Вчера во 19:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Пирава и Јосифово, валандовско, мопед со гевгелиски регистарски ознаки управуван од Ф.Д.(18) од Гевгелија, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво. Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а повредите биле констатирани во Здравен дом Гевгелија. Увид на ...

Во СВР Тетово во текот на вечерта биле регистрирани две поврзани пријави против лицето В.Р.(54) од Тетово. Имено на 29.05.2026 година во 23:40 часот, неговата 78 годишна мајка пријавила „загрозување на сигурноста при семејно насилство“, бидејќи во семејниот стан лицето кршело предмети и агресивно се однесувало. По што на 30.05.2026 година во 00:17 часот, нивната сосетката пријавила, дека на 29.05.2026 година околу 18:10 часот, В.Р. заѕвонил ...

Деветнаесетгодишен мотоциклист починал како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“. Во несреќата учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од 31-годишниот Н.Х. од Визбегово, како и два мотоцикли – „БМВ“ ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на улицата Пластичарска во Скопје, во која учествувале автомобил и мотоцикл. Според првичните информации, мотоциклистот се здобил со сериозни повреди и итно бил пренесен во болница за укажување лекарска помош. На местото на несреќата веднаш пристигнала полиција, која извршила увид и работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот. Повеќе информации за состојбата на ...

Православните христијани во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна вечерва на Пластичарска во Скопје, каде според првичните информации дошло до сериозен судир помеѓу патничко моторно возило и мотоциклист. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на полицијата и Итната медицинска помош, кои интервенирале по пријавата за сообраќајката. Засега нема официјални информации за степенот на повредите на учесниците во несреќата, ниту за причините кои довеле до судирот. ...

Полицијата и надлежните институции во Србија истражуваат инцидент меѓу две девојчиња, пријавен од мајката на едното дете. Настанот се случил по завршување на часовите, а случајот веднаш бил пријавен и во Центарот за социјална работа. Поради малолетноста на учесниците, од институциите не се откриваат повеќе детали. Нападот се случил додека девојчето се враќало од училиште, а девојката што го извршила нападот била 2 години постара. Нападот се ...

До 10 јуни, Овенот, Вагата и Рибите ќе доживеат голема промена што би можела да им ги преврти животите наопаку. По долго чекање и застој, конечно доаѓа времето кога работите ќе се движат во нивна корист. За овие знаци, повеќе нема простор за неизвесност и стагнација – тие влегуваат во фаза каде што напорната работа почнува да дава резултати, а можностите што доаѓаат ќе бидат тешки за игнорирање. Парите конечно пристигнуваат таму каде што не ...

Минималната пензија во Бугарија од 1 јули ќе изнесува 347,51 евра, откако бугарските пратеници едногласно ги поддржаа измените во продолжениот закон за буџетот. Со новите измени, минималната пензија ќе се зголеми од досегашните 322,37 евра, а покачувањето ќе изнесува 7,8 проценти. Предлогот беше усвоен на прво читање со 196 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан. Целта на измените е пензионерите кои примаат најниски пензии да не ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и среда времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали и релативно стабилно, а од четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, ...

Дваесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во скопската населба Илинден. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај 2026 година околу 23 часот. Судирот се случил на улицата „34“ во Илинден, помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот А.С., и мопед кој го управувал 20-годишниот П.С., ...

Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Духовденската Задушница, позната и како летна, се чествува пред празникот Света Тројца, познат и како Духови или Педесетница, празник кој се слави 50 денови по Велигден и 10 дена по Спасовден. ...

23-годишен млад човек од селото Сараќино, Тетово, го загубил животот во Австрија, откако бил пријавен за исчезнат од понеделник. Тој бил пронајден мртов во езерото Факер, додека причината за смртта сè уште не е потврдена и е наредена обдукција. Според австриските медиуми, тревогата била крената откако на брегот на езерото биле пронајдени предмети што му припаѓале на исчезнатиот, што довело до голема акција за пребарување од страна на ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила. Oд МВР информираат дека во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит. Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска околу 2:15 часот во местото Горна Река кај Јастребарско, во Хрватска, при што загинал 18-годишен матурант, а три лица биле повредени. Според информациите од Полициската станица Јастребарско, несреќата се случила кога патничко возило, од засега неутврдени причини, излетало од патот. Полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности на трагичниот настан. Во автомобилот се наоѓале четири ...

Страшна вест ја потресе Македонија. Голема трагедија во Куманово. Имено во трагична несреќа загина 13-годишно момче, фудбалер во помладите категории на ФК Куманово. Станува збор за Аган Асани од селото Черкези, кој додека возел тротинет бил удрен од автомобил на патниот правец Куманово – Скопје по стариот пат. Оваа вест ја сподели и неговиот тренер Исмет Зеќири на социјалните мрежи: “Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот ...

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа кај селото Черкези, кумановско. Според информациите на МВР, вчера околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези. По ...

Нов грозоморен случај на силување на дете пријавен во државата. Полицијата уапсила 58-годишен жител на тетовско село, осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка. Упсена е и 37-годишната мајка на девојчето, која, и покрај тоа што била запознаена со случајот, не го пријавила во надлежните институции. Од СВР Тетово информираат дека вчера, околу 16:45 часот, 62-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна внука била жртва на силување. ...

