Министрите за финансии на Групата 20 развиени и земји во развој се спогодија за заедничка завршна декларација на нивната средба во јужноафричкиот град Дурбан, за првпат откако американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот втор мандат. Во документот, презентиран вчера од јужноафриканското претседателство, е постигната согласност за клучните проблеми за светската економија. Тие ги опфаќаат постоечките војни и судири, трговските ...

Трговијата меѓу Русија и Европската Унија би можела целосно да престане, изјави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко. Тој очекува вредноста на трговијата меѓу Русија и ЕУ да изнесува 40 милијарди долари оваа година, што е драстично помалку во споредба со 417 милијарди долари во 2013 година, пренесува ТАСС. „Сосема е можно трговијата да падне на нула“, нагласи Грушко, додавајќи дека обемот на трговијата со ...

Аеродромот во Истанбул, најголемиот во Европа, е прогласен за најдобар аеродром во светот втора година по ред, се резултатите од анкетата на водечкото туристичко списание Travel + Leisure. – И ако е можно, аеродромот стана уште подобар – обезбедувајќи резултат од 98,57 во споредба со минатогодишните 95,79 – се наведува во соопштението за медиумите на списанието Travel and Leisure, пренесува агенцијата Анадолу. Се вели дека резултатот од оваа ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се привршува анализа за линеарно зголемување на сите пензии по 1.000 денари оваа есен и уште 1.000 денари напролет, мерка што треба да се усвои пред распишувањето на парламентарните избори. Според планот, првото покачување би се пресметало во октомвриската пензија, а второто во април 2026 година (за пензијата што ќе се исплати во март). Така, секој пензионер би добил дополнителни 2.000 денари во ...

ЛДП ПОВТОРНО ЌЕ ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, уште еднаш ќе поднесе предлог-закон за намалување и укинување на неоснованите банкарски трошоци (провизии). – ЛДП минатата есен започна со реализација на кампањата „Твоја сметка, твои пари“ и преку претседателката на партијата, Моника Зајкова, поднесе предлог-закон до Собранието за намалување и укинување на неоснованите банкарски трошоци. Побаравме ...

До крајот на месецов Владата ќе го дефинира начинот на кој ќе одговори на растечките цени на прехранбените производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес‑конференција со министерот за локална самоуправа Златко Перински. Според него, во овој момент се разгледуваат неколку пристапи, а конечниот избор ќе зависи од анализа на базичната инфлација – факторот што, како што рече, најсилно го диктира крајниот раст на цените. ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги отвори вратите на својот кабинет за студентите кои во текот на летниот период ја изведуваат својата практична работа во институцијата. На средбата, на којашто присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска, студентите имаа можност, во пријатна атмосфера, одблизу да се запознаат со работата и со одговорностите на гувернерот и со улогата на централната банка во економскиот систем. Во своето ...

Германската федерална влада го отфрли нацрт-законот за буџетот на ЕУ за периодот 2028-2034 година, презентиран од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, кој предвидува алокации од околу два трилиони евра за седумгодишниот период. „Значително зголемување на буџетот на ЕУ е неприфатливо во време кога земјите-членки вложуваат значителни напори за консолидирање на своите национални буџети“, изјави портпаролот на владата, ...

Министерството за животна средина и просторно планирање испорачува најголема поддршка досега за локалната еколошка и инфраструктурна обнова. Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита. “Ова се инвестиции во достоинството на граѓаните и ...

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година е усвоен од Владата и веќе е испратен на усвојување во Собранието. Со него се предвидуваат дополнителни средства за повеќе министерства, при што најголем акцент е ставен на социјалната заштита, образованието и инфраструктурата. Како што информира Министерството за финансии, со ребалансот се предвидува доделување на шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го пофали новиот трговски договор потпишан со Индонезија и рече дека САД ќе се борат против Кина „на многу пријателски начин“. Трамп, зборувајќи на енергетскиот самит на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, рече дека постои можност за постигнување други трговски договори, потенцијално со Индија, пренесува Ројтерс. Претходно денес, Трамп изјави дека постигнал договор со кој ќе се отвори целиот ...

Според најновите податоци од Евростат за 2024 година, повеќе од четвртина од жителите на Европската Унија се во финансиска неможност да си дозволат седум дена одмор надвор од својот дом. Оваа статистика буди голема загриженост, особено ако се има предвид колку одморот е важен за менталното и физичкото здравје. Најтешко им е на граѓаните од Романија, каде неверојатни 58,6% не можат да заминат на годишен одмор, следени од Грција со 46% и ...

Стапката на инфлација во Велика Британија се искачи на 16-месечен максимум од 3,6 проценти во јуни, покажаа официјалните бројки. Податоците од Канцеларијата за национална статистика се над очекувањата на економистите дека стапката ќе остане непроменета и го прават намалувањето на каматната стапка во август помалку веројатно. Ричард Хејс, вршител на должноста главен економист во ONS, рече: „Инфлацијата се зголеми во јуни, главно поттикната од ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји. Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за ...

