Хрватската пејачка Миа Димшиќ која минатата година сними дует со Влатко Стефановски, го претставува својот нов сингл „Dan koji se pamti“, од албумот „Negdje u ravnici“. Песната е посветена на легендата на славонската музика Крунослав Киќо Слабинац, кој ја отпеаа „Летај ми летај гулабе“ на „Макфест“. Со албумот таа носи 12 преработки од нејзините омилени славонски песни. Ова е проект во кој таа оддава почит на музичкото наследство на ...

Северина денес објави видео за нејзината нова песна „Nisam kriva ja“ („Bezosjećajna“) на својот YouTube канал, со што започнува еден вид патување низ три различни емоционални состојби, отворајќи ја вратата кон најавената музичка „трилогија“. Ова е една од нејзините најинтимни и најемотивни песни во последните години, песна што зборува за емоционални лузни, неможноста да се откаже од љубовта и моментот кога човекот повеќе не знае дали да се ...

Некои луѓе ја создаваат музиката што ја слушаме, а други тивко стојат зад најголемите музички приказни. Давор Јордановски со години успешно ги спојува двете улоги. Како музичар, композитор, аранжер и продуцент, неговиот потпис се наоѓа зад бројни успешни проекти, а како уметнички директор на Интернационалната поп вечер на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, веќе со години е еден од клучните луѓе кои го креираат музичкиот правец на фестивалот и ...

По премиерата на 66. Охридско лето и светската премиера во Верона, Битолскиот театар успешно ја заокружи сезоната со нови премиери, бројни меѓународни гостувања, соработки. Последната премиера за оваа сезона „Кориолан“ по делото на Шекспир, во режија на Џон Блондел, беше успешно претставена во рамките на драмската програма на 66. Охридско лето, а веднаш потоа меѓународниот успех НТБ го потврди со светската премиера на Verona Shakespeare ...

Режисерот Марјан Гавриловски кој на јавноста и е познат по режијата на комедијата „Те дуа, жими мене“, почна со снимањето на третиот долгометражен игран филм под насловот „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на фотографија е Фејми Даут. „Мравки“ ќе се снима на повеќе локации низ Скопје и Дебар. Се работи за црна комедија со елементи на трилер, чија приказна следи невообичаен тандем – инспектор пред ...

Во рамки на придружната програма на 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ за првпат во Македонија ќе се изведува јапонски Камишибаи театар. Вкупно шест претстави ќе бидат изведени на 5 и 6 август од 17 часот во фоајето на Центар за култура – Битола. Овие претстави во кратка форма од по 10 минути вообичаено наменета за улична изведба ќе се изведуваат по три во термин. Камишибаи е традиционална јапонска форма на ...

Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје! Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, овозможувајќи им на посетителите од цела Македонија да бидат дел ...

На сцената на едно од најзначајните музички случувања во регионот – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“ во Тиват – блеснаа бројни музички ѕвезди од Балканот, а меѓу најзабележителните настапи беше токму оној на македонската пејачка Ана Петановска и српската интерпретаторка Наташа Михајловиќ. Двете уметници премиерно ја изведоа новата композиција „Под ногама“, создадена од проверен авторски тим – музиката ја потпишува маестро Григор Копров, ...

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со ...

Игор Џамбазов е годинашeн добитник на престижната награда „Васил Иљоски“, што Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ја доделува за особен придонес во театарската уметност. „Со особена чест и задоволство, Фестивалот и Советот на фестивалот „Денови на комедија 2026“ ја доделуваат престижната награда „Васил Иљоски“ на Игор Џамбазов, истакнат актер, писател, музичар и еден од најпрепознатливите уметници на ...

По незаборавните концерти во Охрид и Скопје, македонското музичко востание продолжува во Битола! На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот ќе приредат голем концерт под отворено небо во магичниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја. Битолчани и публиката од цела Македонија ќе имаат можност да бидат дел од вечер посветена на македонската песна, традиција и култура. На сцената ќе настапи ...

Кога се зборува за македонската фолк песна и за традицијата што успешно чекори во чекор со новото време, неизбежно е името на Љупчо Соколовски. Со децении е еден од најзаслужните чувари на македонската фолк музика и човекот кој внимателно го создава концептот на Фолк вечерта на „Охрид фест – Охридски трубадури“. И годинава, на 26 август, на сцената на „Долни Сарај“, фестивалот ќе биде отворен со нови песни, докажани имиња и многу музички ...

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден од најзначајните македонски режисери Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто ...

Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На тој начин, театарот станува уште подостапен за странската публика и сите љубители на уметноста кои ...

15 години секој детски сон станува јаве. Во традиционалниот термин од 3 до 7 август, Битола ќе биде центарот на театарот за деца во земјава и пошироко. Јубилејното 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ ќе се одржува на пет сцени во НУ Центар за кулутра – Битола и НУ Народен театар – Битола. Во официјалната фестивалска програма од натпреварувачки карактер учествуваат 7 театри од 7 земји: Литванија, Романија, ...

Влегуваме во месец август, месец во кој започнува одбележувањето на 35 години независност на Македонија. „Бидејќи завршната манифестација е на 8 Септември, одлучивме прославата да започне токму на нашиот најголем историски празник – Илинден со еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI!Затоа, влезот за настапот на Steve Aoki на 2 август – Илинден во Битола ...

