Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Високиот функционер на американската Гранична патрола, Грегори Бовино, заедно со дел од агентите распоредени во Минеаполис, се очекува денеска да го напуштат градот и да се вратат во своите матични сектори, дознаваат извори запознаени со разговорите, пренесува Си-Ен-Ен. Со овој потег, од теренската операција се повлекува еден од клучните луѓе вклучени во засилената имиграциска кампања на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. ...
Со години холивудските кругови шпекулираа што довело до прекинот на соработката меѓу режисерите браќата Џош Сафди и Бени Сафди, автори на некои од највлијателните независни филмови во последната деценија. Сега, според истражување на Page Six Hollywood, коренот на раздорoт води до сериозен инцидент на снимањето на нивниот пробивен филм Good Time. Според повеќе извори запознаени со продукцијата, во 2017 година во филмот била ангажирана ...
Актерката Сидни Свини се најде во центарот на контроверзии откако беше снимена како се искачува на познатиот холивудски знак во Лос Анџелес, каде што закачила градници како дел од промоција на својата нова линија на долна облека. Според видео објавено од TMZ, Свини заедно со продукциски тим се искачила на буквите од знакот и поставила неколку градници, а во еден момент дури била растегната и импровизирана „жичка“ со долна облека низ буквите, ...
На денешното рочиште во затворот „Идризово“ за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пред судот сведочеа повредени и оштетени лица. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес, известува МИА. Кристијан Панов, невработен млад човек, кој ...
Партнерот на холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, хипнотерапевтот Џим Кертис, за првпат јавно проговори за почетоците на нивната врска, откривајќи дека романтиката не се случила преку ноќ. Кертис се појави во утринската емисија Today, каде што објасни дека двајцата биле запознаени преку заеднички пријатели и дека сè започнало со обично дружење и разговори. „Нè запознаа пријатели. Откривме дека имаме многу заеднички луѓе и почнавме да си ...
Месечината на 27 јануари се движи низ знакот на Бик, носејќи потреба за стабилност, заземјување и внатрешен мир. По период на зголемена динамика и емоционални осцилации, денешната енергија повикува на забавување и свесно присуство. Ова е ден кога телото, навиките и чувството на лична вредност доаѓаат во прв план, барајќи внимание и грижа, а не туркање преку граници. Месечината во Бик не сака брзање ниту драматични пресврти. Наместо тоа, таа ...
Актерката Еванџелин Лили откри детали за процесот на закрепнување по трауматската повреда на мозокот што ја претрпе по несреќа минатата година. Во видео објавено на Инстаграм, 46-годишната актерка изјави дека во моментов работи на „обнова на здравјето на мозокот“, по серија медицински прегледи и стручни консултации. „Потрошив многу пари за детални испитувања и за насочени, експертски совети како да го лекувам мозокот. Свесна сум дека не секој ...
Американската актерка, музичарка и модна икона Тејана Тејлор го привлече целото внимание на Париската модна недела, појавувајќи се во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli, одржана во Petit Palais. Само неколку дена по своето деби како водителка на Saturday Night Live, Тејлор пристигна во Париз и се појави во целосно провидна црна чипкана комбинација и молив-здолниште од Chantilly чипка, без поставa, надополнети со црн ...
Кога Тејана Тејлор се појави во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli за време на Paris Fashion Week, вниманието не го привлече само провидната чипкана креација – туку и накитот со необична приказна зад себе. Античката сребрена круна со бисери и кристали, како и впечатливиот лустер-брош што Тејлор ги носеше, се всушност модни реплики инспирирани од накитот украден од Лувр во октомври минатата година, потврди Vanity Fair. ...
Само неколку дена откако со солзи во очите сведочеше пред суд во Лондон за нарушување на неговата приватност, Принц Хари беше забележан во сосема поинаков амбиент – на Sundance Film Festival, во друштво на сопругата Меган Маркл и холивудската елита. Контрастот меѓу двете сцени – судница во Лондон и филмски фестивал во Јута – повторно ја отвори дебатата за тоа дали Хари успеал да се оддалечи од конфликтите со британските медиуми и од сенките ...
Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на седница на Националниот совет за евроинтеграции остро ја критикуваше Владата, обвинувајќи ја дека свесно го запира европскиот пат на Северна Македонија и практикува антиевропски политики. „Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата, за немањето никаков прогрес на европскиот пат и за практично антиевропските манири кои ги гледаме во веќе ...
Американската актерка Кристен Стјуарт изјави дека размислува да ја продолжи својата филмска кариера во Европа бидејќи, според неа, во САД веќе „не може слободно да работи“ поради актуелните филмски политики на претседателот Доналд Трамп. Стјуарт, актерка позната по улогата во „Twilight“, истакна дека предложените тарифни мерки кон филмовите произведени надвор од САД се „поразителни“ за индустријата и ја поттикнале да размислува за работа во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на граничниот премин Блаце даде поддршка на домашните транспортери кои од денеска започнуваат седумдневен предупредувачки протест, заедно со превозници од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Протестот се организира како револт против новите правила за електронска евиденција во Шенген-зоната, за кои превозниците предупредуваат дека ќе предизвикаат сериозни последици врз ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седма седница на Националниот совет за евроинтеграции, потенцираше дека граѓаните повторно ќе го платат цехот и ќе ги почувствуваат последиците од лошите политики на Владата. Тој, порача дека утре граѓаните и економијата конкретно ќе го почувствуваат ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето на новиот електронски систем од Европска Унија. „Ќе крахира економијата што би ...
