Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од март до август. Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски е прифатена и предметот е вратен на ...
Децата најдобро напредуваат во средина исполнета со топлина, поврзаност и позитивност. Во родителството, кое често бара многу и може да биде хаотично, родителите се соочуваат со предизвици како што се испади на бес, соперништво меѓу децата или проблеми во училиште. Но, експертите за ментално здравје истакнуваат дека постои пристап познат како правило 5:1, кое може да ви помогне и вам и на вашето дете да се фокусирате на позитивните аспекти од ...
Ако сакате нешто посно за ручек, но во исто време лесно и заситувачко, дефинитивно ќе ви се допадне оваа мусака од тиквички. Без месо, без јајца и без млеко, а сепак многу вкусна и сочна. Филот од морков ѝ дава посебен сладок шмек, па дури и љубителите на месо со задоволство ќе ја изберат повторно за оброк. Ако сакате мусаката да биде „пополна“, додадете сварена леќа во филот, тоа ќе ѝ дава одличен вкус, но и повеќе протеини. Потребни ...
Летото 2026 година носи силни астролошки промени преку влегувањето на Јупитер во Лав, ретроградниот Меркур и затемнувањето на сонцето. Ракот, Лавот, Вагата и Стрелецот влегуваат во период на важни одлуки, љубовни и лични пресврти. Летото 2026 година носи видлива промена во енергијата и темпото. По месеци во кои многумина поминуваа низ важни внатрешни процеси, справувајќи се со семејните односи, емоциите и чувството на сигурност, крајот на ...
Конечно македонската спортска јавност дочека главните спортски настани да ги гледа со коментар на македонски јазик. Со почетокот на Светското првенство 2026 почнува со работа и каналот Арена спорт МК. Тоа ќе биде првиот голем настан што матичната ТВ куќа Arena sport ќе го пренесува и на македонски јазик преку новиот канал. Според објавата на самата Арена спорт МК, во новата сезона македоснките спортски вљубеници ќе гледаат преноси со ...
Функцијата што извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, ја најави минатата година, конечно е достапна за корисниците на оваа социјална мрежа. Instagram го олесни постигнувањето на посакуваниот дизајн и естетика на мрежата. Апликацијата во сопственост на Metа конечно ја воведе можноста за преуредување на гридот (мрежата), речиси една година откако шефот на Instagram, Адам Мосери, го објави пристигнувањето на функцијата. Според USA Today, ...
Судиите на Светското првенство во 2026 година се очекува да заработат рекордни суми. Според Yahoo Sports, повикувајќи се на The Times, главните судии на турнирот во САД, Канада и Мексико би можело да добијат по 100.000 долари, или околу 86.700 евра, за само неколку недели работа. Ова се највисоките хонорари во историјата на Светското првенство. Покрај основниот износ, судиите кои се делегирани на натпревари во подоцнежните фази од турнирот би ...
Релаксирањето со пијалак навечер е вообичаен ритуал, но она што ќе го изберете може значително да влијае на вашите напори за слабеење. Додека некои пијалаци може да го нарушат вашиот сон и да додадат несакани калории, други содржат хранливи материи кои го поттикнуваат одморот и ги регулираат хормоните, подготвувајќи го телото за согорување на мастите. Што препорачуваат нутриционистите да пиете по вечерата за да го поттикнете слабеењето? „На ...
Во конкуренција на Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап на Светското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија. Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од ...
Светското првенство во Канада, САД, Мексико официјално започнува оваа недела, а со тоа и најголемата безбедносна операција во историјата на модерниот спорт. Додека навивачите ја чекаат магијата на фудбалот на теренот, во позадина се одвива вистински безбедносен трилер. Три национални тимови се под посебен надзор на локалната полиција во Соединетите Американски Држави: Ирак, Сенегал и Узбекистан. Според снимките што доаѓаат од САД, ...
