Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Папата Лав XIV, првиот папа роден во САД, упати итен повик за прекин на огнот во војната меѓу САД и Израел со Иран за време на молитвите пред десетици илјади луѓе собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, јави агенцијата ДПА. „Во името на христијаните од Блискиот Исток и на сите жени и мажи со добра волја: Престанете со огнот! Нека се отворат повторно патиштата на дијалогот“, рече папата, цитиран од новинската веб-страница на Ватикан. ...
Македонските граѓани се почесто се одлучуваат да извадат српски пасош. Блискоста меѓу двете земји и народи го направи пасошот на северниот сосед атрактивен. Иако според земјите каде може да се патува, нашиот и српскиот се горе-долу исти, сепак има неколку поволности. Голем дел од оние кои се одлучуваат да извадат српски пасош го користат за школување на нивните деца во Универзитетите во Србија, за бизнис, за спорт или пак некои го зеле ...
Трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која животот го загубија Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја, ја потресе македонската јавност и одново ја отвори болната дискусија за ефикасноста на системот за заштита од семејно насилство. По спроведената истрага, надлежното обвинителство поднесе обвинение против нејзиниот сопруг, Стојанче Јовановски, кој се товари дека во период од седум години вршел континуирано физичко и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иако голем дел од стратешкиот остров Харг на Иран е уништен во американски воздушен напад, тој може да нареди понатамошни напади, додека арапските држави во регионот, сојузнички на Соединетите Американски Држави (САД), пријавија прекини во сопствените нафтени индустрии поради иранските одмазднички напади. Трамп на 14 март изјави дека американските напади „целосно го уништиле“ поголемиот дел ...
Историски момент се случи на 8 март, кога архијереј на Православната Црква на Албанија служеше на урнатините на манастирот „Четириесет Маченици“ во Саранда, во јужна Албанија. Неговото Високопреосвештенство митрополитот Натанаил Ѓирокастрански ја предводеше свечената служба на Великата вечерна во неделата навечер, заедно со свештенството и верниците. Тоа беше првата архијерејска служба одржана на тоа место по неколку децении, соопштува ...
Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(26) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти. Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера (14.03.2026) полициски службеници од СВР Куманово го лишиле ...
До крајот на денешниот ден недела 15-ти март 2026 и утре понеделник 16-ти март 2026 во Македонија останува претежно сончево времето со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови ќе имаме малку повеќе облачност и ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме претежно стабилно, суво и ...
Во текот на изминатото деноноќие на подрачја на повеќе градови во државата евидентирани се седум пријави за семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода. На 14.03.2026 година, во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34-годишен жител и 29-годишна жителка на селото. Претходно, 29-годишната жена пријавила дека во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека подоцна и сопругот ...
Вчера, на подрачјето на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, четири возачи (од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци) управувале возило под дејство на алкохол. Шест возачи (од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга) управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна ...
Еден 15-годишник во Висбаден украл автобус за да помине околу 150 километри до Карлсруе – со намера таму да ја однесе својата девојка на училиште. Како што соопшти полицијата, тинејџерот го украл автобусот во раните утрински часови во петокот од служeбниот простор на едно транспортно претпријатие. Возилото го отворил без употреба на сила и го ставил во погон со генерален клуч. „Како дошол до клучот и зошто бил во состојба толку добро да го ...
Додека Унгарија влегува во последниот месец од предизборната кампања, тензиите меѓу неа и Украина како да достигнуваат нови пикови со секој ден. Владејачката партија Фидес во Унгарија анти-украинските пораки ги направи клучен столб на својата кампања, тврдејќи дека Украина би можела да се меша во изборите, па дури и да ја нападне Унгарија. Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили „целосно уништиле“ воени објекти на стратешкиот остров Харг во Иран во „еден од најмоќните бомбардирања“ во историјата на Блискиот Исток и рече дека американската морнарица наскоро ќе започне со придружба на бродови низ Ормутскиот теснец. „Пред неколку моменти, по моја наредба, Централната команда на Соединетите Американски Држави изврши еден од најмоќните бомбардирања во ...
