голф“, кој е во сопственост на неговиот син, била погодена и оштетена. На местото на ...
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче пред зградата во која живее, во населбата Блок 70. Според информациите од СВР Тетово, жената го пријавила случајот ноќеска околу 01:10 часот, наведувајќи дека нападот се случил претходниот ден околу 18:30 часот. Утрово, осомничениот Б.И. од Тетово сам се појавил во полициска станица, каде што се пријавил. Од полицијата информираат дека по ...
Павел Дуров е руски технолошки претприемач и основач на платформата Телеграм, која денес е една од најкористените апликации за размена на пораки во светот. Последниве денови повторно се најде во центарот на вниманието, откако руските власти покренаа кривична постапка против него, обвинувајќи го за помагање на терористички активности преку платформата. Според Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), администрацијата на Телеграм не ги ...
Поранешниот претседател на Основниот суд во Лебане, Светомир Цветковиќ, починал за време на одмор во Грција, каде што престојувал заедно со својата сопруга, пренесуваат српските медиуми. Тажната вест ја потврдил неговиот син Никола Цветковиќ, кој изјавил дека на неговиот татко ненадејно му се влошила здравствената состојба. Тој веднаш бил пренесен во болница, но и покрај напорите на лекарскиот тим, не успеал да ја добие битката за живот. ...
Во американската сојузна држава Флорида во ист ден беа извршени две смртни казни, што е прв ваков случај од 1964 година. Прво беше погубен Џејмс Дакет (68), осуден за убиството на 11-годишната Тереза Мекбафи во 1987 година. Неговото погубување претходно беше привремено одложено за да се разгледаат нови ДНК-докази што ги посочи одбраната, но судот ги отфрли барањата и егзекуцијата беше извршена по одлука на гувернерот Рон Десантис. Околу шест ...
Тешко семејно насилство ја потресе Бугарија, откако 48-годишен маж е осомничен дека по расправија ја полил својата сопруга со бензин и ја запалил. Против него е покренато обвинение за обид за убиство извршен на особено свиреп начин, а обвинителството најави дека ќе бара тој да остане во притвор додека трае истрагата. Инцидентот се случил во селото Медовец, каде што семејната куќа по настанот е обезбедена и ставена под полициски надзор. Според ...
Британски суд го прогласи 19-годишниот Норвежанец Јоханес Конгснес Натланд за виновен за заговор за убиство, откако утврдил дека отпатувал во Велика Британија со намера да изврши ликвидација по нарачка на меѓународна криминална организација. Според обвинителството, Натланд се согласил да изврши убиство за 25.000 евра, а само два дена по неговото пристигнување во Англија бил уапсен во хотел во Хадерсфилд. При полициската акција биле пронајдени ...
Пазарот на недвижности во Рим повторно привлече внимание, откако гаража од само 34 квадратни метри во историскиот центар на градот беше продадена за 760.000 евра – сума со која во многу делови на Италија може да се купи луксузна вила или голем семеен дом. Гаражата се наоѓа во престижната населба Триденте, во близина на Пјаца дел Пополо и неколку од најпознатите трговски улици во италијанската престолнина. Поради ексклузивната локација и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот С.Р. од селото Камењане, Општина Боговиње, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот наводно довел во заблуда едно лице, убедувајќи го дека може да посредува за неговата сопруга да оствари право на туѓа нега, како и да обезбеди социјален стан. Во текот на измамата, оштетениот му исплатил вкупно 5.150 евра, ...
Македонски туристи кои престојувале во Грција споделија непријатно искуство, откако од нивниот автомобил биле украдени пасоши и други важни патни документи додека биле на плажа и на ручек. Според нивното сведоштво, по заминувањето од Сивири застанале на паркингот во близина на Sahara Beach Club, каде што планирале да направат пауза за ручек. Кога се вратиле до возилото, забележале дека автомобилот бил провален, а од него исчезнала мала чанта ...
