Родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ денеска повикаа на протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. – Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во ...

Азербејџанското министерство за надворешни работи денеска го повикало рускиот амбасадор во Баку за да му врачи „силен протест“, откако руска ракета тип Искандер паднала во близина на зградата на азербејџанската амбасада во Кијив, јавува Kyiv Independent. Експлозијата предизвикала материјална штета на објектот и на службените возила, но меѓу персоналот нема загинати или повредени. Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и ...

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8. -Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на ...

Ако сте проголтале неколку семки од јаболко, најверојатно нема простор за грижа. Според стручњаците, нивната цврста надворешна обвивка спречува ослободување на штетни материи, па кај повеќето луѓе тие поминуваат низ дигестивниот систем без последици, пренесува Index.hr. Кога може да бидат опасни? Опасност постои само ако семките се џвакаат, дробат или се јадат во големи количини. Причината е соединението амигдалин, кое при разградување може ...

Хиларија Болдвин отворено проговори за важноста на брачното советување и откри дека таа и актерот Алек Болдвин побарале стручна помош за полесно да се справат со разликата од 26 години меѓу нив. 41-годишната инструкторка по јога, гостувајќи во подкастот Uncut and Uncensored, призна дека големата возрастна дистанца понекогаш бара подлабока психолошка поддршка. „Тој има 26 години повеќе искуство“ „Не верувам дека годините се само број – барем ...

Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, денеска соопшти дека по подолг период на анализа се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Лога одлуката ја објави преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека изминатата деценија ја поминал во политичка работа со целосна посветеност и ангажман. – Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на ...

Астрономите со децении ги сметаа Плејадите – познати и како „Седумте сестри“ во соѕвездието Бик – за компактен и добро проучен ѕвезден кластер. Но ново истражување предводено од тим од Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил покажува дека тие се само густото јадро на многу поголема ѕвездена структура. Според студијата, објавена во The Astrophysical Journal, Плејадите се централниот дел на џиновски „семеен“ комплекс што се протега скоро ...

Неколку луѓе загинаа, а шест се повредени откако автобус удри во автобуска постојка во центарот на главниот град на Шведска, Стокхолм. Портпаролот на Шведската спасувачка служба изјави дека во инцидентот повредени се шест луѓе, но, тој не наведе бројка на загинати лица. Тој додаде дека во автобусот немало патници во времето на несреќата. Во тек е истрага за убиство од небрежност. Возачот на автобусот е уапсен, но ова е вообичаена практика во ...

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија во ЕУ до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај. Во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел”. И истите тие во исто време велат: 1) 25 ...

Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии упатија отворено писмо до Премиерот Христијан Мицкоски. Соопштението го пренесуваме интегрално: „Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на ...

Јужноафриканските власти се соочија со критики откако задржаа повеќе од 150 Палестинци, вклучувајќи жена бремена девет месеци, во авион околу 12 часа поради проблеми со нивните патни документи. Пастор на кој му беше дозволено да се сретне со патниците додека беа заглавени во авионот, рече дека било екстремно жешко внатре и дека децата врескале и плачеле. Палестинците пристигнаа во Јоханесбург со чартер лет вчера наутро по застанувањето во ...

Повеќето големи економии во развој, вклучувајќи ги Кина, Бразил и Индија, добро се справуваат со американските царини, според истражувањето на консултантската фирма „Verisk Maplecroft“. Фирмата ја анализирала отпорноста на 20 економии во развој на силни трговски осцилации и ненадејни геополитички промени врз основа на индикатори од јавен долг до зависност од приходите од извоз. „Повеќето производствени центри во светот се во подобра позиција, ...

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со минатото тоа е голем напредок, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот. – Пациентите имаат право да бараат уште. Мислам дека Владата работи да се разреши дефицитот на сензори во скора ...

Американската Академија за филмски уметности и науки, од овогодишните членови, ќе бара официјално да потврдат дека ги погледнале сите филмови номинирани за „Оскар“ во онаа категорија каде што еден член гласа, пред да гласаат, пренесува „Ен-би-си њуз“ (NBC News), повикувајќи се на внатрешна службена е-пошта. Академијата ја промени својата политика во април оваа година, и сега, членовите на Академијата ќе треба задолжително да го изгледаат ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе биде телевизиски коментатор за МагентаТВ за време на Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, објави телевизискиот канал. „Навистина сакам да го доживеам ова Светско првенство од експертска перспектива. Во исто време, знам дека овој маратонски турнир ќе донесе свои уникатни предизвици“, рече Клоп. Германскиот стратег веќе има телевизиско искуство, ...

Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со ...

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. – Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме ...

Министерството за финансии денеска треба да изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора граѓанска обврзница. Од Министерството велат дека средствата во износ од 17,6 милиони евра и каматата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5 ...

14 Ноемви, Светскиот ден на дијабетес (WDD) кој од 1991 година се одбележува ширум светот на предлог на Меѓународната федрација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (WHO), а како одговор на зголемената загриженост и ескалацијата врз здравствената закана што ја носи дијабетесот. Се одбележува токму на овој датум – 14 ноември, кога е роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 ...

Валентин Нешовски официјално ја заокружи својата научно-фантастична трилогија со новиот роман „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“, кој штотуку излезе од печат во издание на „Антолог“. Првите две книги од серијата се „Една книга“ и „Последната мисла во универзумот“, а промоцијата на третиот дел ќе се одржи кон средината на декември. „Излезе од печат мојата завршна книга од сај-фај трилогијата. Се вика ‘Кафеана на крајот и на ...

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал. Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Ова е апсолутно недозволиво, соопштуваат од СДСМ. „Објаснувањето дека нема да се ...

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека не го гледа американскиот државен секретар Марко Рубио како соперник, и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил“. Во интервју за „Фокс Њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио немаат „право“ на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп дури по ...

САД му одобрија на Тајван продажба на делови за борбени авиони во вредност од 330 милиони долари, соопшти Пентагон дозна синоќа, што е прва таква трансакција откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари. „Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на примателот да се справи со сегашните и идните закани со одржување на оперативната подготвеност на флотата на примателот од Ф-16, Ц-130“ и други авиони, соопшти Пентагон ...

Американската компанија „Блу oриџин“ којашто e во сопственост на Џеф Безос, успешно ја лансираше ракетата „Њу Глен“ вчера од вселенската станица „Кејп Канаверал“. Целта е да се испратат два сателити на НАСА кон Марс. Меѓу првичните цели беше и успешното искористување на првиот етапен засилувач на ракетен погон, наречен „Никогаш не кажувај ми ги шансите“, што слета на платформата „Џеклин“ што се наоѓа неколку стотици километри надолу во ...

Месечината денес е во Вага, носејќи хармонија, дипломатичност и потреба за баланс во сите релации. Оваа енергија ја смирува напнатоста и создава простор за убави разговори, елегантни решенија и повторно враќање во центарот на сопствениот мир. Денот е одличен за естетика, уметност, партнерства, компромиси и поправка на нешто што одамна „стои во воздухот“. ♈ Овен Денес Месечината во Вага ти го насочува вниманието кон односите – од пријателства ...

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираа измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра. Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година. Тоа во пракса ...

Премиерот Христјан Мицкоски коментираше за средбата на коалициските партнери од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека станува збор за редовни коалициски координации и дека наскоро ќе бидат објавени конкретни информации за пополнувањето на испразнетите позиции во Владата. – Редовни координации на коалицијата. Во текот на деновите ќе се знае повеќе. Да бидеме трпеливи, многу наскоро ќе има информации, изјави Мицкоски, додавајќи дека средбата не ...

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено ...

Британската Би-би-си синоќа му се извини на Доналд Трамп за монтажата на говорот за да изгледа како да се залага за насилство, обидувајќи се да ја отстрани заканата од судска постапка, но рече дека нема основа за тужба за клевета. Би-би-си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата за монтажата, додавајќи дека радиодифузерот нема планови да го реемитува ...

Белгија во наредните години планира постепена замена на традиционалните розови хартиените возачки дозволи, се до нивното целосно укинување во 2033 година, од кого во употреба ќе бидат само пластичните верзии на дозволите. – Хартиените возачки дозволи ќе истечат во 2033 година. Потоа сите ќе имаат возачки дозволи во стилот на банкарска картичка, информира портпаролот на белгиската Федерална јавна служба за мобилност, Томас Де Шпихеларе. Тој ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.01
50%
1012
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.48
78%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.67
81%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.53
70%
1012
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.13
84%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
79%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
57%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.36
62%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.25
65%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.79
59%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.76
53%
1013
Currency

61.645

Currency

53.1136

Currency

71.359

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

42535.44

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Сребро

2269.46

Бакар

13.10

Алуминиум

3.46

Платина

57324.78

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09