Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Македонските државјани, кои се меѓу најбројните странски работници во Хрватска,ќе бидат опфатени со новиот Правилник за престој. Овој документ воведува строги стандарди за „хумано сместување“, задолжителни здравствени прегледи и заштита на платите од превисоки наемнини. Според државната секретарка во хрватското МВР, Ирена Петријевчанин, во текот на 2026 година најмногу работни дозволи добиле државјаните на Босна и Херцеговина, а веднаш по нив ...
Земјотрес со магнитуда од 7,5 степени ги погоди водите во близина на североисточна Јапонија, предизвикувајќи предупредувања за цунами во неколку крајбрежни области. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот се случил во 16:53 часот (07:53 GMT) во близина на брегот на регионот Санрику, на длабочина од 10 километри, пренесе ДПА. EARTHQUAKE AND TSUNAMI WARNING IN JAPAN 7.4 magnitude earthquake hit Hokkaido, Aomori, and Iwate in ...
Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто. Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,5, а ЕУРОДИЗЕЛ ...
Москва ги поздравува изјавите на Румен Радев, чија партија води на бугарските парламентарни избори, за неговата подготвеност да соработува со Русија,е изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков по вчерашните избори во Бугарија. „Секако, импресионирани сме од зборовите на г-дин Радев и некои други европски лидери за нивната подготвеност да ги решат проблемите преку прагматичен дијалог“, одговори Песков на прашањето како Москва се ...
Возобновувањето на рудникот во кривопаланечкото село Луке ја разбранува јавноста. Колку бизнисот ќе има ќар, а колку на жителите во овој регион ќе им се подобри животниот стандард или ќе бидат во зијан од евентуално уништување на природата и загадување на околината. Последните денови се протна и прашањето за референдум- жителите сами да одлучат дали сакаат уште еден рудник или не. И додека во јавноста се поставуваат илјадници прашања, ...
Екипа на итната медицинска помош интервенираше во судницата во затворот Идризово, каде што се одвива судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс. Медицинската екипа интервенирала за прво обвинетиот Дејан Јованов Деко, за кого претходно неговиот адвокат побара замена на ефективниот со куќен притвор. Според Телма докторите дошле за време на паузата на судењето. -Претходно адвокатката на Дејан Јованов Деко, побара да му биде заменет ...
Изет Меџити да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки и веднаш да поднесе оставка бара ДУИ во денешното соопштение, во кое тврди дека „веродостојни извори потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Меџити под целосна контрола преку судска досие од 320 страници“. Ова досие, според ДУИ, документира флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир, прекршувања кои предизвикале директна ...
Денеска во Штип започна процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), што претставува клучен чекор во нејзиното сертифицирање како НАТО-декларирана единица, кој ќе се одвива во рамки на теренската тактичка вежба „Блесок 26“. Активностите се реализираат на повеќе локации низ државата, меѓу кои и во касарната во Штип, како и на армискиот полигон Криволак. Во вежбата се вклучени околу 1.500 припадници на Армијата, а целиот ...
Со сведочење за функционирањето на инспекциските служби и нивната координација со општинската администрација, денеска продолжи судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето во судницата во „Идризово“ сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој изјави дека во периодот од 2017 до 2021 година, и покрај постоењето повеќе инспекциски служби, во Општината немало раководител на ...
Семејствата на загинатите од Пулс реагираат по барањето на адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, Ивана Коцевска, да му се замени мерката ефективен притвор со куќен притвор заради нарушено здравје: „Како семејства на починатите млади лица, ова барање го доживуваме како навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца. Додека ние живееме со празни домови, со недопрени соби и со тишина што нè гуши секој ден, наместо ...
Лидерот на Прогресивна Бугарија Румен Радев првичните резултати соопштени од социолошките агенции за убедливата победа на изборите вечерва ги оцени како победа на надежта над недовербата. – Гласавме активно, ја победивме апатијата, но недовербата кон бугарската политика се уште е голема и ни претстои многу работа. Ова е само првиот чекор кон воспоставувањето на довербата и на општествениот договор. Победата на Прогресивна Бугарија е победа на ...
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше ...
По повод Денот на планетата Земја (22 април), публиката од регионот ќе има можност бесплатно да го гледа еколошкиот документарен филм „Дивиа” (DIVIA), во режија на Дмитро Хрешко, автор од Украина. Филмот ќе биде достапен онлајн од 22 до 29 април преку линкот ondemand.kinomeetingpoint.ba. Проекцијата се одржува како дел од програмата Екоскоп, иницијатива на фестивали обединети во Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион: Филмски фестивал во ...
Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љубиш д не се поправиш. Ти не си за мене потрошено време, барем се освестив. Крив си за се, дај остави ме, без лажно каење… Ова се дел од стиховите на новата песна на Мими Јовановска, „Заборави“, која неодамна беше промовирана. „Заборави“ е љубовна балада која носи така за несреќна љубов и скршени срца. Но, додека се снимаше никој не ни помислуваше дека оваа песна ...
