По оставката на претходниот лидер Димитар Ковачевски, денеска поднесоа кандитатура Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски за лидерската позиција на Социјалдемократскиот сојуз. Двајца од нив се актуелни пратеници, а едниот е актуелен директор на Технолошко-индустриските развојни зони. Во партиското седиште прв се појави Филипче, коj вели дека ќе ги демократизира процесите во СДСМ за секој член да биде вклучен во процесот на ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 942 илјади, во градско-приградскиот превоз 10 224 илјади, во железничкиот превоз 49 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 789 856. Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, количеството на ...

Утревечер, во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се случи премиерната изведба на претставата „Хајди “, која е работена според романот на светски познатата авторка Јохана Шпири, во режија на Драгана Гунин а драматизација на Драгана Лукан Николоски. Хајди претставува едно од класичните дела на детската литература. Десетици пати филмувана и драматизирана приказна за девојчето кое го наоѓа своето место под сонцето на ...

Поднесувам предлог-закон за измена и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа по скратена постапка. Со тоа, во следниот период очекувам да се направи реорганизација на Владата, ова денеска на прес-конференција во Собранието го соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека уште за време на кампањата зборувале за реорганизација на ресорите во рамките на Владата и ги повика сите ...

Денес во нашата кампања и со помош на Лара Иванова и даваме видливост на Присила, на нејзината мила ѕвезда, љубопитност и за жал долгата потрага по дом, велат од „Лајка“ Присила е помалку од една година во нашето прифатилиште и толку време бара дом. -Заради нејзиниот прекрасен карактер, мила природа и поради тоа што веројатно била нечиј миленик не е вратена на улица. Она е совршено куче, би била совршена за активно семејство кое сака уникатен ...

На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчера во почетокот на ноќта, конкретно 21.30 часот имаше пријава од рекреативен риболовец дека е забележано безживотно човечко тело на вливот на реката Тополка во река Вардар. Конкретно, тоа било во близина на мостот на околу петнаесетина метри од брегот на попречни шипки во речната надојдена вода. Од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш биле ...

Целокупната институционална комуникација која е дел од законите и Уставот ја содржи и ќе ја има придавката во името на државата, и законот за реорганизација на владата го поднесовме со таа придавка, но мое право е татковината да ја именувам како Македонија. Немам намера да се однесувам талибански, но очекувам талибански да не се однесуваат и други политичари, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за состав на владата, Христијан ...

По премиерата во општините Могила и Новаци, битолчани, на 11 јуни, „Во паркот кај саатот“, ќе имаат прилика да ја проследат црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, што е изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер – Сашо Миленковски. -„Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по ...

Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, годинава подготовките ги почна порано од вообичаеното. Традиционалниот марш по повод еден од најголемите македонски национални празници – Илинден, ќе се одржи по 46 пат. Причина за овие подготовки, како што информираат од Здружението, е огромниот интерес за учество на Илинденскиот марш, и тоа не само од Аеродром туку и од други општини и градови, како што се Кичево, Маврово и ...

Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје. „Богословец“ е втор ветерен парк во државава, по паркот „Богданци“ пуштен во употреба во 2015 година. Двата ветерни паркови се резултат на пристапот #TeamEurope кој придонесува за трансформација. На локалитетот „Богословец“ ...

Македонскиот национален комитет (МНК) на Синиот штит во соработка со Музејот на град Скопје и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија вчера со форум одбележа 70 години од Хашката конвенција за заштита на културното наследство во случај на оружен судир. По распаѓањето на СФРЈ, Конвенцијата во Република Македонија е во сила од април 1997 година, а МНК Синиот штит ја промовира и афирмира ...

Древниот манастирски комплекс Карпино во општина Старо Нагоричане, сместен во близина на селото Сув Орах привлекува со својата исконска убавина. Карпинскиот манастир, кој се наоѓа во атарот на селата Сув Орах, Дренак, Аљинце, Страцин, е еден од најзначајните средновековни споменици од поствизантискиот период во државава и на Балканот и е еден од првите кој бил заштитен со Закон за заштита на споменици на културата во раните педесетти години ...

Очекуваниот животен век ширум светот се очекува да се зголеми за речиси пет години до 2050 година, покажуваат новите наоди. Прогнозата покажува дека меѓу 2022 и 2050 година се очекува животниот век на мажите да се зголеми од 71,1 година на 76 години и од 76,2 години на 80,5 години за жените. Според Студијата за глобално оптоварување на болести (GBD) 2021 година, земјите каде очекуваниот животен век во моментов е помал се очекува да забележат ...

Националното собрание на Словенија со 52 гласа ја поддржа одлуката за признавање на независноста и суверенитетот на државата Палестина, јавува агенцијата Анадолија. „Денешното признавање на Палестина како суверена и независна држава испраќа надеж за палестинскиот народ на Западниот Брег и Газа“, рекол синоќа премиерот на Словенија, Роберт Голоб, објави словенечката влада на платформата Х. Опозициската Словенечка демократска партија (СДС) го ...

Во Скопје и околината три пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа. Пожарникари интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација во скопскиот регион, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожари имало во населбата „Визбегово“ во општина Бутел, во „Злокуќани“ во Карпош и кај обиколницата Скопје – Тетово во Сарај. Од ЦУК апелираат за внимателност поради наглите временски промени, особено на повисоките места ...

