Во текот на петтата недела од 2026 година (од 26 јануари до 1 февруари), во Македонија се пријавени 1.498 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е намалување од 12,3 проценти во споредба со претходната недела, кога беа регистрирани 1.708 случаи. Иако епидемиолозите очекуваа зголемување во овој период од сезоната на грип, сепак и минатата и оваа недела евидентирано е намалување на бројот на заболени лица. Според податоците ...

Вечерва во Јуроп хаус во 19 часот, ќе се одржи предавање на тема „Историјата на Ромите на Балканот“, во периодот од нивното доаѓање во средниот век по Првата светска војна. Предавањето ќе го одржи историчарот, професор и познавач на историјата на Балканот, Бернар Лори, а модератор на настанот ќе биде м-р Даниел Петровски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“. „Низ темелен историски пристап, заснован на примарни извори од земјите од ...

„Вашингтон пост“ спроведе широка рунда отпуштања, што ги оштети редакциите за спорт, лолкални вести и меѓународното известување на организацијата, пренесувс Вашингтон Пост. Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, според две лица запознаени со одлуката. Тоа вклучува луѓе од деловната страна и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата, велат изворите. Кратењата се знак дека Џеф Безос, кој стана еден од најбогатите ...

Западните санкции имаат „значително влијание“ врз руската економија, изјави специјалниот претставник за санкции на ЕУ Дејвид О’Саливан, во пресрет на четвртата годишнина од целосната руска инвазија врз Украина. Во интервју за „Гардијан“, О’Саливан оцени дека санкциите „не се сребрен куршум“ и дека секогаш ќе има обиди за нивно заобиколување, но нагласи дека по четири години е уверен дека тие имаат ефект. „Прилично сум оптимистичен. Мислам ...

Љубителите на стрипот деновиве се простија со еден од најпознатите и највлијателни уметници на „Марвел“ – Сал Бјусема (Silvio “Sal” Buscema). Тој починал на 24 јануари 2026 година, на 89-годишна возраст, во својот дом во Гејнсвил во Вирџинија (САД), само два дена пред да наполни 90 години. Бјусема беше познат по својот препознатлив динамичен стил како долгогодишен илустратор на стрипови со Спајдермен, Хулк, Конан, Капетан Америка и други ...

Претседателот Доналд Трамп вели дека сака новиот триумфален лак што би бил како порта кон Вашингтон, да биде „најголемиот од сите“ во светот, иако предложената локација се наоѓа по патека за летање кон блискиот Национален аеродром Реган во Арлингтон, Вирџинија, пренесува Си-Би-Ес Њуз. Дизајнот продолжува да се усовршува, а претседателот рече дека ќе биде поголем од Триумфалната капија во Париз, која е висока 50 метри, според функционер на ...

На популарниот регионален портал Stripovi.com е отворено гласањето за „Oscar 2025“, традиционалниот избор на најдобри стрипови на годината – избор што ги обединува читателите и љубителите на стрипови од целата поранешна Југославија. Гласањето ќе трае во текот на февруари, а учесниците можат да изберат најмногу по 10 наслови во секоја од двете категории: „стрип свеска“ (помал формат) и „стрип албум“ (поголем формат). Во тековниот избор, како и ...

Во последните неколку дена цената на златото достигна рекордно високо ниво над 5.500 долари за унца, но, во петокот, цената на падна за повеќе од 9%, што е негов најостар еднодневен пад од 1983 година, пред понатамошен пад во понеделникот. Во вторникот се случи зголемување од повеќе од 5%, а тој пораст продолжи и вчера. И покрај неодамнешните падови, цената на златото е сè уште околу 75% повисока отколку што беше во истиот момент минатата ...

Премиерот Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека ветеранот од Лабуристичката партија создал серија на измами за неговите врски со американскиот сексуален престапник Џефри Епштајн. Стармер попушти под притисокот од опозициската Конзервативна партија да објави документи за тоа како е назначен Манделсон и беше принуден да го ублажи обидот да го ограничи обемот на ...

