Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Масимилијано Алегри одлучи целосно да го одмори Лука Модриќ за првпат од стартот на сезоната, а тоа го направи во 19-та рунда на гостувањето во Фиренца на „Артемио Франки“. После 18 старта во низа во Серија А, Модриќ остана на клупата и беше неискористена замена на Алегри, но со оглед прикажаното на теренот, „росонерите“ можат да бидат среќни што освоија барем бод. Милан не искористи две добри шанси во првиот дел, но во второто полувреме ...
Лука Модриќ ги одигра сите 18 натпревари во Серија А од стартот на сезоната, но денеска за првпат не доби шанса и се чини дека беше поштеден од Масимилијано Алегри. Без искусниот Хрват на теренот, Милан изгледаше доста неорганизирано и лошо на „Артемио Франки“, а само чиста среќа го спаси од прв пораз на гостувањата оваа сезона. Фиорентина беше подобар тим и заслужено дојде до водство со голот на Комуцо во 66-та минута, но претходно Алегри ...
Арсенал стана вистинска напаст за ривалите кога е прекин играта во прашање, а ова попладне во тоа се уверија и фудбалерите од првиот тим на Портсмут. Еден од најлошите тимови во Чемпионшип лигата денеска на домашен терен го пречека лидерот во Премиер лигата, ФА Куп пресметка која тргна во навистина лош правец за фаворитот. Арсенал прими гол по една лоша реакција на голманот Кепа и Портсмут поведе со голот на Бишоп во 3-та минута, но Арсенал ...
Арина Сабаленка продолжи со својата доминација во Австралија и стигна до 38 победа на последните 40 меча во оваа земја, па така завери уште една титула на турнирот во Бризбејн. Во завршната подготовка за Аустралијан Опен, најдобрата светска тенисерка не и даде ниакква шанса на Марта Костјук, а откако по петти пат ја победи со резултат 2:0, мораше да гледа како одново не добива рака од ривалката. Украинката веќе некое време не се ракува со ...
Најдобрата македонска тенисерка изминатиов период се подготвуваше за настапот на Аустралијан Опен, а денеска дозна против која ривалка ќе отвори во квалификациите за првиот грен слем турнир. Лина ќе игра против речиси 100 места подобра ривалка во првата рунда од квалификациите, или против четвртата носителка во квалифкацискиот ждреб кој се одржа денеска. Ѓорческа за противничка ја доби 23-годишната Сиња Краус од Австрија, па иако ...
Конор Бредли се самоповреди во завршната фаза од дерби пресметката со Арсенал, а после немилите сцени кои се случија до Габриел Мартинели, денеска стигна најлоша можна вест од Ливерпул. Англискиот првак ги потврди најцрните сценарија за младиот дефанзивец, кој во дадениот момент до тој степен го оштетил коленото, што ги скинал и лигаментите. Ливерпул не откри детали и нагласи дека станува збор за тешка повреда, но праксата покажува дека во ...
Рој Кин е препознатлив по своите жестоки коментари кои ги дава за управата и играчите на Манчестер Јунајтед, па во ситуација кога е вистинска реткост да се слушнат позитивни реакции од него, дефинитивно за издвојување е коментарот кој го даде за еден играч на Арсенал. Кин од самиот почеток на сезоната тврди дека Арсенал ќе стави крај на проклетството и ќе ја освои титулата во Премиер лигата после повеќе од две децении, а според него, клучен ...
Валенсија втора година по ред го завршува првиот дел од кампањата како тим кој е еден од трите загрозени за испаѓање во понизок ранг, но човекот кој беше спасител пред половина година, сега ја доживува судбината која претходно ја доживеа Рубен Бараха. Карлос Корберан на чудесен начин ја спаси Валенсија од испаѓање со сензационални резултати во вториот дел од сезоната, но сега се наоѓа под сериозен притисок и работата се повеќе ме изгледа ...
Македонија го заврши без пораз „Жолтиот куп“ од кој беше дел во Винтертур, а по ремито со домаќинот Швајцарија, за МВП на турнирот беше избран Филип Кузмановски. Македонскиот капитен беше избран за најкорисен играч на подготвителниот турнир за Европско првенство, па по мечот тој им се заблагодари на своите соиграчи за прикажаната игра и борбеноста. – Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи за борбеноста на овој турнир, тие се ...
Марио Балотели остана без ангажман откако беше ослободен од Џенова, а речиси една година подоцна, „Супер Марио“ повторно ќе има шанса да се чувствува како фудбалер. Искусниот италијански голгетер не се откажува и покрај тоа што многумина предвидоа дека ќе оди во пензија, па иако долго беше во потрага по клуб, Балотели конечно најде предизвик кој го задоволува. Желбата да се натпреварува во Серија А му беше упропастена откако Џенова реши да го ...
