Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
„eBay Inc.“ ќе укине околу 1.000 работни места, или 9% од својата работна сила со полно работно време, и ќе ја намали работата на аутсорсираниот персонал, велејќи дека бројот на вработени и трошоците го надминале растот. Компанијата за е-трговија вели дека треба да биде „попргав“ во услови на „предизвикувачко“ економско опкружување. Нејзините акции паднаа за 13% во изминатите 12 месеци, објави „Bloomberg“. „Додека напредуваме во нашата ...
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани луѓе. Во согласност со сопствената стратегија, Халкбанк се секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Согласно тековните потреби, процеси и активности, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за прием на нововработено лице и пополнување на следната работна позиција во Банката: Самостоен референт ...
Европската централна банка ги остави каматните стапки на рекордни 4% и забележа дека базичната инфлација продолжи да паѓа, исто така благодарение на високите трошоци за задолжување. – Надолниот тренд на базичната инфлација продолжи, а минатите зголемувања на каматните стапки продолжуваат силно да се пренесуваат на условите за финансирање – објави ЕЦБ. Со денешната одлука, ЕЦБ ја остави стапката што ја плаќа на банкарските депозити, репер за ...
Социјалната пензија постои во околу 100 земји во светот, а некои земји ја воведоа уште во 60-тите години на минатиот век. Јапонија беше меѓу првите што го направи тоа, а оваа државна помош таму денес изнесува околу 600 долари месечно. Во светот постојат 3 типа на социјални пензии Социјалната пензија во различни форми постои во над 100 земји во светот. На пример, во САД се исплаќа таканаречената федерална пензија, што значи дека граѓаните ...
Со 3,8 милиони евра е обновен државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“ во должина од 10 километри, а во завршна фаза е изградбата на првите два километри од автопатот на оваа релација и се очекува да бидат пуштени на крајот на март. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, придружувани од вицепремиерот Артан Груби денеска на настан кај кружниот тек пред ГП ...
Почнувајќи од јуни 2023 година, банката ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базични поени. Сегашното ниво на домашна побарувачка, постојаната инфлација во услужниот сектор и геополитичките ризици, исто така, вршат притисок врз растот на инфлацијата во Турција, според веб-страниците на банката. Сепак, неодамнешните податоци покажуваат дека домашната побарувачка во Турција се намалува, бидејќи монетарното заострување се ...
ОВЕН Вашите потфати носат успех, но бараат претпазливост доколку вклучуваат трошоци поголеми од планираните. Не им верувајте на советите од страна. Стабилизирајте го постигнатото во изминатите денови од почетокот на месецот, но внимавајте, бидејќи можно е да бидете заведени со погрешни информации. БИК Вашата склоност кон компромиси во односите ќе ви помогне да избегнете конфликти. Напорите се успешни. Ја имате поддршката од колегите. Нивниот ...
Најпродаваниот автомобил во Европа во 2023 година беше моделот „ипсилон“ на Тесла. Овој автомобил со електричен погон, произведен во Америка, беше продаден минатата година во 254.822 примероци. Според бројките и анализите излегува дека 97 отсто од продажбата била во Европската унија, земјите од ЕФТА и Велика Битанија, објави Аутомотив њуз. Овој модел на Тесла постигна мала предност во однос на најблискиот конкурент Дачија Сандеро кој се ...
Препознавајќи ја трансформативната моќ на образованието во обликување на подобра иднина, НЛБ Банка се придружи кон глобалната иницијатива во одбележување на Меѓународниот ден на образованието. Виталната улога што образованието ја има во напредокот и толеранцијата, НЛБ Банка ја усогласи со една од своите три основни вредности „Се развиваме“. Образованието е идентификувано од Банката како клучен двигател за напредок, личен и организациски раст. ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) минатата година инвестираше во Србија рекордни 846 милиони евра, што е за речиси 200 милиони евра повеќе од 2022 година и значително над претходниот максимум од 679 милиони евра во 2020 година. Како што соопштија од банката, Србија по првпат се рангираше меѓу првите пет приматели на инвестиции од ЕБОР. Исто така, во 2023 година, ЕБОР финансираше 28 проекти во Србија, со фокус на зелената транзиција, ...
Германските машиновозачи повторно ги напуштија своите работни места во, како што се чини, најдолгиот штрајк досега на железничките работници, предизвикувајќи нови главоболки кај патниците, објави Ројтерс во средата, додавајќи дека враќањето на преговарачката маса е едвај на повидок. Синдикатот на германските машиновозачи ГДЛ во понеделникот, за време на тековните преговори за колективниот договор, повика на најдолг штрајк до сега, кој треба ...
Почнувајќи од 2020 година, Народната банка постојано презема повеќе мерки и активности за поттикнување на зелената трансформација на нашата економија. Меѓуинституционалната соработка, координираниот национален пристап и градењето системи за поголема отпорност и ублажување на штетите е од суштинско значење за справувањето со климатските промени коишто се идентификуваат како најголемите ризици во светот на кус и на долг рок. На средбата којашто ...
Благодарение на бумот на вештачката интелигенција, вредноста на акциите, на и онака успешната компанија, Мајкрософт пораснаа, со што таа стана втората компанија вредна 3 трилиони долари во средата. За споредба, пазарната вредност на Мајкрософт сега е поголема од целиот БДП на Франција и веднаш зад оној на Обединетото Кралство. Акциите пораснаа за речиси 1,5 отсто до околу 405 долари по акција во средата попладне, надминувајќи ја пазарната ...
Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал. S&P достигна ново рекордно ниво S&P 500 ја заврши трговската недела со 4.840 поени во петокот, на 19 јануари, што значи дека најпосакуваниот американски берзански индекс прв пат по 3 јануари 2022 година достигна нова рекордна вредност. S&P 500 заврши со позитивен резултат во 11 од последните 12 недели. Во исто време, индексот ...
На азиските берзи цените на акциите пораснаа, најмногу на кинеските пазари, бидејќи тамошните власти најавија нови мерки за стимулирање на растот на втората по големина економија во светот. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,6 отсто околу 7 часот наутро, трет ден по ред. Истовремено, индексот Никеи порасна на берзата во Токио за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Хонг Конг и ...
· Одржлива мобилност: нов SUV за зголемување на гамата на електрични модели на Opel. · Фокусирани на иднината: од страна на Opel, новиот модел наречен Frontera ќе биде претставен подоцна оваа година. Руселсхајм. Opel го најави враќањето на името Frontera во 2024 година и тоа на целосно новиот SUV модел на брендот. Новата Frontera, која ќе биде претставена подоцна оваа година, ќе биде забавен автомобил со паметни функционални карактеристики. ...
Дали мислите дека секој отпечаток од прстите кај човекот е всушност уникатен? Тоа е прашањето што професор му го постави на студентот Габе Гуо за време на пандемијата на коронавирусот, чекајќи да ја започне својата прва година на одделот за компјутерски науки на Универзитетот Колумбија, пишува „Си-ен-ен“. „Тогаш не знаев дека тој разговор ќе ги постави темелите на мојот живот во следните три години“, вели Гуо, сега студент на трета година на ...
Oвeн Многу добар ден ве очекува, без разлика дали станува збор за успешно решавање на проблеми од минатото или иницијативи поврзани со нови проекти. Слободните може да се опуштат и да уживаат. Пред вас е поволен ден за нови познанства, но и уживање во контактите со пријателите. Здравјето е многу добро. Биĸ Нека не ве плаши зголемениот обем на обврските денеска, затоа што се ќе успеете да завршите на време. Потрудете се да организирате некој ...
Надградувајќи на успешното 30-годишно партнерство, Групацијата Светска банка и Северна Македонија ќе соработуваат во зајакнување на конкурентноста на земјата, развивање на човечкиот капитал и зајакнување на отпорноста на климатските промени, се вели во новата стратегија за периодот 2024-2028 година, дискутирана денес од страна на Бордот на извршни директори на Групацијата на Светска банка. Стратегијата ја истакнува потребата за Северна ...
