ИМА ПАРИ ЗА ПЛАТА САМО НЕ СЕ ПРАВИЛНО РАСПОРЕДЕНИ! Уште една причина за зголемување на минималната плата е фактот што 10.000.000 евра колку што се предвидени за локалните избори, ако ги поделиме на околу 150 евра во бруто за зголемување на минималната плата добиваме 66.666, ако го поделиме во месеците октомври, ноември и декември, или на 3 месеци, добиваме 22.222 или околу 22.222 работници кои примаат плата во висина на минималната плата ...

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал ...

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намалат за половина денар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде поевтин за еден денар по литар. “Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар,” соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Словенија воведува пократка работна недела за работници над 58 години или за оние со најмалку 35 години стаж, почнувајќи од 1 јануари следната година. Овие работници ќе имаат можност да изберат помеѓу слободен ден во петок, продолжен викенд или скратено работно време од шест часа. „Петок слободен ден, продолжен викенд или шест часа работа дневно. Работниците над 58 години или оние со најмалку 35 години стаж ќе можат да се договорат со своите ...

Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури за ...

Од денес, официјално, цените на стоките и услугите во продавниците и трговските објекти мора да бидат наведени во обете валути – и во лева и во евра. И двете цени мора да бидат прикажани со ист фонт и боја за да не се доведат потрошувачите во заблуда дека постои промоција. Според тоа, доколку постои промоција, таа мора да биде наведена на посебна етикета и да биде доволно препознатлива. Постои исклучок од наведувањето на обете валути за ...

Нов месец, нов раст на инфалцијата. Државниот завод за статистика пресмета раст на годишно ниво од 4,8%, на месечно од 1,1“%. Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %. Во јули поскапело се, но најмногу храната . Државен завод за статистика „Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е ...

Европските и американските берзански индекси денес се нерамномерни, а златото и пченицата пораснаа во цена со истовремен пад на цените на нафтата. Властите во Москва потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните неколку дена, што позитивно влијаеше врз растот на европските акции на затворањето на берзата во четврток, јавува CNN. Индексот DAX на Франкфуртската берза денес ...

Заменик-претседателката на Форумот на жени при СДСМ, Ема Нешковска, на денешната прес-конференција изјави дека инфлацијата од 4,8 проценти на годишно ниво ја доведува економијата во сериозен пад и ја турка населението во сиромаштија. Според неа, ова е резултат на промашените економски политики на владата предводена од Христијан Мицкоски. Нешковска истакна дека најмногу поскапување има кај храната и основните производи, што го прави животот ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовираше новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците за училишен прибор и заштита на семејниот буџет пред почетокот на новата учебна година. „Веруваме дека образованието треба да биде еднакво достапно за сите – без оглед на семејниот приход. Затоа, заедно со Владата, преземаме мерки што овозможуваат секое дете да започне со училишните обврски под ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава на жител кај нас е на ниво од 42% од просекот на ЕУ. За побрзо затворање на тој јаз е потребен ...

Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади и синдикатите на УПОЗ и СОНК потпишаа нов колективен договор со кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, информира министерот Фатмир Лимани. Тој на својата фејсбук страница пишува дека денеска со Синдикатот на УПОЗ и СОНК, го потпишале новиот Колективен договор кој, како што нагласува, им носи заслужено ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Август 2025 година. ...

Увозот, исто така, се зголеми за 4,1 проценти, што е повеќе од очекуваното. Сепак, трговските текови варираа во зависност од регионот. Извозот во Соединетите Американски Држави нагло се намали за 21,7 посто во споредба со претходната година, продолжувајќи го стрмниот пад забележан во јуни. Кинеските извозници го компензираа овој пад со зголемување на испораките на други пазари, при што извозот во Европската Унија се зголеми за 9,3 отсто, а ...

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат во Америка или не планираат, изјави претседателот Доналд Трамп. Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека новата царинска стапка ќе се применува на сите чипови и полупроводници што доаѓаат во Соединетите Американски Држави, но нема да се применува на компании кои се обврзале да произведуваат во ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп (Трамп), во среда потпиша извршна наредба со која се воведува дополнителна царина од 25 проценти за Индија за купување руска нафта, со што вкупниот број на царини што САД ги наметнаа на нивниот сојузник ќе достигне 50 проценти. Царините треба да стапат во сила 21 ден по потпишувањето на наредбата, што значи дека и Индија и Русија би можеле да имаат време да преговараат со администрацијата за царините за ...

Министерството за финансии бележи историски највисока наплата на приходи во буџетот за месец јули, соопшти министерката Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, овие резултати се доказ за финансиската стабилност и насоченоста кон одржлив економски раст уште во првата година од мандатот. На својот фејсбук-профил, министерката истакна дека Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Во споредба со ...

