Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 105 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2. Според досегашните ...

Проблеми во нуркањето, презентација на нова опрема, ребридери, презентации на нуркања во странство, длабински нуркања, нуркања на интересни локација низ морињата и океаните, посебни презентации како нуркањето на Ахмед Габр и неговата изјава дадена за конгресот, презентација од подводниот дрон фифиш и други интересни теми беа дел од 4-от Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство кој денес и утре се одржува во Охрид во организација ...

Со едноминутно молчење и навраќање кон времето кое го поминувал во клубот, неговата професионална посветеност и придонес, беше оддадена почит кон прерано починатиот нуркач Дејан Костојчиноски од Клубот за подводни дејности „Охрид“ на 4-от Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство. Д-р Горан Балевски од Kлубот за подводни дејности „Охрид“ посочи дека во чест на Костојчиноски кој имал идеја и проект за еколошко-нуркачка станица во ...

Клубот за подводни дејности „Охрид“ го организира 4-от Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство денес и утре во Охрид, посветен на прерано починатиот нуркач од клубот Дејан Костојчиноски. Конгресот прераснa во една традиција на годишни среќавања на сите нуркачи од Македонија, без разлика на кој клуб, на која асоцијација припаѓаат или самостојно нуркаат и го промовира македонското нуркање насекаде низ светот. Досегашните три беа ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до седум степени. Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од ...

Кошаркарите на Охрид утре во рамки на 11 коло од Првата лига гостуваат во Струга кај екипата на Црн Дрим. Овој натпревар носи големо значење за продолжението на сезоната, велат од ГКК Охрид. Со борбен дух, максимална мотивација и желба за победа, одиме по нов предизвик и нови бодови. Поддршката е секогаш важна – бидете со нас и следете го езерското дерби, посочуваат од клубот. Натпреварот се игра во СЦ „Тими” Струга со почеток во 13 часот. ...

На 26.12.2025 во 01:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид. По преземени мерки, едното лице е пронајдено и со него е извршен службен разговор во полициска станица. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другото лице и за целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од СВР Охрид. На ...

Општина Охрид во соработка со маркети КАМ, подели 200 новогодишни пакетчиња за деца кои престојуваат во дневниот центар „Зраци“, дневниот центар за лица со посебни потреби „ВОПС“ сместен во просториите на некогашната игротека „Радост“. Новогодишни подароци добија и нaјмладите од здруженијата „Тајната на моето срце“ и „Мојот свет“, згрижените при црквата „Св Георгиј“ во Горна Влашка мала и 30 дечиња кои деновиве се лекуваат во детското ...

Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 6 степени. Следува период на ...

На 24.12.2025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со марихуана, кое е најдено и одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Охрид поради постоење основи на ...

Во пресрет на претстојните празници, кога традиционално се организираат предновогодишни и новогодишни прослави, забави, а и јавни собири во угостителските објекти, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите, а секако и за брза евакуација и при други итни случаи на загрозеност на животот и ...

Клубот за подводни дејности „Охрид“ го организира 4-от Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство на 27-ми и 28-ми декември во Охрид, посветен на прерано починатиот нуркач од клубот Дејан Костојчиноски. Конгресот прераснa во една традиција на годишни среќавања на сите нуркачи од Македонија, без разлика на кој клуб, на која асоцијација припаѓаат или самостојно нуркаат и го промовира македонското нуркање насекаде низ светот. ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 6 степени. Од утре ќе има стабилизирање на времето. Во деновите од викендот, а ...

Во рамки на завршната конференција на проектот „Економско зајакнување на ранливите категории жени во Северна Македонија“ подржана од Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни работи на Словенија, се одржа инспиративна и практична работилница со познататата мејкап артистка од Охрид, едукаторот Мери Бајрамовска посветена на стекнување конкретни вештини од областа на шминкањето. Преку практична работа, совети и директна ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. Со контролатата спроведена на 22 овој месец, ...

Во присуство на голем број гости, пријатели, деловни соработници, култниот охридски бар „Кадмо“ синоќа го прослави 19-от роденден. Посебен шмек на забавата и дадоа Јана Спирковска и „Publik band“ кои направија одлична роденденска атмосфера. Со иста посветеност чекориме понатаму, подготвени за уште многу авантури, радости и забави, велат од тимот на „Кадмо“. Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година кога беше отворен барот во ...

Поставена фотоволтаична централа во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ Охрид. Со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, во нашето училиште поставена е 40kW фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Посочуваат дека ќе следува вмрежување и дистрибуција на вишокот на електрична струја во ...

По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов. Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вардар со кој ја освои титулата шампион на Југославија. Од Рингов се простуваат играчи, тренери, познати личности, а почит му оддаде и Фудбалската федерација на Македонија. Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и ...

Согласно Календарот за 2025 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП„Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепска”, „Винковачка”, „Будва“, „Крали Марко” и „8-ми Март” дека на ден 26.12.2025 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција. Се молат граѓаните од наведените улици да ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од ЈП Македонијапат. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинскиот превој Стража. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, посочуваат. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна ...

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 8 степени. Под влијание на влажен бран денес и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе ...

Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ. Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпревар, истакна на првата прес конференција новиот фудбалски селектор на Македонија. Сакам да гледам тим кој не се откажува и кој стои цврсто до последната минута. Верувам во квалитетот на фудбалерите, во нивната желба да го носат македонскиот ...

Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул. „7 Ноември“. Повеќенаменското игралиште во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача е целосно уредено и ставено во функција за учениците, со што се создаваат подобри услови за училишен спорт и рекреација. Игралиштето во станбениот комплекс на ...

Центар за култура „Григор Прличев“ Од 30.12.2025 - 20:00 до 30.12.2025 - 22:00 Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи на 30-ти декември со почеток 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу. Традиционално во последната недела од годината со ...

На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото ...

Краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“, кој неодамна ја имаше својата премиера во Охрид, од денес е јавно достапен на YouTube платформата, со цел приказната да стане подостапна за пошироката јавност. Филмот ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар, долгогодишен крводарител со над 200 дарувања крв, и претставува интимен портрет на тивкото херојство, достоинството и хуманоста што постојат во нашата заедница. Со јавното ...

Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ одново доминираше на македонската веслачка сцена. На одржаното Државно првенство во ергометар, охридските веслачи уште еднаш покажаа дека се во врвна форма, освојувајќи вкупно 6 медали, од кои едно злато, четири сребра и една бронза. Александра Маленкоска се закити со златен медал во најсилната конкуренција – сениорки, потврдувајќи ја својата супериорност. Исабела Димоска го освои сребрениот медал во ...

СВР Охрид известува дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље. Со тоа, велат, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак ...

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Под влијание на влажни воздушни бранови од денес и во следните два дена (24.12 и ...

СВР Охрид известува дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље. Со тоа, велат, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Калај

53.60

Рутениум

48965.59