Ансамблот “Танец” е нашата национална гордост и своевиден културен амблем насекаде низ светот по кој не препознаваат и тоа е еден неоспорен факт на кој сме горди. Меѓутоа, исто така факт е дека последните години “Танец” е своевидна ексклузива и по однос на цените кои се плаќаат за нивните концерти и по однос на наменските концерти кои се прават претежно во Скопје, иако неговата основна функција е да ја доближи народната традиција и култура до ...

На 21-ви јуни започнува 22-то издание на познатиот фестивал „Битола отворен град“. Централниот настан е голем музички концерт во градскиот парк во Битола на 24-ти јуни (сабота). Повеќе детали за овогодинешното издание и програма ќе има наскоро на социјалните мрежи на МКЦ – Битола. Минатото фестивалско издание беше посветено на Gen Z. А во музичкиот дел на фестивалот изминатите 20-тина години настапија многу познати изведувачи од регионот ...

Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 20 часот. „Св.Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на ...

72-годишниот пејач Мухарем Сербезовски, кој е роден е во скопската општина Шуто Оризари, неодамна беше опериран во Турција. Тој во декември првично бил опериран во Општата болница во Сараево по несреќа на снимање на емисија каде го повреди колкот. Тој долги години живее и работи во БиХ а сега сака да се врати во Србија. Некако размислувам за мојата ера во ’62 кога ја направив првата плоча. Мојата желба е да се збогувам со публиката додека сум ...

Кантавторот и пејач Владо Георгиев изјави дека ги засакал медиумите и шоубизнисот, но тоа не значи дека ќе продолжи да се занимава со тоа. Тој даде и соодветно објаснување. „Ми недостига шоу-бизнисот и она што го работев. Шоубизот е нешто што порано го правев за да преживеам, но не по секоја цена“, изјави пејачот за српски „Курир“. Зборувајќи за младите пејачи и бендови, тој рече дека има талентирани уметници – но тие не можат да излезат од ...

После првиот и вчерашен концерт во градот на конзулите, Битола, вечерва во Скопје се одржа и вториот концерт во организација на Камерниот оркестар на Битола, а посветен на ликот и делото на нашата музичка легенда, големиот Јонче Христовски. Концертот, симболично започна со актер на сцената кој со неговите движења, фрлање на палтото и сето она што тој го правеше потсетуваше на Јонче, оној Јонче со кој ние пораснавме, а денешната млада ...

Пејачoт ќе добие благослов да го започне својот монашки пат во пресрет на манастирскиот празник Голема Богородица, кој се празнува на 28 август. Милан се повлече од музичката сцена и си најде нов живот во верата, а за големиот православен верник претстојниот празник наводно ќе стане искушеник. Имено, бидејќи последниве години почесто го гледаат на свети места отколку во концертни сали и забавни емисии, се повеќе се шушка дека тој одлучил да ...

Билдери, гимнастичари, маратонци и фитнес инструктори во спортското издание на „Нешто конкретно”. Нашите гости Мирко Петровски, Цветанка Огненовска Аврамовски, Весна Кираџиева и Зоран Лазаревски Паљото ќе ви откријат кои мускули највеќе ги вежбаат жените во теретана, дали мажите повеќе се фотографираат отколку што вежбаат и каде започнал бодибилдингот во Македонија. Дали претпоставувате колку јајца има изедено Мирко во последните дваесетина ...

Светски популарните The Gipsy Kings by Paco Balliardo после долго време на спектакуларен концерт во Македонска Филхармонија во Скопје на 21 април. Уживајте во ненадминатите латино хитови на светски познатите кралеви на латино музиката со оригинална изведба на „Baila Me“, „Volare“, „Bamboleo“ и уште многу други стари и нови поп и латино хитови. The Gipsy Kings со Paco Balliardo на барање на публиката гостува во Скопје на 21 април во Македонска ...

Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect со својата Јонче Христовски Симфонија минатата вечер направи вистински спектакл, кој долго ќе се памети. „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“, „Ај засвирете ми чалгии“… беа само дел од стиховите кои битолската публика ги уживаше минатата вечер на првиот од двата концерти посветени на македонскиот музички доајен Јонче Хрисовски. Публиката на овој концерт беше една од најбројните до сега. Салата ...

Како што во минатиот век, Митан чорбаџија од Битола, го започнал своето патување по светот, така и денес, приказната за убавата македонска песна својот пат сега концертно ја започнува од тука. Најубавите “Македонски Рози”, приказните за љубовта, тагата, радоста, гордоста, Дафина, Елена и многу други ќе ви ги раскажат МИТАН ПРОЕКТ со волшебниот глас на Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери, врвните солисти Владимир Крстев и Александар ...