Авганистан се соочува со сè подлабока хуманитарна криза, а најголемата цена ја плаќаат девојчињата. Според истражување на „Гардијан“ и „Зан Тајмс“, сè повеќе малолетнички се принудени на брак, додека нивните семејства, притиснати од сиромаштија и глад, ги продаваат за да обезбедат средства за преживување. Една од нив е 18-годишната Сима, која зад себе веќе има четири бремености. Нејзиното најстаро дете има четири години, едно од децата ...
Трагичен случај е регистриран во грчкиот град Ламија, каде што 74-годишна жена го загубила животот откако се задушила додека вечерала. Според информациите што ги објавија грчките медиуми, за време на оброкот парче месо ѝ ги блокирало дишните патишта, по што таа почнала да се гуши. Лицата кои биле во нејзина близина веднаш реагирале и се обиделе да ѝ пружат прва помош, додека истовремено била повикана и Итната медицинска служба. И покрај ...
Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Скопје–Тетово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера околу 14:30 часот. На крстосница меѓу сервисна улица и регионалниот пат дошло до судир помеѓу патнички автомобил „Форд“ со скопски регистарски таблички, управуван од 67-годишен жител на селото Арнакија, и електричен тротинет ...
Летниот одмор на плажа е омилено време за многу семејства, но лекарите предупредуваат дека токму во моментите кога родителите мислат дека сè е под контрола може да се случи најголемата опасност. Докторката по итна медицина, д-р Саманта Ридер, која е и мајка на две мали деца, упати важно предупредување до сите родители за ризикот што најчесто останува незабележан додека престојуваат покрај море. Таа редовно споделува едукативни совети на ...
Беживотното тело на францускиот музичар и диџеј Кавински (Kavinsky), чија чувена нумера „Nightcall“ беше изведена и на церемонијата за затворање на Олимписките игри во Париз 2024 година, е пронајдено во неговиот дом во вторник, 28 јули, пренесува BFM TV. Покрената е истрага за причините за смртта, соопшти париското обвинителство, додавајќи дека екипите кои први интервенирале на лице место не пронашле никакви сомнителни елементи. Прославен со ...
Во продолжение на акцијата „Армагедон“, припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за техника, Службата за борба против високотехнолошки криминал, во соработка со Полициските управи за град Белград, Ваљево, Нови Сад, Сремска Митровица и Ниш, по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал, уапсија пет лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело прикажување, прибавување и ...
Денес, 29 јули, Владимир Блажев – Панчо, еден од најпрепознатливите музичари на македонската сцена, ќе го прославеше својот 47. роденден. Наместо роденденска прослава, неговото семејство, пријателите и бројните обожаватели повторно се потсетија на човекот кој остави длабока трага во домашната музика. Панчо почина пред десет месеци по долгата и тешка борба со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во катастрофата ...
Македонските граѓани кои викендов планираат патување кон Халкидики, солунскиот аеродром или се враќаат преку граничниот премин Евзони, треба да бидат подготвени за значителни измени во сообраќајот поради целосно затворање на обиколницата околу Солун. Причина за прекинот се градежни работи поврзани со изградбата на новиот автопатски надвозник во рамките на инфраструктурниот проект „Fly Over“, поради што сообраќајот ќе биде во целосен прекин во ...
Двајца жители на скопскиот регион пријавиле во полиција дека биле измамени за повеќе од 2,3 милиони денари, откако биле убедени да вложат големи суми пари во наводна инвестиција во криптовалути. Според информациите од СВР Скопје, на 28 јули околу 14:30 часот, 24-годишник и 20-годишник пријавиле дека биле измамени од лицето Х.Д. за износи од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Како што навеле во пријавата, осомничениот ги убедувал дека ќе ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта на патот меѓу селата Калуѓерица и Подареш во радовишкиот регион, при што две жени се здобиле со сериозни повреди, а уште едно лице било повредено. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Радовиш на 29 јули околу 02:40 часот. На општинскиот пат дошло до судир меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистарски ознаки и трактор ...
