Многумина од регионот, меѓу нив и македонски државјани, сè уште со леснотија влегуваат во ризик кога станува збор за престојот во земјите од Европската Унија, како да се работи за нешто што „може да помине“. Свесно или несвесно, правилото за дозволен престој често се тестира на сопствена кожа, а прашањата што секојдневно кружат по социјалните мрежи звучат речиси идентично: дали некој ќе забележи неколку дена повеќе, дали на граница гледаат, ...

Од вчера, 1 февруари, еврото стана единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе не е прифатлив за плаќања за стоки, услуги и обврски, објави Министерството за финансии на Бугарија. Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите ќе продолжат да се прикажуваат во обете валути до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики, пишува бугарски ...

Премиерот Христијан Мицкоски не дојде во зградата на работниците и заедно со претседателот на ССМ Слободан Трендафилов да договорат повисоки плати за вработените во Македонија. Во петокот првиот синдикалец го покани премиерот, но тој конкретно не одговори дали ќе има средба или не. Но, денеска може да се заклучи дека одговорот на премиерот за евентуална средба и договор била само политика, а не вистинска волја работите да се променат на ...

Рекордни 65 милијарди американски долари во минатата година се слеаја во Туркије како приходи од еден од клучните економски сектори на земјата, туризмот. Објавените резултати за туристичката дејност во 2025 година говорат дека државата сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција како една од најатрактивните светски туристички дестинации, а плановите за наредниот период се уште поамбициозни. На прес-конференција во Истанбул, податоците за ...

Проектот „Безбеден град“ конечно почна да дава резултати во централното градско подрачје. Камерите работат, казните стигнуваат, а возачите барем привидно ја симнаа ногата од гасот. Но, парадоксално, токму таму каде што системот функционира најстрого, проблемот почна да се прелива на друго место. Надвор од градските булевари, во приградските и периферните населби, сликата е сосема поинаква. И сè поопасна. Во Радишани, Даме Груев, Волково, ...

Гените што ги наследувате играат поголема улога во одредувањето на тоа колку долго ќе живеете отколку што се мислеше претходно, сугерира една нова студија. Претходните истражувања сугерираа дека генетиката игра помеѓу шест и 33 проценти од тоа колку долго ќе живее една личност, но новото истражување објавено во списанието Science ја зголемува таа бројка на 55 проценти. „Животниот век несомнено е обликуван од многу фактори, вклучувајќи го ...

Ракометарите на Данска вечерва го освоија златниот медал на Европското првенство, откако ја победија Германија во финалето во Хернинг со резултат 34:27 (18:16). Симон Питлик ја предводеше Данска до третата титула на Европското првенство со осум гола, додека Јохан Хансен и Матијас Гидсел постигнаа по седум гола. Јоханес Гола, Јури Кнор и Марко Гргиќ постигнаа по пет гола во германската селекција. Ова е првата титула на Данска на Европското ...

Доналд Трамп денес изјави дека се надева дека ќе постигне договор со Иран, неколку часа по изјавите на врховниот лидер на Иран Али Хамнеи, кој предупреди на ризикот од „регионална војна“ ако американскиот претседател ја спроведе својата закана за воена интервенција. „Се надевам дека ќе постигнеме договор“, рече Трамп од Флорида. „Ако не постигнеме договор, ќе видиме дали врховниот лидер бил во право или не“, рече тој. САД го зголемија своето ...

Откријте го рецептот за моќен заборавен пијалок кој ги чисти цревата побрзо од пробиотиците! Само една чаша наутро ја враќа енергијата, го зајакнува имунитетот. Овој заборавен пијалок ги чисти цревата поефикасно од многу современи препарати, а науката денес го потврдува она што луѓето отсекогаш го знаеле – дека вистинското богатство на здравјето е на дофат. Пијалок кој бил запоставен (пре)долго – кефирот е вистинско богатство за цревата Во ...

Додека „Volkswagen“ и „Xpeng“ соработуваат на развој на нови електрични автомобили за кинескиот пазар, нивното партнерство не спречува тивко соперништво во Европа. Кинескиот производител „Xpeng“ ја започна својата европска офанзива со „P7+“, електричен седан кој отворено се насочува кон еден од најпродаваните електрични модели на Стариот континент – „Volkswagen ID.7“. „Xpeng P7+“ веќе е присутен на кинескиот пазар, но е значително адаптиран ...

