На 1 декември во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба „Демократии / Реализам“ на реномираниот полски уметник Артур Жмијевски, еден од најзначајните европски уметници од неговата генерација. Изложбата ја организира Музејот на современата уметност – Скопје во соработка со уметникот и Галеријата и фондација „Фоксал“ од Варшава. На изложбата ќе бидат ...

Фото: МОН Денеска и утре за првпат во Република Северна Македонија се одржува Дигитален Саем за средно стручно образование, на кој ќе се обрати министерката за образование и наука Мила Царовска. Околу 19.000 деветто одделенци се очекува да бидат дел од овој уникатен настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната ...

Новак Ѓоковиќ веројатно нема да игра на Австралија опен доколку не се релаксираат правилата за вакцинација против Ковид-19, вели неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ. На невакцинираните играчи нема да им биде дозволено да се натпреваруваат на настанот во 2022 година, а бранителот на титулата Ѓоковиќ (34) одби да го открие својот статус. „Под овие уцени и услови, тој веројатно нема да “, изјавил неговиот татко за српска телевизија со ...

Photo by Piron Guillaume on Unsplash Искреноста, едноставноста, спонтаноста…онаа обичната, неизнудена, ненаметната, најчистата- ете тоа изгледа ни недостасува на сите нас! Затоа со брзина на светлината не освои малиот Петар, со неговите одговори за пешачењето, јадењето, извидништвото, природата, грашокот и бурекот… Толку ли долго сме во светот на неискреноста, па искреноста ни е нешто чудно? Нејсе, Петар на сите ни ги разнежни ...

Продолжуваме со серијалот на текстови кои ќе го доближат дијалектот на Македонија до вас. Овој серијал го нарекуваме „Гоцевите маабети“ и тука ќе можете да прочитате теми кои се многу локални и работени на дијалект на местото од каде доаѓа. Се надеваме дека ви е забавно. Уживајте во текстот за Кратово на кратовски. ‘Кд ке ве фате мука и ‘кд ќе ви дојде преко глава како на мене овија д’нови, од обврски и стресови ...

И благодариме на Фиданка Трајкова за споделениот текст кој ќе оди во серијалот да ја спознаеме Македонија преку негувањето на дијалектите. Денес сме во Струмица…. Ми се јавува Лејди Ди да напишам нешто на струмички. Ајде да напишам ама за шо да пишам. Струмички прикаски ного, може „од Морава до Дунава“ да се размаабетисам – за пузнатио струмички ноќен живот, ама нешто и он умре од таа пуста курона или за пузнати ...

Продолжуваме со серијалот текстови на дијалект. Овојпат повторно ве носиме во Кратово. Уживајте. Онј пут ‘кд ви раскажува за Кратово и за неговите богатства, спомиња и камени кукли, ама реко ви дек друг пут ќе ви кажују за нима. Тој ти е феномен од природа. Научници кажујат дек настанале од верикална ерозија и дек е природна уметнос јоште од пред пеес иљади години, ама стари кратовчани не викат такој. Прочитајте и: Една кратовска ...

Денеска коа оди на работа имаше така повише време додека да стигнам па имаше и повише време да размислувам. А тија сабајлечките мисли ми се некогаш ногу јаки, замислам си како ги запишам и после забраам. Среќа шо не сум ги запишувала до сеа книга ќе напишеше. Мош немало никој да прочита ама ќе ми стое на полицата – книгата е богатство. И возам си и си ги мотам мислите шо требаше да напраам денеска, у позадината радиото ми пее. Вожњата ...

Една од најпопуларните теми поврзана со ковид пандемијата во овој период е менталното здравје како нус појава на сите случувања. Но, иако темата е актуелна и има доста разговори околу истата, практични решенија не се понудени. Едно од малкуте решенија кое го адресира овој проблем е апликацијата Разговор.мк. Се работи за мобилна апликација преку која луѓето може да најдат соодветен лицениран психолог и да започнат процес на советување по ...

Буду се рано на сабајле, отварам едно око док с’с друго прежмивам. Слушам га комшију Столета куде се дере по жену “Миро до куде е тај салата и кажи ми ракија олади ли се, не можу више да чекам.” А Мира од шпајз се дере “Чекај Столе туршију ваду, што си се раздраја рано на сабајле, комшие те слушав, треба ли после да не оговарав?Ќе мислив расправљамо се, муабети ќе ни извадив.” А ја јадна не знам куде сам, ...

