Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денес предупреди дека светот влегува во период на продлабочување на геополитичката нестабилност, оценувајќи дека меѓународните односи влегуваат во „почеток на голема бура“. Зборувајќи на 12-от Меѓународен поморски конгрес, Сикорски рече дека настаните што до неодамна се сметаа за речиси незамисливи станаа дел од секојдневниот живот. „Живееме во време на повеќекратни кризи. Темни ...
Иран веројатно се подготвува за обновени непријателства со САД и Израел, соопшти во вторникот Институтот за проучување на војната (ISW), како што објави „Euronews“, наведувајќи серија воени движења и безбедносни вежби во земјата како знаци на активни подготовки за нова војна. Тинк-тенкот со седиште во Вашингтон, кој објавува дневни воени анализи, изјави дека иранскиот режим ги гледа подготовките за обновен конфликт како неразделни од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го покани својот американски колега Доналд Трамп да го покрене прашањето за прекинување на руската инвазија на состанокот со кинескиот претседател Шји Џјинпинг. „Во постојан контакт сме со нашите американски партнери. Благодарни сме им и се надеваме дека прашањето за војната што Русија ја води против Украина ќе биде покренато и во оваа пригода кога американскиот претседател ќе биде во Кина“, ...
Полска ја активираше својата воздушна одбрана околу 13 часот откако беше пријавен голем руски напад со беспилотни летала врз Украина. Полските борбени авиони и хеликоптери се во воздух, а копнените системи се исто така во состојба на готовност. Полска и претходно беше сведок на вакви превентивни активирања на воздушната одбрана. За време на нападот, Словачка, исто така, привремено ги затвори граничните премини со Украина. Поради голем руски ...
Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во ...
Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Шји Џјинпинг се сведени од објавување на „голем договор“ на апел за помош за повторно отворање на Ормускиот теснец и притисок за помали трговски договори. Претседателот Доналд Трамп пристигнува во Пекинг во улога на која не е навикнат – како молител кој бара услуги, пишува „Политико“. Белата куќа соопшти дека средбата меѓу Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг во ...
Педијатар во болница во близина на Берлин е обвинет за 130 сексуални прекршоци, вклучувајќи сексуална злоупотреба и силување на деца, од кои многу се случиле во болницата, соопштија обвинителите, објави германската новинска агенција ДПА. „Ова вклучува, меѓу другото, обвинувања за сериозен сексуален напад врз малолетници и силување“, кое наводно се случило во период од 12 години што завршува во ноември 2025 година, соопшти канцеларијата на ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес на самитот во Букурешт (Б9) во главниот град на Романија изјави дека Русија останува главна закана за НАТО и ги повика сојузниците да продолжат со зајакнување на одбраната, особено на источното крило на Алијансата. Тој рече дека НАТО поминува низ промени што би значело дека европските членки преземаат поголема одговорност. „Русија останува директна закана за НАТО. Мораме да направиме сè за да ги ...
Рускиот претседател Владимир Путин го посети Московскиот институт за термотехника (МИТ), едно од клучните претпријатија на рускиот воено-индустриски комплекс, каде што беа развиени стратешките нуклеарни ракетни комплекси „Топол“, „Топол-м“, „Јарс“ и „Булава“. Рускиот лидер му додели на тимот на институтот медал „За храбра работа“, а исто така му ја честиташе и 80-годишнината од неговото постоење, пренесува „RT Balkan“. Како што истакна, ...
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје. „Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите ...
„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ. Според оваа партија, пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми, како што велат, сите се со црвени пасоши на ЕУ. „Затоа и имате проблем со ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...
Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот не станало збор за детали од конкретни предмети, вклучително и за одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. „Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ (Kontext) годинава по деветти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На ...
Руската рафинерија за нафта во Перм, во сопственост на „Лукоил“, целосно ја прекина преработката по серија напади со украински беспилотни летала, пренесуваат извори од индустријата за Ројтерс. Нападот извршен на 7 мај предизвикал пожар и оштетил витална опрема, принудувајќи го менаџментот да ги исклучи сите три примарни единици за дестилација, како и секундарните погони. Оваа рафинерија, лоцирана на Урал на околу 1.460 километри од линијата ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во кој се осомничени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, сопствениците на компанијата „РКМ“, Ерџан Сулкоски и Ратко Капушевски, Асмир Јахоски од „Пуцко Петрол“ и уште деветмина, да биде вратен на повторно разгледување. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека ја сопира постапката оти по една ...
Директорот на ФБИ, Каш Пател, на сослушување пред Сенатот остро ги отфрли обвинувањата дека пие на работното место и дека понекогаш е недостапен за персоналот, нарекувајќи ги „категорично и недвосмислено лажни“. До расправата дошло по критики од демократскиот сенатор Крис Ван Холен, кој се повика на медиумски извештаи за неговото работење. Пател возвратил со контраобвинувања, тврдејќи дека сенаторот претходно пиел на трошок на даночните ...
Во Филипинскиот сенат одекнале истрели, откако во зградата влегле воени сили за време на обид за приведување на сенаторот Роналд дела Роса, кого го бара Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради наводна улога во „војната против дрогата“. Дела Роса, поранешен шеф на полицијата и близок соработник на поранешниот претседател Родриго Дутерте, се обидува да избегне апсење и веќе неколку дена се крие во зградата на Сенатот. Тој е обвинет за ...
Од почетокот на сезоната, Реал Мадрид подготвува обемно досие за судиските грешки за кои верува дека му наштетиле во Ла Лига, кое ќе го презентира пред УЕФА. Клубот собира одлуки на судиите одлуки што му наштетиле оваа сезона и минатата сезона. Флорентино Перез на прес-конференцијата одржана вчера, објави дека клубот на УЕФА ќе и достави досие од 500 страници и видео со разни одлуки што го чинеа тимот 16 бода оваа сезона. Барселона ...
Капитенот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри е блиску до потпишување на нов договор со англискиот клуб. Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека нема да има разговори меѓу Реал Мадрид и Родри, бидејќи Шпанецот влегува во финални преговори со Сити. Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, па Сити мораше да дејствува за да избегне да го пушти во летниот преоден рок, за симболична оштета или ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Фенербахче со десет милиони евра за низа манипулации и неправилности во финансиското работење. Комисијата на УЕФА, која се занимава со спроведување на правилата за финансиска одржливост и го контролира балансот помеѓу приходите и расходите на клубовите на ниво на контрола на платите, трансферите и надоместоците на менаџдерите, нотирала бројни неправилности во работата на Фенербахче. Сомнителни ...
Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал. Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По настанот, увид извршила увидна екипа ...
На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ...
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија, обвини денеска портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, власта нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните. „Вистинските предавници на македонските национални интереси се во Владата на Мицкоски. Половина од оваа тендер-коалиција има бугарски пасоши. Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, добива институционална потврда за значењето и улогата во ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Копман, како и други ...
На возраст од 10 до 13 години биле девојчињата за кои постои сомнеж дека ги допирал по телото управителот на образовниот центар во Штип. Обвинителството информира дека тој е под истрага, а се работи за дело извршено во период од три години. „Од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал ...