Успешно завршија овогодинешните археолошки ископувања на неолитскиот локалитет „Ограѓе“ во скопското село Орман. Годинава стручниот тим од Археолошкиот музеј работеше северозападно од местото каде во 2019 година Градскиот конзерваторски центар од Скопје вршеше заштитни ископувања во кои беа пронајдени остатоци од куќа стара осум илјади години, објави Националниот Археолошки музеј. Новите откритија дадоа археолошки докази за тоа како изгледал ...

Битола денеска го слави 4 ноември, денот кога во 1944 година, градот беше ослободен од бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашистички окупатор. Според битолските хроничари, главните борби против фашистичките сили во реонот на Битола ги воделе македонските борци од 49-тата дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чиј состав биле Седмата македонска битолска бригада, Битолско-Преспанскиот партизански одред и Леринско – Костурската македонска ...

Италија набрзо би можела да ги санкционира возачите кои на одредени делници возат пребавно, со казни до 160 евра, пренесуваат денеска локалните медиуми. Мерката за поголема проточност на сообраќајот во почетокот би требало да се однесува на автопатиштата со вкупно шест сообраќајни ленти, а би требало да стапи во сила набрзо, јавија италијанскиот правен портал „Брокарди“ и швајцарскиот портал „Блу Њуз“. Се предлага минимална брзина од 100 ...

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони за да следи патнички летови во унгарскиот воздушен простор по дојави за бомби, додека два авиона кои летаа кон Софија безбедно слетаа, соопштија локалните власти. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави дека борбените авиони првпат полетале по дојавата за закана на летот на компанијата „Визер“ од Брисел за Софија, а потоа уште двапати поради летови од Прага кон Кипар и ...

Федералното истражно биро (ФБИ) го уапси Томас Маркл Постариот, отуѓениот татко на Меган, војвотката од Сасекс, под обвинение за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, вклучително и фотографии на кои наводно е прикажан самиот тој со малолетни девојчиња. Маркл Постариот, кој беше приведен на Флорида од агенти на ФБИ, се соочува со едно обвинение за поседување детска порнографија, а се очекува денеска да се појави ...

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина. – Сите посакуваме наскоро да биде постигнат мировен договор, но претстои уште многу работа за да се стигне до тоа – предупреди портпаролката на Европската комиси комисија Паула Пињо во пресрет на средбата меѓу Москва и Киев, која со посредство на САД треба да се одржи следната недела во Абу Даби. Преговорите меѓу руската и ...

Русија го утврди составот на својата делегација за трилатералните разговори со Украина и САД во Абу Даби, кои се закажани за следната недела. Во делегацијата се наоѓаат Владимир Медински, соработник на претседателот Владимир Путин, замениците-министри за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и шефот на военото разузнавање (ГРУ – Главна управа на Генералштабот), Игор Костјуков, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Дел ...

Американската Тајна служба уапси маж во близина на Белата куќа откако во неговиот автомобил пронајде повеќе парчиња огнено оружје, вклучувајќи и една пушка, соопшти Министерството за татковинска безбедност. Мажот им рекол на полицајците дека гласови во неговата глава му дале инструкција да отпатува за Вашингтон и да го убие претседателот Доналд Трамп, според соопштението на министерството. Осомничениот е од Венецуела и илегално престојува во ...

Француските синдикати, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се мобилизираат за масовни демонстрации ширум земјата, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Претходно во текот на неделата имаше блокади и протестни акции, како и штрајк на национално ниво во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според Министерството за внатрешни работи. Синдикалната федерација ЦГТ ја ...

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма, според веб-страница на американската влада. „Награди за правда (Rewards for Justice) нуди награда до 20 милиони долари и можно преселување за информации за иранската нуклеарна програма, вклучително и за нејзините објекти, опрема и поврзаниот персонал, како што се оние во научната заедница, или за движењето на кое било од ...

Обединетото Кралство лансираше нов воен сателит за набљудување во вселената наречен Титанија (Titania), соопшти Министерството за одбрана. Сателитот, опишан како нов „пар очи“ во орбитата околу Земјата, ќе им помогне на вооружените сили да ја набљудуваат воената активност на Земјата. Сондата од 100 килограми, со големина колку машина за перење алишта, беше испратена во вселената на повеќекратно употреблива ракета на СпејсИкс од Калифорнија во ...

Глечерот Шварцмилцфернер (Schwarzmilzferner) на австриската страна од Алгејските Високи Алпи го загуби статусот на глечер по овогодишното топло лето. Топлите месеци му одзедоа повеќе од 4 метри во дебелина и околу половина од неговиот волумен, открија денеска истражувачите, пренесе ДПА: – Голема е веројатноста тој целосно да исчезне до следното лето – изјави Кристоф Мајер, глациолог од Баварската академија на науките. Веќе 26 години тој и ...

Извозот на стоки од земјата во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период е остварен трговски дефицит од речиси 2,56 милијарди евра. Според производите, во извозот најголемо учество ...

Утрово започна исплатата на средствата на граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, со посебен приоритет на пензионерите и примателите на социјална помош, информираше гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на средбата со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското ...

Органско вино беше промовирано денеска во винаријата Попова кула во Демир Капија, винарницата доби сертификат за органско винско производство. Перо Николов, претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече дека му претставува особена чест и задоволство што денес има можност, во име на Министерството, да се обрати на настан посветен на една исклучително важна тема – органското производство на вино. Тој рече дека ...

Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани, информира Народната банка во соопштение што го пренесуваме интегрално. „Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги демантира денешните обвинувања од СДСМ за јавниот долг. – Најодговорно тврдам дека никогаш не сум била дел од какви било незаконски или противправни постапки. Обвинувањата поврзани со јавниот долг се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста – вели министерката за финансии во објава на „Фејсбук“. Димитриеска-Кочоска вели дека податоците за јавниот долг на ...

Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. -ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА ! Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 ...

Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички приспособувања на своите системи во рамките на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно ...

Народната банка и Владата имаат свои инструменти и со нивна помош целосно ја контролираме состојбата со Алта банка. Апсолутно нема простор за загриженост. Целта е да се спаси банката, бидејќи станува збор за здрава финансиска институција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. По пуштање во употреба на третата фаза од системот за наводнување „Страиште“ во Општина Валандово, прашан за коментар околу обвинувањето на СДСМ дека ниту еден ...

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. – Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси, наведува ЗНАМ во соопштение кое го пренесуваме интегрално. „Во однос на ...

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Алсат телевизија се осврна на состојбата со правосудниот систем во земјава, а го посочи Врховниот суд како битен актер како и случаите кои се од висок јавен интерес. „Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното обвинителство и судиите. Еден систем на поврзани садови. По однос на Собранието, сметам ...

СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се ...

Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот, порача министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Како што соопшти Министерството за правда, Шасивари нагласи дека владеењето на правото и ...

Максим Димитриевски одамна нема ништо од Платформата 1.0 што му ја направи Мицкоски. Нема повеќе никаков кредибилитет. Последната задача на сателитотот е да му даде алиби на Мицкоски за предвремени избори, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Правосудниот испит сега се турка како тема за наводен судир во коалицијата. Целта е да се создаде впечаток на тензија и да се отвори пат за предвремени избори. Да не се признае ...

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 – Царинска унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија, соопшти Царинската управа. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, ...

Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. Министерот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75