Марио Пашалиќ го постигна 105-от гол во својата кариера во победата која ја оствари Аталанта над Торино (2:0), а тоа воедно е најемотивниот погодок на Хрватот откако е дел од фудбалот. Играчот за врска влезе во завршниот дел од мечот и ги постави конечните 2:0 во 95-та минута, а по постигнатиот гол погледна кон небото и се расплака. Хрватот го загуби својот татко на средината на месец декември и доживеа голем шок поради специјалната врска ...
Ливерпул не ги постигнува посакуваните резултати во сезоната во која ја брани титулата во Премиер лигата, а менаџерот Арне Слот може да направи одредени корекции во ростерот со потенцијално засилување во актуелниот преоден рок. Во англиската јавност веќе има дебата околу тоа каков профил на играч му е најпотребен на Ливерпул, а досега конкретно како име со „црвените“ беше поврзуван само Џерод Боуен. Фудбалерот на Вест Хем игра стандардно ...
Реал Мадрид освојува многу трофеи со својата фудбалска секција, а позитивните резултати се пропратени и со одлични ефекти од комерцијалните договори кои ги реализира менаџментот на шпанскиот гигант. Како што наведува „АС“, раководството на Реал Мадрид планира да ги подобри спонзорските договори со компаниите чии брендови се појавуваат на дресот на фудбалскиот тим, при што најголемиот дел оди на сметка на „Адидас“ и „Емирејтс“. Мадридскиот ...
Раководството на Јувентус планира да иницира можна размена со Милан, во која Торино би го напуштил дефанзивецот Федерико Гати. Фудбалерот кој имаше одлична соработка со Макс Алегри не е во прв план кај Лучијано Спалети, а тренерот на „бјанконерите“ веќе имал состанок со менаџментот, на кој одобрил Гати да добие зелено светло за преселба во Милан, за во спротивна насока да дојде поинаков профил на фудбалер. Спалети бил голем фан на Рубен ...
Микел Артета се обидува да го подобри секој аспект на актуелниот состав на Арсенал, обидувајќи се да ја искористи добрата форма и резултати за конечно освојување на титулата во Премиер лигата. Шпанскиот стручњак очигледно смета дека секој детаљ може да има позитивно влијание врз остварување на крајната цел, па решил да ангажира уште еден член на стручниот штаб. Се работи за Томас Гронемарк, кој важи за специјалист за изведување аути и ќе ...
Златан Ибрахимовиќ му дал зелено светло на својот постар син Максимилијан, да ги следи неговите стапки и во иднина да го носи дресот на Ајакс. 19-годишниот Макс е дел од Милан Футуро, вториот тим на „росонерите“ кој игра во пониските рангови, но семејството одлучило, а Милан дозволил, наследникот на Златан да се пресели во Амстердам. Тоа значи дека по 22 години, во Ајакс ќе има нов Ибрахимовиќ, а сите страни се надеваат дека Макс навистина ќе ...
НБА лигата му изрече суспензија на Денис Шрудер поради обидот за физички напад врз Лука Дончиќ и германскиот репрезентативец ќе го пропушти новото соочување на Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс, закажано за вторник наутро. Дончиќ и Шрудер си испратија вербални провокации за време на дуелот кој му припадна на Лејкерс, а беше одигран на 28. декември минатата година, но кулминацијата се случила по крајот на средбата. Шрудер наводно се ...
ПСВ Ајндховен вчера оствари убедлива победа над Ексцелзиор во домашното првенство, но загуби еден од своите најважни играчи на подолг рок. Американскиот репрезентативец Рикардо Пепи го постигна вториот гол, со кој ПСВ поведе со 2:0, но во обидот да реализира падна незгодно и заработи скршеница на раката. Пепи не ја ни зафати топката во вториот обид, а таа сепак заврши зад гол линијата, но незгодниот пад му донесе фрактура, која бара пауза од ...
Дарен Флечер го предводеше Манчестер Јунајтед на натпревар на кој „црвените ѓаволи“ не успеаја да го совладаат Барнли, а денеска ќе се обиде да обезбеди пласман во четвртата рунда на ФА купот со победа над Брајтон. Шкотскиот тренер во најавата за дуелот на „Олд Трафорд“ истакнал дека е подготвен да го води тимот до крајот на сезоната, промовирајќи се како сериозен кандидат за улогата на привремен менаџер, за која кандидати се уште и Оле Гунар ...
Виктор Вембањама постигна 16 од своите 21 поен во второто полувреме и имаше важен придонес во големата победа на Сан Антонио на гостувањето кај Бостон. Спарс врзаа две победи по претходната негативна мини серија од два пораза, а Фокс со 21 поен беше на исто ниво како најдобар реализатор во редовите на победничката екипа. Вајт со 29 и Браун со 27 поени го предводеа Бостон, но Селтикс доживеаја втор пораз во последните три натпревари во НБА ...
