Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. За починатиот работник потврдија од МВР. – Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. Тројца ...

Филозофскиот факултет при УКИМ неделава се најде во фокусот на јавноста по откриените неправилности од страна на просветниот инспекторат, а министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека ова е само почеток на процесот за воведување ред во високото образование. Според извештајот на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), од 2019 година на овој факултет противзаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Акаба процесот посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, каде се обрати на првата сесија за идентификување на заканите и проценка на испреплетеноста на организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и предизвиците кои тие ги носат . Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември – декември ...

Поради инвестиции во вештачка интелигенција, Мета ќе отпушти речиси десет проценти од вработените Поради масовните инвестиции во вештачка интелигенција, компанијата Мета најави отпуштање на околу 10% од вработените, со цел зголемување на ефикасноста и покривање на трошоците. Американскиот технолошки гигант Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, најави нов бран отпуштања како дел од стратегијата за финансирање на обемни инвестиции ...

Територијата на Македонија за време на викендов (сабота и недела 25/26 април 2026) ќе биде под влијание на стабилна, сува и на топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација времето ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена локална облачност а особено во недела на 26 април 2026 и особено во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината исто така за време ...

Русија од први мај планира да го сопре извозот на нафта од Казахстан за Германија што се одвива преку нафтоводот „Дружба“, со што ја загрозува клучната рафинерија од која се обезбедува огромно количество на дизел, бензин и масло за греење за потребите на германскиот главен град. Рафинеријата ПЦК, која се наоѓа во градот Швет на околу 100 километри северно од Берлин, резервите на нафта ги добива преку нафтоводот. Претходно рафинеријата беше ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада. Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, ...

„Економско-социјалниот совет го подигнуваме на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде социјалниот дијалог е клучен во креирањето на политиките“, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На последната седница се отворени важни прашања што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот ставен на конкретни мерки и законски решенија. Министерот посочи дека е разгледан ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на надзорна расправа на Комисијата за еднакви можности во Собранието, каде истакна дека улогата на здравствениот систем е клучна, како во раната детекција, така и во обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите на семејно насилство. – Министерството за здравство воспоставува системски пристап, со јасно дефинирани мерки и активности. Во тек е подготовка на програма за зајакнување на ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември – декември ...

Во периодот од 20 до 24 Април во Центарот за обука – Идризово, припадниците на Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи, во рамки на активностите од ЕУ Твининг Лајт проектот “Зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на воздухопловни операции”, присуствуваат на обука која се спроведува од страна на заменик-директорот на ENAC – Ente Nazionale per l’Aviazione Civile ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор ...

Музичка соба уредена и опремена по највисоките европски стандарди денес се отвори во просториите на Младинскиот Центар во поранешната охридска касарна. Проектот е на Општина Охрид која застанува позади целосната финансиска конструкција. Ова катче бесплатно ќе можат да го користат сите музичари од градов. За значењето на проектот градоначаклникот Кирил Пецаков, изјави: –Ново музичко катче денеска официјално доби Охрид . „Музичката соба“ ...

Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на ...

Турскиот парламент усвои забрана за користење на социјални мрежи за деца и млади под 15 години. Пратениците во парламентот во Анкара доцна во средата навечер го изгласаа соодветниот законски предлог. Според извештајот на државната новинска агенција Анадолу, компаниите сопственички на социјалните мрежи нема да смеат да нудат услуги за корисници помлади од 15 години. Тие исто така ќе бидат обврзани да воведат системи за проверка на возраста и ...

Лидерите од 27-те земји членки на Европската Унија се собраа во Кипар во четврток на дводневен самит за да разговараат за геополитичките предизвици со кои се соочува ЕУ, вклучувајќи ги војните во Иран и во Украина. Еве што е на дневен ред: Украина Дводневните состаноци започнаа со одобрување на долго разгледуваниот заем од 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина, како и со договор за воведување дополнителни санкции против Русија. ...

Од денес четврток 23 април 2026 до недела 26 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание настабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови да имаме сончево и стабилно време со појава на мала до умерена локална облачност а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на брз и на голем пораст па така особено топло преку ден ќе биде за време на викендот кога температурите речиси насекаде во ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти. Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на билатералните односи. Средбата беше можност за ...

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со охридскиот ученик Ахмед Сулејман, кој на државниот натпревар по математика го освои првото место со максимални 100 поени. Со овој успех младиот Ахмед стана и првенец на генерација во Република Македонија по математика. Дополнително, на онлајн натпреварите обезбеди пласман за учество на натпревар во Ашкабад, Туркменистан, што претставува уште едно големо признание за неговиот талент и ...

Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција. Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки ...

Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во западните предели од Македонија. Најмногу воден талог до 8 часот утрово наврна во Маврово и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора, на која се разговараше за актуелните предизвици, но и за можностите за развој на државата. Во фокусот на разговорите, како што информираше Мицкоски, биле и односите со Австрија, при што била нагласена потребата од нивно дополнително продлабочување, особено во делот на економската соработка и привлекување нови инвестиции. Премиерот упати ...

На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот во нејзиниот двор во селото, нејзиниот поранешен сопруг М.М.(42) од истото село физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка. На 20.04.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, била физички нападната од ...

На 20.04.2026 во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...

На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична ...

Со оглед на предупредувањата за можен недостиг на керозин, еврокомесарот за сообраќај Апостолос Цицикостас предложи засилено снабдување со авионско гориво од САД. „Работиме на тоа да обезбедиме алтернативно снабдување на Европа со авионско гориво, на пример со гориво од тип А од САД“, изјави Цицикостас по денешната (21.04) видеоконференција на министрите за транспорт на ЕУ. Комисијата планира во среда, 22 април, да претстави пакет мерки за ...

Шесте земји од Западен Балкан ризикуваат колективно да зaгубат повеќе од 700 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија доколку до средината на годината не ги спроведат договорените реформи. Според регионалните медиуми, европската комесарка за проширување Марта Кос на 17 септември испратила писмо до сите главни градови во регионот, со јасна порака дека е неопходно значително забрзување на реформските процеси за целосно искористување ...

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски, учествуваше и ја предводеше македонската делегација на годишната конференција на Петтиот сараевски миграциски дијалог, што се одржа денеска (21.04.2026) во Сараево, во организација на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, со поддршка на Швајцарија. Со оваа конференција се заокружува Проектот „Зајакнување на управување со миграцијата на Западен Балкан“. ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Рутениум

48965.59