Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...

Шведската опозиција од левиот центар има предност од 10 процентни поени пред владејачката десничарска коалиција во пресрет на изборите на 13 септември, што ја прави промената на владата веројатна, според анкетата спроведена во име на јавната телевизија „СВТ“. Ниту една влада никогаш не премостила толку голема разлика за толку кратко време и „само чудо“ сега би можело да го спречи поразот на премиерот Улф Кристерсон и неговата коалиција од ...

Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран ново-опремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар. На настанот присуствуваше и Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, која истакна: „Oвој е центар е од огромно значење за ...

„Гугл“, дел од „Алфабет“, ги презема интерните деловни податоци на банкротираниот „Спирит Ерлајнс“ за 10 милиони долари, тврдејќи дека планира да ги користи податоците за развој на производи и обука на своите модели на вештачка интелигенција. Преземените податоци вклучуваат е-пошта од вработените во „Спирит Ерлајнс“, пораки од „Мајкрософт Тимс“, табели и календари, како и маркетинг податоци, податоци за продуктивноста и за работењето. ...

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека својот годишен одмор во Белгија со синовите го искористил и за наоѓање на потенцијални странски инвеститори во земјата, според економскиот и политички аналитичар Синиша Пекевски не е нешто невообичаено Тој за „Локално“ изјави дека не е невообиаено премиери и министри додека се на годишен одмор да го искористат и за државнички работи. Од нашата мрежа Изненадување на ранг-листата: Еве кои градови ...

Обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери, побара Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран ...

Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина уште од мај 2022 година. Русите успеваат со проектили да ги гаѓаат украинските градови поради недостигот од ракети „Патриот“. Иако Зеленски им нудеше на Американците производство на противвоздушни системи во својата земја, се чини дека до договор нема да дојде, а залихите се речиси непрепознатливи и речиси и да ги нема. Десетици земји се обидуваат да ги зајакнат своите одбранбени системи ...

Босна и Херцеговина ги исполни условите да добие нешто повеќе од 140 милиони евра помош од фондовите на Европската Унија наменети за реформи, но од Делегацијата на ЕУ во Сараево предупредија дека на таа земја ѝ се заканува губење на значително поголеми износи поради изостанувањето на внатрешни договори. Од Делегацијата на ЕУ потврдија дека со објавувањето во Службениот весник на одлуката за финансирање на програмата од Инструментот за ...

Двајца од осомничените за шверц на марихуана од Македонија во Србија признале вина и со Основното јавно обвинителство за Гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) склучиле спогодби. Ова вчера го соопшти Државното јавно обвинителство (ЈОРМ) при што Основниот кривичен суд им изрекол пресуди за отслужување затворески казни. -Во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две ...

На потпретседателот на руската опозициска партија Јаблоко, Лев Шлосберг, денеска му е изречена казна од 11 години и еден месец затвор поради осуда на војната во Украина, која пред судот ја опиша како катастрофа за Русија. Шлосберг беше обвинет за нарушување на угледот на руските вооружени сили и ширење лаги за армијата, јавува Ројтерс. Од нашата мрежа Од јули 2026 година, автомобилите во ЕУ доаѓаат со нови… 20 минути biznisinfo.mk Што се ...

Роберто Ваначи е поранешен генерал, а денес политичар кој ја води десничарската партија „Futuro Nazionale“ во Италија, кој би сакал да го повтори успехот на актуелната премиерка на оваа држава, Џорџа Мелони, и да дојде на местото лидер на земјата. Сепак, неговата партија ја тресе огромен скандал. Според објавата на весникот Open, откриени се стотици пораки кои ги разменувале членовите на оваа партија, а кои имале фашистички карактер. Од ...

Украинските сили во текот на ноќта изведоа масовен напад со дронови врз Москва и нејзината околина. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жителите, во нападот е оштетено складиштето на најголемата руска интернет-продавница „Wildberries“, која ја нарекуваат и „рускиот Амазон“. Со ова продолжуваат украинските удари врз таа компанија, пишува „The Kyiv Independent“. Градоначалникот на Москва, Сергеј ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Од нашата мрежа „Голдман Сакс: Европа е ‘скриениот победник’ на ...

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула”, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште. Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите“, соопштија ...

Клековски сака транспарентност, а дневните анализи на водата во Гостивар ќе ги објави дури по два месеца, пишува во денешното соопштение на СДСМ. -Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци. Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред една недела потврди дека во тек е финализација на договорот за набавка на ново вооружување од Кина. Во таа прилика тој изнесе и нови детали за деловните аспекти на идната заедничка фабрика за дронови на Србија и израелската компанија „Елбит“. Откако за време на посетата на украинскиот претседател на Белград потврди дека заедничката постројка за производство на дронови со Елбит се отвора меѓу 15 ...

Почина писателката, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан во 77. година од животот по долга и тешка борба со карцином. Позната по својот препознатлив остар стил, на почетокот на мај 2024 година ѝ откри на јавноста дека боледува од редок облик на рак на жолчните канали. Тажната вест за Dnevnik.hr ја потврдија нејзини блиски извори откако утрово на нејзиниот профил на Фејсбук беше објавено дека се преселила на подрачје без сигнал. Набрзо се ...

