Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
„Volvo“ го претстави моделот „EX90“ од 2026-та година, што е значајно подобрување, бидејќи кросоверот сега доаѓа со сосема нов електричен систем од 800V. Дополнително, „Volvo“ изјави дека нивниот софтвер за управување со батериите користи паметен алгоритам кој работи заедно со системот од 800V за да го оптимизира полнењето, што го прави значително побрзо отколку што беше претходно можно. Благодарение на овие промени, брзиот полнач од 350 kW ...
Брзиот пораст на цените на храната во еврозоната е особено важен во моментов, бидејќи може да доведе до повисоки очекувања за инфлација, според блог пост на Европската централна банка (ЕЦБ), цитиран од „Bloomberg“. Во своите заклучоци, кои ја поддржуваат претпазливоста во врска со понатамошните намалувања на каматните стапки, економистите Елена Бобеица, Герит Кестер и Кристијане Никел нагласуваат дека јазот помеѓу цените на храната и општите ...
Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, ...
Европската Комисија го објави вториот повик за стратешки рударски проекти, со цел да се обезбедат критичните минерални суровини за европската индустрија. Потпретседателот на ЕК задолжен за развој и индустриски стратегии, Стефан Сежурне вели дека стратешките проекти ја зајакнуваат отпорноста на ЕУ преку обезбедување суровини кои се клучни за зелената и дигиталната транзиција.Од Комисијата истакнаа дека избраните проекти ќе имаат корист од ...
Блек аутот во Шпанија и Португалија и претходно во дел од земјите на Балканот – Црна Гора, Хрватска, Косово и Албанија е аларм дека владите мора да ги стават во фокусот инвестициите во енергетскиот сектор. За да се обезбеди стабилна и сигурна испорака со електрична енергија во време кога се зголемува производството од обновливи извори, неопходни се инвестиции во базна енергија, батерии за складирање на електрична енергија, а пред се во ...
Граѓаните на Македонија кои сакаат да влезат во земјите од Европската Унија (ЕУ) наскоро нема да биде доволно само пасошот за да ја преминат границата. Се воведува нов систем за влез во Шенген зоната EES (Entry/Exit System), кој ќе стапи на сила на 12 октомври, и поради ова, гужвите на граничните премини би можеле да бидат драстично поголеми. EES е нов електронски систем кој ќе го замени рачното печатирање на пасошите и ќе евидентира податоци ...
Претседателот Доналд Трамп во петокот повика на отпуштање на Лиза Монако, претседателката на одделот за глобални работи на Мајкрософт. Во објава на Truth Social, Трамп ја нарече Монако „закана за националната безбедност на САД“ поради владините договори на Мајкрософт и тврдеше дека неодамна и биле одземени безбедносните дозволи. „Според мое мислење, Мајкрософт треба веднаш да го раскине работниот однос со Лиза Монако“, напиша претседателот во ...
„Ако сакаме Европа да биде конкурентна, мора да им овозможиме на нашите компании пристап до капитал – не само преку банкарски кредити, туку и преку пазарите на хартии од вредност“, порача Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ Групацијата, на отворањето на 24. Годишна конференција на Македонската берза во Охрид. Бродњак потенцираше дека интеграцијата на пазарите на капитал е неопходна, бидејќи банките не можат сами да го преземат целиот ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен ...
Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми во светот и е поврзан со сериозни ризици за срцето и крвните садови. Иако е чест, сепак е многу опасен – само во 2023-та година, тој беше примарна или поврзана причина за повеќе од 600.000 смртни случаи. Експертите нагласуваат дека исхраната, вежбањето и лековите играат клучна улога во неговата контрола, а она што го јадеме, вклучително и ужините, може значително да влијае на ...
Индија им соопшти на Соединетите Американски Држави дека е подготвена да престане да купува руска нафта, но ако има можност да купува нафта од други земји под санкции – Иран и Венецуела, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори. Според нив, претставници на Њу Делхи ги посетиле Соединетите Американски Држави во текот на неделата и посочиле дека ограничувањето на пристапот до руска, иранска и венецуелска нафта за индиските рафинерии во ...
Во Прилеп живее 7-годишниот Александар, кој повеќе од две години го чуваат неговите баба и дедо. Негова мајка, Вероника, замина во Швајцарија како дадилка. Таа му зборува преку видео секоја вечер, но физички го гледа само еднаш во неколку месеци. „Кога ќе го слушнам како ми вика ‘мамо’, срцето ми се пара. Но знам дека со тоа што сум таму, можам да му овозможам подобар живот, облека, можам да му платам курс по странски јазик“, ни изјави ...
„SAP“ соопшти дека потпишал договори со „OpenAI“ и „Amazon Web Services“ за проширување на својата понуда на услуги за „дигитален суверенитет“ на европските влади, објави „Bloomberg“. Германскиот развивач на софтвер ќе соработува со „OpenAI“ за да ги донесе услугите за вештачка интелигенција (AI) на компанијата, вклучувајќи го и „ChatGPT“, во јавниот сектор во Германија, соопштија компаниите во заедничка изјава. Иницијативата, наречена ...
