Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Ретки се уметниците кои успеваат да изградат автентичен ракопис што му пркоси на времето. Силвија Михајловска, жената која стои зад еден од најпрепознатливите македонски модни брендови – „Алшар“ (Alshar), веќе две децении докажува дека модата е начин на живеење. Нејзината приказна не започнува со деловни планови, туку со детски фасцинации од модни каталози од седумдесетите и соништа преточени во цртежи. Денес, Силвија е синоним за дизајнер ...
Почина жената од Неготино која стана инспирација за една од најпознатите југословенски љубовни песни. Веста вчера ја потресе локалната заедница, но и ја отвори повторно приказната што со децении се прераскажуваше како музичка легенда, а малкумина знаеја дека зад големиот хит стои девојка од Македонија. Станува збор за Милена од Неготино, жената по која е напишана безвременската песна „Моја Милена“, еден од најпрепознатливите хитови на ...
По 50 дена интензивна медицинска грижа, бебе родено во 29. гестациска недела со тешка срцева мана денес се испишува дома во одлична општа состојба. Новороденчето било родено во Скопје со родилна тежина од 1.100 грама и веднаш по раѓањето било префрлено на оддел за детска кардиохирургија поради сериозна здравствена состојба. Лекувањето и оперативниот зафат ги предводел детскиот кардиохирург д-р Владимир Чадиковски, кој со својот тим со денови ...
Две тешки сообраќајни несреќи со смртни последици се случија во изминатите 24 часа на различни патни правци во државата. Првата несреќа се случила вчера попладне на локален пат кај селото Русјаци, во општина Македонски Брод. Во несреќата животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево. Автомобил марка „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг, излетал од коловозот и се превртел. Жената починала на самото место од ...
Во домот, чистотата не е само обврска – таа е чувство на ред, свежина и грижа. Токму затоа издвојуваме производи за чистење од марката Denkmit кои го прават секојдневниот ритам полесен, поедноставен и се достапни во dm продавниците по секогаш поволни цени. Кога миењето садови станува пријатен ритуал, тогаш знаете дека сте го избрале вистинскиот производ. Denkmit балсамот за миење садови со алое вера (500 мл), по цена од 75 денари, комбинира ...
Годинашното одбележување на Богојавление – Водици, ќе остане запаметено не само по традицијата и духовното значење, туку и по моментите кога храброста и пожртвуваноста дојдоа до израз. За време на фрлањето на светиот крст, силното струење и ниската температура на водата ги ставија учесниците во сериозна опасност. Неколкумина капачи се најдоа во животна закана, а секунди решаваа дали ќе излезат невредни или ќе се случи трагедија. Во тие клучни ...
Реномираниот стоматолошки центар „Д-р Баткоски“ стана првиот имплант тренинг центар во Европа за доктори од Виетнам и Израел, лиценциран од израелска компанија „Ditron Dental“. Како еден од светските лидери во имплантологијата, оваа биомедицинска компанија е фокусирана на истражување, развој и производство на врвни компоненти за дентална реставрација. Главен застапник на „Ditron Dental“ на македонскиот пазар е токму стоматолошкиот центар од ...
Маја Оџаклиевска едно време живееше само со околу 17.000 денари месечно, и тоа заедно со нејзиниот внук кој има аутизам… Маја веќе неколку години живее далеку од градската бучава и метежот, на село во близина на Велика Плана, каде се пресели од Белград. Оџаклиевска овој чекор го направи со желба да му помогне на својот внук Лука на кого своевремено му беше дијагностициран аутизам, па заедно со него пејачката се пресели на ова мирно место. ...
Овој ден беше посебно тажен за целото семејство Поминаа 10 месеци од страшната несреќа што се случи во Кочани, а во која згаснаа многу млади животи. Еден од нив беше и младиот тапанар до Струмица, Ѓорги Горгиев, па на овој ден неговиот татко сподели тажна објава. Фејсбик/ Драги Горгиев „10 месеци без тебе ангелче наше, болка и тага засекогаш во нашите срца“, напиша скршен таткото Драги од болка. Кој беше Ѓорѓи Горгиев Ѓорги Горгиев во ...
Неговата љубов нема никогаш да ја заборави… Оваа година ќе поминат точно десет години откако почина Марјан Јовановиќ, сопругот на Сузана Турунџиева. Нашата позната водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева од бракот со Марјан ја има ќерката Матеа. Фејсбук/ Сузана Турунџиева Нејзиниот сопруг почина на 28 јули 2016 година, а по неговата смрт, Сузана утеха пронајде во пишувањето. Таа еден ден откако тој почина ја започна книгата што му ...