Три забележливи знаци на дијабетес можат да се појават веднаш по будењето, а многу луѓе ги игнорираат бидејќи симптомите не мора нужно да ве тераат да се чувствувате лошо, предупредува фармацевтот Абас Канани. Затоа многу луѓе дури и не се свесни дека имаат дијабетес. Канани истакна три телесни сензации што може да укажуваат на дијабетес тип 2 за Express.co.uk, а тие се најочигледни наутро. „Може да забележите зголемена жед, глад или чувство ...
Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е подготвено. Новото книжевно дело „Љубов и Смрт“ од авторот Зоран Спасов-Sоф веќе предизвика силни реакции. Причината, вели авторот, не е во тоа како историјата се раскажува, туку во начинот на кој се чита. Во романот, Гоце Делчев не е претставен како недопирлив симбол, туку како човек со сомнежи, стравови и морални ...
Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот аеродром паднал и се здобил со тешки повреди. Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св. Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници ...
Омар Абдулкадир Артан, кој требаше да биде првиот Сомалиец што ќе суди на Светско првенство, е отстранет од списокот на службени лица откако му беше одбиен влез во Соединетите Држави. На Артан, најдобриот машки судија во Африка за 2025 година, му беше забранет влез во земјата по пристигнувањето на Меѓународниот аеродром во Мајами со лет од Истанбул иако имал валидна американска виза и веднаш бил ставен на наредниот лет за враќање вои ...
Бразилецот Вилтон Сампају е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра в четврток, а во кој ќе се сретнат кодомаќинот Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде главен судија во ВАР собата. Вилтон има 44 години и е на листата на ФИФА од 2013 година. Беше ВАР судија на Светското првенство 2018, а судеше и на Арапскиот куп 2021 и на Светското првенство 2022 во Катар. Интересно е што ...
Вашата вечерна рутина за нега на кожата често се потценува, но она што го правите пред спиење може да има најголемо влијание врз изгледот на вашето лице. Додека спиете, вашата кожа се обновува, па затоа е важно во овој процес кожата да влезе чиста, хидрирана и заштитена. Отстранување на шминка - суштински прв чекор Не треба да си легнувате без да ја отстраните шминката. Остатоците од пудра, маскара и други производи можат да ги затнат порите ...
Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави синоќа клубот од Фиренца. Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Виола до 30 јуни 2028 година. Тој го замени Паоло Ваноли, кој ги напушти „Виолетовите“ пред три дена. Гросо (48) го водеше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари. „Веруваме дека Фабио има карактер, метод и ентузијазам што ќе ни ...
Урмите, една од најстарите намирници во човечката историја, бележат зголемување на продажбата во САД, во време кога сè повеќе луѓе избираат поздрави алтернативи на ултра-преработената храна. Еден од основачите на компанија за органско одгледување урми во Калифорнија изјави за Food52 дека продажбата на урми во САД се зголемила за 33% во 2025 година. Слични бројки се евидентираат и за оваа година, а експертите предвидуваат дека до 2034 година ...
Виктор Вембанјама го предводеше Сан Антонио Спарс до победа од 115:111 над Њујорк Никс во третиот натпревар од финалето на НБА, откако во претходниот меч промаши шут за победа. Францускиот центар силно го отвори натпреварот, постигнувајќи 9 поени во првите пет минути. На крајот заврши со 32 поена, 8 скока, 6 асистенции и 3 блокади, и одигра клучна улога на двата краја од теренот додека натпреварот се ближеше кон крајот. Спарс рано поведоа, но ...
Американски воен јуришен хеликоптер се урна вчера во Ормускиот Проток, а неговите двајца членови на екипажот беа безбедно спасени, објави The New York Times. Весникот, повикувајќи се на две лица запознаени со инцидентот, наведува дека сè уште не е јасно дали хеликоптерот Apache бил соборен, дали претрпел технички дефект или се урнал од некоја друга причина. Белата куќа и Централната команда на САД (CENTCOM) сè уште не го коментирале ...
Од ЕВН „Македонија“ известуваат дека во периодот од 8:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улица „Георги Скрижевски“ во населбата Водно. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради затворање на вод по барање на нивен корисник, бидејки имат внатрешен проблем на улица „Даме Груев“ 7/8, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот „Кирил и Методиј“ и „Димитрие ...