„Instagram“ сега има 3 милијарди месечни активни корисници, објави извршниот директор на „Мeta“, Марк Цукерберг, цитиран од „CNBC“. „Каква неверојатна заедница изградивме овде“, објави Цукерберг на својот „Instagram“ профил. Бројката е големо достигнување за апликацијата за споделување фотографии и видеа, која социјалната мрежа ја купи во 2012-та година за 1 милијарда долари. Последниот пат кога „Мetа“ откри податоци за бројот на корисници на ...
„Stellantis“ повторно привремено го суспендира производството на неколку модели поради слаба продажба. „Alfa Romeo Tonale“ е најтешко погоден, побарувачката во Европа е намалена за 42 проценти од почетокот на годината до август, додека продажбата во САД е намалена за 28 проценти. Неговиот близнак, „Dodge Hornet“, доживува уште поголем пад од 52 проценти. Како резултат на тоа, фабриката во Помиљано во Италија, каде што се произведуваат ...
Среброто надмина 45 долари за унца за прв пат по 14 години, додека златото се приближува до нов рекорден максимум, поткрепен од расположението за избегнување ризик на берзите и континуираните загрижености за патот на американската економија, објави „Bloomberg“. Среброто на спот скокна за 2,6% во четвртокот, продолжувајќи го силниот раст што доведе до зголемување на цените за 55% за оваа година. Го надмина растот на златото од 43%, кој ...
Според една студија, производите со ознака за потекло „Made in Germany“ уживаат највисок меѓународен углед. Потрошувачите ширум светот ја сметаат оваа етикета за најсигурна, дури и пред соодветната швајцарска етикета, според анкета на Институтот за истражување на пазарот во Нирнберг. Според таа анкета, 66 проценти од испитаниците имаат доверба во производите „Made in Germany“, а Швајцарија и Јапонија се на второ и трето место, пишува DPA. ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата за есенско зголемување на пензиите и од кога се очекува нивната исплата, изјави дека од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. Потоа ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по ...
Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз го освои својот нов автомобил FORD KUGA од инстант лозот „Титаниум“. „Редовно играм, но првпат добивам. Овој пат среќата дојде и кај мене“, ни сподели К.Т. со насмевка. Нејзината добивка не е само автомобил — таа е симбол на верба, упорност и радост. Сè започнало како обичен ден — еднодневна ...
Децении наназад жителите на Битола бараат конечно решение за проблемот со отпадните води. Иницијативата за реконструкција на канализациската мрежа и изградба на пречистителна станица започна уште пред 2016 година, кога со европски средства беше подготвена и Оцената за влијание врз животната средина. Веќе тогаш податоците за состојбата на реката Драгор беа алармантни. И денес, испуштањето на отпадни води во реката останува нерешен проблем. За ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската. Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја зголемува чувствителноста на промени во надворешното опкружување. ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 100,09 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 93,80 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 104,31 евра за мегават час, а на MEMO 86,25 евра. Цената на ...
За време на ноќниот напад со беспилотни летала на руска територија во ноќта помеѓу 22 и 23 септември, украинските сили можеби користеле невидена тактика – балони на голема надморска височина, потенцијално вооружени со експлозиви. Иако руските претставници објавија дека собориле десетици дронови, руското Министерство за одбрана не ги спомена балоните, пишува Евромајдан Прес. Информациите за балоните над Русија главно доаѓаа од руските канали ...
До 30ти септември МЕПСО, МЕМО и Електодистрибуција имаат обврска да достават барања за трошоците до Регулаторната комисија за енергетика кои се многу битни во формирањето на новата цена за граѓаните. Од Регулаторна за Денар велат дека не очекуваат драстично зголемување на цената за крајните потрошувачи. Од Регулаторната комисија за енергетика ни соопштија дека понудите ги очекуваат да им бидат испратени точно на 30ти месецов. Откако ќе бидат ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на Западен Балкан која е дел од оваа европска мрежа. „Зачленувањето на ИСОС во CFE претставува значаен чекор ...
Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се справи со предизвиците и е отпорен на шокови. Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции како штедилниците ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од 26 септември 2025 година започнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се усвоени со цел да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на случени сообраќајни незгоди како последица на невнимателно однесување во сообраќајот. Новите законски решенија се ...
Во Македонија последниве години станува сè поочигледна дилемата кај младите – да плаќаат кирија од 400 евра или да се впуштат во кредит со месечна рата од 350 евра? На хартија изгледа едноставно: помала месечна обврска, сопствено место и чувство на стабилност. Но, животот никогаш не е толку стерилно пресметан, нели? „Јас живеам во изнајмен стан во Аеродром и плаќам 380 евра кирија. Кога ќе додадам сметки и трошоци, тоа ми е половина од ...
Најсеопфатната студија досега за организмот на една долговечна жена откри дека дури и во многу напредна возраст, мозокот не мора нужно да покажува проблеми или да развива класични болести карактеристични за староста. Лекарите во Шпанија спроведоа детална серија тестови врз Марија Брањас Морера, која беше најстарата жена во светот пред нејзината смрт на 117 години минатата година. Тие открија дека иако нејзиното тело покажуваше јасни знаци на ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повторно го обвини Западот за војната во Украина. На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Лавров ги обвини НАТО и Европската Унија дека прогласуваат „вистинска војна“ против Москва поради Украина. Непочитувањето на Повелбата на ОН води кон зголемена нестабилност низ целиот свет и ги множи регионалните конфликти, рече тој. „Животен пример за ова е кризата во Украина предизвикана ...