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, по втор пат стана татко. Радосната вест ја сподели со јавноста преку социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни честитки и убави желби. Во својата објава, Јорданов со голема благодарност и вера ја соопшти среќната новина. -По втор пат станав татко, се роди мојата втора ќерка – Иконија. Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка болница Штип. Слава Тебе Господи“, напиша тој на Фејсбук. Со ...
trend !t up Volumizing кармините во nude нијанси се одличен избор за сите кои сакаат негувани, хидрирани и визуелно пополни усни, без компромис со квалитетот и цената. Благодарение на кремастата текстура, кармините лесно се нанесуваат и овозможува рамномерно покривање, а со богатата пигментација ја истакнуваат природната боја на усните. Формулата е збогатена со 1% Volulip, кој придонесува за визуелно пополнет изглед на усните, како и со ...
Емотивна порака за својата баба, легендарната уметница Сенка Велетанлиќ, сподели нејзината внука Марта Хаџиманов, откако вчера во Белград почина познатата пејачка и актерка, на 90-годишна возраст. Веста за смртта на Сенка Велетанлиќ ја соопшти нејзиниот син, реномираниот џез-музичар Васил Хаџиманов, кој на социјалните мрежи се прости од мајка си со зборови полни љубов и достоинство. Тој напиша дека таа заминала тивко, во сон, по тешка болест, ...
Македонската водителка Лила Филиповска сподели длабоко емотивна исповед за здравствената состојба на својата мајка и по повод нејзиниот 81. роденден објави ретка семејна фотографија, со која ја разнежни јавноста. Во објава на социјалните мрежи, Филиповска откри дека Водици за нивното семејство има посебно значење, затоа што токму на овој голем празник е родена нивната мајка. Таа ја опиша како жена пред чие име, како што напиша, „треба да се ...
Фановите на македонската фолк сцена имаат повод за голема радост! Младиот и талентиран Александар Темелков ги покани сите љубители на народната музика на посебен настап за празникот Св. Атанасиј. Темелков ги повика сите православни верници на заендичко и незаборавно дружење, па на неговиот Фејсбук профил ја претстави и атрактивната програма за 31 јануари. -Драги мои фанови, на 31 Јануари се гледаме во село Конопиште, Манастир Св. Атанасиј од ...
Годинашното одбележување на Богојавление – Водици во водите на реката Вардар ќе остане запаметено не само по вековната традиција и духовното значење, туку и по исклучителната храброст и пожртвуваност на спасувачите кои во клучни моменти спречија трагедија. За време на фрлањето на светиот крст, поради силното струење, ниската температура на водата и физичката исцрпеност, дел од капачите се најдоа во сериозни тешкотии. Во тие мигови, кога ...
Наместо да брка минливи дигитални трендови, Елена Мирческа избра да гради кариера врз цврсти столбови: едукација, долгогодишно искуство и вистински трансформации. Со над 13 години искуство на фитнес инструкторка, 8 години работа како нутриционистка, и со образование стекнато во Стокхолм, таа е претставник на новата генерација успешни жени кои својот авторитет го темелат на факти, а не на бројот на следбеници. Елена одбива да го прифати ...
Само еден ден по смртта на легендарната Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов, на 80 години почина уште една многу популарна пејачка на забавни мелодии. Пејачката Благица Бети Ѓорѓевиќ почина на 80-годишна возраст. Таа зад себе остави богата музичка кариера и бројни хитови, меѓу кои најпозната е песната „Почнимо љубав испочетка“, која ја одбележа нејзината кариера и ја направи препознатлива на сцената на поранешна Југославија. Бети Ѓорѓевиќ е родена во ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст , која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Богојавление Водици. 16 годишниот Христијан Бошевски кој е ученик во Спортската академија раскажа за своето прекрасно искуство од учеството во фаќањето на Светиот крст. Коњановски, посакувајќи му многу здравје, ...
Преслатки снимки… Македонската пејачка и гајдаџика, Елена Јовческа, гордо покажа како се шета и ужива со своето бебенце. Нејзината ќерка Талија се роди пред нешто повеќе од два месеци, односно на големиот христијански празник Митровден. Инстаграм/ Елена Јовческа Елена за многу брзо време по породувањето им се врати на своите настапи, а како што самата сподели неодамна, настапувала се до половината од осмиот месец од бременоста. Но токму ...