По рекордно распродадените концерти низ целиот регион, турнејата „Ја за чуда летим“ продолжува со незаборавен музички спектакл и покрај Охридското Езеро, каде феноменот наречен Јаков Јозиновиќ својот музички раскош ќе го сподели и со охридската публика. На 3 август, со почеток во 20:00 часот, сцената на Античкиот театар во Охрид ќе стане место каде што музиката, емоцијата и магијата се спојуваат во едно. Под отворено небо, во прегратките на ...
Националниот натпревар на Економската олимпијада изминатиот викенд на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ги собра на едно место најталентираните средношколци во земјата од областа на економијата. По високо конкурентната регионална фаза што се одржа во седум регионални центри (Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Прилеп, Струга и Гостивар), најдобрите ученици се натпреваруваа на национално ниво, означувајќи ја кулминацијата ...
Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено -Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект. -Осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел ...
Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, ...
Додека Шведска и други земји успеваат да ја намалат стапката на пушење преку примена на алтернативни никотински производи, Македонија најавува поинаков пристап. Според новиот Закон за заштита од пушење, се ограничува продажбата на никотинските ќесички со вкусови и нивното изложување, при што се третираат како тутунски производи. Во исто време, во дел од земјите тие се користат како поддршка во процесот на намалување на штетите и откажување од ...
Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки и претходно. Сведокот, посочи дека во „Пулс“ одела од 17-18 години речиси секој викенд. – Вечерта стигнав околу 12 ...
Партијата на Румен Радев, Прогресивна Бугарија е победник на предвремените парламентарни избори што се одржаа денеска во Бугарија. Според првите резултати од излезната анкета во 19:00 часот спроведена од страна на социолошката агенција „Мерка“, презентирани на Бугарското национално радио, Радев води со речиси 24 отсто пред второпласираната ГЕРБ-СДС. – „Прогресивна Бугарија“ освоила 38,7 отсто од гласовите, ГЕРБ-СДС – 14,8 отсто, трета е ...
Лидерот на ГЕРБ – СДС Бојко Борисов вечерва по завршувањето на гласањето на парламентарните избори упати честитка до првопласираните – „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев без директно да ја спомне и искажа благодарност до граѓаните кои го дадоа гласот за ГЕРБ. – Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Им честитам на првите! Рамнотежата ни е јасна и ја постигнавме со оставката на кабинетот „Жељазков“. Без коалиции и без непринципиелни ...
СВР Тетово информира за грозоморен чин, во кој брат си силувал сестра во Гостивар. -На 19.04.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар, малолетничка од Гостивар пријавила дека подолг временски период нејзиниот брат А.Н. ја вознемирувал со пораки со недолична содржина, а пред три месеци со употреба на сила врз неа извршил и полово дејствие. Малолетничката, исто така, пријавила дека и нејзиниот татко В.Н. физички ја малтретирал и ја ...
Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје. По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР. – Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности. – Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, ...
Вечерва нема да биде тажна, барем нема да биде до толку тажна за да нè предизвика на тешки емоции бидејќи Васил Рингов беше многу ведар човек, пред сè вечен младич како што го нарекува Срѓан Ивановиќ во неговиот предговор, така што очекувам една таква енергија да преовладува оваа вечер, рече уредничката Бисера Бендевска на почетокот на промоцијата на автобиографската книга „Фудбал под сенка“ на спортската легенда. И се ќе беше убаво доколку ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска маршираа низ Штип. Од градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порачаа дека денес во Штип чекорат семејствата и најблиските на нивните деца и најмили – оние што останаа со најтешката болка, но и со најголемата обврска да се борат за вистината и правдата. -Во рацете ги носиме нивните фотографии, затоа што сакаме сите да ги видат лицата, насмевките и животите за кои повеќе од една ...
Една вечер. Еден момент. Едно незаборавно доживување. Една од најголемите музички ѕвезди од регионот – Емина Јаховиќ доаѓа во Скопје! На 14 мај, концертната сала на Филхармонија ќе стане сцена на врвна емоција, гламур и музика со светски сензибилитет. За првпат, македонската публика ќе има можност да ужива во настап во живо на оваа регионална поп-ѕвезда. По години успешна кариера и безброј хитови кои го одбележаа регионот, Емина доаѓа во ...
Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска издаде остро предупредување до САД и Израел да очекуваат итна одмазда доколку го прекршат сегашниот прекин на огнот, јави ДПА. Во соопштението објавено од агенција Тасним пред Денот на националната армија на Иран, што ќе се одбележи утре, ИРЦГ ја нагласи својата подготвеност да одговори на каква било воена закана со „разорни и смртоносни напади“. Иранските елитни сили соопштија дека се ...