Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Федералниот суд во САД ги прогласи за нелегални царините од 10% на претседателот Доналд Трамп, нанесувајќи втор голем удар оваа година на клучната економска политика на претседателот. Во пресуда панелот судии на Американскиот суд за меѓународна трговија утврди дека администрацијата немала оправдување за воведување царини според трговскиот закон од 1974 година, познат како Член 122. Администрацијата почна да ги воведува овие царини откако ...
Американските и иранските сили се судрија во Заливот, а ОАЕ беа под обновен напад, загрозувајќи го едномесечното примирје и потресувајќи ги надежите за дипломатско решение на кризата. Распламтувањето на борбите се случи додека Вашингтон чекаше одговор од Техеран на неговиот предлог за прекин на конфликтот, кој започна со заеднички воздушни напади на САД и Израел низ Иран на 28 февруари. Претседателот Доналд Трамп изјави дека три разорувачи на ...
Ограничувањата за употребата на високоризична вештачката интелигенција во Европската Унија ќе бидат одложени за повеќе од една година, согласно договорот што утрово го постигнаа европските законодавци, пренесува Политико. Планот за одложување на клучен дел од европскиот Закон за вештачка интелигенција доби поддршка од пратениците во Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ, по силен притисок од индустријата и одделни влади. Договорот, ...
Истражувачко репортерската лабараторија (ИРЛ) ги демантира, како што велат лажните тврдења за договорот со МРТВ објавени од неколку медиуми, чија цел, како што велат е нарушување на угледот на новинарите. „Изминативе неколку денови, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) повторно е цел на координирани напади од страна на интернет порталите Плус Инфо, Лидер и Нетпрес, како и со нив поврзани социјални платформи, кои дистрибуираат лажни и ...
Државниот завод за статистика соопшти дека во април 2026 година, во споредба со истиот месец лани, трошоците на живот пораснале за 5,7 отсто, додека цените на мало бележат зголемување од 5,0 отсто. Во споредба со предходниот месец, трошоците за живот пораснале за 1,3 отсто, покажуваат најновите податоци на ДЗС, што е значитлно зголемување за само еден месец. Речиси во сите сектори има раст на цените. Значително зголемување има кај ...
Среде растечките тензии меѓу претседателот Трамп и папата Лав XIV, папата се сретна приватно со државниот секретар Марко Рубио во Ватикан, пренесува Њујорк Тајмс. Тие разговараа за „ситуацијата на Блискиот Исток и теми од заеднички интерес на Западната хемисфера“, според изјавата на Томи Пигот, портпаролот на Стејт департментот. Средбата, во приватната библиотека на папата во палатата со поглед на базиликата „Свети Петар“, се одржа неколку ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, на регионалната конференција на тема демографски промени порача дека фокусот треба да се насочи од проблемите кон долгорочни и заеднички решенија. Тој истакна дека целта е дебатата да се насочи од загриженост за демографските трендови кон градење отпорност преку политики базирани на податоци и вредности кои ги ставаат граѓаните во центарот и придонесуваат за поинклузивни и ...
Студиото Ubisoft што ги прави игрите од оваа франшиза неодамна беше жртва на голем хакерски напад, беа уценувани за пари за да не се пуштат протекувања, случај каде Ubisoft не платија откуп и рекоа дека се протечени информации кои не би и наштетиле на компанијата. Дополнитлно информации што не би наштетиле ниту на играта „Assassin’s Creed: Black Flag Resynced“. Целовремено има нови протекувања до степен Ubisoft самите да ја наречат оваа ...
„Годишните планови за праведна транзиција мора да содржат јасни и мерливи индикатори за следење на напредокот. Тие треба да го следат намалувањето на емисиите на стакленички гасови, придонесот кон националните климатски цели и намалувањето на производството на јаглен но и економски и социјални индикатори поврзани со квалитетот на живот и загадувањето“, смета Елена Николовска од Еко-свест. Граѓанските здруженија, на настан посветен на ...
ОВР Прилеп, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, реализираше случај поврзан со недозволена трговија со оружје сторена од стрелачки клуб од Прилеп. На 06.05.2026 до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од ...