Почина познатата пејачка и актерка Сенка Велетанлиќ, а тажната вест ја соопшти нејзиниот син, Васил Хаџиманов. „Утрово не напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ. Таа замина тивко, достоинствено, во сон, како дама“, напиша Васил, познат композитор и џез музичар, наследник на Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ. Сенка почина во 90. Година. Родена е на 27 мај 1936 година во Загреб, каде има завршено Економски факултет. Принтскрин/ Јутуб, ХРТ ...
Веднаш по празникот на светлината, Богојавление, утре, 20 јануари, православниот свет со посебна почит се поклонува пред ликот на Свети Јован Крстител – човекот кој стои на границата помеѓу Стариот и Новиот завет. Утрешниот ден (20 јануари) не е само именден за илјадници семејства, туку и ден кога, според народните верувања и православните духовни извори, се поставува духовниот штит на домот за целата претстојна година. Ангел во човечко тело: ...
Почина италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани на 93 години, соопшти неговата фондација. Еден од највлијателните креатори на високата мода, Валентино зад себе остава кариера што со децении ја обликуваше светската елеганција. Роден во 1932 година во Вогера, Валентино го усовршувал занаетот во ателјеата за висока мода во Париз, а во 1959 година ја основал својата модна куќа во Рим. Рано стана препознатлив по црвените фустани во длабока ...
Јанко Пенафорт од Колумбија повторно ги освојува срцата на љубителите на македонската музика. Човекот кој секој ден ја промовира Македонија и неуморно ја брани нејзината култура, по Грција сега го насочи своето внимание кон Бугарија. На социјалните мрежи тој упати едноставно, но провокативно прашање до еден Бугарин: – Ќе го препознае ли македонскиот јазик во песната ‘Севдо’ во изведба на колумбиски бенд?, пишува јанко на својот Фејсбук ...
Македонската вокална уметница Виолета Арсовска оствари забележителен успех на меѓународната музичка сцена, освојувајќи сребрена награда во категоријата вокал на 13. јубилејно издание на реномираниот „International Moscow Music Competition“, што се одржа во Москва. Арсовска настапи во возрасната категорија од 36 до 45 години како единствен претставник од Македонија, при што се најде во исклучително силна конкуренција со учесници од бројни ...
Шармантниот Бојан Илиевски во овој круг од „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Никола Симеуновуќ. Тие и двајцата настапија со фолк нумери и беа брилијантни, па жирито ги награди со по пет гласови. Снежана Ѓуришиќ беше воодушевена, како и Ана Бекута и Милиграм, кои истакнаа дека заслужено освоиле максимум гласови. Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд Од друга страна Дара Бубамара му даде мала предност на Никола, по што веднаш реагираше ...
И нејзините родители се музичари Младата Македонка која оваа сезона се натпреваруваше во The Voice of Europe и која победи, ги воодушеви сите со својот глас. Станува збор за 21-годишната Тина Русева која по потекло е од Струмица, но која веќе десетина години со семејството живее во Германија. Таа се натпреваруваше и во The Voice of Germany каде уште во првиот круг ги собра сите комплименти од тамошното стручно жири. The Voice of Germany ...
Еден од подобрите настапи во шоуто Игор Васиљков по потекло е од Куманово и во „Никогаш не е доцна“ ја покажа силата на емисијата и зрелата интерпретација. Тој некогаш се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а овој пат настапи со една македонска песна со која сите ги воодушеви. Принтскрин/ Никогаш не е доцна Во прашање е песната „Ако згрешам нека изгорам“ што своевремено ја пееше Пепи Бафтировски, а која сега Игор генијално ја изведе на ...
Позираше и на мраз, коментари „фрчат“ од сите страни Нашата позната водителка Викторија Петровска од ден во ден се почесто привлекува внимание со својот изглед. Таа е атрактивна млада дама која е мошне активна на социјалните мрежи, каде со секое свое издание мами воздишки. Инстаграм/ Викторија Петровска Впрочем така беше и овој пат, покажувајќи што прави и како се справува со ниските температури во Скопје. Облечена во хеланки и спортски ...
Веста за смртта на познатиот српски глумец Мирослав Мика Алексиќ, кој почина вчера во својот дом во Белград по долга и тешка болест на 73-годишна возраст, предизвика вистинска бура од реакции во целиот регион. Додека дел од јавноста молчи, познатиот водител Воја Недељковиќ реши отворено да проговори за човекот кој од „недопирлив гуру“ на српското актерство се претвори во симбол на најтешки обвинувања. Недељковиќ во својата остра објава на ...