Најмалку шест лица го загубиле животот во пожар што избувнал во автобус во швајцарското место Керцерс, во кантонот Фрајбург. Полицијата соопшти дека уште најмалку пет лица се повредени, меѓу кои и еден припадник на итната медицинска служба. На снимки што кружат на социјалните мрежи се гледа автобус зафатен од пламен, со огнени јазици високи неколку метри и густа црна чадна завеса која се издигнува кон небото. Иако пожарникарите брзо ...

Американската армија соопшти дека уништила повеќе од десетина ирански бродови за поставување морски мини во стратешки важниот Ормуски Проток, по извештаи дека Иран започнал со минирање на водите. Американската Централна команда информираше дека се уништени вкупно 16 ирански бродови во близина на протокот, а беше објавен и видео-материјал за дел од нападите. Овој развој следи откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази загриженост за ...

Вчера (10.03.2026) во периодот од 09.00 до 14.00 часот, на подрачја на повеќе Сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила. При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 12 мерки се ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел нема намера да ги прекине операциите против иранската власт, и покрај изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран е „речиси завршена“. Според Нетанјаху, Израел „сè уште не е готов“ со нападите врз раководството во Техеран. Нетанјаху: Целта е иранскиот народ да го отфрли „јаремот на тиранијата“ Во соопштение објавено од неговиот кабинет во вторник вечерта, ...

Во последните пет години, Србија увезе најмногу сложено оружје во регионот на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Иако и другите земји во регионот ги зголемија воените трошоци, разликата во обемот на набавки останува голема. Така, Србија е на 37-мо место во светот по увоз на сложени системи за оружје, пред некои членки на ЕУ во регионот, како Хрватска и ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата за 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистите во логорот на смртта „Треблинка“ во 1943 година. Комеморацијата се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска. Претседателката оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на македонските Евреи. Според соопштението на претседателскиот кабинет, ...

Владата го предложи судијата од Кривичниот суд, Ненад Савески, за нов државен јавен обвинител. Предлогот ќе биде доставен до Собранието, кое треба да го изгласа со најмалку 61 пратенички глас. Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција изјави дека при изборот се раководеле од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. „Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и има ...

Цената на нафтата на 9 март накратко се искачи на речиси 120 долари за барел, откако Израел викендов ја нападна енергетската инфраструктура на Иран, а Техеран го прогласи Моџтаба Хаменеи за нов врховен лидер. Вредноста потоа повторно се стабилизираше на околу 90 долари на 10 март. Продлабочувањето на воениот судир го засилува ризикот по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, каде што производителите веќе трпат штети и се соочуваат со ...

Инвестираме во инфраструктурата и транспортот, соработката со Светска банка е на високо ниво. Ми претставува огромна чест овие два дена да се биде во Вашингтон во седиштето на Светска банка и да можам да се обратам како еден од главните говорници на глобалниот настан што го организира Светска банка, каде ќе се осврнам на транспортот, комуникациите, инфраструктурата и на се она што го работиме. Ние имаме одлична соработка со Светска банка, ...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев се обрати на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, кој се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република ...

Иако морам да признаaм дека е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции, околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два месеца и во првите пет дена од третиот месец, месец март, што претставува отприлика околу 25 проценти од вкупниот број на капитални инвестиции, коишто се предвидени за 2026 година. Така што, еве како ќе се засилува динамиката, така таа бројка ќе се зголемува. Очекувам така да се ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дали Владата ја следи состојбата со инфлацијата и каков е ставот за тековите, изјави: „Да, во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во февруари 2026 година. Јас тоа повеќе пати го најавив во моите изјави, но еве вчера тоа се потврди дека инфлацијата се спушти под 3%, односно ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени во однос за стабилизација цените на нафтените деривати изјави: „Видете, јас би го поделил одговорот во два дела. Првиот дел е фактот е дека како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги најави своите планови за проширување на производството на нуклеарна енергија, вклучително и распоредување на мали модуларни реактори во ЕУ за да се обезбеди климатски прифатливо снабдување со електрична енергија. „Во последните години, гледаме глобално оживување на нуклеарната енергија и Европа сака да биде дел од тоа. Затоа денес презентираме нова европска стратегија за мали ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан негираше дека двете ракети испукани кон Турција потекнуваат од Иран, соопшти турската влада. За време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Пезешкијан „изјави дека ракетите што влегле во турскиот воздушен простор не биле од иранско потекло и дека прашањето ќе биде темелно истражено“, соопшти турското претседателство рано утрово во вторник, 10 март. Турција, членка на НАТО, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената операција против Иран ќе заврши „многу брзо“ и вети дека земјата ќе биде погодена „многу, многу посилно“ ако ги блокира испораките на нафта на Блискиот Исток. Трамп изјави дека нема да дозволи Иран да го прекине протокот на нафта низ Ормутскиот теснец откако Техеран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел и земјите од Персискиот Залив по објавата дека Моџтаба Хамнеи ќе го ...