На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко и Златко Миладиноски, заедно со оркестарот, ќе одржат голем концерт во магичниот амбиент на Античкиот театар „Хераклеја“ во Битола. Публиката ја очекува вечер посветена на македонската песна, исполнета со многу музика, емоции и внимателно подготвена сценска продукција. Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 музичари, кои ќе му дадат посебна ...

Новиот македонски филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Таму ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, а е избран во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува за фестивалските награди. Фестивалот ќе се одржи од 16 до 20 ...

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе“ ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа. Во периодот додека беше ставен на црна листа од Агенцијата за филм, Манчевски со свои средства го финансираше овој филм во знак на почит кон жртвите и хероите од Кочани. „За деца, за ...

Жирито на Натпреварувачката програма – игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал ќе го сочинуваат актерката Емили Вотсон (претседател), режисерот Игор Безиновиќ, актерката Сара Климоска, директорот на Европската филмска академија Матијс Воутер Кнол и режисерката Атина Рејчел Цангари. Вотсон се приклучува на богатото плејада филмаџии кои претседаваа со жирито на Сараевскиот филмски фестивал во претходните изданија: Mike Leigh (2004), Miki ...

Оливера Катаринa, една од најважните уметници од поранешна Југославија и една од најголемите диви на 1960-тите и 1970-тите, почина на 87-годишна возраст. Таа беше актерка и пејачка, а во текот на својата децениска кариера остави неизбришлив белег во домашната и меѓународната уметност. Се прослави по улогата во култниот филм „Скупљачи перја“ од режисерот Александар Петровиќ, кој беше номиниран за Оскар и награден на Канскиот филмски фестивал. ...

Шеесет години музичка креативност, безвременски стихови и наследството на еден од најважните регионални рок автори се обединети во книгата поезија „Za koji život treba da se rodim“ на Дадо Топиќ. Книгата носи збирка од 60 песни за 60 години кариера – избор на авторски текстови кои го одбележаа музичкото патување на Дадо Топиќ и оставија неизбришлив белег врз генерации љубители на рок музиката. Текстот за творечкото патување на авторот го ...

По успешната премиера во рамките на 66. „Охридско лето“, НУ Народен театар Битола, се подготвува за гостувањето во Италија, каде на 21. јули, во рамките на „Shakespeare Fringe Festival“ во Верона, ќе ја има светската фестивалска премиера на претставата „Кориолан“, во режија на Џон Блондел. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот ...

Рита Ора со порака до македонската публика: „Превозбудена сум за концертот во Охрид и се радувам што сум толку блиску до дома. На концертот ќе биде моето семејство и пријателите.“ Светската музичка ѕвезда Рита Ора испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на нејзиниот голем концерт, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Во своето обраќање, Рита не ја крие возбудата што доаѓа во ...

Албум од десет претходно необјавени песни од Дејвид Боуви, снимени на почетокот на неговата кариера како Дејви Џонс, ќе биде објавен на 18 ноември. Еден од сингловите, „I Want Your Love“, беше објавен на стриминг услугите на 15 јули како тизер. Издавачот го опишува албумот како „најкомплетната колекција песни снимени од младиот Дејвид Боуви со неговиот тогашен продуцент Шел Талми. Вклучува песни со гитаристот Џими Пејџ, кој подоцна ќе ги ...

На 9 ноември, Боб Дилан ќе пристигне во Арената Стожице во Љубљана, единаесет години по неговиот последен настап во Словенија. Дилан настапи во Љубљана четири пати, во 1991, 1999, 2010 година и последниот пат во 2015 година, исто така во Стожице, кога го претстави албумот „Shadows in the Night“. Овој пат доаѓа со материјал од албумот од 2020 година „Rough and Rowdy Ways“, по кој е именувана и турнејата. Синглови како „Murder Most Foul“ и „I ...

Од 16 до 18 јули, Битола ќе живее со звуците на уникатниот музички фестивал, спој на традиција, емоција, богатство на музички влијанија, обичаи, мултикултуралност, преку еден од ретките фестивали во регионов кој сеуште, успешно опстојува 20 години со истиот концепт како во своите почетоци, Балканскиот етно-фјужн фестивал. „Локум фест – музика и традиција“. Веќе вториот и третиот ден се резервирани за автентичната атмосфера на Старата битолска ...

Националниот џез оркестар на 18 јули 2026 година ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat Festival обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе ...

Синоќа во Дојран беа прогласени победниците и со доделување на големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобариот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, наградата за најдобар кинематографер, и наградата за најдобар краткометражен филм на медитеранот беше затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку ...

„Ловецот во‘ржта“ , според Селинџер, во режија на Мартин Кочовски, е новата премиера на театарот „Војдан Чернодрински“, што ќе биде изведена утревечер (четврток) од 20.00 чaсот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков”. По тој повод денеска во фоајето од Центарот за култура се одржа прес конференција на која беше претставена екипата во претставата. Директорката на Центарот, Марија Попова – Јованоска, посочи дека претставата е поддржана од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Рутениум

61086.42