Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Министерот за правда Игор Филков најави дека кадровското зајакнување на судството и обвинителството ќе биде еден од клучните приоритети во 2026 година, оценувајќи дека човечките ресурси се предуслов за ефикасна дигитализација и функционално правосудство. Филков ова го истакна на 9-от состанок на Секторската работна група за правда, кој се одржа во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, дипломатски мисии, судии, јавни ...
Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на главниот град Софија и другите градови во Бугарија за да бараат фер избори и независно судство кое може да се бори против широко распространетата корупција. Овие демонстрации следеа по протестите од минатата недела предизвикани од плановите на владата за повисоки даноци и зголемени владини трошоци. Потоа владата го повлече контроверзниот буџетски план за 2026 година, но на крајот ги исполни ...
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер ...
Денеска Месечината престојува во Стрелец и носи потреба за слобода, искреност и поголема смисла зад секојдневните одлуки. Емоциите се движат кон хоризонти, а не кон детали – важно е чувството дека постои насока, цел и простор за раст. Денот поддржува разговори што отвораат перспективи, искрени признанија и храброст да се каже „ова не ми е доволно“. ♈ Овен Денеска внатрешната енергија бара движење и смисла, а не стоење во место. Потребно е ...
Фотографијата на Каролин Ливит, објавена оваа недела во Vanity Fair, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Станува збор за портрет со исклучително висока резолуција, на кој се гледа секој детаљ од нејзиното лице, а особено внимание привлекоа усните – видливо отечени, со ситни точкасти траги и сјај што дополнително го нагласува нивниот изглед. Коментарите на Инстаграм беа немилосрдни. Речиси веднаш се појавија прашања за тоа што ...
Обожавателите се убедени дека актерката Џенифер Лоренс суптилно го „боцнала“ Леонардо Ди Каприо поради неговиот љубовен живот, кој со години е под лупа на медиумите. Моментот што ја разгоре дебатата се случи за време на нивниот заеднички разговор во новата епизода на емисијата Actors on Actors на магазинот Variety, пренесува Index.hr. Лоренс и Ди Каприо, кои веќе соработуваа во хитот на Netflix Don’t Look Up, а наскоро повторно ќе застанат ...
Астролошки хроники со Анаис – Импулс или разум: како реагира секој хороскопски знак кога е под притисок Кога животот ќе притисне, ретко реагираме како што сме замислувале. Во тие моменти паѓаат маските, исчезнуваат стратегиите и останува само чистата реакција. Некои луѓе експлодираат, други замолчуваат, трети се повлекуваат во себе, а четврти почнуваат да анализираат сè до бескрај. Не затоа што се „лоши“ или „добри“, туку затоа што така се ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на, како што наведуваат, обидите на СДСМ да ја прикаже усвоената Резолуција како неуставна и како акт што ја нарушува слободата на изразување, оценувајќи дека станува збор за свесно извртување на нејзината уставно-правна природа и за ширење паника во јавноста. „Наводите на СДС дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставуваат грубо неразбирање или свесна злоупотреба на ...
Кога Векна за првпат се појави во четвртата сезона на „Stranger Things“, беше јасно дека не станува збор за уште еден чудовишен ефект од Upside Down. Овојпат, хоророт имаше лице, глас и траума. И токму затоа Векна стана највознемирувачкиот антагонист во целата серија. Човек зад чудовиштето За улогата на Векна беше избран британскиот актер Џејми Кембел Бауер, познат по улоги во „Harry Potter“, „Twilight“ и „The Mortal Instruments“. Браќата ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на својот официјален Фејсбук профил соопшти дека Апелациониот суд „со правосилна пресуда утврдил дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети против него, без докази и без основа“. „Апелациониот суд со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа“, напиша Мицкоски. Според премиерот, со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ ...
Нова ескалација во односите меѓу Атина и Македонија е предизвикана од систематското реторичко поткопување на Преспанскиот договор од страна на членовите на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија, при што премиерот Христијан Мицкоски отворено изјави дека „во пракса името Македонија е вратено“, што предизвика реакција од грчкото Министерство за надворешни работи. Сепак, интервенцијата на Атина доаѓа по месеци на повторени прекршувања на ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на измените и дополнувањата на Кривичниот закон, оценувајќи дека наместо ветената темелна реформа, јавноста добила, како што наведува, враќање на старите проблеми и механизми за неказнивост. „Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон? Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?“, прашува ...
СДСМ денеска соопшти дека, како што наведуваат, медиумските и пропагандни „кујни“ на ВМРО-ДПМНЕ повторно пласираат лажни вести, манипулации и координирани напади врз опозицијата и претседателот на партијата, Венко Филипче, по ист модел користен во времето на поранешниот премиер Никола Груевски. „СДСМ веќе го покажа системот по којшто кујните на ДПМНЕ пласираат лажни вести, манипулации и напади врз опозицијата и претседателот Филипче“, се ...
Самитот Европска унија – Западен Балкан, одржан на 17 декември 2025 година во Брисел, ја потврди најсилната политичка порака што Унијата ја испрати кон регионот во последната деценија: Западен Балкан има јасна, реална и отворена европска перспектива. Заедничката декларација од 21 точка, усвоена од лидерите на ЕУ и земјите членки во консултација со партнерите од регионот, беше оценета како „доказ за цврстите темели на односите“ и најрелевантен ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 ...
Со едногласна одлука на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски повторно ја доби довербата да ја извршува функцијата претседател на ЗЕЛС, информираат од Град Скопје. „Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски. Уверен сум дека ...
