Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Спасувачката операција по уривањето на станбена зграда во германскиот град Герлиц се одвива во услови на голема неизвесност и претставува вистинска трка со времето. Сè уште се трага по три лица за кои се верува дека се затрупани под урнатините, при што спасувачките служби проценуваат дека шансите за преживување можат да изнесуваат до 72 часа. „Сè уште станува збор за потрага по исчезнати лица, а не за извлекување на тела“, изјави портпарол ...
Откако Петер Маѓар со неговата партија Почитување и слобода (Тиса) на 12 април 2026 година победи на парламентарните избори во Унгарија, воодушевувањето меѓу либералите во Полска беше големо. „Добредојде назад во Европа“, порача тогаш полскиот премиер Доналд Туск на социјалните мрежи, со видео снимено за време на неговата посета на Јужна Кореја, на кое телефонски разговара со изборниот победник Маѓар. „Мислам дека сум дури и посреќен од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука спроведена од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените ...
Стоиме исправени пред историјата, пред жртвата и пред споменот на луѓето кои во едно тешко и мрачно време ја избрале најтешката, но и најсветата патека, патеката на слободата. Разловечкото востание не беше само оружен отпор. Тоа беше будење на народната свест. Тоа беше првиот силен крик на народот дека сака да живее свој на своето, достоинствено, слободно и исправено. Во овие села, по овие ридови и планини, се роди мислата дека татковината ...
На 18.05.2026 во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, ...
На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 ...
На 18.05.2026 во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино. Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој е ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без возачка дозвола, еден со брзина поголема од дозволената и еден со активна забрана и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Скопје, Гостивар и Гевгелија управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина поголема ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се водат „сериозни преговори“ со Иран за ставање крај на војната, при што повторно изрази уверување дека наскоро може да се постигне дипломатски пробив. „Се чини дека постои многу добра шанса да се најде решение. Ако успееме да го постигнеме тоа без да ги бомбардираме до темел, би бил многу задоволен“, изјави Трамп во Белата куќа. Како резултат на тоа, тој привремено одложил „многу голем“ ...
Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави ...
Наизглед, посетата на рускиот претседател Владимир Путин неделава (19 и 20 мај, 2026) во Кина и средбата со неговиот колега Ши Џинпинг се одвиваат по повод одбележувањето на 25-годишнината од руско-кинескиот Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2001 година. Меѓутоа, тајмингот на ова патување – само неколку дена по државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг – е вреден за внимание и ја истакнува ...
Двајцата шефови на држави очигледно негуваат големи меѓусебни симпатии. На почетокот на мај, молдавската претседателка Маја Санду и нејзиниот романски колега, Никушор Дан, објавија заедничка фотографија на нивните профили на Фејсбук. Двајцата се сликани насмеани еден до друг во романски воен авион. „Заедно со претседателот Никушор Дан сме на пат кон главниот град на Ерменија, каде што ќе се одржи самитот на Европската политичка заедница“, ...
Во калифорнискиот град Сан Диего во САД бил извршен напад врз исламски центар, при што загинале три лица. Според информациите на полицијата, жртвите биле застрелани пред објектот, а меѓу нив е и чуварот на центарот. Другите две жртви, според медиумските извештаи, биле вработени во установата. Началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал, изјави дека чуварот одиграл „клучна улога“ во спречувањето нападот да има уште потешки последици. „Без ...
Територјата на Македонија до крајот на денешниот ден Вторник 19 Мај 2026 2026 ќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови за имаме облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час). Локално ...
Во Љубљана, заедно со претседателката Наташа Пирц Мусар, потврдивме дека македонско-словенечкото пријателство се темели на заемна почит, европски вредности и визија за стабилен и обединет регион, како важен фактор на европската стабилност. Искрена благодарност до Словенија, како еден од нашите најголеми политички пријатели и поддржувачи на патот кон ЕУ. Словенија е наш значаен економски партнер, а соработката во економијата, образованието, ...
Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница. Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на ...
Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија ...
Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи. Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на ...
На 15.05. и 17.05.2026 на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што констатирани 104 прекршоци во сообраќајот од страна на мотоциклистите. На подрачјето на Битола санкционирани се 53 возачи, а на подрачје на Прилеп санкционирани се 47 мотоциклисти, додека четири на подрачје на Македонски Брод. Од нив, вкупно 47 прекршоци биле констатирани за некористење на ...
Од утре, 19-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на еден од највозбудливите гастрономски настани годинава. Во организација на мрежата на Слоу Фуд (Slow Food) во Македонија, во градот пристигнува светскиот патник и кулинарски виртуоз, Шеф Филип Ондрушек. Ондрушек, кој во својата богата кариера готвел во престижни ресторани со Michelin ѕвезди и подготвувал специјалитети за кралски семејства, денес е предводник на движењето за одржлива гастрономија. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за ...
Предмет на разговорот беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на Западен Балкан и улогата на НАТО, низ призма на заедничката посветеност кон мултилатералниот поредок и европскиот политички проект. Укажав дека кредибилитетот и интегритетот на европската интеграција зависат од доследната примена на Копенхашките критериуми, врзани за владеењето на правото, ...
Во текот на изминатите два дена (16/17.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило се 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на алкохол, 24 ...
Врз основа на член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24, 193/25 и 96/26) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, за пројавување на интерес за пријавување на кандидатите ...
Во услови на застој во дипломатските напори, американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со уништување. „Часовникот за Иран отчукува и тие би требало што побрзо да се придвижат, во спротивно од нив нема да остане ништо“, напиша републиканецот на својата платформа Трут Соушл. „Времето притиска.“ Со слично драстични зборови Трамп му се закани на Иран уште на почетокот на април. „Цела една цивилизација ќе умре вечерва и никогаш ...
Територијата на Македонија во текот на целата оваа седмица, односно во периодот од 18/24 Мај 2026 ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која ќе се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација и оваа седмица ќе имаме многу променливо и нестабилно време со сончеви периоди. Повремено ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен правец. Локално атмосферските процеси повторно можно е да бидат ...
Властите од 15 земји разбија голема криминална група која измамувала жртви низ Европа и пошироко, продавајќи лажни додатоци во исхраната и лекови за сериозни болести, соопшти агенцијата на ЕУ „Евроџаст“. Заедничката операција на 12 мај резултирала со собирање важни докази, притворање на дел од клучните членови на групата и запленување големи количини додатоци во исхраната. Се сомнева дека групата остварила најмалку 240 милиони евра промет. ...
Снег среде мај оформи бела покривка на Копаоник, започна да врне синоќа со слаб интензитет. Температурата е два степени, а маглата ја намалува видливоста на 200 метри, објави Танјуг. Највисоката дневна температура во Србија е од 12 до 16 степени. Во Белград е облачно со дожд, ветровито и значително постудено, до 13 степени. Прогнозата е дека врнежите ќе престанат до крајот на денот. Снегот на Копаоник достигнува висина од еден сантиметар ...
Присуствував на богослужбата во црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде што изворно го слушнав гласот на македонските иселеници. Во пријателска атмосфера, разговаравме за нивниот живот далеку од дома, за поврзаноста со татковината и за улогата на македонската традиција, јазик и култура во зачувувањето на македонскиот дух. Членовите на Сојузот на македонските културни друштва и претставниците на црковните одбори ме запознаа со нивната ...
Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт и на ...