Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Македонската мото-заедница е во жалост по веста дека почина познатиот моторист Матко Петровиќ, меѓу пријателите и љубителите на мотори познат како „Baba“. Информацијата брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни пријатели, мотористи и познаници се простуваат од него со емотивни пораки. Петровиќ важеше за човек кој со години беше дел од мото-културата и учествуваше на различни собири и настани поврзани со мотористите. Многумина го ...
Актерката открила во својот последен пост на 18 јануари дека неодамна имала итна операција за отстранување на маса од носот. Супермоделот и актерка Анабел Скофилд починала по битка со рак на мозокот. Веста за смртта на актерката и модел ја потврди „Холивуд Репортер“, наведувајќи дека Скофилд починала на 28 февруари во Лос Анџелес на 62-годишна возраст. Во последните месеци, таа јавно зборувала за своето здравје и за борбата со ракот на ...
Тажната вест ја објави Оливер Спасовски: Денес Куманово изгуби човек кој остави значаен белег во неговиот јавен и општествен живот. Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на Бајрам Сулејмани, кој во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово и беше познат локален педагог, професор, новинар и публицист. Неговиот придонес и посветеност ќе останат запаметени. Изразувам искрено ...
Уште една сообраќајна несреќа во Македонија со трагичен исход. 44-годишен возач од Сарај вчера попладне загинал откако со автомобил излетал од патот на обиколницата околу Скопје во правец на Тетово. Од МВР информираа дека патничко возило со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот кај клучката Мирковци, при што возачот починал на местото на несреќата. Телото на загинатиот е предадено на обдукција, а полицијата работи на утврдување на ...
Поранешниот борач (пеливан) од Сарај, Рефет Пајазити, го загуби животот како последица на сообраќајна несреќа која се случила денеска попладне. Според првичните информации, трагичниот настан се случил вчера во попладневните часови. Надлежните органи во моментов активно ги истражуваат причините за несреќата, а дополнителни официјални детали за целосните околности се очекува да бидат соопштени наскоро. Загуба за спортската заедница Веста за ...
Цената на нафтата продолжува да расте и на меѓународните пазари, а еден барел ја надмина границата од 84 долари, што повторно ги отвора прашањата за нов притисок врз цените на горивата, транспортот и секојдневните трошоци. Растот на нафтата обично е сигнал што брзо се прелева и во домашната економија, особено кај цените на бензинот и дизелот, но и кај услугите што директно зависат од транспорт и логистика. Кога суровата нафта поскапува на ...
Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари (четврток) 7 јануари (среда) 20 март (петок) Продолжен викенд 13 април (понеделник) Продолжен викенд 1 мај (петок) Продолжен викенд 25 мај (понеделник) Продолжен викенд 3 август (понеделник) Продолжен викенд ...
Доцна синоќа избувна пожар во познатиот ресторан „Мал одмор“, кој се наоѓа на влезот од Штип, јавуваат локалните медиуми. Според првичните информации од очевидци, огнот се појавил во објектот во текот вечерта, по што на терен веднаш биле повикани противпожарни екипи. Засега нема официјални информации од институциите за причините за избувнувањето на огнот, ниту пак дали има евентуално повредени лица. Очекувањата се дека во текот на денот ...
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, додека максималната дневна ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје се прогнозира ...
Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето. Промената ќе се случи во последната недела од март, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред. Официјалното преминување на летното време е на 29 март. „Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час ...
Џамбо се пофали на Фејсбук со забавата која ја приредил на една свадба во Германија. Македонскиот трубач со интернационална кариера, Џамбо Агушев во моментов е еден од најдобрите свирачи на труба во земјава и пошироко. Уште од многу млад неговите родители увиделе дека има огромен талент за овој инструмент и знаеле дека ќе стане исклучително успешен. Тоа и се случило, Џамбо денес има светска кариера каква посакува секој македонски музичар. ...
Околу 12.000 македонски пензионери кои живеат во странство се најдоа во неизвесност откако Уставен суд на Република Северна Македонија најави дека ќе ја оценува уставноста и законитоста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според тие измени, пензионерите што не живеат во државата нема да ги добијат најавените покачувања од по 1.000 март 2026 година. До Судот досега се поднесени три иницијативи со кои се оспоруваат ...
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот. Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ...
Тежок инцидент се случи вчера во белградската населба Раковица, во кој седумнаесетгодишно момче се здоби со животозагрозувачки повреди. Според првите информации, тинејџерот е пронајден од неговиот татко пред зградата каде што живее, откако брутално е претепан од засега непознати лица. Таткото на повредениот млад човек изјави дека неговиот син е пресретнат и претепан од неколку млади мажи. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а напаѓачите ...
Минатата вечер полицијата регистрира серија на прекршоци што сериозно го загрозуваат сообраќајот. Девет возачи беа лишени од слобода поради управување возило без возачка дозвола, возење на нерегистрирани возила, под дејство на алкохол, како и поради непочитување на изречена забрана за управување возило. Најголемиот дел од приведените, шест лица, биле фатени како управуваат без важечка возачка дозвола. Во Неготино двајца возачи се затекнати во ...
