Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија ...

На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско. При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ...

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. Законот овозможува примена на технички средства и уреди за снимање при утврдување прекршоци, со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот ...

Вчера во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат П.Б.(45) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Надлежните информираат дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје. Вчера во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во ...

Мицкоски повторно погоди! Откако мораше да смисли некаква изјава по дебаклот со веста дека САД ни ги замрзна иселеничките визи, по 24 часовна изолација одлучи да не’ израдува- “Во деновите кои што следат ќе има добри, пријатни вести за македонските граѓани од нашиот стратешки партнер”. И, во право беше. Точно по “неколку денови” пристина абер- Македонија не доби покана да се приклучи на иницијативата наречена „Одбор за мир“ (Board of Peace), ...

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците: Алијанса за Албанците изразува критички став за Законот за прекршоци, во кој е опфатен и проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека актуелната примена на овој проект покренува сериозни правни, социјални и уставни загрижености. Како прво, Алијанса за Албанците укажува дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Демократската унија за интеграција уште еднаш потсетува на крајно погрешната и штетна патека по која се движи Република Северна Македонија, стратешките отстапувања и честото менување насока, која земјата ја доведе во длабока меѓународна изолација, каква што државата не памети во поновата историја. Резултат на оваа промашена политика е дебаклот што Премиерот и владината делегација го доживеаја на Светскиот ...

Незадоволството меѓу вработените во Македонска пошта не стивнува. Во повеќе градови низ државата денес излегоа на протест оти сè уште не ја зеле јануарската плата. Претседателот на синдикатот, заедно со вработените, порача дека протестните активности ќе продолжат сè додека не се исплатат заостанатите плати. Од синдикатот велат дека раководството било навремено информирано дека доколку платата не биде исплатена најдоцна до 15 јануари, ...

Американската музичка и филмска ѕвезда Лејди Гага, преку нејзината фондација „Born This Way“, донираше по 100.000 долари на две невладини организации од Варшава кои се занимаваат со заштита на менталното здравје на децата и младите. Средствата беа доделени на фондациите „GrowSPACE“ и „Warsaw House“ како дел од „Community Kindness Fund“, од кои вкупно пет милиони долари беа доделени за поддршка на организации кои им помагаат на младите луѓе ...

Собранието денеска ќе одржи продолжение на 76. седница, на чиј дневен ред е гласањето за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. Потребната поддршка од двотретинско мнозинство за законот за кој е завршена расправата, беше обезбедена на ...

Младите момчиња кои годинава учествуваа во традиционалното фрлање по Светиот крст во водите на Крива Река, а кои се дел од тимот на градоначалникот Сашко Митовски, денеска го посетија градоначалникот во неговиот кабинет, стои во соопштението од Крива Паланка. „Среќното момче кое го извлече Светиот крст е Наум Додевски, кој заедно со другите млади учесници и градоначалникот влезе во студените води по повод православниот празник Богојавление – ...

Битола е во шок по веста дека 79-годишната жена, која пред шест дена беше жртва на свирепо семејно насилство, им подлегна на повредите. Несреќната жена денеска беше погребана на Светонеделските гробишта, откако лекарите во битолската болница не успеаја да ја спасат од тешките повреди на мозокот и многубројните скршеници, пренесе СДК. Зад оваа смрт стои нејзиниот 28-годишен внук Т.Р., кој на 17 јануари ја претворил заедничката куќа на улицата ...

Судската постапка против поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир“ доби нов пресврт, откако дел од кривичните дела застареа. Од денеска, Груевски повеќе не се гони за злоупотреба на службената положба поврзана со незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, но обвинението за перење пари останува, потврди јавната обвинителка Ленче Ристоска. До судот е доставено изменето обвинение, поради застареност на предикатното кривично дело – ...

Балканските транспортни компании се соочуваат со сериозна криза откако неколку земји од Европската Унија во изминатиот период депортираа околу 100 возачи на камиони, додека за уште најмалку 100 е започната постапка за протерување. Причина за ваквите мерки се заострените контроли и строгото спроведување на европските правила за престој и работа на возачи од трети земји. Според информации од транспортниот сектор, најчесто се работи за ...

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека ги користи сите институционални механизми кои и се на располагање и дек недозволиво е било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, особено од позиција на моќ. „Јас ќе ги преземам сите институционални механизми кои ми се на располагање, бидејќи е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Поднесов ...

На 21.01.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Се преземаат мерки за ...