Кларинет, хармоника и фрула се инструментите кои се споија во една нова композиција “Извор”, а извонредните балкански академски музичари Благојче Трајковски, Александар Софронијевиќ и Неда Николиќ ги здружија своите докажани таленти на маестрален начин. Иницијатор на оваа соработка е македонскиот познат кларинетист, кој две децении ја негува традиционалната музика преку нови форми на етно жанрот, со елементи на импровизации и современ ...

На два ексклузивни, распродадени клупски концерти во белградското Арт Кафе Битеф, Бајага и Инструктори официјално ги претставија новите членови на бендот – басистот Владимир Чукиќ и тапанарот Марко Кузмановиќ. Станува збор за млади, но докажани музичари кои веќе соработувале со легендарната група, како гости на последните албуми. Чукиќ го замени Мирослав Цветковиќ – Цвеле, кој беше во бендот од неговото основање во 1984 година, додека ...

Во Битола и во Скопје, во организација на битолскиот Камерен оркестар, ќе се одржат два концерта посветени на музичкиот великан Јонче Христовски. Според музичарот Ристо Самарџиев, целта е да пренесат само дел од она огромно творештво, што овој великан на македонската музика го има создадено низ годините. На концертот, освен Ристо Самарџиев, меѓу другото ќе настапат и уметниците Виолета Томовска, Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, Елена Андоновска, ...

Една сосема случајна средба доведе до искрен пријателски разговор, а воедно и прво телевизиско интервју по најголемиот животен предизвик кој го помина храбро и достоинствено. Екипата на „Бекстејџ” направи ексклузивно и искрено интервју со Лила Филиповска за борбата со канцерот, процесот на лекување, но и поддршката од најблиските во такви тешки моменти. Вечерва во 23ч на Телма. Бидете со „Бекстејџ”. View this post on Instagram A post shared ...

Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт по повод Светскиот ден на шегата, на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции. Концертот ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот. Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес ГДО има настапувано ...

Бoра Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“, ќе добие плоштад во родниот Чачак. Имено, тоа ќе биде во голем парк, во населбата Винара каде што е роден и израснат. Информацијата ја потврди градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ. „Во центарот на градот во голем парк, каде што тој и неговите пријатели почнаа да свиркаат, ќе го носи неговото име еден плоштад. Има и мини сцена, каде што ќе можат да свират млади, се уште не етаблирани ...

Џими Пејџ, гитаристот на „Лед Цепелин“, на својата веб-страница ја објави песната „The Seasons“ која до сега немавме прилика да ја слушнеме. Оваа песна, која е демо на песната „The Rain Song“, тој ја објави на својот YouTube канал за да ја прослави 50-годишнината од петтиот албум на познатата група „Houses of the Holy“, кој беше објавен на 28 март 1973 година. „Пред 50 години на денешен ден беше објавен „Houses of the Holy“. Мојата оригинална ...

Едо Маајка ја започна годината со освојување на статуетката Rock&Off за изведувач на Rap&Off, а добро прифатениот и ценет албум „Močno“ беше номиниран и за наградата Порин, во категоријата најдобар хип-хоп музички албум. По видео клиповите за сингловите „Moćno“, „Zlatni koker“, „Svaki čovjek“ feat. Дино Шаран, „Letimo iznad“ feat. Tibor and Burky, а на крајот на минатата година излегувањето на „Hajmo se nać“ feat Алехуандро Буендија, ...

Времеплов во најновата емисија на „Нешто конкретно”, зборуваме за едно време кога се беше поубаво, понаивно, поненаметливо, зборуваме за шареноликоста на детсвото во кое израснаа другите генерации и споредуваме како сега растат децата. Од кога не сте виделе некој на улица да игра „Сакате ли војска”, „Жмурка”, „Камај, камај”, „Ластик”, да си игра со џамлии на земја и што уште не, впрочем, од кога не сте виделе деца на улица? Напредната ...

Битолската група „Код 369“ за своите фанови го објави синглот „Револуција“, а песната е препеана од англиски на македонски јазик. „Револуција“ е тема која инспирира со позитивниот текст и ведрата и динамична музика и истовремено поттикнува на размислување за општествени промени и промените кои човештвото мора да ги превземе, порано или подоцна, за да го задржи блиското и непосредното, паралелно со сѐ поприсутното виртуелно живеење. Синглот е ...

