Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026 ќе имаат медали кои ја отсликуваат движечката енергија, единството и тимската работа. Во основата на дизајнот е динамична графичка апстракција, која го покажува спојот на две половини во постојано движење. Контрастот помеѓу грануларната текстура и огледалната површина ја истакнува оваа динамика, додека чистите и едноставни линии го пренесуваат суштинското чувство на единство и постојана промена. ...

Викендот се одвива под две различни, но поврзани енергии. Во сабота, 7 февруари, Месечината е во Вага и ја отвора темата на односи, рамнотежа и потреба за фер однос – со другите, но и со себе. Ова е ден кога се бара усогласување, разговор и корекција, но без длабоко нурнување. Надворешниот мир е важен, дури и кога внатре нешто сè уште не е расчистено. Во недела, 8 февруари, Месечината преминува во Скорпија и го менува тонот. Она што во сабота ...

Американската војска соопшти дека вчера погодила брод за кој се сомнева дека се занимава со трговија со дрога во источниот Тихи Океан, објави ДПА. „Двајца наркотерористи се убиени во оваа операција“, соопшти Јужната команда на САД на социјалната мрежа „Х“. „Бродот го користеле одредени терористички организации и пловел по познати рути за трговија со дрога“, соопшти командата. Информацијата не може да се потврди независно, додаде ДПА. Од ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест со блокада пред Собрание на Република Македонија на 10 февруари 2026 година (вторник), со почеток во 9 часот, поради, како што наведуваат, игнорирањето на барањата за зголемување на минималната и останатите плати. Од ССМ информираат дека одлуката е донесена врз основа на заедничка одлука на Претседателството и Советот на ССМ, а протестот ќе се одржи согласно Законот за јавни собири. ...

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ. Во согласност со прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти. – По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот ...

Световите на спортот и модата се споија во пресрет на Зимските олимписки игри на IOC Olympic Games Winter Fashion Showcase, кој се одржа во Clubhouse 26 во Милано. Настанот собра внимание со презентација на стилот што ќе ја обележи Олимпијадата. За време на презентацијата беше претставена и Олимписката колекција, која нуди секојдневен стил инспириран од Игрите и го спојува олимпискиот дух со современата мода. View this post on Instagram A ...

СДСМ денеска соопшти дека има јасно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра, кое истовремено обезбедува поддршка и за работниците и за компаниите во приватниот сектор. На прес-конференција, потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, изјави дека преку ребаланс на буџетот и рационално кратење на трошоците од, како што рече, „луксузот на власта“, може да се обезбедат од 130 до над 200 милиони евра. „СДСМ ...

Со 2.900 спортисти кои претставуваат 92 Национални олимписки комитети, Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 се подготвуваат да бидат блескава прослава на спортот, стилот и италијанската креативност. View this post on Instagram A post shared by Dale of Norway (@daleofnorway) Игрите официјално започнуваат вечерва со незаборавно Свечено отворање. View this post on Instagram A post shared by GOYOL CASHMERE (@goyolcashmere.mn) Како и на ...

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп оваа година ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Ова беше одлучено на Собранието на фестивалот, што се одржа минатата недела. Во тек се подготовките на фестивалот и тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се комплетира идејата за Прилеп како град театар, вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот. ...

Издавачката куќа „Или-или“ повторно го објави изданието „Писма“ – дебитантската проза од Игор Исаковски (1970 – 2014). Книгата првпат е објавена во 1991 година во издание на „Книжевна младина на Македонија“. – По 35 години, една од „најскопските“ книги повторно заживува и меѓу новата генерација домашни читатели. По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание со наслов „Совршен поет“, кое издавачката куќа ...

Милано и Кортина за првпат во историјата ќе бидат заеднички домаќини на Зимските олимписки игри 2026, обединувајќи спортисти и публика од целиот свет во голема прослава на спортот и заедништвото. Спортисти од над 90 нации ќе се натпреваруваат во 16 спортови, а Кортина се враќа како град-домаќин по 70 години, подготвена за незаборавно искуство. Свеченото отворање на Милано-Кортина 2026 ќе се одржи денеска во 20:00 часот и ќе донесе ...

Сојузот на синдикати во средата во Собранието поднесе иницијатива за измени на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица. Со тоа, како што велат од Синдикатот, побара од пратениците сами да поднесат законски измени, а доколку тие не го направат тоа, тогаш, според регулативата, ќе соберат 10.000 потписи од работниците и ќе добијат право сами да поднесат измени ...

Русија за време на актуелните мировни преговори во Абу Даби ги заостри своите барања и сега не бара само повлекување на украинските сили од Донбас, туку и глобално меѓународно признавање на тој регион како дел од Руската Федерација. „За руската страна признавањето е клучно“ Повикајќи се на „западен извор“ во Абу Даби, руската државна агенција ТАСС наведува дека Москва го смета меѓународното признавање на Донбас како суштински дел од поширок ...

Портпаролката на Белата куќа, Кедролајн Левит синоќа изјави дека претседателот Доналд Трамп со нетрпение ги очекува американско-иранските разговори во Оман за да утврди дали е можен договор со Исламската Република. – Додека се водат овие разговори, би го потсетила иранскиот режим дека претседателот, како врховен командант на најмоќната војска во историјата на светот, има многу опции на располагање надвор од дипломатијата. Дипломатијата е ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите. Дел од медиумите веќе објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Објавено ...

Македонската ракометна репрезентација Европското првенство го заврши на 14.место, а селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров во гостувањето во Македонската телевизија во специјалната емисија по повод финалето се осврна и на нашиот настап. – За да имаме подобри резултати потребно е да имаме селекција, која ќе биде физички подготвена за сите предизвици и за ритамот на играње на големо првенство, односно во клубовите да се работи и ...