По растот на цените на горивата, сè поголеми се стравувањата дека ќе следат нови поскапувања и на струјата и на храната. Опозициските партии веќе ги презентираа своите предлози за ублажување на последиците од кризата предизвикана од воените дејствија на Блискиот Исток. Предлози на СДСМ: Намалување на ДДВ и акцизи Лидерот на СДСМ, Венко Филипче,на прес-конференција ја обвини власта дека не презема мерки против растот на цените. Тој предложи ...

Референтната цена на нафтата денеска, 10 март падна откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“. Неговите коментари доведоа до пад на цената на нафтата, која е сега поблиску до 90 долари за барел – но сепак е далеку над нивоата пред војната, објави Би-Би-Си. Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во последните четири години, бидејќи војната, сега во втората недела, ги блокираше ...

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш ...

Во изминатите пет години, глобалните испораки на оружје се зголемија за речиси десет проценти во споредба со претходниот петгодишен период. Ова произлегува од новиот извештај на Стокхолмскиот институт за истражување на мирот (СИПРИ). Бизнисите со оружје и воени производи денес повторно достигнуваат приближно обем каков што имаа на крајот од Студената војна во 1989 година. Во годините потоа, до почетокот на новиот милениум, тие значително се ...

Турција распореди шест борбени авиони Ф-16 и системи за воздушна одбрана во северен Кипар, соопшти во понеделник, 9 март, турското Министерство за одбрана. Овој потег доаѓа во услови на зголемени регионални тензии поради конфликтот предизвикан од нападите на САД и Израел врз Иран, што доведе до напад со беспилотни летала на медитеранскиот остров – поделен помеѓу отцепената северна турска држава и грчката држава на југ, членка на Европската ...

Јапонија ќе распореди серија ракети со долг дострел за контранапад во југозападен регион во близина на Кина до крајот на март, соопштија официјални лица денеска, 9 март. Копнените сили за самоодбрана планираат да ги позиционираат своите ракети од типот 12 земја-брод, со пријавен дострел од 1000 километри (620 милји), во Кумамото, регионот Кјушу, изјави главниот секретар на кабинетот Минору Кихара на редовниот брифинг. „Ми беше кажано дека ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да им обезбеди нафта и гас на европските земји, истакнувајќи дека Русија отсекогаш била сигурен снабдувач со енергија. „Доколку европските компании и европските купувачи одеднаш одлучат да се преориентираат и да се стремат кон долгорочна, одржлива соработка ослободена од политички притисок, тогаш да, секако. Никогаш не сме одбиле. Подготвени сме да соработуваме и со ...

Полицијата во Кобленц извести дека во неделата околу 19 часот, делови од согорен метеорит удриле во покривот на куќа во Кобленц. Резултатот бил дупка со големина на фудбалска топка. Според полицијата, никој не е повреден, бидејќи станарите во тој момент биле во друга соба од куќата. Граѓаните известиле дека виделе „светкав објект со краток огнен блесок“ или „блесок сличен на молња на небото“, извести полицијата во Кајзерслаутерн. Настанот, ...

По евакуирањето на 151 лице од Дубаи кои пристигнаа синоќа (8 март) на Скопскиот аеродром, се очекува следен авион да има во вторник, 10 март со кој отприлика ист број патници ќе пристигнат во државата. Третиот лет се планира за средината на неделата, но се уште се чека да се види дали ќе се зголеми интересот на македонските граѓани од ризичните подрачја, за да биде целосно искористен потенцијалот за извлекување што го организира државата. ...

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, во судницата во Идризово сведочеше Горан Игновски, човек со повеќе од 34 години искуство во продажба и сервис на опрема за настани – озвучување, осветлување и сценски ефекти. Тој изјави дека околу година и половина пред трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема за далечинска активација и прскалки на Панчо и уште еден член од групата ДНК. Сведочење на Игновски: што набавиле ...

Денес (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на ул. „Сутјеска“ во Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип. Околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште на подрачјето на Штип, тој од М.А. од Штип одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, откако го сопрел претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршил лажен претрес во возилото, по што се упатил кон ...

Денеска (09.03.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со новиот регионален шеф на Мисијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Вилијам Дејвид Вомбл. На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ИОМ, како и за можностите за нејзино натамошно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес. Министерот Тошковски нагласи дека ...

Историски документи од Бугарија отвораат нови прашања за политичките активности на водачот на ВМРО Ванчо Михајлов во Пиринска Македонија во 1930-тите години. Истражувањето на историчарот Александар Донски укажува дека во одреден период организацијата развила структури кои, според бугарски извори, личеле на подготовка за создавање автономна или независна држава во регионот. Истражувањето се базира на бугарска брошура од 1933 година со наслов ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром, која претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи. Изградбата на новиот објект е дел од поширокиот процес на унапредување на условите за работа на полициските службеници, но и на квалитетот на услугите што Министерството ги обезбедува за граѓаните. Во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
5.25
63%
1012
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.79
72%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.81
84%
1011
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 4ᴼ
2.68
65%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Алуминиум

3.53

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Бакар

12.14

Паладиум

49215.93

Рутениум

55395.74

Иридиум

253540.09

Калај

49.88

Платина

66712.80

Злато

166450.52

Цинк

3.44

Родиум

324722.54