Верниците од исламска вероисповед го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на овој период, верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна, пијалаци и лоши мисли, со цел духовно и физичко прочистување. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и секоја година неговиот почеток се поместува за 10 или 11 дена наназад во однос на грегоријанскиот календар. Постот е верска обврска за сите ...

Високиот шеќер во крвта може да биде тивок проблем, кој долго време останува незабележан. Особено кај луѓето со преддијабетес или рани фази на дијабетес тип 2, симптомите може да бидат суптилни или да се препишат на секојдневниот замор и стрес. Сепак, телото испраќа сигнали кои не треба да се игнорираат. Постојана жед и често уринирање Чувството на ненаситна жед е еден од првите знаци дека нивото на шеќер во крвта е зголемено. Бубрезите се ...

Секој 1 март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Се изработуваат од бел и црвен конец, а традиционално и се подаруваат. Според традицијата, на првиот ден од март, најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Според верувањата на тиквешани, мартинките се носат до 22 март, а потоа ...

Меѓу гостиварци од утрово се шири вознемиреност предизвикана од објави на Инстаграм со вулгарни и недолични содржини заедно со фотографии на девојки од Гостивар. Јавноста е згрозена од она што во текот на денот се објавуваше од профил под име „gv_trach“, каде под неовластено преземени фотографии од девојки беа испишани крајно навредливи, сексистички и вознемирувачки зборови. Во име на етичко и одговорно новинарство Gostvarpress.mk нема да ги ...

Вредноста на биткоинот падна за повеќе од 25% во однос на јануарските рекордни вредности, откако најавите на Доналд Трамп за воведување царини и можноста од трговски војни ги наведе инвеститорите да масовно распродаваат дигитална имовина. Според информациите од Њујоршки Блумберг, биткоинот и етериумот денес изгубија по седум отсто од својата вредност. Рекордните вредности на биткоинот беа забележани на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп ...

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во јадењето има и јаткасти плодови. Написот е објавен во списанието „Фуд енд фанкшн“ (Food & Function). Познато е дека исхраната игра значајна улога во целокупното здравје на мозокот, па некои научни истражувања и досега посочуваа дека јаткастите плодови, како што се оревите, можат да бидат корисни за когнитивната ...

На пригодна манифестација, со доделување на јубилејни плакети, потсетување на историјатот и презентација на активности, денес во Гостивар беа одбележани 80 години од основањето на Црвениот Крст на Македонија. На настанот под мотото „Ние гледаме луѓе“ присуствуваа членови и волонтери на организацијата на државно и на локално ниво, соработници, поддржувачи, претставници на институции, здруженија и слично. „Идејата е да се сретнеме со нашата ...

СВР Тетово информира дека вчера (27.02.2025) во 18.30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(45) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна ќерка дека, поради претходни семејни недоразбирања, со остар предмет се заканувал на неа, нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, кој притоа се повредил во обид да му го одземе предметот. Лицето било задржано во полициска ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица до 31.05.2025 поради изведба на ...

Бигорското светилиште, во предвечерието на почетокот на велигденските пости традиционално одржува вечерна богослужба. Така, и оваа година ги повикува верниците да земат учество во споменатава богослужба, која ќе започне во недела (2 март) со почеток во 17:00 часот. Службата завршува со Великопосната молитва на Свети Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното големо простување на верниците и монасите. Затоа, стои ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 12 степени. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во ...

Во стабилен и среќен брак, партнерите меѓусебно се поддржуваат и градат врска заснована на доверба, искреност и одговорност. Истражувањата покажуваат дека емоционалната сигурност и отворената комуникација се клучни за долготрајна врска, пишува порталот „Јортанго“ (YourTango). Грижливиот сопруг не само што ја изразува љубовта со зборови, туку и со постапки коишто покажуваат дека тој се грижи за благосостојбата на својата сопруга. Така, според ...

Бројот на живородени деца во Македонија во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4,2 проценти и изнесува 3 968 живородени деца. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на умрени лица во четвртиот квартал минатата година бележи намалување од еден процент во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња. Природниот ...

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираше дека вчера (26.02.2025 година) во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК е добиена пријава од чешки планинар – скијач дека еден негов колега – исто така чешки планинар е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош. „По примањето на информацијата дека треба да се извлекува и спасува повреден планинар, на крајот од денот, ...

Природните лекови можат да бидат корисни за намалување на видливоста на лузните. Добро е да се започне со лекување што е можно поскоро, додека се уште се свежи, за да се овозможи побрзо и естетски попријатно заздравување. На пример, лузните по операцијата може да се намачкаат со маст од невен за овој ефект. Треба да се има на ум дека не треба да се очекуваат чуда, дека успехот не е загарантиран и дека лузните најверојатно никогаш нема да ...