Британската ниско буџетна авиокомпанија EasyJet не пратила официјално известување до Министерството за транспорт и врски (МТВ) дека ја укинува линијата Скопје-Париз, која од април годинава беше воведена со програмата за субвенционирани летови. На оваа линија патниците слетуваат на парискиот аеродром Орли. -Во однос на авиокомпанијата ЕasyJet и линијата Скопје–Париз, до сега до Министерството за транспорт нема пристигнато официјално ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

Холивудската актерка Хејден Панетиер и нејзиното поранешно момче Брајан Хикерсон патувале заедно во Јужна Каролина само еден ден пред актерката да почине на 36-годишна возраст, додека истрагата за причината за нејзината смрт е сè уште во тек, пишува британски „Мирор“. Актерката, која требаше да го прослави 37-от роденден овој петок, почина вчера. Истрагата за причината за смртта е во тек, иако полицијата соопшти дека прелиминарната истрага ...

Септември би можел да биде особено интересен месец за Девиците, особено кога станува збор за работа и пари. Парче хартија кое стои непотпишано од мај одеднаш може да стане највредниот документ во нечија фиока. Најбогатиот знак во септември добива пари преку работа, исплата на она што му припаѓа и можноста што ја чекал долго време. Од нашата мрежа Поранешен англиски репрезентативец игра во дивина и добива кокосови ореви… 8 часа kontra.mk ...

Илјадници обожаватели на Бони Тајлер ги исполнија улиците на нејзиниот роден град во јужен Велс за да ѝ оддадат почит на пејачката. Бони, чие вистинско име беше Гејнор Саливан, неочекувано почина на 8 јули во Португалија на 75-годишна возраст, а сега нејзиниот ковчег е вратен во домот каде што некогаш живееше. Поворката, која поминувала по Њутн Роуд во Мамблс, ја испратиле бројни обожаватели. Ковчегот на пејачката бил обвиткан со велшкото ...

Летонија бара седум милијарди евра за прекин на трговијата со Русија и утврдување на своите граници, пишува Политико. Премиерот на Летонија, Андрис Кулбергс, очекува тие средства да ги добие од следниот седмогодишен буџет на ЕУ, наведува „Латвија правда“, повикувајќи се на Политико. Од нашата мрежа Грешка што ја прават повеќето кандидати: Прашањето што ќе ве… 1 час biznisinfo.mk Започната официјална постапка против првиот човек на ФИФА 2 ...

Пазарната корекција на растот на технолошките акции во САД е веројатна и би можела да има далекосежни последици бидејќи фискалните и монетарните мерки за ублажување на можното влијание врз економијата се ограничени, објави Европската централна банка (ЕЦБ) на својот блог во понеделникот, пренесува „Ројтерс“. Инвеститорите веќе извесно време засилено вложуваат во акциите на технолошките компании врз основа на претпоставките дека вештачката ...

Пожарникарите веќе со денови се борат со огромен шумски пожар во источниот дел на Белгија, најголемиот забележан во историјата на оваа земја. Ватрената стихија се прошири и преку границата на територијата на Германија, каде што им се приближи на населените подрачја, а гаснењето дополнително го отежнуваат силниот ветер и непристапниот терен. Од нашата мрежа Започната официјална постапка против првиот човек на ФИФА 27 минути kontra.mk Кансело: ...

Андреј Клепач, главниот економист на руската државна развојна корпорација ВЕБ.РФ, наводно е сменет на 16 август, еден ден откако руските медиуми масовно ги пренесоа неговите изјави во кои предупреди дека Русија ја губи економската и технолошката трка со Западот. За неговата смена извести независниот руски медиум Де Бел (The Bell), повикувајќи се на два извора запознаени со случајот. Веста беше објавена два дена откако Д Москов Тајмс (The ...

Премиерот на Франција, Себастијан Лекорни, најави денеска помош од 12 милиони евра за поддршка на обновата во департманите Жиронда и Ланд, кои летово беа опустошени од огромни шумски пожари, пренесоа тамошните медиуми. „Ги преземаме неопходните чекори и за почеток, што се однесува до итното сместување, ќе ги зголемиме средствата за поддршка на локалните власти“, рече Лекорни во Мерињак во Жиронда. Од нашата мрежа Грешка што ја прават ...

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини во неделата поради берење цвеќе во заштитено подрачје на Лиса Гора, планина во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Бабиш во видеоснимка на Фејсбук рече дека берел цвеќе потсетувајќи се на починатиот колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачувал на таа планина, пренесува „Политико“. Од нашата мрежа Европската централна банка предупредува на ризик од нагло ...

Украина во следните три до шест месеци би можела да биде способна да користи домашни балистички ракети за напади врз цели длабоко во Русија, изјави поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров за Си-би-ес њуз (CBS News). „Мораме да ја победиме Русија во секој технолошки циклус и мораме да донесуваме одлуки 24 часа на ден, седум дена во неделата“, рече Федоров. Од нашата мрежа ✈️ Објавена листата на најповрзани аеродроми во ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик. Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина Аеродром настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. Притоа, С.И.(23) од Скопје се обидел да му ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07