Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Баварската машинерија тргна моќно во новата 2026-та година, па така на првиот официјален натпревар Баерн Минхен го потопи Волфзбург и го испрати со осум гола од „Алијанц арена“. Германскиот првак беше немилосрден и до врв ја наполни мрежата на гостите, а во голеадата која заврши со резултат 8:1, видовме и една реализација на Хари Кејн. Извонредниот голгетер овојпат гледаше како неговите соиграчи постигнуваат гол пред него, но тој го сочува ...
Наполи останува максимално компетитивен и во ситуација кога остана без клучни играчи во првиот тим, а најдобар доказ за тоа е вчерашното дерби во Милано на кое избегна пораз од Интер. Тимот на Антонио Конте во два наврати се враќаше и Скот МекТоминеј прерасна во јунак на мечот со своите два погодоци, па токму Шкотланѓанецот имаше право на збор по крајот на мечот кој заврши 2:2. Најдобриот играч во Серија А за минатата сезона имаше големи ...
Интер и Наполи одиграа 2:2 во големото италијанско дерби кое се одигра вчеравечер во Милано, а во најавата за истото, „Кориере дело Спорт“ објави целосен разговор направен со Горан Пандев, човек кој испиша историја како член на шампионскиот тим на „нераѕурите“. Пандев секогаш ќе има посебно место во историјата на Интер и неговите зборови привлекуваат доста внимание во италијанската јавност, па затоа доста популарна е неговата изјава, односно ...
Месец јануари е предвиден за репрезентативни возбудувања на ракометната сцена, но во воведната фаза од новата 2026-та година, Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека е донесена одлука за новиот тренер. Македонскиот првак се раздели со Рубен Гарабаја на почетокот на месец декември и како привремено решение го назначи Звонко Шундовски, но денеска пристигна информација дека подолгорочно решение за „зелено-белите“ ќе биде Стевче Алушовски. ...
Бруно Фернандеш се врати во стартната постава на Манчестер Јунајтед и го водеше тимот како капитен, но сепак Португалецот мораше да се соочи со нов непријатен порази и нова елиминација во вториот англиски Куп. По срамната елиминација од Гримзби во Карабао Купот, Јунајтед вчера остана без шанси за трофеј и во ФА Купот, а по поразот од Брајтон на домашен терен, доста бура предизвикаа коментари од профилот на Бруно Фернандеш преку социјалната ...
Каталонските медиуми го нарекуваат Килијан Мбапе лош губитник, а истото го велат и за сите оние кои го следеа неговиот пример и го послушаа во намерата да не покажат почит кон новиот шампион во Суперкупот. Напаѓачот на Реал Мадрид натера дел од своите соиграчи да не режираат „шпалир“ за Барселона и да не го дочекаат подигнувањето на трофејот, па бидејќи оваа ситуација стана доста коментирана во шпанската јавност, со своја изјава се јави и ...
Дарен Флечер не успеа да запише победа и на вториот натпревар како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, а елиминацијата од Брајтон во ФА Купот очигледно го натера да сфати дека нема иднина како предводник на тимот чија самодоверба е целосно разнишана. Флечер беше еден од трите потенцијални кандидати да го водат тимот до крајот на сезоната, но после само два меча како привремен тренер на тимот, Дарен се самоотпиша и најави дека Јунајтед ќе ...
Чаби Алонсо го загуби првото „Ел Класико“ како тренер на Реал Мадрид, но за разлика од воведното кое го доби во Ла Лига, овојпат испушти и шанса за прв трофеј како предводник на „кралевите“. Барселона беше подобар во Суперкупот во Џеда и славеше со 3:2, па иако и натаму има најави дека Чаби има големи шанси да остане без работа во блиска иднина, тренерот на Реал не очајува и не даде преголема важност на поразот. – Тимот имаше одличен став на ...
Лина Ѓорческа влезе како аутсајдер во дуелот со Сиња Краус која е речиси 100 места подобро раниграна на ВТА листата, но фаворизирањето на хартија уште еднаш се покажа како целосно неважно кога е спортот во прашање. Најдобрата македонска тенисерка ја надигра четвртата носителка во квалификациите на Аустралијан Опен, па така на најдобар можен начин го започна својот пат во обид да дојде до главниот ждреб. Тетовачанката беше поуспешна во меч кој ...
Јанис Адетокумбо имаше ново импресивно издание во НБА лигата, но неговите извонредни индивидуални перформанси овојпат беа недоволни за победа против Денвер. Никола Јокиќ продолжува со рехабилитацијата и не одигра уште еден натпревар, но беше голема поддршка за соиграчите од првиот ред на трибината и гледаше како неговите пријатели остваруваат победа над Бакси. Во отсуство на Србинот, клучните поени во завршницата постигна Ерон Гордон, па ...
