Дисциплинската комисија на УЕФА жестоко го сакционионираше Луис Дијаз,, кој ќе мора да ги пропушти следните три средби во Лигата на Шампионите поради црвениот картон заработен во минатото коло против ПСЖ. Колумбиецот доби директен црвен картон поради бруталниот старт врз Хакими по кој Мароканецот доби тешка повреда, што пресуди Дијаз да добие подолга суспензија од очекувањата. Од баварскиот гигант сепак објавија дека се шокирани од ваквата ...

Големото градско дерби меѓу Интер и Милан е на програмата в недела, голем број стратези и аналитичари даваат свои прогнози за овој дуел, а меѓу најинтересните е онаа на Фабио Капело. Според прославениот тренер на „росонерите“, најважно за неговиот поранешен клуб ќе биде во каков ритам ќе влезе Рафаел Леао, и тоа – на која нога ќе се разбуди Португалецот. „Сите многу добро знаат колку е специјален овој натпревар, очите на цела Италија ќе бидат ...

Прволигашката програма за утрешниот ден ќе содржи само еден меч откако беше официјално потврдено дека дуелот меѓу Шкупи и Пелистер ќе мора да биде презакажан. Овој меч требаше да се игра утре на стадионот во Струга, но немањето основни услови за игра на овој меч придонесе дуелот да биде презакажан за вторник. „Натпреварот против Шкупи што требаше да се одигра утре во рамките од 14. коло во ПМФЛ, поради немање основни услови за игра, односно ...

Раководството на ФК Беласица преку соопштение на официјалната фејсбук-страница реагира на арбитражата на денешниот пораз од Новаци. Според струмичани, главни „виновници“ за ваквиот исход се судиите, кои во неколку клучни моменти донеле одлуки против Беласица. „Дали Беласица му смета на некому? Дали клубот кој е синоним во македонскиот фудбал и клуб со 103 годишна традиција заслужува некој со своите одлуки така ниско да го омаловажува??? ...

Арсенал одлучи да го награди Букајо Сака за неговите извонредни настапи и да му понуди нов договор, кој англискиот репрезентативец ќе го прифати. Како што објавија англиските медиуми, Сака ќе добие значително подобрени лични услови во новиот договор од четири и пол години. Сака е столб на тимот на Микел Артета неколку сезони и тоа се одразува во неговата статистика. Оваа сезона, тој постигна шест гола на 14 натпревари во сите натпреварувања, ...

Барселона се враќа на „Камп ноу“, а во тимот на Ханси Флик ќе се вратат двахца важни фудбалери. Каталонците ќе го пречекаат Атлетик Билбао, а Џоан Гарсија и Рафиња се враќаат во тимот. „Џоан Гарсија ќе брани утре, тој е целосно подготвен. Рафиња се опорави, сметаме на него, ќе влезе во второто полувреме, ќе видиме дали ќе игра 10 или 20 минути. Педри сè уште не е со нас, но ќе биде во составот за неколку дена. Нема да брзаме со него, одиме ...

Најдобриот натурализиран кошаркар во историјата на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб даде интервју за „Баскетбол сфер“ во кое говореше за својот престој во Србија, но и соработката со тренери како Жељко Обрадовиќ и Душко Вујошевиќ. Бо Мекејлеб имаше привилегија да игра под водство на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче и зборуваше со искрена почит и восхит и за искуството и за легендарниот српски тренер. „Имам многу високо мислење за Жељко. Тој е ...

Двократниот европски шампион Вардар продолжува со максималниот ефект во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеше против Е. Пелистер 2 со 34-24 во меч од 13. коло од Суперлигата. Младите битолчани му пружија голем отпор на противникот во првото полувреме, по кое домаќините изненадувачки имаа позитива од само три гола (14-11). Во второто полувреме „црвено-црните“ уфрлија во повисока брзина и на крајот славеа со убедливи ...

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вечерва го прекина постот од пет натпревари без гол во Хрватската прва лига. Искусниот 35-годишен напаѓач погоди во 28. минута на дуелот меѓу Славен Белупо и Вуковар 1991 и го доведе својот тим до водство од 2-0 на полувреме на Градскиот стадион во Копривница. Несторовски не се имаше радувано на погодок уште од 12. септември кога постигна против Локомотива, а вечерва со прецизен удар ја казни ...

Од следната сезона, Премиер игата ќе има нов систем на финансиски фер-плеј базиран на вредноста на тимот. Претставниците на клубовите од Премиерлигата одржаа состанок денеска во Лондон. На состанокот беше гласано за три можни системи на финансиски фер-плеј што би го замениле сегашниот правилник. Системот за вредности на тимот (SCR) доби 14 гласа „за“ и четири „против“, па затоа беше усвоен со минимален потребен број гласови. Против беа ...