Изграден е пред 10-тина години како место за љубителите на адреналински спортови, скејт-паркот на Кеј е првиот од ваков тип во Македонија и е целосно финансиран од страна на Град Скопје. Паркот е изграден според сите стандарди, неговите димензии се 15 метри во ширина, 50 метри во должина. Во паркот има девет справи и локацијата беше оградена со ограда во задоволителна висина, исто така за вечерните часови беа поставени и рефлектори. За жал ...

И денеска на подрачјето на Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и топло време, со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вреднсот 7. Утринските температури се движат од 10 степени на повисоките места на истокот и западот од земјата до 19 на крајниот ...

Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите. Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите ги даваат без надомест, а волја на малопродажниот објект е дали ќе ги прифати или не. -Многу е ...

Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата. На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници – „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска. ...

Се повеќе граѓани плаќаат електронски и тоа најчесто преку мобилен телефон. Подигањето готовина од банкоматите се зголемува, а користењето на банкарските шалтери се намалува. Се зголемува и интересот за електронски увид во сметките. Но, дигитализацијата која има многу предности и удобности, носи и ризици. Еден од нив се кибер нападите кои бележат континуиран раст и стануваат се покомплексни и посилни. Се проценува дека на дневна основа има ...

Инфлуенсерката Ина Многуфина, која на социјалните мрежи има голем број следбеници, објави статус во кој вели дека денеска била на Водно, но жичницата не работела, и посочи дека никаде немало објавено дека жичницата нема да работи. Откако инфлуенсерката Ина Многуфина ја искара градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека никаде нема информација оти жичницата до Водно не работи, час подоцна се јавија од ЈСП „Скопје“, под чија надлежност е ...

Во Хрватска се продава катастрофално лоша храна. Во продавниците се шири смрдеа од полураспаднато овошје и зеленчук, има производи со поминат рок и производи кои изгледаат сомнително. Ова го заклучиле тајните купувачи, кои во петокот и саботата посетиле 22 продавници во Загреб и околината, од кои купувале разни стоки, како овошје и зеленчук и месни производи. Потоа рапортирале: Хрватска станува „европски контејнер за стоки од трета класа“. ...

По завршувањето на мандатот на Кацарска, Уставен суд остана без претседател. Пропаднаа дури осум обиди и гласања да се избере претседател, сепак судиите по координација утрово одлучиле сепак да одржат седница на која конечно е избран новиот претседател. За нов претседател е избран Дарко Костадиновски, кој ги добил потребните 6 гласа. Претходно Осман Кадриу за кого и вчера се гласаше, но не доби доволен број гласови, се откажал од ...

Се перцепираме како Европјани и оттаму треба да бидеме третирани како Европјани. Третманот го гледам низ призма на ЕУ-логиката, во смисла на владеење на правото, независно судство, стручка администрација, нешто демократска политичка култура. Мораме да тргнеме со сериозни и суштински реформи – друг излез немаме, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на настан, по повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, Фондацијата Конрад ...

Идејата на издавачот Манол Пејков е куќата да се спаси од целосно уривање и да се трансформира во споменик на бугарската култура. Бугарската фондација на издавачот Манол Пејков од политичката коалиција „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп. Распаднатата куќа на Талев, кој после 1948 година стана еден од најценетите бугарски писатели, е една од поважните теми во бугарската ...

Времето денеска Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. UV=8. Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во следните денови исто така не очекува сончево и топло време, со врнежи од дожд во попладневните часови. Прогноза за 06.06.2024 Минимална температура: 10°C до 18°C Максимална температура: 26°C до 35°C Сончево и топло со мала ...

Само во периодот 27 мај до 1 јуни, 2024 година, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена, подигнаа и транспортираа вкупно 130 тони комунален отпад од домаќинствата во општината Шуто Оризари. Оттука, претпријатието ги информира жителите на градот Скопје дека на територијата на оваа скопска општина, комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативниот ...

Тоа има за цел да ја усогласи земјата со европската директива за управување со отпад. Во моментот многу текстил се фрла во канти за мешан отпад, што значи дека не може да се рециклира. Стратегијата вклучува воспоставување собирни пунктови низ различни општини за да им се помогне на граѓаните подобро да го отстрануваат својот текстилен отпад. Чешка има околу 10.000 собирни места за текстил, но постојниот Закон за отпад бара само собирање, а ...

Исчезнаа субвенциите за сметките за струја. Делот во фактурата каде граѓаните гледаа колку проценти изнесува владината помош веќе го нема. Овие пари се префрлаа од буџетот во ЕСМ и со нив државата покриваше дел од трошокот за електрична енергија на домаќинствата. Најпрво помошта беше над 90%, потоа падна на 84, а сега воопшто и не е напишана. „Реално би било некоректно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 ...

Бугарскиот претседател Румен Радев навести дека Софија може да ја преиспита поддршката за членството на Србија во ЕУ поради, како што вели, односот на Белград кон бугарското малцинство во земјата. „Главниот критериум според кој ќе судиме и ќе дадеме поддршка за напредокот на земјите од Западен Балкан е токму состојбата на нашите сонародници во секоја земја – нивните услови за економски и социјален развој и, пред сè, нивната способност да го ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15