Украинските и руските преговарачи одржаа продуктивна прва рунда мировни преговори предводени од САД во Абу Даби, додека Вашингтон бара начин да се стави крај на речиси четиригодишната војна во Украина. Дводневните трилатерални разговори што треба да продолжат денеска доаѓаат откако Володимир Зеленски ја обвини Москва дека го искористила енергетското примирје поддржано од САД минатата недела за да складира оружје пред да започне рекорден број ...

Земјотреси кои изминатата вечер се случија во Грција и Албанија се почувствувани и во земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Првиот земјотрес се случил во Грција синоќа околу 20 часот, на околу 100 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.7. Како што информираат од Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од 3 степени ...

Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во текот на минатата година издвоила вкупно 822 милиони евра за поддршка на одржлива поврзаност, климатски акции и економски развој во Западен Балкан, во согласност со напорите за пристапување на регионот кон Европската Унија. Од вкупниот износ, 664 милиони евра биле обезбедени преку заеми и гаранции, дополнети со 6,5 милиони евра инвестициски грантови во рамки на Иницијативата за јакнење на ...

Започнува имплементацијата на проектот „Грантова шема за поддршка на зелени бизниси 2026–2030“, кој го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, станува збор за една од најобемните инвестиции во зелената економија во државата, насочена кон забрзување на зелената транзиција на малите и средни претпријатија. На свеченото отворање се обратија ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе иницијатива за намалување на платите на пратениците и на другите избрани и именувани лица, за 80 отсто. Од Сојузот, бараат измена на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци, каде основица за пресметување на платата на пратениците и другите избрани и именувани лица е минималната плата, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Досега, основица за пресметување беше ...

Рекордни 4.745 жени пријавиле семејно насилство во 2025 година во Македонија, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи (МВР), во кои спаѓаат кривични дела, прекршоци и поплаки од семејно насилство. Ако се погледнат бројките од последните пет години, состојбата е загрижувачка. Најчесто сопругите се најпогодената група, што е аларм за воведување засилени мерки за нивна заштита и поддршка. Мета неодамна пишуваше дека насилството ...

Постигнат е договор меѓу адвокатите на жртвите на Џефри Епштајн и Министерството за правда за заштита на идентитетите на речиси 100 жени чии животи наводно биле повредени откако владата почнала да објавува милиони документи минатата недела, изјави адвокат пред федерален судија, пренесува Асошиејтед Прес. Судијата Ричард М. Берман на Менхетен го откажа рочиштето закажано за среда откако бил известен од адвокатката од Флорида, Британи ...

САД сè уште не обезбедиле финансиски средства за својот план за реконструкција на Газа, бидејќи потенцијалните донатори изразуваат загриженост дека несогласувањата околу разоружувањето на Хамас би можеле да го доведат Израел до продолжување на целосна војна во енклавата, изјавија извори за Ројтерс. Оставањето на оружјето од страна на Хамас е клучен услов според планот на Доналд Трамп за завршување на војната во Газа. Тој бара израелската ...

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. „Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на ...

Длабоката распродажба на акциите на глобалните софтверски компании влезе во втор ден во среда, одразувајќи ја растечката загриженост за тоа како напредокот во вештачката интелигенција може да влијае на егзистенцијата на овие компании, пренесува Ројтерс. Акциите на европските компании за анализа на податоци, професионални услуги и софтвер дополнително паднаа, по падот на акциите кај конкурентите низ целиот свет, откако новиот модел на правна ...

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија Александар Видиновски. Коментарите биле објавени под видео прилог ...

„Еко свест“, заедно со уште 14 граѓански еколошки организации побара од новиот министер за животна средина Муамет Хоџа итно да се донесе нов закон за природа. Во писмото упатено до министерот, граѓанските организации го потенцираат проблемот со неефикасните механизми за заштита на природата и притисокот од инфраструктурните и другите развојни проекти врз природните предели и вредности и нагласуваат дека прашањето за заштитата на природата не ...