Премиерот Христијан Мицкоски во својот говор на денешната Регионална министерска конференција за справување со демографските промени и градење отпорност искористи слична фраза како американскиот претседател Џон Кенеди при својот инаугурален говор во 1961 година кога рече „прашајте се не што вашата земја може да направи за вас туку што вие ќе направите за вашата земја“. Слично на Кенеди, Мицкоски, во однос на зголемувањето на наталитетот и ...
Основниот кривичен суд Скопје го осуди Стојанче Јовановски на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја. Јовановски беше обвинет за телесни повреди сторени како продолжено дело при семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство. Во текот на судскиот процес, тој негираше дека трагедијата е последица на неговите постапки. Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека пресудата е донесена ...
Две лица во сериозна состојба кои беа евакуирани од крузер поради потврдена појава на смртоносен хантавирус, пристигнаа во Холандија на лекување, соопшти операторот „Оушнвајд експедишн“, a трет патник во стабилна состојба бил на летот за евакуација. Бродот „Хондиус“ сега плови кон Канарските Острови, објави Би-Би-Си. Трите евакуирани лица беа Британец, Холанѓанец и Германец. „Оушнвајд експедишн“ соопшти дека 65-годишниот евакуиран Германец ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе се сретне со папата Лав, во време на историски период на тензии меѓу Вашингтон и Ватикан. Посетата на Рубио доаѓа по големите критики на претседателот Доналд Трамп кон првиот американски папа во 2.000-годишната историја на Католичката црква, кои дојдоа откако папата го изрази своето противење на американската воена операција во Иран. Лав, исто така, продолжи да зборува за интересите на ...
Израел го нападна Бејрут за прв пат откако се согласи на прекин на огнот во војната со либанската вооружена група Хезболах, вршејќи дополнителен притисок врз договорот што не успеа да го запре конфликтот. Воздушниот напад ги погоди јужните предградија на градот, познати како Дахие, каде што е седиштето на Хезболах. Сликите објавени на интернет покажаа големи пламени и најмалку една зграда тешко оштетена. Во соопштението, израелскиот премиер ...
Франција распореди група на носачи на авиони во Црвеното Море како дел од планот за потенцијална мисија за обезбедување на Ормускиот теснец. Размената на оган во понеделникот ги истакнаа влоговите додека САД и Иран се борат за контрола на тесниот воден пат, витална артерија за глобална енергија и трговија, потресувајќи го кревкото четиринеделно примирје и зајакнувајќи ги конкурентските поморски блокади. „Причината зошто денес мора да вложиме ...
Претседателот Доналд Трамп предвиде брз крај на војната со Иран, бидејќи Техеран разгледува мировен предлог на САД, за кој изворите велат дека формално ќе го заврши конфликтот, оставајќи ги нерешени клучните барања на САД Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма и повторно да го отвори Ормускиот теснец. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи, цитиран од иранската новинска агенција ИСНА, рече дека Техеран ќе го ...
Студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) вчера соопшти дека студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“ сè уште не ги добиле парите што им следуваат како ослободување од плаќање партиципација. Тие додаваат дека, и покрај обидите решението да се најде преку дијалог, досега не е постигнат напредок. „Сметаме дека е крајно некоректно и потценувачки студентите да бидат третирани на ваков начин и да се доведуваат во подредена положба“ ...
Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, се здобил со сериозни повреди при пад за време на велосипедско спуштање од Пасја Раван, а фотографијата што ја објави на Инстаграм, на која лежи во болнички кревет ги загрижи неговите поддржувачи. Како што информираше самиот, несреќата се случила вчера попладне, при што скршил клучна коска и лопатка. По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар при Универзитетскиот клинички центар во ...
Промотивно видео за ФБИ објавено од директорот Каш Пател изгледа дека е направено со вештачка интелигенција за да генерира кратки клипови речиси идентични со оние од култниот музички спот на Бисти бојс за нивната песна „Саботажа“ од 1994 година, пренесува „НПР“. Пател го објави видеото во понеделникот на платформата X, во објава за напорите на ФБИ да се справи со „масовна измама“. Видеото, кое трае околу две минути, користи инструментална ...