Динамо остана без титулата во домашното првенство за првпат по 2017-та година, а таквиот расплет на настаните предизвика бура во Загреб и големи промени во тимот, но и дел од раководството. Хрватскиот великан реши да направи голем рез по сезоната која беше оценета како целосно неуспешна, а прв на удар се најде таканаречената „пушачка соба“ од која дел беше и Стефан Ристовски. Ветераните во соблекувалната добија неблагодарен епитет во јавноста ...
Ханси Флик се израдува на нова „Ел Класико“ победа, а од друга страна, победи и во осмото финале од кое беше дел во својата тренерска кариера. Перфектниот Германецот го сочува совршениот ефект и остана непоразен во финалињата, биланс кој се повеќе изгледа совршено бидејќи последните три финалиња ги доби против Реал Мадрид. Победата од 3:2 во Суперкупот во Џеда донесе огромна сатисфакција во тимот на Барселона, а Ханси не криеше дека играчите ...
Антонио Конте еуфорично го славеше израмнувачкиот гол на Скот МекТоминеј против Интер, но тоа го правеше од првиот ред од трибината на „Сан Сиро“ од едноствана причина што беше избркан од своето место. Во моментите кога Интер доби пенал и шанса да поведе со 2:1, тренерот на Наполи целосно полуде по одлуката на судиите да досудат најстрога казна, па Конте приреди вистинско шоу препознатливо за себе. Нервозниот Конте најпрво рогна шише со вода ...
Килијан Мбапе беше неизесен за настап до самиот крај, па иако смогна сили во обид да им помогне на соиграчите, реалноста е дека Французинот не успеа да се состави со топка во Суперкуп финалето во Џеда. Најдобриот голгетер на Реал не успеа да направи разлика во моментите кога неговиот тим бркаше негатива од 3:2, па новиот пораз од Барселона во директните пресметки му падна потешко од претходните. Барселона одново го победи Реал на саудиско тло ...
Давид Вилја е големо шпанско име, ас кој во еден период беше меѓу најдобрите напаѓачи на светот. Офанзивецот постепено ја градеше кариерата, во редовите на Сарагоса ги имаше првите впечатливи партии кои потоа му донесоа трансфер во Валенсија од каде се пресели во Барселона што беше круна на неговото фудбалско патување затоа што тука ги освои сите титули. Овде имаше можност да соработува со супер квалитетни играчи меѓу кои и Лионел Меси. Вилја ...
Пред нас е првото големо тениско возбудувања во 2026 година, а тоа е грен слемот во Мелбурн, настан на кој главни фаворити за трофејот ќе бидат Јаник Синер и Карлос Алкарас. Меѓутоа Австралија Опен е специфичен турнир, турнир на кој секогаш има изненадувања и победува оној што најдобро ќе се снајде во тешките временски услови и топлото време. Род Лејвер како икона на тенисот во Австралија и човек кој своевремено беше број еден на светот, ...
Талентираниот Ендрик го напушти Реал Мадрид во овој преоден рок и како позајмен играч се пресели во таборот на Олимпик Лион каде веќе во првиот натпревар остави силен впечаток и донесе значајна победа за својата екипа. Напаѓачот го постигна клучниот гол за Лион во славјете над Лил во 1/16 финалето на Купот на Франција. Се играше 42 минута кога по нафрлената топка во казнениот простор, Толисо имаше краток допир по што истата стигна до Ендрик ...
Се вратија возбудувањата во Бундеслигата, коло во кое најимпресивна беше победата на Баерн Минхен над Волфзбург од 8-1, но на еден друг меч најверојатно го видовме голот на сезоната во најсилната германска фудбалска конкуренција. Членот на Хајденхајм, Марвин Пирингер постигна велемајсторски погодок за ТВ шпици, ремек дело со кое ги остави без зборови и соиграчите кои се фаќаа за глава. Тој во 15 минута изведе акробација која дури го збуни и ...
Екипата на Шкупи ги „запали моторите“ за вториот дел од сезоната 2025/2026, период во кој клубот ќе биде воден од Еркан Мурсели. Мурсели го прифати предизвикот и седна на „жешкото столче“ на тимот од Чаир кој првиот дел од шампионатот го заврши на последната позиција со само еден освоен бод. -Во овој период, кога зборовите имаат многу помала тежина од неговите дела, неговото присуство и активната улога во тимот, се јасна порака дека Шкупи ...
Интер и Наполи одиграа без победник 2-2 на дерби натпреварот од 20. коло во италијанската Серија А. Ова беше последен меч од денешната програма во Калчото, соочување на актуелниот лидер на табелата и актуелниот шампион на табелата, битка која заврши со реми што значи дека и по оваа рунда останува истата разлика. Домаќините двапати водеа во својот дом, меѓутоа и ова беше доволно за славје над ривалот од Неапол. Интер дојде до предност во ...