Леброн Џејмс ги надмина проблемите со повреда и се врати во тимот на Лос Анџелес Лејкерс на кој ќе му биде од огромна помош во продолжението од сезоната и битката за шампионски трофеј. Враќањето на легендарниот кошаркар во ростерот сепак донесе лоши вести за неговиот син Брони Џејмс кој е испратен во филијалата на ЛА Лејкерс во развојната „Џи-лига“, Саут Беј Лејкерс, тим кој му е добро познат од минатата сезона. Сега 21-годишниот Брони ...

И покрај поразот во последното коло од Лигата на шампионите на гостувањето кај Пик Сегед, ракометарите на Е. Пелистер повторно добија високо индивидуално признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ). Левиот бек Ник Хенигман го пласира својот спектакуларен погодок на 4. место во изборот за најубав гол на колото, додека одличната одбрана на голманот Саид Хаидарирад се најде исто така на 4. позиција во ТОП 5 одбрани на неделата. Со овие ...

По катастрофалните европски резултати, Андрија Николиќ ја напушти клупата на хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб. Загреб не се прослави во претходниот дел од Лигата на шампионите, ги загуби сите осум натпревари со гол-разлика од минус 38. Старо-нов тренер на Загреб ќе биде искусниот стратег Ненад Шоштариќ. Да потсетиме дека Шоштариќ се повлече од клупата на Загреб во 2024 година поради здравствени проблеми. Тој остана на чело на струката ...

Македонскиот млад фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров (19) го одигра можеби и најубавиот меч во досегашната кариера во дресот на Црвена Звезда. Во рамките на младинската лига на Србија, „црвено-белите“ го совладаа Ушче со 0-6, а токму нашиот интернационалец беше ѕвездата на натпреварот. Уште во 18. минута, по изведен корнер од десната страна, Гаштаров упати удар од речиси 25 метри и топката мајсотрски заврши во самиот горен агол на голот ...

Милан се подготвува за возбудлив јануарски преоден рок, а се чини дека една од најголемите дефанзивни легенди на модерниот фудбал би можела да пристигне на „Сан Сиро“. Според извештаите од Италија, „росонерите“ сериозно размислуваат за враќање на Тијаго Силва, кој моментално го носи дресот на Флуминенсе. Силва веќе остави неизбришлива трага во Милан, каде што играше од 2009 до 2012 година. Потоа го доби статусот на еден од најдобрите стопери ...

Иднината на аргентинската ѕвезда во Рома, Пауло Дибала е се понеизвесна. Договорот на 32-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната, а раководството на „волчицата“ се повеќе се двоуми дали да му го продолжи. Главниот проблем околу кој се „крши“ управата е платата која изнесува 8 милиони евра, што е моментално над финансиските можности на клубот. СЕкоја нова понуда би била за значително помал износ, и прашање е дали Дибала ќе прифати. ...

Екипата на Силекс со три бода се враќа од гостувањето во Ѓорче Петров во меч од 14. коло, откако ја совлада екипата на Македонија со 1-2. Сите три гола паднаа во вториот дел, а кратовскиот тим пропушти неколку добри шанси за порано да го заклучи победникот. Свои прилики имаа и „лавовите“ кои можеа да го избегнат поразот, ако беа поконцентрирани во завршницата. Силекс во првото полувреме постигна два гола за 12 минути. Најпрво во 15. минута по ...

Дербито на Втората лига му припадна на тимот на Брегалница, која успеа да триумфира во Арачиново на гостувањето кај Шкендија со 1-2. Сепак, натпреварот го одбележа нападот на еден од гостинските играчи на паузата на полувремето, кога беше удрен од еден од официјалните лица на теренот на Фортуна во Сингелиќ. Шкендија Арачиново имаше предност, а потоа Брегалница пред самиот крај на полувремето израмни. Во вториот дел штипјани дојдоа до пресврт ...

Антонио Ридигер ќе биде еден од играчите кои ќе бираат клуб како слободен агент следното лето. Иако се шпекулира дека Реал Мадрид сè уште не ја затворил вратата за преговори со него, мали се шансите Ридигер да добие нов договор. Германецот пристигна како слободен агент во летото 2022 година кога му истече договорот со Челзи, а ќе може повторно да го избере својот клуб во јуни. Сигурни извори откриваат дека Ридигер има профитабилни понуди од ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, денес потврди дека Флоријан Вирц и Конор Бредли се надвор од теренот поради повреди. Холанѓанецот на прес-конференцијата пред натпреварот против Нотингем Форест потврди дека Вирц и Бредли претрпеле мали повреди на мускулите, но дека Германецот е во подобра ситуација. „И двајцата имаат мали повреди на мускулите. Не очекувам Бредли да се врати во следните три недели, додека Флоријан не очекува таква пауза“, ...

