СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Т.(44) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 29.09.2025, пријавениот е пронајден во бессознание под дејство на дрога во негов деловен објект, при што во објектот биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и други предмети. СВР Куманово поднесе кривична пријава ...

Општина Крива Паланка по повод Светскиот ден на јогата, на 21 јуни, организира настан посветен на менталното здравје, психолошката стабилност и социјалното зајакнување. Настанот ќе се одржи во недела, со почеток во 19 часот, во спортската сала „Партизан“ при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка. Под мотото „Движење. Дишење. Баланс.“, организаторите најавуваат групна активност за промоција на менталното здравје и благосостојбата преку ...

Она што во моментов се случува на терен не е случајност. Катастрофалните откупни цени, падот на земјоделското производство, млечната криза низ која поминуваат сточарите во моментов, неизвесноста кај оризопроизводителите, проблемите на лозарите, доцнењето на субвенциите и игнорирањето на малите земјоделци – сето ова е директен резултат на немањето визија, знаење и чувство за реалните проблеми на луѓето кои ја хранат оваа земја. Молкот на ...

На 16.06.2026 во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот, објави 4news.mk Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен ...

Драгана Мирковиќ за првпат јавно проговори за разводот од бизнисменот Тони Бјелиќ, со кого помина 25 години во брак. Таа истакна дека одлуката да стави крај на односот не била лесна, но била неопходна за нејзиниот мир и понатамошен живот. Пејачката откри дека по разводот останала да живее во семејниот дом во близина на Виена заедно со своите деца, снаата Мелани и внуката Ксенија. Нејзиниот поранешен сопруг, како што наведе, продолжил да живее ...

Дванаесетгодишно момче од Младеновац синоќа било примено во детската болница во Белград со исклучително тешки телесни повреди, по несреќа предизвикана од пад на улична конструкција. Според првичните медицински информации, момчето моментално се наоѓа во критична состојба, а лекарите ја водат најважната битка за неговиот живот откако врз него паднала целата структура на локална автобуска постојка. Инцидентот се случил ненадејно пред очите на ...

На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката. Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична ...

Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, поради што се потребни поголеми финансиски средства за спроведување мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата. Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, меѓу кои и Северна Македонија, сè почесто се изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите. Овие ...

Предо Г. (79) од селото Петница, во близина на Чачак, на 15 јуни, трагично го загубил животот откако бил погоден од гром. Громот удрил во семејната куќа во која во тој момент се наоѓала неговата сопруга, додека тој бил надвор, обидувајќи се да најде засолниште од невремето. „Одеднаш се појавија облаци и слушнавме дека гром удрил некаде во близина. Немаше силно невреме, туку само дожд и неколку силни удари од гром. Во моментот кога грмеше, ...

Предо Г. (79) од селото Петница, во близина на Чачак, на 15 јуни, трагично го загубил животот откако бил погоден од гром. Громот удрил во семејната куќа во која во тој момент се наоѓала неговата сопруга, додека тој бил надвор, обидувајќи се да најде засолниште од невремето. „Одеднаш се појавија облаци и слушнавме дека гром удрил некаде во близина. Немаше силно невреме, туку само дожд и неколку силни удари од гром. Во моментот кога грмеше, ...

Пејачката Рада Манојловиќ повторно проговори за најтешкиот период од својот живот – загубата на мајката Мирјана, која починала од рак на грлото на матката кога Рада имала само 19 години. Таа со години отворено зборува за своето убедување дека погрешни медицински одлуки придонеле за трагичниот исход. Според нејзините тврдења, лекарите во одреден момент избрале поинаков пристап во лекувањето, наместо хируршка интервенција која, според неа, ...

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји. Со договорот, тогашната Република Македонија го промени своето уставно име во Република Северна Македонија, Грција го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а земјата ...

Четириесет и двегодишен жител на гостиварско село е кривично пријавен откако, според сомневањата на полицијата, со нож го повредил сопствениот татко по расправија во семејниот дом. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за кривичното дело „телесна повреда“. Според полициските информации, инцидентот се случил по претходна семејна расправија, која прераснала во физички напад. Во ...

Италијанската спортска новинарка Дилета Леота го привлече вниманието на јавноста објавувајќи фотографија на социјалните мрежи на која ја покажува својата завидна фигура само три недели по породувањето. Имено, Леота позираше во црно бикини на софа, а нејзината објава предизвика поделени коментари на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) Многумина го пофалија нејзиниот изглед и ...

Граѓаните и компаниите во наредниот период може да почувствуваат повисоки трошоци за кредити и банкарски услуги, откако Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени. Новата основна каматна стапка сега изнесува 4,25 отсто, што претставува сигнал за банките дека може да ги прилагодат своите каматни услови. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оцени дека во борбата против инфлацијата подобра опција се ...