Утре (28-ми февруари) со почеток во 11 часот во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар ќе се одржи хуманитарен концерт за помош во лекувањето на гостиварецот Ивица Срезоски. Програмата ќе биде исполнета со учесници од детскиот фестивал Си-До, Амра Точи учесничка на фестивалот Ѕвездички и фолклорна група, како и настап на ученици од основните училишта „Мустафа К. Ататурк“ и „Гоце Делчев“. Билетите чинат 100 денари, а отворени се и телефонски ...

Од 17 до 23 месецов се пријавени 3 035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела, информираат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новозаболените, 1 697 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 712 на возраст од пет до 14 години, а 375 се деца на возраст до четири години. Над 65 години се 251 лице. Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, ...

Советот на Општина Гостивар на денешната седница донесе неколку одлуки од различни области. Дневниот ред на февруарското состанување на советот беше краток и точките беа усвоени без дебати и дискусии. Советниците изгласаа одлука за долгорочно домашно задолжување на општината во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Како што појасни секретарот на Општина Гостивар, Зоран Крајоски се работи за рутинска постапка која се бара ...

Марс денес е студена и сува планета, но ново истражување сугерира дека некогаш можел да има океани и песочни брегови, слични на оние на Земјата. Според научниците, податоците од кинескиот ровер „Журонг“ откриле можни докази за постоење на древни крајбрежја на Марс. Роверот, кој слета во 2021 година во регионот Utopia Planitia, е опремен со радарски системи што овозможуваат подземно скенирање. Истражувачите идентификувале слоевити структури ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и 60 милијарди долари помош од САД ширум светот. Администрацијата, исто така, ги објави резултатите од прегледот на секоја програма на УСАИД, што беше наредено од Трамп и Стејт департментот. Како што се наведува, оваа одлука е поттикната од судски налог со ...

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител. Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза ...

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта, извести утрово МВР. „Пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот ...

Исплатата на МојДДВ за последниот квартал од минатата година е во тек и до денес исплатени се средства на 464.463 лица, во вкупен износ од 814.738.619 денари. Во тек е обработката на последните 31.988 корисници и за истите исплатата ќе се реализира во текот на наредните денови, информира Управата за јавни приходи. „Во системот на УЈП има 5.157 кориснички профили кои немаат точни податоци или не ги ажурирале податоците, со цел да може да им се ...

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица. Претседателот Борис Трајковски загина на ...

Кога се избира мудро, грицките може да бидат одличен начин за одржување на енергијата во текот на денот, а исто така може да биде одлична поддршка за целокупното здравје. Под ова, нутриционистите и диететичарите подразбираат хранлива храна која обезбедува рамнотежа помеѓу сложените јаглени хидрати, немасните протеини, здравите масти и влакната. Споменатите елементи ја одржуваат енергијата и прават да се чувствувате сити, спречувајќи ве да ...

Претседателката на Здружението на приватни лекари во државава, Лилија Чолакова Дервишова попладнево за МИА изјави дека матичните доктори бараат да се најде друго решение за верификација на телефонски број, новина воведена од страна на „Мој термин“. – Утрово имаше новина воведена од страна на „Мој термин“. На секој пациент како ќе влезе, мораше да им ги ажурираме телефонските броеви, да им пуштаме порака, па да се добие верификационен код, па ...

СВР Тетово информира дека вчера (25.02.2025) во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 47 годишниот Ш.Ј. и 55 годишниот Ф.Т. од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од гостиварско, дека против нејзина волја од 24.02.2025 до пријавувањето ја држеле нејзината 21 – годишна ќерка во стан во близина во Гостивар. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им ...

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска објави имиња на поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Од Антикорупција соопштија дека во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените ...

Добрата соработката меѓу полицијата, одговорните за образование, училишните управи и родителите е важна алка во градењето безбедна средина во училиштата. Ова беше речено на денешната средба на институциите што се одржа во Гостивар, на која се дискутираше за безбедноста во образовните установи на подрачјето, од различни аспекти. „Одржуваме средба со претставниците на ОВР Гостивар врзана за безбедноста во училиштата. Знаете дека изминатиот ...

Царинската управа информира дека е откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот бил откриен на граничниот премин Деве Баир. При тоа биле запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
44%
1027
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
41%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
39%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
7.2
45%
1030
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.45
50%
1030
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
43%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
60%
1026
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
47%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
44%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
53%
1032
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
11.32
64%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Бакар

11.57

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Рутениум

47358.05

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Цинк

3.24

Платина

68931.20

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Злато

164352.04

Паладиум

52052.06