Англискиот репрезентативец Кол Палмер ќе ги пропушти следните три натпревари на Челзи, од кои два се дербија против Арсенал и Барселона поради бизарна повреда. Палмер се повредил дома удирајќи го прстот по вратата, што резултирало со скршеница. Поради ова, ѕвездата на „сините“ нема да биде на натпреварите против Барнли, Барселона и Арсенал. Станува збор за прстот на левото стапало со кој удри во вратата, и претрпе повреда од која целиот свет ...

Откако беше опериран на крајот на јули, и веќе е во четвртиот месец од закрепнувањето, Марк-Андре тер Штеген го истражува пазарот во потрага по решенија, пишува „ АС “. Потребен му е тим што ќе му овозможи редовно да игра, како што побара селекторот на Германија , Јулијан Нагелсман, за да може да смета на него како стартер голман на Светското првенство во Северна Америка во летото 2026 година. Во Барса, Тер Штеген е во ќорсокак. Освен ако ...

Лгендарниот германски фудбалер Томас Милер, кој се приклучи на Ванкувер Вајткепс во летото, ги откри своите планови за иднината. Германецот објави дека неговата канадска авантура ќе продолжи следната година, и дефинитивно ќе помине уште една сезона со Ванкувер Вајткепс. Искусниот фудбалер го откри ова во интервју за германскиот „Кикер“: „Тука ќе бидам и следната година“, изјави тој. На 23 ноември рано наутро по македонско време, неговиот тим ...

Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација Вејн Руни, верува дека сегашниот голгетер Хари Кејн ќе стане најголемиот играч на Англија на сите времиња. Кејн досега има 112 натпревари за Англија, и го става на петтото место на листата по бројот на најмногу настапи, но ако продолжи вака, тогаш ќе го достигне легендарниот Питер Шилтон, кој со 125 настапи во моментов е рекордер по бројот на натпревари за „Гордиот Албион“. „Тој сега има ...

Македонија ЃП и Силекс 1-2 на полувремето. Вреди да се напомене дека во Македонија ЃП се вратија стандарните играчи, по настапот со младинците со Шкендија кога загубија 7-2. И во таква ситуација, Силекс е подобар противник. Во 15. минута по центаршутот на Пиреш од десната страна, Мирчевски со глава го совлада Јанков. Се играше 27. минута кога Силекс стигна до одлични 0-2. Откако Кабаркас се обиде да расчисти опасност пред голот на Македонија ...

Русија веќе три години е во фудбалска изолација по одлуката на ФИФА и УЕФА да ја исклучи од сите натпреварувања поради војната со Украина. Додека траат политичките преговори и ситно се брои до следниот голем светски собир – Мудијалот од истокот доаѓаат изненадувачки вести. Имено, Русија одлучи да организира паралелно Светско првенство на кое учество ќе земат репрезентации кои не успеаја да се квалификуваат за настап на главното Светско ...

Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беа одиграни само четири натпревар по кои на победи се радуваа Орландо, Мемфис, Филаделфија и Сан Антонио. Најубавите потези на вечерта ги одбележаа атрактивни блокови вреди да се погледат и повеќе од само еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА ...

Српскиот центар Никола Јокиќ продолжува да ги воодушевува љубителите на кошарката оваа сезона, како и во секоја од претходните 11 во НБА лигата. Еден од оние играчи кои имаа исклучителна врска со Јокиќ во Денвер беше Диандре Џордан, кој во подкаст детално зборуваше за тоа каков е српскиот ас. Тој истакна дека приказните дека Јокиќ не ја сака кошарката и не тренира доволно се големи измислици. „Сите овие муабети дека не му е гајле за ...

Десеттата епизода на ПРЕСИНГ го носи еден од највозбудливите разговори за македонскиот спорт, заедно со најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, а како гостин најголемото македонско кошаркарско име, трикратен европски шампион и прв Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ. Меѓу бројните теми, секако неизбежни се разговорите за случувањата на Европското првенство 2011 во Литванија, кога Антиќ како капитен ја водеше Македонија до ...

Силекс после репрезентативната пауза денеска има гостување во Скопје, против Македонија ЃП во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Кратовци се надеваат дека ќе ги освојат бодовите кои им се важни за го задржат чекорот со водечкото трио на табелата. Од таборот на кратовскиот прволигаш велат дека нема да го потценат противникот, кој претрпе измени во последните денови, добија нов шеф на стручен штаб, и дека ќе одат максимално да ги ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
48%
1024
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
77%
1021
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
70%
1020
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
66%
1023
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.52
96%
1022
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
52%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
53%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
56%
1027
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
3.6
66%
1020
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
1.54
85%
1019
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
60%
1024
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Калај

48.40

Иридиум

174307.10

Бакар

12.02

Паладиум

57839.19

Кобалт

59.52

Сребро

2756.60

Родиум

318292.39

Платина

74245.83

Алуминиум

3.17

Рутениум

44946.74

Цинк

3.15

Злато

147673.55