Од денеска стартува системот „Безбеден град“ во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, со што автоматски ќе се санкционираат сообраќајните прекршоци. Во првата фаза ќе се регистрираат прекршоци како брзо возење, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Казните ќе се испраќаат електронски, а при навремено плаќање ќе нема дополнителни трошоци. Како што велат од Министерството за внатрешни работи, ...

Социјалните мрежи наскоро ќе бидат преплавени од роеви од вештачка интелигенција кои ќе шират дезинформации, ќе ги малтретираат корисниците и ќе ги поткопуваат демократските процеси, предупредуваат научниците. Според коментар објавен на 22 јануари во списанието Science, таканаречените „AI роеви“ ќе станат ново оружје во информациските војни. Тешко препознатливи ботови За разлика од класичните ботови, кои се претежно примитивни и лесно ...

„Mastercard Inc“ објави профит за четвртиот квартал кој ги надмина пазарните очекувања, бидејќи потрошувачите продолжија да се потпираат на картичките на компанијата како опција за плаќање, објави „Bloomberg“. Прилагодената нето добивка на „Mastercard“ достигна 4,3 милијарди долари, или 4,76 долари по акција, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 3,83 милијарди долари, или 4,25 долари по акција. „Целокупната макроекономска средина е ...

Биткоинот падна под 78.000 долари во саботата, продолжувајќи ја слабоста на цената и во текот на викендот, бидејќи трговците останаа во дефанзива поради геополитичките наслови, политичката несигурност во САД и продолжениот немир на крипто пазарите. Најголемата криптовалута во светот падна за повеќе од 7% во последните 24 часа, тргувајќи се за околу 77.000 долари, според CoinDesk. Обемот на тргување се намали во текот на викендот, што често ги ...

Вечерата треба да биде лесен, но хранлив оброк кој ќе му обезбеди на телото потребни хранливи материи, без да го оптоварува варењето пред спиење. Правилно избраните намирници можат да помогнат во одржувањето на здрава телесна тежина, стабилни нивоа на енергија и подобар квалитет на спиење. Нутриционистите често препорачуваат едноставни, лесно сварливи оброци богати со протеини, влакна и вредни микронутриенти. Подолу се наведени пет намирници ...

„Google“ објави нови податоци за распространетоста на одредени верзии на „Android“, откривајќи колку уреди го користат најновиот „Android 16“. Според „Google“, на 1-ви декември 2025-та година, „Android 16“ го користеле 7,5 проценти од сите активни уреди. „Google“ забележува дека вистинскиот удел денес е веројатно нешто поголем, со оглед на тоа што ажурирањата продолжија да пристигнуваат до корисниците по тој датум, но веројатно не е значајна ...

Планот за изградба на фабрика за синтетички дијаманти во Соединетите Американски Држави е главен дел од инвестицискиот пакет од 550 милијарди долари од страна на Јапонија. Двете земји се стремат да го прошират производството на материјал кој е од витално значење за производство на чипови и производи со висока прецизност. Ова би можело да биде меѓу првите проекти, за кои деталите првпат ги објави „Reuters“, што ќе бидат објавени пред посетата ...

Доларот падна за повеќе од 3% за 10 дена, додавајќи масло на геополитичкиот оган. Ако продолжи, последиците за другите валути би можеле да бидат сериозни, пишува Маркус Ешворт за „Bloomberg“. „Ова е многу веројатно почеток на следната фаза од слабоста на доларот, а многумина можеби не се подготвени за тоа“, вели водечкиот валутен економист Стивен Џен. Американскиот министер за финансии Скот Бесант постојано инсистира дека „силниот долар“ ...

Освежително кисел и цветен, чајот од хибискус е омилен пијалок за многумина. Освен што е вкусен, тој е поврзан и со можни здравствени придобивки – некои истражувања сугерираат дека може да помогне при висок крвен притисок. Но, дали има смисла да се биде внимателен кога се пие? Експертите велат дека најважно е да се биде редовен, иако пиењето во одредено време од денот може да има дополнителни придобивки за некои, пишува „Health.com“. Кога е ...

Годината за „Audi“ започнува со збогување со два од популарните модели на брендот кои никогаш не успеаја да станат особено успешни – „A1“ и „Q2“. Најмалиот хечбек и SUV во гамата на производителот од Инголштат ја напуштаат сцената без да добијат наследници. Последните неколку години не беа многу успешни за двата модели, па дури и тоа што се најевтини во гамата на „Audi“ немаше значително влијание врз продажбата. Така, тие се приклучуваат на ...