Цените на златото би можеле да пораснат за 10 отсто до крајот на годината поради потенцијалното намалување на каматните стапки, објави Швајцарската банкарска корпорација УБС. Златото, и покрај малиот пад на почетокот на 2024 година, сè уште се држи над границата од 2.000 долари за унца, а до крајот на годината би можело да се искачи на 2.250 долари бидејќи не треба да се потцени „моќта на пресвртот на американската централната банка“ во однос ...
Вештачката интелигенција може подобро и побрзо од експертите да ги чита и анализира резултатите од скенери, ЕКГ и други медицински тестови и на тој начин, на пример, да предвиди инфаркт однапред. Најчеста причина за смртност во светот сè уште се кардиоваскуларните болести: околу 17,3 милиони луѓе умираат годишно, а се проценува дека до 2030 година оваа бројка може да се зголеми на 23,6 милиони. Иако бројот на заболени од кардиоваскуларни ...
Британската компанија за испорака ДПД го исклучи четботот кој функционира преку вештачката интелигенција (ВИ) откако незадоволен клиент успеа да го „натера“ да пцуе и да ја критикува фирмата. Музичарот Ешли Бошамп (30) се обидел да го пронајде изгубениот пакет, но не добил никакви корисни информации од онлајн четботот на компанијата за испорака. Откако се обидел да добие одговор, незадоволниот клиент решил малку да се забавува и почнал да ...
Замислете свет во кој секој допир на екранот на вашиот телефон е патување во иднината, каде што секој повик отвора врата за нови димензии и каде секоја фотографија раскажува приказна со совршена јасност. Ова не е научна фантастика, ова е реалноста што ја носи новата серија Samsung Galaxy S24 – технолошки скапоцен камен што ќе ги трансформира вашите секојдневни искуства со своите напредни технологии и вештачка интелигенција, ќе ги направи ...
Со Решение издадено од Народната Банка на Република Северна Македонија, актуелниот Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, доби претходна согласност за нови четири години мандат да ја води Банката. Грегановиќ е ре-именуван за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, а неговиот нов мандат официјално започнува на 2 јануари, 2024 година. Функцијата Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, ...
Новата правна рамка за платните системи и платежните услуги, поради високата усогласеност со правото на Европската Унија, носи можности за забрзана интеграција на земјата во Единствената европска платежна област (СЕПА) и поврзување со платежната инфраструктура во ЕУ за побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите. Исто така, правната рамка има за цел да го поттикне користењето на дигиталните канали за полесно иницирање на ...
Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески. Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, прогнозите се дека во претстојниот период не се очекува понатамошно зголемување на ...
Во Вашингтон, Бордот на Директори на ММФ ги одобри Извештајот за Артикл 4 и Извештајот за ПЛЛ (Заемот за ликвидност и претпазливост) со констатација дека успешно се остваруваат целите од програмата и справувањето со кризите. Со тоа се дозволува пристап за дополнителни 200 милиони евра буџетска поддршка за политиките за фискална консолидација и продолжување со успешното економско закрепнување после Ковид пандемијата и енергетско и ценовните ...
Република Северна Македонија со силна посветеност на остварувањето на амбициозната реформска агенда ја задржа макроекономската и финансиската стабилност, ги оствари сите поставени цели и според Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), продолжува да ги исполнува критериумите за пристап до ПЛЛ програмата (Линија за претпазливост и ликвидност) што се доделува само на економии кои имаат здрави макроекономски фундаменти. Ова, како што ...
Развој на човечкиот капитал, поттикнувањето на инвестициите и политиките на одржливост се трите фактори, кои заедно со евроинтегративниот процес и општествен консензус за реформскиот процес ќе придонесат кон забрзување на економскот раст кон потребните стапки од 5%. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата најнова колумна посочува дека со конзистентност на економските развојни политики и преку национален консензус, може да се забрза ...
По првпат по повеќе од 15 години, односно од кризата во 2008 година, годинава повторно ќе има масовни отпуштања на работници во градежната индустрија во Германија: се проценува дека поради кризата во станоградбата, околу 10 илјади луѓе ќе останат без работа. Очекуваме дека околу 10.000 работници ќе треба да бидат отпуштени во наредните месеци – изјави за германската новинска агенција ДПА Тим-Оливер Милер, генерален директор на здружението за ...