Од ко напрајвме анкета за неделата на стресо ни текна дека најмногу стрес прај факултето. “Факултето и испитите ми прат поќе стрес” “ Се осеќам под стрес оти колоквиумите идат” “Напнатост ми прај факултето и работата” Прочитајте ја цела анкета тука: https://goce.mk/kako-da-prezhiveete-so-stres/ За време на колоквиумите не спасват само стилото и чакмакот за цигари. Поќе зијан гледаме од немукает отколку од ...

Подгответе се за возилата на иднината кои ќе изгледаат далеку пософистицирани од филмовите на Марвел. Еве Apple за четири години планираат да го претстават новиот автомобил Apple Car. Со развој на автомобилот било започнато уште од 2014 година, а со текот на времето, плановите се менувале. Подоцна, се фокусирале на развој на софтверот за автономно возење што би го лиценцирале кај производителите на возила. Последните гласини велат дека Тим ...

Дали сте параноични во врска со вашите лозинки? Дали ја криете лозинката од вашиот/ата дечко/девојка.. другар/ка? Криете ли нешто на вашиот меил или на вашиот паметен телефон? Додека се преиспитувате во себе дали криете, ајде да бидеме искрени – сите имаме интимни работи кои не би сакале со никого да ги споделиме. Затоа и смислуваме полесни или потешки лозинки со кои ќе ги заштитиме нашите лични и интимни податоци или нашите средства во ...

Со освојувањето на Големата награда на 63. издание на фестивалот на документарен и краток филм „Зинеби“ во Билбао, Шпанија, македонскиот филм “Северен пол” се квалификува и влезе во конкуренција за номинација за “Оскар ” наградите и доби номинација за Европски награди (EFA). Номинациите за “Оскар” од американската Академија за филмска уметност и наука ќе бидат објавени на 8 февруари 2022, а ...

Универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“ , на чело со порталот за млади www.goce.mk ќе учествуваат на глобален медиумски форум насловен Brave New Media. На форумот ќе учествуваат 75 говорници од 26 држави на различни теми. Секцијата под која ќе учествуваат медиумите на УГД се нарекува Медиа селфи и таму учествуваат 15 медиуми, доминантно од Западен Балкан, но и други држави од целиот свет. Brave New Media е форум ...

25 ноември е Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. Според статистиката, скоро 1 од 3 жени биле малтретирани во текот на животот. Во Македонија за период од јануари до јуни 2020г., Министеството за внатрешни работи регистрирало 81 пријавени случаи за семејно насилство, од кои 6 завршиле со смрт. Во време на кризи, бројките се зголемуваат, особено за време на пандемијата COVID-19 , конфликти и климатски катастрофи. Новиот ...

Black Friday е олицетворение на огромните попусти кои ги има насекаде низ светот, но не почнал така. Денеска понудите за Black Friday траат речиси цела недела каде што трговците ги намалуваат своите производи во продавниците од 10% до 75%, па купувачите може да го купат она што го посакуваат по многу пониска цена од реалната, но за да го направат тоа треба да станат рано и да чекаат да отвори продавницита, бидејќи она што е на попуст брзо го ...

Деновиве низ светот пустоши новиот сој на корона вирусот „омикрон“ кој што има многу голем број мутации и носи ризик од брзо ширење на болеста, а прв пат се појавил во Јужна Африка. Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренел својата загриженост во врска со новиот сој на корона вирус за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана ...

Фото: Fox 13 Целиот свет е загрижен за новиот сој коронавирус омикрон. Од разните варијанти на Ковид – 19, бета беше прво откриена во Јужна Африка, но со време и разни мутации бета се замени делта варијантата. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее. Варијантата омикрон првпат e откриена исто така во ЈАР – Јужноафриканската Република, а потоа е идентификувана и во и во Европа ...

Популарните спортски канали на кои „зависниците“ од најквалитетниот светски спорт ги следат телевизиските преноси до крајот на годината ќе треба да се емитуваат со коментар на македонски и на албански јазик. Ова засега е само препорака од Владата на РСМ, па останува прашање дали радиодифузерите кои ги реемитуваат овие канали ќе ја почитуваат, или пак во догледно време ќе уследи и обврска за почитување на ова правило, кое е во ...

Денеска наша гостинка е Александра Терзиски од Гевгелија, претседател на фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица и вљубеничка во фудбалот од мали нозе. Александра има 26 години и е носител на УЕФА А тренерска лиценца. Исто така, е дел од Сениорскиот тим на репрезентацијата на Македонија и тренер во У15 селекцијата. „Љубовта за фудбалот е присутна во мојот живот уште од најмлада возраст. Главни виновници се мојот татко и мојот поголем ...

