Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Здружението „Заеднички вредности“ успешно го спроведе проектот „Премостување на дигиталниот јаз: подобрување на животот на жените во руралните средини“, чија цел беше да ги унапреди животните услови на жените во руралните области преку оспособување за употреба на дигитални технологии и подобрување на нивните вештини. Проектот се спроведуваше девет месеци, а во него учествуваа жени од Арачиново, Сарај, Теарце, Врапчиште, Јегуновце, ...
Така е тоа кога имате договор за Стратешки дијалог и кога дијалогот понекогаш, ако така налагаат околностите, треба да се прифати и како бесплатна лекција по реална и прагматична политика, колку и да се непријатни пораките во тие лекции. Или – дијалог. Се разбира дека „не е соодветно да коментираат изјави на нашиот стратешки партнер со кој државата гради соработка веќе изминатите три децении“, како што велат од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, ...
Овие мистични надгробни споменици ги има низ цела Босна и Херцеговина, а ние посетивме два локалитета во Херцеговина. Првиот локалитет е во местото Посушје, каде се наоѓаат највисоките вакви споменици, а вториот во Дуго Поле во природниот парк Блидиње, каде на едно место се наоѓаат 150 стеќци. Природните феномени и историските локалитети во западниот дел на Херцеговина, областа околу Љубушки, Посушје, Мостар и природниот резерват Блидиње ...
Виена се смета за еден од најубавите градови во светот за посета, но и за непобедливо најдобро место за живеење. Австрискиот главен град е прогласен за најдобар град за живеење во светот трет пат по ред на годишното рангирање на „Economist Intelligence Unit“ (EIU), пренесува „CNN“. „EIU“, сестринска организација на „The Economist“, рангира 173 градови низ светот според бројни значајни фактори како што се здравјето, културата и животната ...
Американскиот претседател се состана со семејството во Кемп Дејвид по катастрофалната дебата минатата недела Семејството на Џо Бајден го повика да остане во трката по катастрофалниот дебатен настап минатата недела, според извештаите во американските медиуми, додека високи демократи и донатори изразија огорченост од тоа како неговиот персонал го подготвил за настанот. Претседателот се собра со своето семејство во Кемп Дејвид во неделата, каде ...
Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја коментираше изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, која рече дека нема репреговарање на Договорите од Преспа и со Бугарија за влез во ЕУ. „Договорот од Преспа ние кажавме уште пред многу години дека е реалност, и дека е дел од уставниот и правниот поредок на Република Македонија и не треба да се има дилема, а што се однесува до уставните измени, кои се дел од францускиот предлог кој е ...
Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности. Град Скопје е добитник на награда од 50.000 долари за иницијативи предводени од младите за рециклирање или намалување на отпадот, од ...
Откако излезните анкети покажаа дека екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Лепен постигна историска победа во првиот круг од парламентарните избори, Ројтерс ги презентира можните сценарија за вториот круг од изборите во Франција, на 7 јули. Како функционира тоа? Изборите за 577 пратенички места во Националното собрание на Франција се одвиваат во два круга. Право на глас имаат 49 милиони гласачи. Во изборните единици каде ...
Како што информира постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Балинт Одор на прес-конференција во Брисел на која ја презентираше унгарската програма за претседавањето со блокот, Будимпешта има седум приоритети. Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритет на претседавањето на Унгарија со Европската Унија ...
Личните интереси настрана и одлуки што ќе бидат за општото добро на сите – членовите, граѓаните и државата. Ова го вети д-р Венко Филипче кој синоќа беше избран за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори. „Многумина сакаат да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваат дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а они кои се надеваат на лоша иднина на партијата, ...
Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија ...
Во Македонија се вози брзо, без дозвола, на црвено и под дејство на алкохол. Овие прекршоци се помеѓу најчестите фактори за незгодите со тешки последици. Анализата на МИА покажува дека возачите често не носат појас, паркираат на недозволено место и користат мобилен телефон додека управуваат со возилото. Ова ја отсликува сообраќајната култура кај нас која надлежните ја оценуваат како ниска. МИА го анализираше вкупниот број на дел од ...
Зголемениот временски период на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи -Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната ...
Заврши чистењето на четвртиот лот од малата депонија со линдан во ОХИС. Во периодот од март до јуни ископани се 450 тони на HCH отпад и 250 тони земја контаминирана со линдан. Целата количина е спакувана во специјализирани буриња во кои ќе се транспортира на конечно уништување. Од Министерството за животна средина информираат дека 240 тони линдан ископани од четвртиот лот се веќе извезени, додека остатокот ќе биде извезен до крајот на ...
Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто. Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your ...
„Имаше полицајци на фестивалот Мери Џејн во Берлин, обезбедување на влез и излез. Самиот организатор на фестивалот ги охрабруваше посетителите да си ги донесат своите бонгови од дома, се пушеше насекаде во таа затворена зона. Консумацијата на канабис во јавни простори во државите каде што е легализирано не е дозволена, нема да те уапсат само ќе те прекорат. Обично тоа се прави во приватни простори, во домот или некаде со друштво каде што си ...
Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проектирање нова општинска зграда. Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор. Идејното решение, покрај задолжителните критериуми за ...
Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашуваме граѓаните, што мислат, дали се ближи ли крајот на светот? Мислењата се навистина поделени, како и во однос на прашањето: Дали ни се заканува Армакедон од трета светска војна или е веќе почната? „Крајот на светот се ближи некако често последниве години, никако да дојде“; „Армакедон веќе живееме, културолошки Армакедон“; „Против матриксот се бориме ние“, велат граѓаните. И на прашањето „Што е ...
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за прекршување на Преспанскиот договор од страна на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. Мицотакис рече дека двајцата во пракса го игнорираат договорот и избираат да користат друго име, а не уставното за внатрешна употреба. Тој се закани дека ако Скопје продолжи со тоа, ќе го направи исклучително ...
Светското првенство во јадење коприва се одржува секоја година во Англија, a oваа година учествуваа околу 30 луѓе од различни делови на светот, меѓу кои Велика Британија, Холандија и Соединетите Американски Држави, пишува „Пункуфер“. На Светското првенство во оваа необична дисциплина, кое се одржа минатиот викенд на фармата за јаболковина во Вејтон во близина на англискиот град Бридпорт, беше поставен нов рекорд во јадење на сирова коприва. ...
Вчера во познатото грчко туристичко место Неа Флогита, било пронајдено изгубено тригодишно девојче од Србија, по кое претходно беше упатено апел дека е само и дека не може да ги најде своите родители. Девојчето било пронајдено од македонски државјанин, како што пренесуваат српските медиуми. На објава на Фејсбук групата „Grcka info“ биле оставени преку илјада коментари, а со помош на споделување и на мрежите и на медиумите, биле пронајдени ...
Силното невреме кое вчера попладне ја зафати скопската котлина, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во ЦУК, утрово во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Се наведува дека дрвото паднало поради силниот ветер и обилните ...
Самитот на Европскиот совет заврши во Брисел, каде лидерите на ЕУ ја предложија актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за кандидат за нов мандат на чело на ЕК, естонската премиерка Каја Калас за кандидат за Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, а поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет. Именувањето на Фон дер Лајен и Калас на функцијата ...
Гугл, наводно, создава нови чет-ботови со вештачка интелигенција базирани на познати личности и влијателни лица. Оваа идеја не е ништо револуционерно, бидејќи стартапите како Character.ai и компаниите како Мета веќе имаат слични производи. Познатите чат-ботови на Google ќе се напојуваат од семејството на јазични модели Gemini на компанијата. Google веќе се обидува да формира партнерства со влијателни и познати личности, а исто така работи и ...
На Олимписките игри во Париз, коишто ќе се одржат од 26 јули до 11 август, ќе учествуваат повеќе од 15.000 спортисти од 206 земји. Тоа, земајќи ги предвид и целокупните национални тимови, е огромен готвачки предизвик, а организаторите најавија дека 80 отсто од сите јадења ќе бидат направени од намирници и состојки што виреат токму на тоа подрачје. Покрај тоа, нешто повеќе од 60 отсто од храната ќе биде без месо, а 33 отсто се предвидува да ...
Многу луѓе имаат проблеми со болки во долниот дел на грбот. Иако повеќето ќе изберат да се одморат и да избегнуваат ненадејни движења за да избегнат болка, неодамнешното истражување покажа дека физичкото движење, особено одењето, може да помогне со овој проблем. Како што известува Psychology Today, сè повеќе истражувања покажуваат дека останувањето физички активни и избегнувањето на седентарен начин на живот ја намалува фреквенцијата на ...
Минатата година беше година за соларна енергија, бидејќи глобално беа додадени 447 GW нови соларни електрани – речиси двојно повеќе од 239 GW додадени во 2022 година, соопшти здружението SolarPower Europe. Вкупниот соларен капацитет во светот достигна 1,6 TW во 2023 година, а SolarPower Europe предвидува дека светот ќе достигне два теравати соларна енергија до крајот на оваа година. Соларната енергија развива најбрзо од сите обновливи извори ...
Деновиве низ медиумите кружи добра вест дека повторно заживува идејата за воспоставвување на градски железнички превоз во Скопје. Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“- Скопје ја поздравува оваа идеја, бидејќи железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени. Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и ...
Вчерашното отворање на изложбата на фотографии од настапи на гитарскиот маестро Влатко Стефановски во „Мала станица“ беше вистинско културно случување. На јубилејното 10-то издание на фестивалот „Скопје синема сити“, кој веќе една деценија негува музички документарни филмови и посветено работи на одржување на урбаната сцена во градот, се претставија фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и ...
Тромбозата е опасна состојба која се јавува кога крвните садови се блокирани од згрутчување на крвта. Тогаш постои опасност згрутчувањето на крвта да се откине и да го блокира протокот на крв до виталните органи. Сепак, постои навика која помага да се спречи формирање на згрутчување на крвта. Според кардиологот Дарина Курбанова, важно е да пиете најмалку литар и половина вода дневно и да се движите. „На секои 40 до 50 минути правете кратки ...