Екипата на Барселона славеше над Реал Мадрид (3-2) во финалето на шпанскиот Супер Куп кој оваа вечер се одигра во Џеда. Каталонците и „кралевите“ понудија нов фудбалски спектакл, меч со многу возбудувања во кој одлучуваа нијанси, среќа, концетрација во завршницата на акции, а тоа овојпат беше на страната на избраниците на Ханси Флик. Првиот дел имаше неверојатна завршница која започна со голот на Рафиња во 36 минута по што следуваше ...
Интер и Наполи го играат дербито во италијанската Серија А, меч на кој еден од најдобрите поединци во таборот на гостите е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас заедно со Скот Мектоминеј оставија најсилен впечаток кај наполитанците во првиот дел, поточно овој двоец и му го донесе голот на актуелиот шампион на „Џузепе Меаца“. Се играше 26 минута кога Елмас испрати одлична топка, а Мектоминеј ја смести истата во мрежата на домаќините ...
Пред нас е првиот календарски грен слем Австралија Опен, настан за кој одлична увертираа имаа Данил Медведев и Александер Бублик. Медведев славеше на турнирот во Бризбејн или поточно дојде до 22. АТП титула во кариерата. На патот до истата загуби само еден сет, а во финалето го доби Американецот, Брендон Накашима. Русинот беше убедлив во првиот сет со 6-2, додека во вториот се водеше голема борба, се дојде до тај-брејк во кој Данил издоминира ...
Тимот на ГРК Охрид продолжува да влече потези и доведе уште едно засилување, ас кој досега настапуваше во најсилната ракометна лига на светот Бундеслига во дресот на Штутгарт. Нов член на „гладијаторите“ е 25-годишниот интернационалец од Хрватска, Џанфранко Прибетиќ. Тој од 2024 година беше дел од Штутгарт, претходно настапуваше за Нексе и Пореч. -Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за ...
Ненад Димитријевиќ ја забележа првата лигашка победа во дресот на Баерн Минхен и тоа во соочувањето со Бон. Баварците по напорната недела во која мораа да одиграат два натпревари во Евролигата мораа да го одработат и предизвикот во Германија, задача на која одговорија позитивно со славје од 66:63. Ова беше соочување во кое двете екипи си поделија по едно полувреме, но домаќините беа поуспешни во своите подобри минути на паркетот. Обст одново ...
Поранешниот македонски шампион Работнички денеска ги започна подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка кампања. Клубот од Дебар Маало имаше катастрофални резултати во досегашниот тек и ќе треба многу работи да се поправат да се избегне најлошото сценарио и испаѓање во втората лига. Популарните „романтичари“ имаат нов тренер во името на Муарем Муарем и останува да видиме дали тој ќе биде подобар од неговите претходници. Поранешниот ...
Баерн Минхен со игра со ривалите во Бундеслигата во оваа сезона, а потврда за тоа се 14. победи во вкупно 16 натпревари. Последна жртва на германскиот шампион беше Волфзбург кој вечерва тешко настрада на „Алијанц Арена“ и загуби со 8-1. Скоро секој директен удар на домаќините завршуваше во мрежата на гостите, па сосема очекувано голманот Грабара е меѓу актерите со најслаба добиена оценка. Се започна со автоголот на Фишер во 5 минута, ...
Манчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на своите навивачи и оваа вечер доживеа елиминација од ФА Купот. Во третата рунда во ова натпреварување Јунајтед на домашен терен беше поразен од Брајтон со 2-1 што значи дека сега на „црвените ѓаволи“ им останува само да играат во Премиер лигата со оглед на тоа што многу одамна беа „нокаутирани“ во англискиот Лига Куп. Со ова само продолжи лошиот период за великанот кој на лош начин ја заврши ...
Барселона и Реал Мадрид оваа вечер ќе ја имаат првата борба за трофеј во сезоната и тоа во рамките на Супер Купот на Шпанија. Каталонците и „кралевите“ во Џеда ќе ги одмерат силите за пехарот, а тренерите Ханси Флик и Чаби Алонсо ги одредија почетните состави. Германскиот стручњак го врати Јамал во првите единаесет, тука е и Левандовски кој ќе биде најистурен во напаѓачката линија. Гарсија ќе игра на стоперската позиција, па на средината ќе ...
Усман Дембеле ја освои „Златната топка“ и ја доби титулата на најдобар светски фудбалер, па поради ваквиот статус, Французинот е во далеку подобра и покомотна позиција во водењето преговори со ПСЖ. Иако има важечки договор со „светците“, францускиот првак сака да спречи сценарио какво што веќе доживеа со Килијан Мбапе, па целта на клубот е што побрзо да го врзе со нов долгорочен договор, со кој ќе направи тој да биде ударна фигура во проектот ...