Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален ...
Буџет со средства за манифестации, трансакции, фестивали, спорт. Тоа е основата која е водечка во извештајот и во овој буџет, а многу малку за реализација на капитални проекти од сопствени средства, реагираше координаторката на пратеничката група на СДСМ, Живка Ангелоска во врска со шестмесечниот извештај за реализаицијата на буџетот на Општина Охрид на денешната одржна 61-ва седница на Совет. И овој извештај од реализацијата на буџетот го ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Гувернерот Славески нагласи дека во тек се подготовки за воведување мерки со кои ќе се поттикне ...
Црвен крст Охрид започнува со уписи за есенскиот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на претстојните училишни задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на ...
Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот за првите шест месеци од годината предизвика бурна расправа кај советниците на денешната одржна 61-ва седница на Совет. Од опозицијата посочија дека е потребна поголема видливост на полициските службеници на терен со оглед дека со едукација очигледно е дека сообраќајната култура не се менува, но реагираа и на несреќите, гужвите во ...
Со цел обезбедување на квалитетна грижа за тревнатите површини, ЈП „Билјанини Извори“ набави нов трактор LOVOL 404 со натрешница и специјални турф гуми за трева, кој поседува погон на сите тркала. На овој начин значително се намалува можноста за оштетување на тревната подлога, што е од особено значење за спортските терени. Заедно со тракторот е набавена и повенаменска вертикална косилка PERUZZO коала 1600, која покрај редовното косење ...
На 25.08.2025 во 13:20 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Медицински центар Охрид со повреди бил пренесен 16-годишник од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за приватна градежна фирма на објект во изградба, а каде што бил на пракса по претходен договор со средно училиште. Полициски службеници излегле на местото и по целосно документирање на случајот ќе биде ...
Познати севсите патници во полуфиналето на 27-то издание на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино. Синоќа,Чардак Велгошти беа подобри од Аце Најдески, а Брумел ја совлада екипата на Екстра Скопско. Резултати 1/4 финале 25.08.2025, понеделник 21:00 Чардак Велгошти – Аце Најдески 5:2 22:00 Брумел – Екстра Скопско 2:0 Во полуфиналето, вечерва, се среќаваат Сатеска и Чардак Велгоши, односно Брумел и ИнексОлгица. Натпреварите се ...
При крај се подготовките за одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во село Скребатно каде традиционално се одржува голем црковно-народен собир на кој присуствуваат илјадници верници. Од Црковниот одбор посочуваат дека и годинава празникот ќе биде достојно одбележан почитувајќи ги обичаите. Во четврток ќе се одржи света литургија со почеток во 08:30 часот. Ќе следува голем црковно народен собир и традиционалниот ручек за ...
ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија во с.Велгошти – крак Буџакоска мала. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф63мм во должина од 187 метри, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци, информираат од претпријатието. Средствата, посочуваат, во вредност од 443.002,00 денари за реализација ...
Вечерва од Охрид со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад тргнува караванот „Mакедонијо, во срце те носиме“ во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект. Публиката ќе има ретка можност да ужива во жива изведба на најубавите македонски песни, отпеани од врвни ...
Вечерва од Охрид со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад тргнува караванот „Mакедонијо, во срце те носиме“ во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект. Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, со песни кои не само што нѐ потсетуваат од каде доаѓаме, ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во ќе достигне во 27 степени. До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде променливо ...
Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на денешниот меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, кој се одржа во водите на Охридското Езеро кај старото пристаниште. Целта ни е да ги мотивираме младите за спорт и спортски активности, но има и хуманистичка димензија да испратиме една силна симболична порака за мир, почитување и толеранција ...
На 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51-годишно лице од Охрид. Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени ...
Седумнаесет пливачи и пливачки од седум држави ќе земат учество на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро. Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи: Александар Илиевски – Македонија Леонид Мишевски – Македонија Акуилес Балаудо – Аргентина Матео Фурлан – Италија Хуго Риберио – Португалија Матиас Дијас Хернандес – Аргентина Федерико Тамборино – Италија Марко Инглима – Италија ...
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2025 г. (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир. Тргнувањето е во 09:00ч. од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец, информираат од Општина Охрид. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“. По повод празникот кај црквата посветена на ...