На 26 јануари Месечината е во Бик и ве поврзува со потребата за стабилност, рамнотежа и чувство на вредност, како внатрешно, така и надворешно. Енергијата ве поттикнува да работите на зацврстување на основите во животот, да донесувате одлуки што ќе ве умируваат и да црпите задоволство од едноставни, практични радости. Вниманието е на реални чекори, не на брзи реакции. Оваа поставеност може да бара да најдете златна средина помеѓу посакуваното ...
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, 26 јануари 2026 година, од 12:00 часот е најавен прекин на товарниот сообраќај на повеќе гранични премини поради јавен протест организиран од асоцијацијата „Макам-транс“. Според најавата доставена до МВР, протестот ќе се одржи на граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато. Од МВР појаснуваат дека протестот ќе се манифестира ...
Последната истрага покрената против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје повторно сериозно ги разниша сомнежите за длабоко вкоренета корупција во македонскиот судски систем. Наместо да се третира како изолиран случај, овој предмет, според граѓанскиот сектор, претставува јасен индикатор за долгорочни и системски слабости во механизмите за интегритет, контрола и одговорност во судството. Од невладината организација „Сите за правично ...
Членот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Јон Фрчкоски, денеска на прес-конференција обвини дека во Македонија функционира организиран медиумски систем поврзан со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој, како што рече, служи како политичка алатка на ВМРО-ДПМНЕ. Фрчкоски истакна дека антикорупцискиот тим на СДСМ во изминатиот период систематски го разоткрил начинот на функционирање на таканаречениот медиумски октопод ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници, оценувајќи дека тоа е симбол на отуѓеноста на власта од реалниот живот на граѓаните. Од СДСМ наведуваат дека членството на Македонија во НАТО е резултат на сериозна и одговорна државничка политика водена од нивната партија, за разлика од, како што велат, личните приоритети ...
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на, како што велат, обидот на СДСМ да отвори тема за личниот имот и вредноста на часовниците на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Во соопштението се наведува дека не е никаква тајна оти Мицкоски пред влезот во политиката работел во бизнис-секторот, конкретно во енергетиката, каде што соработувал со реномирани светски компании и остварил легални и јавно објаснети приходи. „Сето тоа е во периодот ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест што ќе се одржи на 28 јануари 2026 година во 17:00 часот во Скопје, со главно барање зголемување на работничките плати и на минималната плата на 600 евра. Протестот ќе започне пред Работничкиот дом, по што ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата. Во отворено писмо до работниците, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порачува дека протестот не е ...
Поранешниот претседател на САД Барак Обама остро реагираше по убиството на американскиот државјанин Алекс Прети, од агентите на ICE, оценувајќи го настанот како „срцекршечка трагедија“, но и како сериозно предупредување за состојбата со владеењето на правото и основните вредности во САД. „Убиството на Алекс Прети е срцекршечка трагедија. Но, тоа треба да биде и повик за будење за секој Американец, без разлика на политичката припадност, дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата соопшти дека е постигнат одреден напредок во разговорите меѓу украинските, руските и американските преговарачи во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, иако конечен договор за мир сè уште не е на повидок. Разговорите се одржаа во момент кога Русија ја изврши својата најголема ноќна воздушна офанзива врз Украина од почетокот на годината. Иако дводневната средба, одржана ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека настапот на премиерот Христијан Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос ја потврдил неговата дипломатска изолација и политичка зависност од унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Дипломатската изолација на Мицкоски јасно се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Наместо сериозни разговори, се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на ...
Федерални агенти на американската имиграциска служба ICE вчера усмртија маж во Минеаполис за време на интервенција. Станува збор за втор смртоносен инцидент во кој во период пократок од три недели се вклучени агенти на имиграциската служба, што дополнително ги разгоре тензиите во градот, кој со недели е сцена на протести, поради инцидентите предизвикани од агентите на ICE кои претходно ja усмртија и американската државјанка Рене Гуд. Мажот ...
Ако прошетате низ холандските градови и населби, лесно ќе забележите необична појава: голем дел од куќите и становите имаат големи прозорци – но без завеси. Од улица може да се види дневната соба, трпезаријата, па дури и дел од секојдневниот живот на домаќините. За посетителите ова често изгледа необично, па дури и како нарушување на приватноста. Но за Холанѓаните, оваа навика има длабоки историски, културни и општествени корени. ...
Сопствениците на мали трговски малопродажни објекти – киосци, тобако продавници, мини-маркети и други семејни бизниси – остро реагираат на Нацрт-законот за заштита од пушење, предупредувајќи дека предложените решенија ќе имаат сериозни економски последици и можат да доведат до масовно затворање на продавници и отпуштање вработени. Според нив, новите одредби за начинот на продажба, изложување и комуникација на тутунските и никотинските ...
Истражувањата покажуваат дека позитивниот однос кон стареењето може да направи луѓето да се чувствуваат помлади и да живеат подолго. Но, за тоа да се случи, неопходно е да се соочиме со ејџизмот – дискриминацијата и предрасудите врз основа на возраст. „Ејџизмот може да го промени начинот на кој се гледаме себеси“, наведува Светската здравствена организација во својот глобален извештај. Оваа форма на пристрасност – како размислуваме, ...
На 24 јануари 2026 година во 12:00 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров. Според пријавата, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, дошло до физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје. При инцидентот, Ј.Ф.С. употребила дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф. (60). Од ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче порача дека на државата ѝ е неопходна јасна визија и програма што ќе понуди излез од состојбата во која се наоѓа. „Критиката не е доволна. Лутината е гориво, но потребна ни е визија. Ние, нудиме нешто друго, ново, поинаку. Мора да понудиме засолниште од ова лудило.“, рече Филипче на 31. Конгрес на СДСМ. Тој нагласи дека платформата и програмата на СДСМ се темелат на директен договор со граѓаните и на ...