Дани Карвахал ја санираше повредата на коленото и на последните два натпревари беше на клупата за резерви, па доколку има потреба, ќе биде во комбинација за настап на денешното големо „Ел Класико“ дерби против Барселона. Во репризата на минатогодишното финале во Суперкупот, Реал ќе брка прва титула под водство на Чаби Алонсо, а една од задачите на „кралевите“ ќе биде да го сопрат Ламин Јамал, играчот кој беше исклучително неутрализиран на ...
Македонскиот прволигаш Башкими го претстави првото зимско засилување, играч од офанзивната линија кој доаѓа од Гамбија-Фодеј Травали. Травали во првиот дел од сезоната настапуваше за АП Брера и добро му е познат македонскиот фудбал, но сега се сели во друга средина каде се надева дека ќе дојдат до израз неговите квалитети, а од тоа корист ќе има и клубот. Во струмичкиот состав одигра четири средби и забележа една асистенција. Фодеј во ...
Челси оствари убедлива и сигурна победа на гостувањето кај Чарлтон (1:5) и без проблеми се пласираше во четвртата рунда на ФА купот. Новиот менаџер Лиам Росениор може да биде задоволен од конечниот епилог од дуелот со екипата која игра во Чемпионшип, иако Челси чекаше на првиот гол до доцна во судиското надополнување на првото полувреме. Хато го отвори резултатот, а во вториот дел Адарибиојо зголеми на 0:2, пред домаќините да го постигнат ...
Фиорентина се уште е во опасната зона во Серија А и допрва ќе треба да избори сигурен опстанок во италијанската елита, но тоа не го спречи раководството да продаде искусен фудбалер во редовите на Ал Хилал. Тренерот Симоне Инѕаги го избрал Пабло Мари како квалитетно засилување за наредниот период, а клубот од Саудиска Арабија ќе плати 2 милиони евра за овој трансфер. Ачерби и Де Фрај од Интер беа прв избор на Инѕаги како играчи со кои ...
Поранешниот премиерлигашки голман Шеј Гивен мораше да се извинува откако употребил несоодветен збор при своето гостување како стручен коментатор во студиото на „Би-Би-Си“. Ирецот денеска го анализирал Селтик, односно периодот во кој менаџер на оваа екипа беше Вилфрид Нанси и во кој шкотскиот клуб доживеа серија неуспеси и мораше да му врачи отказ на својот предводник од клупата. Гивен во коментарот рекол дека периодот од 33 дена во кој Нанси ...
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговите соиграчи од Тренто денеска ја остварија најлесната победа сезонава, бидејќи противникот Трапани остана без доволно играчи на теренот и судиите го прекинаа дуелот од италијанското првенство. Средбата е прекината по нешто повеќе од четири одиграни минути, во кои Јакимовски беше најефикасен на теренот, со 12 постигнати поени, 3 скокови и 1 асистенција. Невообичаеното сценарио беше ...
Омар Мармуш и Мохамед Салах постигнаа по еден гол, а Египет успеа да слави во дербито против Брегот на Слоновата Коска (3:2) и стана последен полуфиналист на актуелниот Африкански куп на нации. Мармуш и Рабија во првиот дел донесоа значајна предност за „фараоните“, но противникот се врати во игра преку автогол пред крајот на првиот дел. Сепак, Египет брзо успеа да се врати на плус два и тоа со голот на Салах, кој се покажа како клучен, ...
Фудбалерите на Фенербахче се победници на годинешното издание на турскиот Суперкуп, а до трофејот стигнаа со победа (2:0) над најголемиот ривал Галатасарај. Суперкупот се игра со идентичен формат како шпанскиот, па откако Фенер и Галата стигнаа до финалето, денеска победи екипата која беше порасположена и помотивирана на теренот. Матео Гендузи дебитираше со гол за водство на Фенербахче и ги израдува фановите уште на својот прв настап по ...
Астон Вила оствари уште една важна победа, овојпат против Тотенхем (1:2) во ФА купот и сега ќе го очекува следниот противник во натпреварувањето во кое има големи амбиции. Унај Емери и неговите фудбалери триумфираа на незгодното гостување во Лондон, а добрата форма ја потврдија со два гола уште во првото полувреме. Буендија го отвори резултатот, а Роџерс му нанесе уште посериозен удар на противникот пред крајот на полувремето, најавувајќи го ...
Барселона и Реал Мадрид ќе се соочат во финалето на шпанскиот Суперкуп, што ќе биде уште едно „Ел класико“ на неутрален терен и меѓусебен дуел кој ќе значи и битка за конкретен трофеј. Жоан Лапорта денеска зборувал пред медиумите во Саудиска Арабија и открил дека Барселона целосно ја има запрено комуникацијата со менаџментот на Реал Мадрид, а причина се последните обвинувања кои дојдоа преку изјави на Флорентино Перез. – Односите со Реал ...