Рекордни 655 милиони долари ќе изнесува наградниот фонд за Светското првенство 2026, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходниот Мундијал 2022 во Катар, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Секоја репрезентација што ќе се квалификува за Светското првенство ќе добие и 1,5 милиони долари за трошоци за подготовки, што значи дека ФИФА ќе им исплати вкупно 727 милиони долари на учесниците на Светското првенство кое идната ...
Утре, 19 декември во Младинскиот Културен Центар во Скопје, регионалниот музички феномен Буч Кесиди ќе го претстави својот нов студиски албум „ Модерни врски“ (Moderne veze) на самостоен концерт кој се одржува како дел од офф-програмата на годинашниот Таксират Фестивал. Со почеток во 20:00 часот, на сцената во Денсинг сала, бендот ќе ги донесе најголемите хитови од својата исклучително успешна кариера, со акцент на актуелниот албум кој од ...
СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд поради, како што оценија, неуставната Резолуција што беше усвоена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието, со која директно се загрозуваат слободата на говорот и политичкото дејствување на опозицијата. Ова денеска на прес-конференција одржана пред Уставниот суд го соопшти потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска. „Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да дозволи гушење на ...
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Премиерот Христијан Мицкоски е многу вознемирен од вестите што стасуваат од Велика Британија, а се пренесуваат кај нас за прифаќање на нивните селектирани емигранти кои не можат да добијат азил, да бидат префрлени во Македонија. Јавноста, пак, е вознемирена од неговата закана институциите да преземат мерки против сите што наводно сеат паника и страв. Се разбира, тоа не е повик за цензура, таа веќе е инсталирана во ...
Рим отвори две нови метро-станици на линијата Метро Ц, кои не се само сообраќајни јазли, туку и дестинации сами по себе поради богатите археолошки поставки. По години одложувања, станиците Colosseo–Fori Imperiali и Porta Metronia беа отворени оваа недела, со што се проширува римската метро-мрежа и им се нуди на патниците и туристите уникатна можност да ја доживеат античката историја под земја. View this post on Instagram A post shared by Roma ...
Гледаме неуспешен обид на јавноста да и се прикаже уривање на СДСМ одвнатре. Токму во период кога е потребно единство во оваа голема борба за Македонија. Во време на силен притисок од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, преку собраниски резолуции со кои се забранува говорот и се гуши демократијата, преку обиди за замолчување, заплашување и политички прогон врз опозицијата, соопштуваат од СДСМ. „Очигледно, темата со мигрантите е многу поголема ...
Синоќа, во легендарниот „Холидеј Ин“ – некогашниот „Гранд Хотел“, местото каде пред 33 години официјално е создаден Македонскиот олимписки комитет (МОК), се одржа свечената церемонија за 5. јубилејно издание на гала-манифестацијата „Златна Олимпија 2025“. На местото каде што започна македонската олимписка приказна, во присуство на над 200 високи гости – спортисти, спортски работници, спортската елита, претставници на дипломатскиот кор и на ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе вели дека неговата влада ќе преземе мерки против говорот на омраза по смртоносното пукање во неделата на плажата Бонди, кое беше насочено кон еврејски фестивал, пренесува Би-би-си. Петнаесет лица беа убиени кога двајца вооружени лица отворија оган на настан по повод првиот ден од Ханука. Новите закони ќе бидат насочени кон „оние кои шират омраза, поделби и радикализација“, изјави Албанезе за новинарите во ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Брисел порача дека ќе побара поддршка од европските демократски и прогресивни сили за, како што рече, одбрана на демократијата и слободите во Македонија, по усвојувањето на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието. „Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување“, изјави Филипче. Тој оцени дека донесената ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан, вклучувајќи камп за обука за членови на милитантната група и дополнителна воена инфраструктура. Во соопштението на ИДФ се обвинува Хезболах дека го користи кампот за обука на оперативци за пукање со боева муниција, ракување со артилериско оружје и складирање оружје, објавува „Тајмс оф Израел“. ИДФ потврди дека во нападите ...
На овогодишниот самит на ЕУ, Европа ќе најде заеднички став за тоа како да ги финансира воените напори на Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Европската комисија изнесе неколку опции и покренати се важни дискусии за тоа како да се искористи рускиот имот. Мислам дека мораме сите да се обединиме и да заземеме заеднички став, рече Макрон пред самитот. Лидерите на Европската Унија денеска расправаат за начините на ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска, ќе ја има својата светска телевизиска премиера на 8 јануари 2026 година на каналот National Geographic. Филмот ќе се прикажува во терминот 21 часот по источноамериканско време (9/8c), соопшти National Geographic на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by National Geographic (@natgeo) Веќе следниот ден, документарецот ќе биде достапен и на ...
Едвард П. Џозеф е водечки американски глас за Балканот и истакнат експерт за управување со конфликти, дипломатија и демократска отпорност во кревки региони. Во моментов е предавач на Факултетот за напредни меѓународни студии (SAIS) при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и широко почитуван аналитичар за надворешна политика, со повеќе од 15 години искуство во работа во некои од најнестабилните конфликтни и постконфликтни средини во светот. Во ...
Сенатот на САД на 17 декември одобри закон за трошоци за одбрана од 900 милијарди долари, кој вклучува 800 милиони долари воена помош за Украина, по усвојувањето на законот од страна на Претставничкиот дом минатата недела, пренесува Кијив Индипендент. Законот беше усвоен од Сенатот со двопартиска поддршка со 77-20 гласови и сега оди кај американскиот претседател Доналд Трамп за потпис. Со него се предвидува Украина да добива 400 милиони ...