Екипата на Сатеска ја доби пенал драмата со Кафе бар Лавадо, а Инекс Олгица забележа убедлив триумф над Хотел Тино за пласман во полуфиналето на 27-то издание на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” што се игра во Волино. Резултати 1/4 финале недела, 24.08.2025 Хотел Тино – Инекс Олгица 0:7 Сатеска – Кафе бар Лавадо 1:1 (3:1) по изведување пенали Четвртиналните пресметки продолжуваат вечерва со преостанатите два натпревари. 1/4 финале ...
Со исклучителен концерт на уметниците од Словенија, Томи Пуриќ & Balkan Jazz Group, вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“, заврши третото издание на „Охрид џез фестивал“. Многубројната публика уживаше во уникaтни џез изведби на класични и комерцијални музички композиции. Посебен белег на финалниот концерт оставија гостите, Ѓоко Алоски на труба и Наум Џуклески на хармоника. Фестивалот „Охрид џез фестивал“ се одржува под ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчеравечер на Мостот на поезијата во Струга заврши 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на словачкиот поет Иван Штрпка му ја врачи директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Уметничкиот директор на Фестивалот, Мите Стефоски на полскиот ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во ќе достигне во 26 степени. Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период ...
Со врачувањето на сертификатите за учество, денеска, во родното село на великанот на поетското создавање кај нас, особено во детската литература, Црвена Вода, заврши седмиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Учесниците, млади поети од Турција, Грција, Србија, Албанија и Македонија, имаа прилика да ја посетат родната куќа на Николески, како и Спомен собата, при што, и во оваа прилика, беа оставени нови примероци во ...
Шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, не го криеше задоволството од триумфот на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ до кој гладијаторите дојдоа по победата на актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер 31:26. Сепак тој предупреди дека е потребно да се смират емоциите бидејќи пред клубот е доста работа. Тој и се заблагодари на охридската публика за поддршката и изрази надеж дека уште многу пати ќе се ...
Ноќеска во 00:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 30-годишен охриќанец. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62% промили алкохол во крвта, соопшти МВР. Исто така ноќеска, во 02:51 часот на ...
Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер, 24 август, на Мостот на поезијата завршува 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Фестивалската награда „Златен венец“ ќе му биде врачена на словачкиот поет Жан Пјер Симеон. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде ...
Екипата на Охрид одигра нерешено 1:1 со Беласица на отворањето на новата сезона во Втората фудбалска лига. Охриѓани рано примија гол, на самиот почеток на натпреварот во кој по голема борба успеаја да израмнат резултатот. Во останатите средби од 1 коло во Втората лига беа постигнати следните резултати: Брегалница Штип – Кожуф 0:0 Новаци – Победа 2:0 Преспа – Шкендија Арачиново 0:3 Саса – Осогово 1:1 Скопје – Слога Виница 1:0 Вардар – ...
Драматични и неизвесни натпревари ја одбележаа изминатата вечер на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино на кој се комплетираа патниците во четвртфиналето. Битката за трофејот ја продолжуваат: Аце Најдески, Инекс Олгица, Сатеска и Кафе бар Лавадо. Резултати 1/8 финале, сабота, 23.08.2025 Аце Најдески – Том Гор 1:0 Инекс Олгица – Гостилница Кај Мече 5:4 Сатеска – Бел Мерцедес 4:3 Кафе бар Лавадо – Дооел Ноче 2:1 Првите ...
Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигреа вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини извори“. Двете екипи иако се во подготвителен период, одиграа одличен натпревар, со многу жар и борба за што беа наградени со громогласни аплаузи од публиката која уживаше во ракометната претстава. ...
Екипата на Нексе од Хрватска, попладнево го совлада Вардар со 28:26 и го освои третото место на Меѓународниот меморијален турнир во ракомет “Крсте Андоновски” што се игра во салата “Билјанини извори” во Охрид. Завесата на IV издание на турнирот се спушта вечерва со натпреварот за трофејот во кој се среќаваат домаќинот Охрид и Еурофарм Пелистер. Финалето почнува во 20 часот. Претходно во борбата за 5 место Партизан го совлада Тримо Требње ...
Збирката „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска во издание на ПНВ Публикации е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Одлуката ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година во состав: Санде Стојчевски (претседател), Зоран Анчевски (член), Иван Џепароски (член), Лулзим Хазири (член) и Иван Антоновски (секретар). Големото ...