Венчавка во православен храм стана вистински хит на социјалните мрежи, но за жал не поради доброто и убавото, туку поради несфатливото и крајно недоличното однесување на маж кој бил во црквата за време на церемонијата. Дека не ги почитува младенците, обичаите, религијата или верската институција во која се наоѓа, младиот човек покажал со тоа што дошол во црква во шорцеви и маица. Сепак, тоа е ништо во споредба со удирањето на младоженецот по ...

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој од 2018 година престојува во Будимпешта, во 2022 година добил унгарско државјанство, објави истражувачкиот портал „VSquare“, повикувајќи се на извори блиски до унгарските власти. Според информациите, Груевски сè уште живее во Унгарија, што дополнително ги намалува можностите за негова екстрадиција во Северна Македонија. Порталот наведува дека државјанството било одобрено поради „државен ...

Василиса Володина нагласува дека покрај материјалната благосостојба, секој знак во хороскопот ќе се развива духовно и емотивно и ја нагласува важноста за рамнотежа помеѓу духовните и материјалните вредности за долгорочна среќа. Рускиот астролог Василиса Володина открива дека за еден хороскопски знак следните 20 години ќе бидат низа од непрекината среќа . Овој знак, според неа, го напушта минатото со сите негови грешки и неуспеси и влегува во ...

Македонците кои живеат и работат во Германија од 1 јуни ќе останат без една од најважните директни авионски линии кон татковината. Германската авиокомпанија „Луфтханза“ официјално го прекинува летот на релација Франкфурт – Скопје, кој беше меѓу најкористените од дијаспората. Во системот за резервации веќе нема достапни летови по 31 мај, ниту за летната сезона, ниту за зимскиот распоред што започнува наесен. Наместо директна врска, патниците ...

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње, а потресот бил почувствуван и во соседните земји. Според податоците од сеизмолошките служби, земјотресот се случил кратко по полноќ по локално време. Епицентарот бил лоциран на околу 11 километри северозападно од Требиње и приближно 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри. ...

Можно е да немате исплата за Мој ДДВ, но и за тоа има решение. Управата за јавни приходи информира дека за користење на апликацијата „МојДДВ“ граѓаните мора успешно да се регистрираат и да добијат одобрување во системот е-Даночни услуги. Според информациите објавени од УЈП, без успешна регистрација и одобрен профил, апликацијата „МојДДВ“ не може да се користи. Од институцијата посочуваат дека доколку профилот сè уште не е одобрен, лицето ...

Трифун Костовски се враќа во политика. На социјалните мрежи повика граѓаните да му се приклучат. „Партијата ќе биде составена од членови на возраст од полнолетство со неограничен век на старост. Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во која ќе создадеме иднина за нашите поколенија, да размислат и да се приклучат кон ваквата моја визија“, соопшти Костовски на социјалните мрежи. ...

По бурниот бран на дестабилизација и локални непогоди во изминатите денови, метеоролошката слика во земјава бележи значително смирување и стабилизација. Според официјалниот утрински билтен на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност, соопштено е во овој петок, 29 мај 2026 година, во извештај објавен во 07:23 часот. Во текот на денешниот ден ќе ...

Пензионерите летово ќе останат без покачени пензии, бидејќи следното законско зголемување е планирано со септемвриската пензија, која ќе се исплати во октомври, додека мајската пензија треба редовно да биде исплатена на 1 јуни, со можност дел од банките да ја пуштат и порано. Иако во јавноста повторно се отвора прашањето кога ќе легнат парите на сметките, законскиот рок за исплата на мајската пензија е понеделник, 1 јуни. Практиката, сепак, ...

Летувањето во Грција е речиси незамисливо без гиро, а неговата цена варира од сезона во сезона. На страницата „Грција инфо“ е објавен нов ценовник од познат ресторан во Никити на Ситонија. Туристите кои веќе престојувале во Грција оваа година ги открија цените на гиросот и во други грчки летувалишта. Никити (Ситонија) Гирос пита: 5,30 евра Гирос порција: 12 евра Сендвич: од 4 евра Ханиоти Гирос пита (мала): 5 евра Гирос порција (голема): 10 ...

Секторот за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи упати итен апел до граѓаните за зголемена претпазливост и максимална одговорност при користење отворен пламен, особено во услови на високи температури и продолжен сушен период. Од МВР предупредуваат дека поради топлото и суво време значително е зголемен ризикот од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор, кои можат да предизвикаат сериозна материјална штета, но и да ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
92%
1013
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
90%
1012
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.26
93%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.68
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
85%
1020
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
95%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1020
Currency

61.667

Currency

55.014

Currency

73.848

Currency

37.981

Currency

38.997

Currency

67.128

Currency

8.2526

Currency

0.66669

Currency

0.34786

Currency

0.52402

Currency

1.0961

Currency

0.58649

Иридиум

321507.47

Паладиум

32633.01

Кобалт

33.53

Алуминиум

2.99

Калај

46.57

Платина

49640.75

Сребро

1667.87

Злато

130085.14

Родиум

302217.02

Бакар

12.57

Рутениум

61086.42

Цинк

3.75