На 21.01.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило. Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Се преземаат мерки за ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(56) од Скопје. Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Според полицијата, пријавениот, со пушка, која ја поседувал без дозвола, упатувал закани на неговата сопруга и неговите деца. По преземени мерки, полициски службеници од него одзеле пушка калибар 9 мм и 71 куршуми ...

На 21.01.2026 во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило. По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска ...

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност – се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски ...

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска ...

Најновото успешно остварување на македонската филмска документаристика, „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, вечер, во 19 часот ќе биде прикажано пред кривопаланечката публика. Проекцијата на филмот ќе се реализира во кино-салата на Национална установа Центар за култура – Крива Паланка, а организаторот ги повика љубителите на филмот да не ја пропуштат можноста да ја проследат приказната пренесена на големото платно со силен ...

Четботот „ChatGPT“ кој луѓето го користат корисниците за различни цели, од барање совет до одговарање на сложени прашања, го дал своето предвидување за тоа како би можел да изгледа светот за 50 години или во 2076 година. Предвидување на „ChatGPT“ за 2076 година Кога бил прашан „Како ќе изгледа светот за 50 години?“, четботот го понудил следниов одговор: „За 50 години, светот ќе биде потопол и поограничен од климатските промени, со ...

Тројца луѓе го загубија животот, а едно лице е тешко рането во престрелка што го потресе мирното гратче Лејк Карџелиго во австралиската држава Нов Јужен Велс. Како што пренесуваат светските медиуми, полицијата на местото на настанот затекла две мртви жени и еден маж. Напаѓачот во моментов е во бегство, а според првичните информации, тој побегнал со возило во сопственост на локалните власти. Полицијата веднаш испрати вооружени специјалци на ...

Студиите покажаа дали домашната супа, позната и како „домашен лек“, навистина може да ги ублажи симптомите на настинка. Генерации наназад, пилешката супа била првиот избор за луѓето кои не се чувствуваа добро. Таа има посебно место во многу култури како утешна терапија за настинки и грип. Но, дали навистина постои научна основа за идејата дека супата може да помогне во закрепнувањето од респираторни инфекции? „Индипендент“ спровел систематски ...

Синдикатите го загубија трпението и најавија протест на 28 јануари, со почеток во 17 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тие ги повикаа сите незадоволни работници од различни сектори да им се приклучат и заеднички да побараат достоинствени плати. Според синдикатите, прагот на сиромаштијата е алармантен – дури 33% од работниците живеат со плата под 30.000 денари. Советот на синдикати едногласно одлучи да побара ...

Две лица го загубија животот во силното невреме кое ја зафати Грција. Жртвите се маж кој бил припадник на крајбрежната служба во Астрос и жена од Глифада. Противпожарната служба добила 600 повици за помош. Жената додека се движела пеш била повлечена од поројната вода на поплавена улица, додека пак припадникот на крајбрежната служба додека бил на должност на пристаништето во Астрос и поради силниот ветер и брановите паднал во море. Областа ...

Метео анализа на Славчо Попоски: По краткотрајната стабилизација и престанок на врнежите која што не очекува во наредните два до три дена, веќе особено од недела 25 Јануари 2026 попладне и навечер како и во понеделник 26 Јануари 2026 во Македонија под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова ни следува нова голема промена на времето. Ќе имаме зголемена облачност со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен и ...

Поп дивата Јелена Карлеуша го пријави својот поранешен сопруг Душко Тошиќ за провала во станот на Дедињe каде што живее со своите ќерки. Пејачката моментално е во Дубаи, но од таа локација ja контактирала српската полиција за да реагира што е можно поскоро. Карлеуша тврди дека Душко ги сменил бравите во тој стан без нејзино знаење, па таа побарала помош Карлеуша тврди дека Душко не плаќа алиментација Јелена Карлеуша тврди дека нејзиниот ...

Сексуалната активност не е важна само за задоволството, туку има значајна улога и во менталното и физичкото здравје. Подолг период без интимност може да придонесе за зголемен стрес, промени во расположението и потешкотии во справување со емоционални предизвици, а кај паровите да создаде дополнителни тензии. Од здравствен аспект, редовниот сексуален живот носи и конкретни физички придобивки. Кај мажите, честата ејакулација се поврзува со ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
48%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
52%
1023
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
24%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
46%
1025
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
40%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Паладиум

52823.68

Кобалт

66.14

Бакар

11.80

Злато

166049.28

Платина

69606.37

Рутениум

45750.51

Калај

51.64

Цинк

3.28

Сребро

2704.52

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.35

Родиум

368126.05