Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Легендарната британска соул, фанк и диско група Delegation, која остави неизбришлив белег на музичката сцена во 70-тите и 80-тите години и ги освои Европа и САД со својот препознатлив звук, ќе настапи на 29. издание на Златна Бубамара на популарноста на 26 февруари во Арена Борис Трајковски. За својата извонредна кариера, групата ќе ја добие наградата за животно дело. Срцето и гласот на групата е незаменливиот Ricky Bailey, основач и водечки ...
На 28 февруари (сабота) и на 1 Март (недела) од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на Македонскиот Народен Театар. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Станува збор за еден од најпоставуваните текстови на Реза, напишан во 2006 година, за кој добива и многубројни награди. Режисерката Петрушевска го ...
Реномираниот италијански новинар и вински експерт Марко Поцали го претстави новото авторско вино „Пред дождот“ (на италијански Прима дела пјоџа), инспирирано од македонскиот и светски филмски класик на режисерот Милчо Манчевски. Станува збор за ограничено производство на вино од 100% сорта аглијанико, создадено на падините на Везув, во регионот околу Неапол, на вулканска почва и од органски одгледувани лозја. Виното е создадено како посвета ...
Битолскиот диригент Владимир Димовски ќе гостува во Ниш, каде ќе диригира со Нишкиот камерен оркестар на концерт посветен на творештвото на Антонио Вивалди. На програмата е „Четирите годишни времиња“, едно од најзначајните и најизведувани дела од барокниот репертоар. Концертот ќе се одржи на 20.02.2026 во Офицерскиот Дом во Ниш со почеток од 19 часот. Роден во 1984 година во Битола, Димовски своето музичко образование го започнува на отсек ...
Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, ја доживеа својата Светска премиера во рамките на 76. издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Проекцијата се одржа вчера во Киното „Блумакс“ (Bluemax Theater) во рамки на официјалната компетитивна програма „Перспективи“. Во Берлин, пред големото платно филмот го претставија: режисерката Косарa ...
Делува неверојатно фактот дека во моментот кога се најголеми и најпопуларни ширум светот кога е овој век во прашање (концерт во „Hyde Park” – Лондон со 80.000 посетители, големи арени ширум светот, големи фестивали низ целата планета), Duran Duran ќе свират и во Скопје, во Арена Борис Трајковски… ама, ДА – и тоа се случува ова лето! Без конкуренција најголемиот рокенрол концерт оваа сезона во Македонија ќе се случи на 2 јули во Скопје со ...
Шест години од започнувањето со работа на независниот театар „Златен Елец“ се навршуваат овој февруари 2026 година, почна со работа во 2020 година и до сега има достигнато бројни резултати и успеси. „Не ми го чепкај пивото“ и трите монодрами „Дневникот на лудиот“ во режија на Ѓорѓи Ризески, „Шапка, чоколадо, анус и уште нешто“ во режија на Ана Батева, претставите за деца „Чувари на планетата“, „Чудесниот напиток“, „Тајната книга на дедо“ и ...
На 5 април 2026 година, сцената на Македонската опера и балет ќе биде домаќин на еден од најинтригантните и најкоментирани театарски проекти во регионот, претставата „Спонзоруша и будала“, по текст на Вања Булиќ, во адаптација и режија на Раде Вукотиќ. Станува збор за интелигентна, провокативна и слоевита театарска комедија која под површината на хуморот отвора прашања што силно одекнуваат во современото општество – љубовта и интересот, моќта ...
На 10 Март во концертната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20.00 часот ќе се одржи концерт по повод 60 години музичка кариера на Тихомир Поп Асановиќ! Асановиќ кој е хрватски џез-рок клавијатурист кој својата музичка кариера ја започнал токму во Скопје каде завршил средно училиште. А на 16-годишна возраст, почнал да настапува со големиот танцов оркестар на РТВ Скопје. Подоцна е клавијатурист кој свирел во разни југословенски ...
Регионалната музичка сцена доби нова соработка која веднаш предизвика голем интерес кај публиката – Горан Бреговиќ и „Дубиоза Колектив“ ги здружија силите и ја објавија песната „God is Not Your Babysitter“ Оваа песна, објавена пред неколку дена, комбинира два препознатливи музички изрази: традицијата на Бреговиќ на балкански звук и енергичниот, ангажирачки стил на „Дубиоза“. Текстот е напишан од Горан Бреговиќ и Брано Јакубовиќ, додека ...
Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, ќе ја доживее својата Светска премиера во рамките на 76. издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин. Проекцијата ќе се одржи вечерва, 18.02.2026 година во Берлин, во Киното “Блумакс“ (Bluemax Theater) со почеток во 19:00 часот. Успехот со учеството во официјалната компетитивна програма „Перспективи“, е ...
По барање на публиката – повторно во Битола! Концертот што ја разбуди носталгијата повторно се враќа на сцената! По одличната атмосфера на првиот концерт, Битолскиот дувачки оркестар уште еднаш ќе нè врати во безгрижните 90-ти — во времето кога пеевме гласно, искрено и од срце. Ова е концерт за сите генерации — за оние што пораснаа со овие песни, но и за денешните деца кои ќе имаат можност да ја запознаат музиката што носи топлина, спомени и ...
„Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот. Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, што носат поинаква динамика и сценска енергија. На сцената ќе настапат актери од ...