Грчкиот Црвен крст ги предупредува туристите, рибарите и љубителите на морето за зголемениот број средби со опасната риба Lagocephalus sceleratus, позната и како „риба балон“ или „риба зајак“. Надлежните предупредуваат дека овој вид претставува сериозен ризик и за луѓето и за морскиот екосистем, објави 4news.mk Рибата содржи силен невротоксин и е исклучително опасна за јадење дури и во мали количини. Освен што е отровна, рибата може да ...

Бугарска организација што го носи името „Македонија“ најави дека во недела ќе организира двочасовна блокада на сите гранични премини меѓу Бугарија и Македонија. Според бугарските медиуми, блокадата ќе се одржи на премините „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“. Најавата следува еден ден по инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје, кога 44-годишен скопјанец со бензин запали две возила со дипломатски регистарски таблички. Осомничениот беше ...

Македонија во моментов нема реален напредок кон Европската унија, а една од главните причини е неподготвеноста да се направат компромисите што се неопходни за продолжување на евроинтегративниот процес. Ова го оцени политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во гостувањето во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ. Ордановски истакна дека во македонското општество расте недовербата во институциите и политичките процеси, што, според него, создава ...

Наместо да го истураат на улица, сточарите од делчевско најавуваат дека млекото ќе го подарат на случајни минувачи за време на протестот што го подготвуваат поради ниската откупна цена. Револтот кај производителите, велат од ден на ден е се поголем, а поддршка за протестот добиваат од сточари од други општини и населени места. Сточарите предупредуваат дека без конкретни мерки и подобри услови за работа, сточарството се соочува со сериозни ...

Федералната голема порота во Соединетите Американски Држави подигна обвинение против 49-годишниот Кимани Осајанде Џонс, откако во неговиот рачен багаж на аеродромот во Сакраменто била откриена импровизирана експлозивна направа. Осомничениот се обидел да се качи на лет на „Американ ерлајнс“ кон Шарлот на 30 мај. Како што соопштија Министерството за правда на САД и Администрацијата за безбедност во транспортот (TSA), при детален преглед на ...

Вчера во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип. Вчера во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница ...

На 15.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди. По преземени мерки, во ...

Водителката Сузана Манчиќ се огласи по повод радосните вести во нејзиното семејство. Нејзината ќерка Теодора Куниќ е бремена, а идната баба не ја крие среќата што наскоро ќе добие внуче. Манчиќ откри дека семејството свесно одлучило да не ја споделува веста со јавноста во првите месеци од бременоста. „Фала му на Бога, доаѓа бебе. Не би сакала многу да зборувам за тоа бидејќи сè уште е рано. Најважно ми е сè да помине како што треба и бебето ...

На 15.06.2026 во 12:47 часот во СВР Тетово е пријавено дека во канал за вода има починато лице во атар на с.Горно Јеловце. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето Н.М.(64) од с.Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар. Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. ...

Пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, преку објава на Фејсбук информираше дека Апелациониот суд Скопје ја потврдил првостепената пресуда со која, како што наведува, пратеникот Драган Ковачки е прогласен за одговорен за клевета и навреда. Петровска потсети дека пред три години Ковачки на повеќе прес-конференции јавно ја обвинувал дека поседува непријавен имот, односно хациенда со базен, тврдења кои, како ...

Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванaесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа од СВР Куманово. Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била ...

Грчките власти преземаат мерки за намалување на гужвите и забрзување на протокот на патници на копнените гранични премини, во услови на зголемен сообраќај и примена на новиот систем за влез-излез (EES), кој вклучува и биометриска регистрација на државјани од трети земји. На ова се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за регионите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас, кој на конференција за туризам истакна ...

Лишен од слобода возачот кој на автопатот во изградба Охрид – Кичево со возило удри и тешко повреди работник од Кина. На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид – Кичево, кај с.Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од с.Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република ...

Турската актерка Еџе Иртем, која на македонската публика ѝ е најдобро позната по улогата на Ишил во мегапопуларната серија „Шербет од брусница“, ненадејно почина на 35-годишна возраст, јавија турските медиуми. Според првичните информации, на младата актерка ѝ се слошило наутро во нејзиниот дом додека била со нејзината мајка, а медицинските екипи не успеале да ја спасат по претрпениот силен срцев удар. Смртта на Иртем предизвика голем шок во ...

Јајцата со години се сметаат за намирница што може да го зголеми холестеролот, но сè повеќе истражувања покажуваат дека проблемот можеби не е во холестеролот од храната, туку во заситените масти. Новото истражување покажало дека здрави возрасни луѓе кои јаделе две јајца на ден во текот на пет недели дури и забележале подобрување на нивото на холестерол. — Студијата објавена во „Американски журнал на клиничка исхрана“ (The American Journal of ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07