Се појави видеоснимка од инцидент за време на снимањето на петтата и последна сезона на Netflix-серијата Outer Banks во Дубровник, која го прикажува моментот на конфликт меѓу режисерот Џонас Пејт и една членка на продукцискиот тим. Видеото го објави порталот TMZ, со што повторно се актуелизира приказната за тензиите на сетот, за кои првпат се пишуваше во октомври. Што се гледа на снимката На видеото се гледа како асистентка минува низ ...

Претставници од Русија, Украина и САД денеска треба да се состанат во Абу Даби на втора рунда разговори со цел истражување на можности за ставање крај на војната во Украина, и покрај новиот бран руски воздушни напади врз нејзиниот сосед. Виткоф и Кушнер ќе учествуваат на состанокот со Русија и Украина Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе учествуваат на трилатералните преговори со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа ...

Актерката Ребека Фергусон, најпозната по улогите во франшизата Невозможна мисија и филмовите Дина, ретко зборува за својот приватен живот. Сепак, во неодамнешно интервју таа направи исклучок и отворено проговори за мајчинството и предизвиците со кои се соочувала. Фергусон откри дека своето прво дете го родила на само 23 години, со партнер кој бил 22 години постар од неа. Денес таа има 42 години и е мајка на синот Ајзак (19) и седумгодишната ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити“ не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани. „Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на почетокот за законот што сметаме дека е добро, а што ...

Со Месечината во Скорпија, 5 февруари носи силна внатрешна динамика, продлабочени емоции и потреба за контрола над сопствените реакции. Ова не е лесна, но е исклучително моќна енергија – сè што е потиснато, недоречено или одложено, денес бара внимание. Ова е ден за внатрешна искреност. Не за драматизирање, туку за соочување. Месечината во Скорпија не толерира површни одговори – таа бара јасност, граници и храброст да се погледне вистината, ...

Иако Месечината и понатаму е во Скорпија, енергијата на денот не е иста како вчера. 5 февруари беше ден на отворање – освестување, соочување, вадење на површина. 6 февруари е ден на последици. Ден кога веќе не можеме да се преправаме дека не сме почувствувале, не сме разбрале или не сме виделе. Ова е ден кога Скорпијата не прашува што боли, туку: што правиш со тоа што боли? Емоциите се подлабоки, но и појасни. Интензитетот не е хаотичен – тој ...

По вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, соопшти дека е постигнат напредок во преговорите за додатоците на плати во државната управа и правосудството. За вработените да ги добијат ветените средства, неопходно е секоја институција поединечно да потпише колективен договор. Текстот на овие договори допрва ќе се усогласува меѓу Синдикатот и Владата, а конечниот збор ќе го имаат членовите на УПОЗ ...

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои што се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите кои што како Влада ги правиме, а се поврзани со Реформската агенда“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија на денешниот брифинг за Реформската агенда со амбасадори на ...

Не може да се планираат пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, на која што го презентираше начинот како од Буџетот да се обезбедат средства за повисока минимална плата. Филипче посочи дека пари за 600 евра минимална плата има ако се скрати луксузот на власта. „Не може да има ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поднесе законска иницијатива со која предлага функционерските плати да се намалат за 80 отсто, преку промена на начинот на нивна пресметка и намалување на постојните коефициенти. Според предлогот на ССМ, основицата за пресметување на платите на пратениците и другите избрани и именувани лица треба да биде минималната плата во државата, според податоците на Државниот завод за статистика. Дополнително, ...

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ Се изнакотија политички партии со акронимот ВМРО од двете страни на македонско-бугарската граница, со различни додатоци на името: вистинска, обединета, татковинска, народна, СМД, БНД… и доаѓаме до онаа најголемата, која е на власт во Северна Македонија, со додавката ДПМНЕ, што ќе рече – Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Токму на ова македонско национално единство се темелеше доктрината на партијата ...

Фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело, едно од најзначајните дела на ренесансната уметност во Сикстинската капела, ќе биде реставрирана за првпат по 30 години, соопшти Ватикан. Во соопштението се наведува дека новата интервенција ќе овозможи постепено враќање на хроматскиот и луминозниот квалитет што Микеланџело го замислил. Сикстинската капела, позната како место каде што се одржува тајната конклава за избор на папа, годишно ја посетуваат ...

Речиси три години по последната поголема филмска улога, Џона Хил повторно се појави во јавноста – и тоа со изглед кој предизвика внимание. Актерот, кој во последните години ретко се појавува на црвените теписи, се појави на прес-настан на „Епл“ во Санта Моника, најавувајќи го своето враќање на филмското платно. Поводот беше црната комедија Outcome, проект за Apple TV, во кој Хил не само што глуми, туку и режира. Во филмот настапуваат и Кијану ...

Февруарската концертна серија на Институт FAME’S ќе биде отворена на 10 февруари во Камерната сала на Македонска филхармонија, со концертот „Од студио до сцена“, под уметничко водство на врвниот холандско-британски виолинист Даниел Роуланд. На концертот ќе настапат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа. Концертот е кулминација на истоимената едукативна програма на FAME’S, која се фокусира на процесот на создавање музика – од ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
48%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
52%
1023
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
24%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
46%
1025
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
40%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Бакар

11.80

Сребро

2704.52

Алуминиум

3.35

Кобалт

66.14

Платина

69606.37

Иридиум

221848.72

Паладиум

52823.68

Калај

51.64

Цинк

3.28

Родиум

368126.05

Рутениум

45750.51

Злато

166049.28