Владата на Косово се согласи да издава привремени дозволи за престој во траење од 12 месеци на припадниците на српската заедница кои немаат косовски документи и ги признава личните карти издадени од српските власти, што ќе ги ублажи последиците од целосната имплементација на Законот за странци и возила. Според најновото соопштение на косовските власти, целосната имплементација на Законот за странци и возила ќе почне на 15 март. Врз основа на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше како панелист на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти и решенија по трагичниот пожар во Кочани, на која се разговараше за искуствата, научените лекции и потребата од градење поотпорен систем за справување со вакви трагедии. Во своето излагање, Тошковски се осврна на улогата на Министерство за внатрешни работи во критичните моменти по ...
Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава. Во тие часови, цела Македонија застана. Веста се прошири со брзина која носеше неверување, страв и тага. Секој граѓанин ја почувствува тежината на настанот. Во тие моменти не постоеше ниту политика, ниту поделби. Постоеше само тишина и чувство на длабока ...
„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација. Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за ...
Малата црна плоча на фасадата на куќата број 99 на авенијата Андраши во Будимпешта потсетува на епизода од ноември 1956 година, кога советските трупи ја нападнале Унгарија и брутално ја потиснале антикомунистичката револуција. Но, некои советски војници одбивале да учествуваат во масакрот на унгарските борци за слобода – и затоа биле застрелани. На соседите во палатата отспротива потсетникот веројатно не им се допаѓа. Егзекуциите се случиле ...
Денеска во 12:05 часот (14.03), од пред Работничкиот дом во Скопје ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикатите ги повикаа своите членови, работниците и сите граѓани да се приклучат на протестот, со порака дека платите – особено минималната плата – мора да се зголемат. Од ССМ потсетуваат дека, според податоците на УЈП, 160.000 работници живеат со примања под прагот на ...
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија ...
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...
Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека не размислува за повлекување на законот за високо образование и негова доработка. Таа најави дека работната група која го подготвува че се сретне уште еднаш, а потоа ќе биде пуштен во владина постапка. На професорите кои бараат повлекување на законот, министерката им порача дека имаат две можности. „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година, изјави: „Изминатата година 2025, како македонска економија забележавме раст на Бруто домашниот производ којшто нè сместува во првите пет во Европа. И сега повторно ќе кажам, од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но тоа се ...
Американската влада привремено ќе дозволи купување руска нафта во наредните 30 дена, со цел да се амортизира ударот од наглиот раст на светските цени на енергенсите. Мерката се однесува исклучиво на руска сурова нафта и нафтени деривати што веќе се натоварени на бродови и се наоѓаат на море, соопшти американското Министерство за финансии. Според министерот за финансии Скот Бесент, одлуката претставува „ограничена и краткорочна мерка“ ...
По последното поскапување на дизелот за 14,5 денари и на бензините за пет денари за литар, премиерот Христијан Мицкоски најави корекција на цените. „Очекувам за 2,5 денари да бидат намалени нафтата и нафтените деривати“, изјави Мицкоски, по најавата од компанијата „Окта“, која соопшти дека од денеска (13.03) до крајот на март ќе одобри попуст на компаниите коишто соработуваат со околу 45 до 50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе ...
Уставниот суд е пред клучна одлука – ќе ја заштити ли уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство или ќе дозволи да се наруши принципот на поделба и контрола на власта? Ова се наведува во реакцијата на јавните обвинители по завчерашната дискусија во Уставниот суд, кога поради поделено гласање на уставните судии, тие не успеаја да заземат конкретен став дали да се поведе постапка за оценување на Законот за изменување на ...
Денеска во Кочани започнавме со реализација три големи проекти во вредност од околу 3,5 милиони евра, кои што ќе значат многу за градот и за целата општина, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Драго ми е што денеска сме во Кочани за да започнеме три големи проекти кои што ќе значат многу за градот, за целата општина. почнуваме со реализација на влезниот булевар кој што е некаде проценета вредност од ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на овие вредности, вечерта ја поминале во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Владата вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. На ифтарската вечера присуствуваше целиот државен врв, министри, верските лидери. Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на ...
Голем американски авион за полнење гориво се урна во Ирак по очигледен судир со друг авион, а француски војник бил убиен во регионот Курдистан во земјата, додека двенеделната американско-израелска војна против Иран продолжи да се прелева преку регионалните граници. Централната команда на САД, која е одговорна за американските сили на Блискиот Исток, доцна на 12 март соопшти дека авион за полнење гориво KC-135 се урнал во западен Ирак, што ...
На 12.03.2026 во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(30) од с.Марино, скопско. При извршен претрес, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот на Д.Р., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 12.03.2026 во 21:10 часот ...
Во текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид – ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на ...