Седумдесетгодишен германски турист го загубил животот на Јулиските Алпи во Словенија, откако паднал во провалија додека се обидувал да направи фотографија од планинскиот предел. Несреќата се случила за време на планинарење, кога мажот се обидел да се приближи до работ на помала провалија за да направи подобра фотографија. Во еден момент изгубил рамнотежа и паднал по стрмна падина. Според информациите од словенечката полиција, планинарот ...
Лето, сонце, вода и многу детски насмевки — токму вака изгледаат топлите јулски денови на Градскиот базен во Кавадарци. Овој современ спортско-рекреативен комплекс секојдневно е исполнет со детска смеа, позитивна енергија и вистински спортски дух. Во овие високи летни температури, базенот претставува совршено место за разладување, забава и рекреација за граѓаните од сите генерации. Посебна радост носат најмладите кои преку Школата за пливање ...
Две лица од гостиварскиот регион завршија во полициски притвор поради сомнение дека организирале борби на кучиња, при што животните биле пронајдени со видливи повреди и траги од крвави пресметки. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Ј. (44) од село Топлица и А.А. (46) од село Чегране, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „мачење животни“. Интервенцијата се ...
Невообичаен улов во морето кај Крит предизвика загриженост кај експертите, откако локален рибар фатил примерок од една од најопасните инвазивни риби кои во последните години сè почесто се појавуваат во Средоземното Море. Станува збор за рибата напухач (Lagocephalus sceleratus), позната и како сребренообразна риба жаба – вид кој содржи исклучително силен отров и може да биде опасен по здравјето на луѓето доколку се консумира. Рибарот Никос ...
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила дека била физички нападната од својот партнер пред зградата во која живее, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера околу 18:30 часот во тетовската населба Блок 70. Жената во полиција пријавила дека била нападната, а како осомничен за нападот го посочила нејзиниот партнер Б.И. од Тетово. По пријавата, случајот бил преземен од надлежните ...
Македонската православна црква и верниците на 30 јули го одбележуваат празникот посветен на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија. Иако во црковниот календар овој ден не е одбележан со црвен словар, Огнена Марија во нашиот народ исклучително се почитува и се смета за еден од најстрогите летни празници. Според народното предание, таа спаѓа во редот на „огнените светци“ (заедно со Свети Илија и Свети ...
По налог на Основното јавно обвинителство во Алексинац, вчера во 21:30 часот му е одреден притвор во траење од 48 часа на осомничениот А.В. (34) од територијата на АП КиМ, припадник на т.н. косовска полиција, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело противправно лишување од слобода, на штета на својата емотивна партнерка, оштетената И.Ж. од територијата на град Крушевац. Осомничениот се терети дека во периодот од 27 јуни ...
Одлука која предизвика големо внимание во фудбалскиот свет беше донесена во Бразил, откако еден играч доби суспензија која не се одредува според бројот на натпревари, туку според времето потребно за опоравување на повредениот противник. Дефанзивецот на Интернасионал, Виктор Габриел, е казнет поради груб старт врз напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пак, при кој противничкиот фудбалер заработил тешка повреда и скршеница на ногата. Спортскиот суд во ...
Посетителите во еден од најпознатите забавни паркови во Италија вчера беа сведоци на драматични сцени, откако избувна пожар под еден од ролеркостерите во Гардаленд, место кое секоја година го посетуваат и голем број македонски туристи со своите семејства. Гардаленд, кој се наоѓа во близина на Верона и често се споредува со Дизниленд поради бројот на атракции и тематски зони, беше погоден од пожар во попладневните часови. На социјалните мрежи ...
Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион Во тек се интензивни подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, значаен проект што се реализира во соработка помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и ЈП „Македонијапат“. Вкупната вредност на оваа капитална инвестиција изнесува над 50 милиони денари. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на ...