После долгогодишно привлекување на публиката и на фелата, Мирослав Рус конечно го најавува новиот албум на ИТД бенд „Orao nikad ne leti u jata“, а и истоимениот сингл штотуку се појави во радиобрановите ширум регионот. Реактивирањето на бендот е со оригиналниот пејач на бендот, Бранислав Бекиќ, кој застана пред микрофонот покрај познатиот композитор и текстописец. Критиките предвидуваат дека новиот сингл ќе ја отвори вратата и за други песни ...

Настапот на грчкото трио „Блуз вајр“ е следниот настан што го организира „Блуз фамилија“, здружението кое стои зад Котон блуз фестивал. Овој концерт ќе се одржи во скопскиот клуб „Маракана“ на 18 април, со почеток во 21 часот. Предводени од пејачот и гитарист Елијас Зајкос, „Блуз вајр“ се вистински легенди на грчката блуз сцена. Бендот е основан во 1983 и следната година го објави првиот блуз албум целосно снимен од грчки музичари. Влезниците ...

На 28 март (вторник), со почеток во 21 часот, на сцената во ноќниот клуб „Станица 26″ за првпат ќе настапи младата вокалистка Натали Зарин. Ова уникатно целовечерно музичко изненадување насловено „Рапсодија 26″ е замислено како фузија на различни музички жанрови и звуци, повеќе и помалку познати на нашата сцена, обоени со иновативен призвук. „Овој музички проект нуди свеж и препознатлив звук, кој ги спојува елементите на поп, соул, ...

„Нешто конкретно” во најновото издание ги пречека Весна Петрушевска, Викса, Јаков Спасов и Розалија Секулоска. Со оглед на тоа дека Јаков пристигна на снимање ден после раѓањето на неговата ќерка, прашањето за него беше дали сака во иднина да го препознаваат како татко на Гаја или син на Дац, тој ја одбра втората опција. А кога сме кај темата синови на познати актери во емисијата се дебатираше и колку е тешко да работиш како актер, а да си ...

Како што дознава музичкиот портал Музика24, 4-ти и 5-ти април се денови кои се посветени и букирани за еден од најпознатите македонски музички легенди, познатиот македонски музичар, пејач, текстописец Јонче Христовски. Имено, Камерниот оркестар на Битола токму на 4-ти април во Битола во Центарот за култура, а ден потоа, на 5-ти април во Скопје во Македонската опера и балет, ќе оддржи концерт посветен на Јонче Христовски, каде познати имиња од ...

По девет години пауза, групата „Прљаво казалиште“ објави нова песна, насловена „Старе навике“. Гитаристот и главен автор на загрепскиот бенд Јасенко Хоура на својот Фејсбук напиша дека песната е „посебна од неколку причини“ за него. Се работи за љубовна балада со средно темпо, потпишана од Хоура и Инес Прајо, со препознатливиот звучен ракопис на Прљавци, ја дочекува тагата, споменува „записи кои веќе никому ништо не значат“ и пцовки за „сите ...

Канадската поп-ѕвезда The Weeknd стана првиот изведувач што достигна 100 милиони месечни слушања на „Спотифај“.Се наведува дека никој друг не е ни блиску до неговиот успех на стриминг. 33-годишниот музичар постави два светски рекорда – тој е пејачот што има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и првиот уметник што некогаш дошол до 100 милиони слушатели месечно на гигантот за стриминг на музика. Песната “Blinding Lights” на The Weeknd од ...

Денес и во македонскиот радиски етер, како и долж целиот регион, беше емитуван новиот сингл на загребскиот легендарен состав Парни ваљак – „Моја глава, моја правила“. Во Македонија, синглот ексклузивно го емитуваа: Македонско радио – прва програма, Радио Г, Метрополис Радио Мрежа, Бубамара и Скај радио. Ова е прв сингл на Парни ваљак, снимен без сјајниот вокал на Аки Рахимовски, кој лани ненадејно почина. Овој пат во улога на новиот пејач на ...

По двата успешни распродадени настапи на популарниот холивудски актер Никола Ѓуричко, Таксират Фестивал во соработка со „Скопје Комеди“ повторно најавуваат неверојатно шоу во Скопје, овој пат на можеби најпопуларниот ТВ водител во регионот – харизматичниот Зоран Кесиќ. На 24 април во Македонска филармонија, Кесиќ премиерно ќе настапи со неговата приредба „Приказни и песни“ која изминатите 6 години има патувано на 3 континенти со повеќе од 50 ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Бакар

11.73