Насмеани лица, спортски дух и неуморност го карактеризираше овој 7 Ноември во Гевгелија благодарение на Атлетскиот Клуб „7 Ноември“ кои го формираа настанот November run. November run е трка на која учествуваа над 650 учесници од целата наша држава кои трчаа на 5 или 10километри, сами и со своите миленици. Настанот беше поддржан од многу спонзори, а амбиентот беше музички придружуван што им даваше дополнителна мотивација на сите ...

Фото: ffm.mk Шок терапија ни приредува фудбалската репрезентација на Македонија, не води до ѕвездите но и до дното и назад во квалификациите за Светското фудбалско првенство. Откако направи сензација со победата против Германија, следуваше разочарувачкиот циклус од три нерешени средби со Ерменија и Романија во Скопје и пропуштената победа со Исланд во Рејкјавик, по што уследи очекуваната одмазда од панцирите и на хартија веќе загубенаат битка ...

Во Обединетите Арапски Емирати во Дубаи од вторник до недела ќе се одржи 25-то Светско првенство во карате. Најавено е учество на 1054 натпреварувачи од 117 земји, а официјалната бројка на учесници ќе биде позната по денешните задолжителни тестирања на коронавирус. Емил Павлов Од нашата селекција во борби и кати ќе има 12 претставници. Тиe веќе се пристигнати во Дубаи. Жарко Арсовски Натпреварувачкиот дел започнува во вторник, а македонскиот ...

Великаните Италија и Португалија, силните Русија и Шведска, или незгодните Шкотска и Велс? Кој ќе биде првиот противник на фудбалската репрезентација на Македонија во најтешкиот бараж досега за настап на Светско првенство? Исходот од квалификациите направи во бараж да се најдат двата последни европски шампиони – Италија од 2020, Португалија од 2016, што само по себе говори за квалитетот на бараж противниците и за тешкиот пат до Катар ...

Фото: FC Barcelona Сонот на секој вљубеник во фудбалот е во живо да проследи голем фудбалски натпревар на некој од големите и легендарни фудбалски стадиони во Европа – Камп Ноу, Алианц арена, Сантјаго Бернабе, Стемфорд Бриџ…. И секако, тоа задоволство чини навистина многу за наши услови, понекогаш под предуслов да можете да дојдете воопшто до можноста да дојдете до билет за позначајните натпревари, и тоа со месеци однапред. Дека ...

Немилосрден беше жребот за бараж дуелите за настап на Светското фудбалско првенство во Катар идната година – репрезентативците на Македонија во првиот, полуфинален бараж дуел ќе се сретнат со Италија на гости, а ако направат сензација и и го елиминираат актуелниот европски првак, ќе треба да играат со победникот од дуелот Португалија – Турција. Тоа значи дека Македонија се најде во групата со двата последни европски фудбалски ...

Пари Сен Жермен играше во најсилниот состав, но се намачи на гостувањето кај Сент Етјен, иако победи со 3:1. На голот на Светците беше Донарума, а во одбраната главни беа Маркињос и Рамос кој конечно дебитираше за новиот тим. Ова воедно беше прв натпревар за Серхио Рамос откако летово пристигна во ПСЖ. Поранешниот капитен на Реал Мадрид конечно се опорави од повредата и ги одигра сите 90. минути. Во офанзивниот дел беа Ди Марија, Меси, ...

За да се стави крај на оваа пандемија, голем дел од светот треба да биде имун на вирусот. Нај безбедниот начин да се постигне ова е со вакцина. Вакцините се технологија на која човештвото често се потпираше во минатото за да го намали бројот на смртни случаи од заразни болести. За помалку од 12 месеци по почетокот на пандемијата COVID-19, неколку истражувачки тимови се соочија со предизвикот и развија вакцини кои штитат од САРС-КоВ-2, вирусот ...

Министерството за здравство на Русија издаде дозвола на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ да спроведе клинички испитувања на антивирусни лекови против ковид-19 во Русија. Станува збор за лекот (Paxlovid) кој претставува инхибитор на ензимот протеаза плус ритонавир. Лекот ќе биде разработен од американската компанија и ќе служи за превенција од коронавирус и за директен третман на пациенти со висок или среден ризик од ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
44%
1027
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
41%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
39%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
7.2
45%
1030
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.45
50%
1030
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
43%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
60%
1026
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
47%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
44%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
53%
1032
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
11.32
64%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Рутениум

47358.05

Злато

164352.04

Калај

50.61

Платина

68931.20

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Паладиум

52052.06

Бакар

11.57

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22