Немојте да се изненадите ако почнете да се тресете по породувањето. По породувањето, повеќето жени чувствуваат силни треперења во целото тело, особено во бутовите и нозете. Зошто се случува ова и како можете да го смирите вашето тело? Многу жени доживуваат ненадејно и неконтролирано тресење на целото тело по породувањето, што често ги тера да се грижат и да мислат дека нешто не е во ред. Иако може да изгледа драматично, тоа е релативно честа ...
Умереното консумирање кафе може да заштити од ментални нарушувања, според најновите истражувања на научниците. Сепак, вишокот може да има спротивен ефект. Шолја утринско кафе може да биде не само поттик на енергија, туку и сојузник на менталното здравје. Најновото истражување објавено во Journal of Affective Disorders сугерира дека луѓето кои пијат две до три шолји кафе дневно се помалку изложени на ризик од развој на ментални нарушувања. ...
Комарците и крлежите се чести „гости“ во текот на топлите денови, но може да се одбијат со помош на прекрасно растение кое ќе го направи вашиот зелен агол уште попривлечен. Со доаѓањето на летото и потоплите температури, помалку посакуваните посетители се враќаат во градините, балконите и терасите. Меѓу најдосадните секако се комарците, кои се придружени со зуење, чешање по каснувања и црвени отоци на кожата. Секоја година бараме нови начини ...
Под вашите бели дробови се наоѓа слој од мускул наречен дијафрагма. Тој е многу важен, иако обично не сте свесни дека го користите. Кога вдишувате, овој мускул ги влече вашите бели дробови за да ги наполни со воздух. Кога икате, овој мускул се грчи. Поради ова, многу брзо вдишувате воздух. Тој наплив на воздух ги затвора вашите гласни жици, предизвикувајќи го тој познат звук. Понекогаш икате само еднаш, а понекогаш трае неколку минути. Во ...
Bundesautobahn 46 е најдолгиот напуштен автопатски проект во Германија, првенствено затоа што неговата идеја имала помалку врска со ефикасноста на сообраќајот, а повеќе со нацистичката градежна идеологија и пропаганда. Долг е 70 километри и се смета за најдолгата официјално регистрирана автопатска руина во Германија. Денес е само реликт што потсетува на голем проект од нацистичката ера, започнат непосредно пред Втората светска војна, но ...
Швајцарските фудбалери Гранит Џака и Рикардо Родригес повторно привлекоа внимание со прикажувањето на симболот на двоглавиот орел пред почетокот на Светското првенство. Долгогодишниот капитен на Швајцарија Џака и неговиот соиграч Родригес беа снимени како го формираат симболот на орел поврзан со Албанија со рацете за време на бејзбол натпреварот помеѓу Сан Диего Падрес и Њујорк Метс во САД. Снимката можете да ја погледнете ТУКА. Тоа е гест ...
Додека Шпанија и Италија објавуваат „војна“ на масовниот туризам со ограничувања и отворени протести, мапата на европското гостопримство драстично се менува во корист на нови, попријателски дестинации. Според нова студија на дигиталната платформа за забава JB.com, Шпанија, Италија и Франција се на врвот на листата на европски земји каде што отпорот кон прекумерниот туризам е најизразен. Официјалната статистика делумно ја објаснува ...
Брзиот развој на вештачката интелигенција би можело да изврши огромен притисок врз глобалните енергетски, водни и копнени ресурси во наредните години, предупредува ново истражување од Универзитетот на Обединетите нации (UNU). Во извештајот насловен The Environmental Cost of Artificial Intelligence: Carbon, Water and Land Footprints, истражувачите велат дека еколошкиот отпечаток на вештачката интелигенција е многу поширок од емисиите на ...
Војната на Блискиот Исток ја зголеми сметката за увоз на енергија на ЕУ за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денеска портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме без да увезуваме ниту една капка енергија“, рече Хрничорова. Таа додаде дека немало прекин во снабдувањето со енергија на ЕУ, ...