Кина објави дека ќе ја зајакне поддршката за Русија откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини од околу 100% ако Москва не ја прекине војната во Украина во рок од 50 дена, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба „да ја зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатералните форуми“ откако го прими рускиот министер за надворешни работи ...

На 15 јули 2025 година, француската банка Société Générale постигна договор за продажба на својата локална филијала во Камерун. Нов сопственик ќе биде државна финансиска институција од Камерун, а компанијата ќе ја преземе целата локална мрежа, клиенти и активности на банката. Оваа одлука е дел од поширока стратегија на фокусирање на основните пазари и редуцирање на ризиците поврзани со вложувањата во растечки, но потфлуктуирачки економии. ...

NY Mellon, една од најголемите американски кастодијарни и депозитарни банки, објави дека нејзиниот профит е значително зголемен. Главни двигатели – растечките каматни приходи од инвестирани средства и порастот на приходите од услуги и такси. Банката бележи јасни предности во ова време на зголемени каматни стапки: кога каматите растат, банките заработуваат повеќе од својот портфолио на обврзници и депозити. Од друга страна, зголемената ...

Српскиот министер за финансии, Синиша Мали, денес информираше дека разговорите за покачување на најниската плата во Србија за идната година ќе отпочнат кон крајот на август или почетокот на септември. „Со тоа зголемување, минималната плата од 1 јануари 2026 година би изнесувала 550 евра“, изјави Мали по седницата на Социјално-економскиот совет, каде беше одлучено најниската плата од 1 октомври годинава да биде вонредно зголемена за 9,4 ...

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде потпишан грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан. Како што соопштија од Министерството, на настанот ќе се обратат вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ во земјава ...

Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти. Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.Македонија изгубила 11,4 ...

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека средбата со општините, на која треба да се потпишат договорите од вториот јавен конкурс, веројатно ќе се одржи во четврток. По потпишувањето, општините ќе можат да ги објават огласите за проектите. Мицкоски исто така извести дека преку комерцијалните банки, над 150 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени на стопанството. Додаде дека за локалните самоуправи во текот на оваа година се ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). -Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, тврди дека враќањето на ДДВ кон економијата се одвива тековно и дека нема значајни разлики во однос на досегашната практика. Тој изјави дека не располага со информации оти се чека повеќе од три месеци за поврат на ДДВ и ги повика сите на кои, според нивното мислење, им се должи, да му се обратат. „Нема поголеми отстапувања од тоа што е пракса во минатото, данокот на додадена вредност се враќа ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20 % во однос на одлуката од 7.7.2025 година. Од 15.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ...

Согласно новите измени на Законот за управување со конфискуван имот, од денеска (14 јули) сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени, а со кои располага Агенцијата за управување со одземен имот, информира директорката на Агенцијата Ирена Илиевска. Како што појасни, досега со овие возила можеа да управуваат само Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но од денеска ќе ...

Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела. Почнувајќи од денеска Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара. Овие предлози наидоа на ...

На 11 јули 2025 година, Credit Agricole – најголемиот поединечен акционер во италијанската Banco BPM – поднесе барање пред Европската централна банка (ЕЦБ) со цел дозвола за зголемување на својот удел од сегашни 19,8 % на нешто над 20 %. Овој чекор следува по засилената концентрација во италијанскиот банкарски сектор, каде профитабилноста и привлечноста на помалите банки ја поттикнуваат консолидацијата. Banco BPM има пазарна капитализација ...

Иако Германија ветува стабилност, работа и еднакви можности, голем број мигранти сведочат дека се чувствуваат исклучени и неприфатени во општеството, па сѐ повеќе од нив размислуваат да заминат. Ова го покажува и новата студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот (IAB), според која секој четврти мигрант планира да ја напушти Германија. И покрај добрата економија и социјалниот систем, проблемите со интеграцијата, бирократијата, ...

На 10 јули 2025 година, Федералните резерви (ФЕД) предложија нов сет мерки кои ќе го олеснат надзорот врз најголемите трговски банки во САД. Идејата е да се намалат регулаторните трошоци и оптоварувањето, со што банките ќе имаат поголем простор за инвестирање и поддршка на економијата. Клучни промени кои се разгледуваат: ФЕД сака да ја скрати бирократијата околу надзорот на среднe и крупни банки, со цел тие да имаат повеќе простор да ...

Биткоин денеска достигна нов историски максимум, достигнувајќи ја вредноста од 118.856,47 американски долари, што претставува уште еден значаен чекор во нагорниот тренд на најпознатата криптовалута. Овој нов рекорд доаѓа во време на зголемен интерес од институционални инвеститори, позитивни регулаторни сигнали и засилено прифаќање на криптовалутите како алтернативна форма на вредност. Според аналитичарите, растот е поттикнат и од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Паладиум

57935.65

Кобалт

59.52

Калај

44.73

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Бакар

11.84

Родиум

310254.70

Цинк

3.10

Платина

72292.89