На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија. Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ја ...
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје. По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема. „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на ...
Омилената манифестација, Златна Бубамара на популарноста, оваа година ги проширува своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда. Taлентирана и интригантна, американската вокалистка Марта Хај (1945) се смета за една од највредните жени во шоу-бизнисот. Респектирана како „соул-божица“ и позната поради 32-годишната соработка со кумот на соулот Џејмс Браун, Марта Хај градеше две кариери – сопствената соло и кариерата ...
Народен театар – Битола ја најави својата прва премиера за 2026 година. На 19 февруари своја премиера ќе има праизведбата на „Пламенка“ по истоимениот роман на Петре Димовски, а во режија на Софија Ристевска – Петрушева. „За мене авторот Петре Димовски, е еден од најголемите македонски автори, голем романсиер, исклучителен раскажувач, кој целиот свој животен век и цело свое пишано дело го посветил на луѓето од битолскиот крај, на битолската ...
Македонската поп ѕвезда Владо Јаневски, коj пред неколку дена одржа свој голем концерт во Скопје, ќе биде специјален гостин на концертот на хрватската пејачка Весна Писаровиќ. Писаревиќ на 28 март ќе одржи солистички концерт во Скопје. Со својот препознатлив глас, харизма и искрена емоција, Весна ќе ги оживее своите најголеми хитови – „Да знаш“, „Јутро доноси крај“, „Сасвим сигурна“ – како и многу други песни што го обележаа нејзиниот музички ...
Обожавателите на британската поп музика имаат огромна причина за славење. Легендарниот бенд Дуран Дуран официјално потврди дека Србија и Македонија ќе бидат на мапата на нивната претстојна европска турнеја. Иако фокусот денес беше на најавите за три ексклузивни концерти во Италија (Арена ди Верона, Казерта и Вила Манин), бендот ја разгоре имагинацијата на фановите низ целиот Балкан со официјално соопштение. Како дел од летната турнеја, покрај ...
После 30 години постоење на македонската естрада во оваа 2026-та година, на 9-мај во сабота, во 21 часот во СЦ Јане Сандански еден од најголемите македонски бендови „Нокаут“. Концерт кој само вам ви припаѓа! Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата „временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од „Еј Би Си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот ...
Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, на 19 февруари, во 20 часот, ќе одбележи значаен јубилеј — 100-та изведба. Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, ...
НУ Камерен оркестар на Битола свечено ја отвора концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, кој ќе се одржи на 24 февруари 2026 година во Офицерски дом Битола. Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма посветена на романтичниот израз во музиката, со дела од: Антонин Дворжак, Јозеф Сук и Петар Илич Чајковски. Влезот е слободен. Концертот е ...
Како стихот во песната на Владо Јаневски, „љубов без почеток и крај“, беше синоќешниот концерт на Владо со Бајага и инструктори. Тие на Денот на љубовта и виното до последното место го наполнија СЦ „Борис Трајковски“. Ова не беше концерт само за вљубените парови, кои ги имаше од помладите и постарите генерации. Ова беше концерт за сите. Па така во публиката покрај паровите, имаше неколку илјади другари и другарки, родители и деца, колеги, и ...
Еден од најомилените регионални музичари, Тони Цетински, промовираше нова песна „Budi mi sreća“, силна и искрена љубовна балада што слави блискост, доверба и трајна љубов. Овој проект е особено емотивен затоа што сопругата на Тони, Дубравка Цетински, за прв пат се појавува во придружното видео, што на песната ѝ дава дополнителна автентичност и лична димензија, а премиерно беше прикажан на самиот Ден на вљубените. Видеото носи интимна и ...
Филтер Лабел го објави почетокот на една несекојдневна музичка приказна. „Трето Колено“ е нов проект создаден од Пеце Брада Трајковски (попознат на музичката јавност како член на „Фолтин“ и Моира) и современиот трубадур и поет Дејан Деки Марковски. Издавањето на албумот „Простор без движење“ претставува симболично заокружување на една година сонлив надреализам на ова уникатно битолско акустично дуо. Музичкиот материјал во осум чина (песни), ...
Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна со свој промотивен штанд на Европскиот филмски маркет (European Film Market – EFM), кој ќе се одржи од 12 до 18 февруари, во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Македонскиот штанд ќе биде поставен на централна локација во музејот „Гропиус Бау“, каде традиционално се одвива индустрискиот дел на фестивалот. Преку присуството на маркетот, македонската делегација ќе ...
„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години. Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ. „Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната. „Среќен сум што после толку години направив песна која се ...
Заокружувањето на роденденската програма на МНТ е закажано за 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Од другата страна“ во продукција на Црногорско народно позориште од Подгорица. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Нада Вукчевиќ, Тихана Ќулафиќ, Жана Гардашевиќ Булатовиќ, Бранка ...
На 3 април, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур. Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на ...
Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп роденденската недела ќе ја слависо богата театарска програма на Сцена 105, од 16 до 19 февруари со почеток во 20:00 часот: На 16 февруари (Понеделник) гостува „Синиот портокал“ на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес. 17 февруари ( Вторник) гостува „Фетишист“ – монодрамата на Здравко Стојмиров во копродукција со НУ ,,Народен театар – Битола“. 18 февруари (Среда) на Сцена 105 ќе се игра ...