Од почетокот на годинава, поточно во периодот од јануари до јуни 2024 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ подигнале и транспортирале вкупно 2500 метри кубни отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје, при што e интервенирано во сите скопски општини и исчистени се околу 150 депонии. Од претпријатието информираат дека се соочуваат со појава на масовно непрописно фрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено во ...

Во Парк шума Гази Баба се одржа првиот фестивал посветен на грижата за женското здравје под мотото „Јас сум…”, организиран од Здружението на граѓани „Младите можат“. Како што соопшти Здружението, главна цел на фестивалот одржан вчера беше да се поттикнат младите девојки и жени да преземат одговорност за нивното физичко и ментално здравје преку информиран избор и холистички практики на начин на живот. -Настанот опфати партиципативни и ...

Во канцеларијата „Европска куќа“ на Делегацијата на Европската Унија денеска во Тетово, беа доделени осум договори за грант со кои земјоделци и сточари од целата државата ќе можат да набават опрема и технологија со кои ќе може да го развиваат нивното земјоделство или сточарство. За модернизацијата Европската унија обезбеди 208.029 евра, што претставува 75 проценти од вкупната инвестиција, додека останатите средства се финансирани од ...

Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе се одржи Меѓународен симпозиум насловен „Земјата која се промислува постојано – креативен геофилозофски патопис“. Како што информираат од МСУ, целта е проектот да создаде услови за квалитативна размена на знаења, соработки и ангажирана уметничка продукција, како суштински средства за генерирање ангажиран однос кон климатските промени и еколошките предизвици. Од Музејот посочуваат дека ...

Елена Николовска, програмски координатор за клима во „Еко свест” во интервју за Слободен печат се осврна и на улогата на Град Скопје во ублажувањето на последиците д климатските промени. Николовска рече дека тие како организација, не се запознаени многу со работата на Град Скопје во делот на заштита на животната средина. „Ние како организација немаме информација до каде е на пример пречистителната станица во Скопје и не знаеме зошто тие ...

Цртаниот херој Пајо Паторот ја „виде светлината на денот“ денеска, односно на 9 јуни, само многу години порано, поточно во 1934 година. Пајо, бела патка, облечена во сино морнарско одело со сина капа и црвена машна, претставува еден од најпознатите ликови на Волт Дизни веќе 90 години. Доналд Дак, како што е оригиналното име на овој цртан херој, првпат се појави во цртаниот филм кој носи наслов Паметна мала кокошка. Една од главните причини за ...

Истражувачи од холандскиот Кралски институт за морски истражувања (НИОЗ) открија корален гребен долг еден километар, а неоштетен од глобалното затоплување. Истражувачкиот тим го открил гребенот случајно по три недели пловење во јануари, објави денеска „НЛ тајмс“ (NL Times). Коралот е откриен близу островот Курасао во јужниот дел на Карипското Море во кај северниот брег на Венецуела. Според Ленарт де Нојер, наодот не бил објавен порано поради ...

Општина Центар и Рамстор мол ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа оваа среда на 12 јуни со почеток од 19ч организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар Рамстор Мол. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги поканува граѓаните на филмско дружење под отворено небо. „Ги поканувам граѓаните да ни се придружат. Влезот е слободен. Ќе има lazy bags и ...

Косовскиот премиер, Албин Курти се приклучи денеска на Парадата на гордоста, со која се затвора годинешната Недела на гордоста во Косово, организирана од косовската ЛГБТИК+ заедница, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти, заедно со уште неколку членови на неговиот кабинет, меѓу кои министерката за правда, Албулена Хаџиут, министерот за здравство, Арбен Витиа и оној за култура, Хајрула Чеку, застана на чело на колоната која викендов ...

Неодамна Јавното комунално претпријатие Тетово започна да врши услуга, собирање и транспортирање на интертниот отпад од домаќинствата како градежен шут, стар мебел, бела техника и слично. Досега истиот завршуваше на јавни површини, загадувајќи ја природата, особено реките во полошко каде и граѓаните најчесто се ослободуваа од овој отпад. И додека тетовските инспектори започнаа со засилени контроли и казни за фрлање интертен отпад на ...

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. -Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) ...

Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници. Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“. Компаниите со дејност обложување и игри на среќа имаат 7.745 вработени и и сериозен полнач на државниот буџет ...

Подем на крајната десница, политички земјотрес во Франција, можен нов мандат на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија, отстапување на Зелените и успеси на проевропските партии во Централна Европа. Тоа се некои од главните трендови кои се појавија на изборите за Европскиот парламент одржани од 6 до 9 јуни. Европската народна партија (ЕПП) останува прва политичка сила во следниот состав на ЕП. Засега има 184 претставници во ...

Во услови на пеколни температури во Скопје, и гулабите бараат начин да се освежат. Тие масовно се собираат околу градските фонтани, пијат вода и бараат засолниште од немилосрдното сонце, а во населбаѕа Влае две преслатки гулапчиња пиеја вода и директно од чешмата. До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40 степени. Во ...

Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал. Промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас, ние сме промената! Педесет и осум пати во овие педесет и девет години овде во Прилеп почнувал фестивал кој влијаел, влијае и ќе влијае на сите нас. Вечерва по педесет и осми пат почнуваме да го славиме театарот, уметноста која спојува во ...