Според најновото годишно рангирање, „Apple“ зазеде седум места меѓу десетте најпродавани паметни телефони во светот. Во текот на изминатата година, прашањето кои паметни телефони беа најпродавани на глобално ниво повторно се актуелизираше. Истражувачката фирма „CounterPoint Research“ објави листа на ТОП 10 најпродавани паметни телефони во светот во 2025-та година. Иако серијата „iPhone 17“ успеа да се пласира на пазарот со два модели, поради ...

Технологијата одамна почна да го прекројува пазарот на трудот, создавајќи професии што до вчера не постоеја ни како поим, а денес се реална егзистенција за илјадници луѓе. Не станува збор за футуристички сценарија или далечна иднина, туку за секојдневие кое веќе се живее. Некои од тие работни места звучат чудно, други речиси невидливо се вградени во нашите животи, а трети се уште предизвикуваат скепса, особено кај оние што цел живот работеле ...

„Meta Platforms“ објави рекордна продажба во четвртиот квартал и значително зголемување на проектираните трошоци за 2026 година, сигнал дека компанијата нема намера да го забави своето амбициозно проширување во областа на вештачката интелигенција. Акциите пораснаа за повеќе од 8% во тргувањето. Компанијата соопшти дека капиталните трошоци ќе достигнат 135 милијарди долари во 2026-та година, што е околу 20% повеќе од очекувањата на Волстрит и ...

„Citigroup“ очекува цената на среброто да достигне рекордни 150 долари за унца во рок од три месеци, продолжувајќи го историскиот раст што го забележа скокот на металот за речиси 50% во јануари, објави „Bloomberg“. Аналитичарите на банката, вклучувајќи го и Макс Лејтон, веруваат дека силниот моментум на купување ќе продолжи во Кина и велат дека ќе бидат потребни повисоки цени за да се охрабрат постојните сопственици да продаваат. „Среброто се ...

Турските власти работат на ограничување на пристапот на локалните банки до поевтино финансирање во странство. Мерката е дел од кампањата на Анкара за спречување на протокот на „жешки пари“ од пазарот на лирата во Лондон. Банкарскиот регулатор на земјата, „BDDK“, им пиша на заемодавателите оваа недела барајќи од нив да се воздржат од синтетички свопови, кои ги користат за пристап до поевтина лира во странство, објави „Bloomberg“, повикувајќи ...

НЛБ Банка успешно ја заврши 2025 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година. Работејќи согласно усвоениот план и стратешките иницијативи од „Стратегијата 2030“, во услови на променливо макроекономско опкружување на домашниот и меѓународните пазари, НЛБ Банка покажа посветеност кон иновации и трансформација и забележа раст во сите сегменти од деловното работење. Финансиски ...

Изедначувањето на цигарите и алтернативните тутунски производи без чад, кои во нацрт-законот за заштита од пушење се ставени во иста категорија и дефинирани со нејасни и неточни термини, е големо назадување во постојната регулаторна рамка и директно се коси со јавните политики за намалување на штетата предизвикана од пушењето, алармираат професори и правни експерти. На проблематиката со погрешното категоризирање на алтернативните тутунски ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред новинарите изјави дека се обезбедени средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините. Дел од средствата ќе бидат преку кредитот со Унгарија, под исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, со 3 години грејс период и дополнителни 12 години отплата, односно 15 години со истата каматна стапка од 3,25 проценти. За Скопје ќе бидат отстапени 100 автобуси, со 50 полначи, а ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека има намера да го номинира Кевин Ворш за нов претседател на Федералните резерви на САД (ФЕД), објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. „Го познавам Кевин долго време и не се сомневам дека ќе биде запаметен како еден од големите претседатели на ФЕД, можеби најдобриот. Со сè друго, тој е вистинскиот избор и никогаш нема да ве разочара“, рече Трамп. Ворш, кој беше член на ...

Проектот „Никогаш повеќе сама“, кој компанијата dm drogerie markt го реализира со цел унапредување на менструалната правда и обезбедување бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети, продолжува и во вториот семестар од студентската 2025/2026 година. Врз основа на досегашните резултати и утврдените потреби, проектот влегува во следната фаза со проширен обем и дополнително зајакнати активности. Во рамки на вториот семестар ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15