Британскиот премиер Киер Стармер изјави дека најновите руски напади врз украинската енергетска инфраструктура се „варварски“ и „особено изопачени“, откако Русија во понеделникот навечер изврши удари врз електрани и критична инфраструктура во Киев и други делови од Украина, во услови на температури до –20 степени Целзиусови, објави Би-Би-Си. Изјавата на Стармер следува по неговиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, неколку ...

Саиф ал-Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен во очигледен атентат во неговиот дом во градот Зинтан во северозападна Либија, изјави шефот на неговиот политички тим. Тој имаше 53 години. Саиф ал-Ислам Гадафи некогаш се сметаше за наследник на неговиот татко диктатор – кој беше погубен откако неговиот режим беше соборен во кулминацијата на протестите на Арапската пролет во 2011 година – и во последните години се ...

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт на глобално ниво, а истата состојба се забележува и во Македонија. Денеска се одбележува Светскиот ден за рак, водечки меѓународен ден за подигнување на свеста за болеста. Веднаш по болестите на циркулаторниот систем, ракот претставува втора најчеста причина за смртност во земјата. Податоците за периодот од 2010 до 2024 година покажуваат континуиран раст на стапката на морталитет од ...

Петнаесет мигранти загинаа во Егејското Море кај Грција откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај островот Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека забележал брод што превезувал мигранти кон Хиос, кој се наоѓа на неколку милји од брегот на Турција, и им наредил да се вратат назад. „Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража предизвикувајќи судир“, изјавил службеникот ...

Москва извршила „тероризирачки“ напад врз енергетската мрежа додека температурите паднале до –20°C, изјави украинскиот претседател, пренесува „Гардијан“. Володимир Зеленски вчера ја обвини Русија дека го прекршила договорот со Доналд Трамп, да се воздржи од напади врз енергетските системи на Украина во екот на суровата зима, откако руските сили извршија масовни воздушни напади врз Киев во пресрет на трилатералните разговори во Абу Даби. ...

Американската војска собори ирански дрон кој агресивно се приближил до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, соопшти американската војска, во инцидент за кој првично објави Ројтерс. Инцидентот се случил додека дипломатите се обидувале да договорат нуклеарни разговори меѓу Иран и САД, а американскиот претседател Доналд Трамп предупредил дека со американските воени бродови кои се упатуваат кон Иран, веројатно ќе се случат лоши ...

Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и оваа година, по шести пат по ред, традиционално го организираше изборот на најдобри работници, за да се оддаде признание на посветеноста, професионализмот и човечноста на вработените во установата. Изборот за најдобри работници за 2025 година се реализираше во вкупно седум категории – најдобар доктор, најдобра медицинска сестра/техничар, најдобар болничар, најдобар хигиеничар, најдобар ...

Во Министерството за здравство доцна синоќа соопштија дека немале директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност поврзана со актуелната јавна тема за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ. Оттаму информираат дека од Медицинскиот факултет биле известени дека научно-истражувачката работа која вклучува биолошки материјал со генетски карактеристики, е строго и ригорозно нормативно ...

Откако вчера Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека владиниот претставник не дошол на закажаниот состанок, каде требаше да се потпише Спогодбата за утврдување на висината на минималната плата со која минималната плата треба да се зголеми на 600 евра а сите останати плати за 6000 денари, ССМ денес најави блокади. На социјалните мрежи, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека на 10 февруари, кога е закажана седница во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.62
60%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.98
85%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
1.54
85%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
75%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
77%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -1ᴼ
0.45
65%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
80%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Иридиум

229769.28

Бакар

11.75

Платина

67998.83

Рутениум

45750.51

Цинк

3.27

Алуминиум

3.29

Паладиум

51794.85

Злато

163613.54

Калај

50.04

Кобалт

66.14

Сребро

2648.90