Објавата на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, на социјалните мрежи отвори нови тензии во албанскиот политички блок, по најавата на премиерот Христијан Мицкоски за можни скорешни избори. Лимани сподели објава од профилот „Захир Пајазити“, со фотографија од премиерот и порака дека избори ќе има наскоро, додавајќи во описот „со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите!“ Осврнувајќи се на ...
Уставниот суд денеска поведе постапка за оценување на уставноста на дел од член 37 став 1 од Законот за заштита на децата, кој се однесува на условот детето да биде „родено на територијата на Република Северна Македонија“. Станува збор за одредба со која, според Судот, основано се поставува прашањето дали се прави нееднаква разлика меѓу деца чии родители се државјани на Северна Македонија, во зависност од тоа дали детето е родено во државата ...
Тед Тарнер, медиумскиот филантроп кој го основа Си-Ен-Ен, пионерска 24-часовна мрежа која ги револуционизираше телевизиските вести, почина мирно во среда, опкружен со своето семејство, според соопштението за медиумите од Turner Enterprises. Тој имаше 87 години, пренесуваат од Си-Ен-Ен. Бизнисменот од Атланта роден во Охајо, со прекар „Устата од Југот“ поради неговата отворена природа, изгради медиумска империја која опфаќаше прва кабелска ...
„Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам и политичко обединување“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на конференцијата „30 години на европскиот пат: односите Македонија – ЕУ и патот напред“, во организација на Дипломатскиот клуб Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. „Во изминатите 20-25 години ...
На Славјанскиот универзитет се откриени неколку неправилности. Институцијата ќе има сериозни последици доколку се докаже фалсификат. Две дипломи се поништени, има многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ-системи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Од еден предмет на четири ЕКТ-системи признаени се два со по седум ЕКТ-кредити. Издадена е ...
„Перименопаузата е природен дел од животот на секоја жена, но често доаѓа со многу прашања, несигурности и промени кои не секогаш се препознаени или разбрани. Токму затоа започна серија обуки за здравствени работници, со цел да се унапреди пристапот и грижата за жените во овој важен период,“ извести денес ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. Обуките се реализираат врз основа на Водичот за перименопауза, развиен преку ...
Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост остро реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека семејното насилство, поради кое негов телохранител е во осумдневен притвор, претставува „мал престап“. Го потсетуваме премиерот, дека повеќе од 20 години, односно од 2004 година, актите на семејно насилство се третираат како кривични дела, се наведува во денешната реакција од Платформата за родова еднаквост. ...
Најголемата државна поддржана инвестиција во Кина е во преговори да го води финансирањето на првото собирање средства на „ДипСик“, кое би можело да ја процени групата за вештачка интелигенција на околу 45 милијарди долари, пренесува Фајненшл Тајмс. Кинескиот инвестициски фонд за индустријата за интегрирани кола, кој обично се нарекува „Голем фонд“, се обидува да ја води инвестицијата во ДипСик, според четири лица запознаени со дискусиите. ...
Третото издание на Студентскиот форум ќе се одржи на 9 мај во CoWork21 во Скопје, во организација на Форумот за промени во образованието (ФПО), известува Порталб.мк. Овој годишен настан кој се фокусира на студентите оваа година се очекува да биде во нов формат и со нови активности. Програмата на ова издание е внимателно изградена, имајќи предвид дека ФПО е организација предводена од млади. „Добро знаеме што сакаат, а што не сакаат младите ...
И по пет години од прогласувањето на дел од Шар Планина за Национален парк, проблемот со отпадот и дивите депонии и натаму останува нерешен. Неодговорните граѓани загадуваат, а властите не преземаат ништо, пишува Порталб.мк. На пример, во близина на селото Бродец се фрлени стари софи и отпад од домаќинствата, а градежниот отпад се фрла во коритото на реката Пена. Националниот парк се протега претежно на територијата на општина Тетово. ...