Средношколците денеска го полагаат вториот изборен предмет од државната матура. Најмногу пријавени кандидати има за тестот по Англиски јазик (13,198). За Математика ќе полагаат 1,356 ученици, за Германски јазик 114, за Француски јазик 37, за Естетика 84, а по еден кандидат се пријавени за Руски јазик и Филозофија. Надлежните порачуваат дека се е подготвено, иако минатиот викенд дел од матурантите го сликаа и го испраќаа испитот во вибер-група ...

Новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди (ВЛЕН) и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства. Собраниската седница синоќа продолжи и по полноќ, а гласањето се одржа околу 2:30 часот ноќта помеѓу петокот и саботата (7 и 8 јуни). Измените, кои во средата (5 јуни) ги предложи лидерот на ...

Од печат излезе книгата „Радио-диоптрии“ (политсоциолошка анализа и радио–разговори за состојбите во Македонија: 2022-2024) на Свето Стаменов, политиколог, новинар и публицист и на универзитетскиот професор, и политиколог Цане Т. Мојаноски. Во книгата на читателската јавност ѝ се понудени содржините на 16 интервјуа реализирани во рамките на радио-програмите „Радио спектар“ и „Актуелно“ на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од јуни ...

Во Будимпешта e промовиран проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик!“ на младата уметница Јана Борбала Панзов, како дел од манифестацијата „Цртај на македонски јазик“. – Во рамки на проектот, Јана илустрираше неколку македонски народни песни – „Македонско девојче“, „Јано мори“, „Севдалино“, „Зајко Кокорајко“, „Благуно дејче“, „Мори Пожаранче“, „Билјана платно белеше“. Илустрациите содржат стихови од песните на кирилско писмо и ...

Вечерва започнува 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“. Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на С. Македонија, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на енигматичниот и вдахновен поетски филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе. Во свечениот дел пригодни обраќања ќе имаат Андреј Медиќ Лазаревски, главен ...

Следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Како што информира УХМР, од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи на покачувањето на трошоците на животот во делот ресторани и хотели за 3,1 проценти, рекреација и култура за 2,1 процент, транспорт за 1,9 процент, облека и обувки за 1,5 процент, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент, храна и безалкохолни ...

По добиените информации од Светската здравствена организација (WHO) со кои е потврдена првата смрт на човек заразен со поттипот на птичји грип H5N2 во Мексико, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе продолжи на дневна основа да ја следи состојбата и доколку се процени дека има потреба, ќе преземе соодветни мерки. Како што изјави за медиумите директорот на АХВ, Николче Бабовски, засега е подигнато нивото на внимателност во државата, ...

Првиот македонски фестивал со детски театарски претстави почнува денеска во Кавадарци, во организација на Здружението на детски театри -Национален центар „АСИТЕЖ“, во соработка со Домот на култура „Иван Мазов – Климе“. – На првиот Македонски „АСИТЕЖ“ фестивал – МАФ, ќе бидат одиграни пет детски театарски претстави во различна продукција од цела држава, појаснува режисерката Микица Илова. Фестивалот ќе трае до 11 јуни, а на програмата се ...

Позната слика на скопската меѓународна автобуска станица: Млади Македонци им мавтаат на своите семејства, качувајќи се во автобуси (побогатите со авиони) кон дестинации како Љубљана, Софија, Загреб…Трендот на студирање во странство постојано расте. Што ги тера овие млади умови да бараат образование надвор од својата татковина? Еден од клучните фактори е квалитетот на образованието. Според резултатите од PISA, Словенија постојано ја надминува ...

Пукната челична сајла од жичницата од Тетово до Попова Шапка може да биде опасна по луѓето, алармираа лани граѓаните, а речиси една година потоа, проблемот не е надминат. Лани во август медиумите информираа дека постои опасност оштетената сајла да се искине и да предизвика проблеми доколку падне на патот. Состојбата е иста и сега, сајлите се надвиснати и се забележителни кога се минува со возило под нив. – Уште малку фали до судниот ден кога ...

Македонскиот камерен оркестар Профундис вечерва (7 јуни) ќе настапи на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ (Sofia Music Weeks) во Бугарија. Овој фестивал на класичната музика, со традиција од 55 години, е познат по својата извонредна програма и високи уметнички стандарди. По серијата успешни меѓународни гостувања на фестивалите Котор Арт, Раванелиус и гостувањата во Нови Сад, Белград и Италија, Профундис за првпат ќе има чест да се ...

Младиот македонски спортист Дамјан Марковски на 28. мај тргна пешки од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора за да му одаде благодарност на Св. Василие Острошки за оздравувањето на член од неговото семејство. Станува збор за релација долга 400 километри. Дамјан на Фејсбук напиша: „Како млад човек кој го поминал поголемиот дел од своето детство и младост играјќи фудбал, решив да преземам еден исклучителен предизвик – пешачење од Скопје до ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја прекина седницата за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. По завршување на расправата на Законот и откако СДСМ и Левица истакнаа дека се против носење на Законот по скратена постапка, Гаши ја прекина седницата и соопшти дека гласањето ќе се одржи кога ќе се создадат деловнички услови за тоа. ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема поддршка ниту од ...

Во 2023 година се регистрирани 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Државниот завод за статистика ги објави податоците за наталитетот во 2023 година. Во Македонија лани се родиле 7.4 отсто помалку бебиња одтколку во 2022 година. Родени се 16.859 деца, од кои живородени се 16.737, а мртвородени 122. Од новороденчињата повеќето се машки, односно 50,9 отсто. Според месецот на раѓање, најголем број деца се родиле во август – 1558. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Калај

53.60