Десетгодишно момче од Тетово го загуби животот по пад од тераса во станот во кој живеело, информираат од СВР Тетово. Според полициските информации, денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово било донесено дете без знаци на живот. Станува збор за 10-годишно момче од Тетово. Според првичните сознанија, детето, кое имало здравствени проблеми, паднало од терасата на станот. За настанот родителите биле ...
Вчера во 15:33 часот, во ОВР Пробиштип била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало“. Возачот Р.З.(50) од село Неокази, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А. (59) од село Злетово. Од здобиените повреди, жената починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, ...
Maкедонија вчера ја потресе трагедија, откако триесетгодишна мајка заедно со своето шестгодишно дете се фрлиле од шести кат од зграда во Карпош. Потресена од немилиот настан се огласи и споругата на Андреј од ДНК. „Денес згаснаа уште два животи поради институционална неодговорност! Да не се повтори!“ „Најискрено сочувство до семејството на Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично. Нека почиваат во мир“ Maкедонија вчера ја потресе ...
Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете, информираа утринава од ОЈО. Велат „едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе ...
Македонската мото-заедница е во жалост по веста дека почина познатиот моторист Матко Петровиќ, меѓу пријателите и љубителите на мотори познат како „Baba“. Информацијата брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни пријатели, мотористи и познаници се простуваат од него со емотивни пораки. Петровиќ важеше за човек кој со години беше дел од мото-културата и учествуваше на различни собири и настани поврзани со мотористите. Многумина го ...
Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер – eве каде е епицентарот Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 211 километри од градот Шираз. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер – eве каде е ...
Март носи динамични астролошки движења што особено ќе се одразат врз финансиската состојба на одредени хороскопски знаци. Аспектите меѓу планетите најавуваат изненадни можности, поволни деловни понуди и прилив на средства што многумина долго ги очекувале. За три знаци од зодијакот, овој месец може да означи пресвртница – почеток на финансиска стабилност и период на видлив раст. Рак За Раковите, март отвора простор за нови извори на приход. ...
Фејсбук реакцијата на Јоци ја пренесуваме во целост. Панче Тошковски, кој мува не го лази околу насилството и убиствата на жени во Македонија, досега требаше да одржи вонредна прес конференција и да каже кои мерки МВР ги презело за заштита на починатата жена и нејзината 6-годишна ќерка, со оглед дека имало многу претходни пријави за семејно насилство – пред трагедијата. Како што тврди семејството. Идентично како Росица од Велес. Ако некој не ...
Фејсбук статус на Александар Стојаноски, брат и вујко на жената и девојчето кои денес го загубија животот, по пад од тераса во Скопје. Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна ...
Од Клиниката за гинекологија и акушерство попладнево реагираа на дел од медиумските известувања за смртта на родилката која го загуби животот непосредно по породувањето. „На 27.02 2026 год. на Клиниката за гинекологија и акушерство во 38 гестациска недела од бременоста е породена 34 годишна високо ризична пациентка со 5-та бременост по ред. Породувањето е завршено со царски рез поради претходно извршени 3 царски реза по што во случајов бил ...
Синоќа пред полноќ пак се пукало во Чаир. Во СВР Скопје било пријавено дека од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. Полицијата информира дека нема повредени лица нема, а по преземени мерки, полицијата од местото на настанот подигнала осум чаури. Допрва ќе се истражува дали пукачите биле славеници или имале намера да наштетат некому. Синоќа пред полноќ пак се пукало во Чаир. Во СВР Скопје било пријавено дека од патничко ...
Предлог-законот за заштита од пушење ќе претрпи измени по последната средба меѓу угостителите и претставниците на Владата. Клучната промена е тоа што терасите на локалите, за да се сметаат за простор каде е дозволено пушење, ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни, наместо првично предвидените три. Оваа одлука доаѓа откако институциите утврдиле дека голем дел од објектите немаат техничка можност да ги отворат терасите од три страни. ...
Тежок трагичен настан се случи попладнево во скопската населба Карпош, каде жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години го загубија животот по пад од станбена зграда дознава 24инфо. Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото. Од МВР за Курир потврдија две жртви, а неофицијално станува збор две лица кои паднале од балкон. Екипи на Брза помош и увидни екипи на полицијата ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет истакна оти минималната плата се зголемува и оти ќе почне да се исплаќа со мартовската плата. Не прифаќаат вели тој, обврски за некој друг мандат по истекот на овој во 2028, туку ги преземаат тие кои сакаат да ги исполнат во постојниот мандат. За жал, вели тој, ова е Влада која, исто така, ќе мора да ги реши сите оние напластени проблеми кои што се наследени од ...
Сите знаат или барем слушнале за фенг шуи, но додека многумина размислуваат за уредувањето на собите и мебелот што не е така лесно за менување, повеќето не се сигурни како делуваат украсните парчиња мебел. Нивната инсталација или промена може да доведе до драматични подобрувања, како и до оптимизирање на енергијата што тече низ просторот . Да ве потсетиме, фенг шуи има пет елементи и тоа: Вода, Земја, Оган, Дрво и Метал и секој од нив ...