Сушата го зема данокот кај родот на тутунот и ќе го намали родот за 30 до 40 проценти. Во меѓувреме донесени се измени во законот за тутун со кои е забранет увоз додека трае откупот… Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Доненско го зголемил производството. Очекувал 5 тони род, но поради сушата, задоволен ќе биде ако собере 3 тони тутун. По речиси три месеци без дожд, родот на тутунот годинава за 30 до 40 проценти ќе биде помал, проценуваат ...

Највисоката просечна нето плата од 1.624 евра во јуни била исплатена во финансискиот сектор Црногорската Управа за статистика (Монстат) излезе со податоци за просечната нето плата во земјата во јуни, која изнесува 1.010 евра и е пониска за 0,4 проценти во однос на мај, а просечната бруто заработувачка во јуни е 1.203 евра. Најголема просечна нето плата од 1.179 евра е исплатена во Тиват, втора е Зета со 1.139 евра, а трета Подгорица со 1.061 ...

Високи цени – ниски плати. Граѓаните се почесто се жалат на високи цени на основните прхранбени произовид, владата смирува со кошнички. Премиерот веќе долго време повторува дека наскоро ќе има мерки но дека ќе мора да се почека бидејќи се прават анализите за базичната инфлација. Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што беше ограничено со мерките, и рече дека овој пат целта е да има целосно сценарио со ...

Американската влада објави дека САД може да бараат депозити до 15.000 американски долари за одредени туристички и деловни визи, во склоп на нов пробен проект што ќе стартува за две седмици. Оваа акција е насочена кон намалување на бројот на странски посетители кои го надминуваат дозволениот период на престој во државата. Според програмата, американските конзуларни службеници ќе имаат можност да бараат обезбедување од посетителите кои доаѓаат ...

Пакистан и Иран вчера склучија спогодби со кои се задолжуваат да ја зголемат билатералната размена на 10 милијарди долари и да работат потесно заедно за да ја отстранат заканата од тероризам за мирот и благосостојбата во областа. Спогодбите во различни домени, вклучувајќи ја енергетиката и економијата, беа потпишани за време на дводневната посета на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. “Поставивме цел од 10 милијарди долари во трговијата ...

Компанијата „Мерцедес“ ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, со капацитет од 300.000 возила годишно, изјави министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. Фабриката се гради во градот Кечкемет и, според Сијарто, ќе почне со производство на целосно нови модели со најсовремена технологија веќе во првиот квартал од 2026 година. „Со оваа инвестиција, вкупното годишно производство на автомобили во Унгарија ќе достигне ...

Годишната инфлација во Еврозоната за јули, според прелиминарните „кратки“ проценки, изнесува два проценти, што е исто како и во јуни, објави денес Евростат. Во секторот на услуги во Еврозоната, во јули е забележана инфлација од 3,1 процент на годишно ниво, што претставува забавување во споредба со 3,3 проценти во јуни. Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3,3 проценти на годишно ниво, побрзо темпо од 3,2 проценти во јуни, а ...

Во тек се нови решенија кои ќе го поддржат намалувањето на цените на банкарските услуги и ќе овозможат поквалитетни и подостапни финансиски производи за сите граѓани, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на платформата X. Во објавата, гувернерот нагласува дека финансиската инклузија не е крајна цел, туку средство за градење поотпорна и подинамична економија. – Поевтини банкарски услуги се еднакви поголема ...

Маркетите да не се служат со трикови, бидејќи ограничувањата можат да бидат годишни, наместо месечни, порача денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд внимателно ќе го следат однесувањето на големите маркети. Мицкоски предупреди дека ограничувањата не ќе бидат само краткорочни, туку може да се применуваат и на годишно ниво. ,,Мојата порака до маркетите е да не се служат со ...

Во јуни е остварен годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,32 п.п., при што таа изнесува 2,20 %. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,44 п.п. и изнесува 5,03 %, објави Народната банка. Во јуни 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и на годишно ниво за 0,03 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 5,03 %. Просечната каматна стапка на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата потпиша проглас со кој се воведуваат царини од 50% за одреден увоз на бакар, повикувајќи се на националната безбедност, објави Белата куќа. Прогласот воведува царинска давачка од 50 проценти за полупроизводи и деривати од бакар со висока содржина на бакар, почнувајќи од 1 август, објави Белата куќа. Царините ќе ги исклучат отпадните бакарни руди и материјали како што се концентрати, бигор, ...

Во 2024 година во ЕУ живееле 7,5 милиони лица помлади од 18 години кои немале државјанство на членката на Унијата во која престојуваат, што претставува 9,4 проценти од вкупниот број малолетници во блокот, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Меѓу малолетниците странски државјани, 27 отсто биле на возраст под пет години, 29,8 проценти од пет до девет години, 27,7 отсто од 10 до 14, а 15,6 проценти биле на возраст од 15 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Калај

44.73

Паладиум

57935.65

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Иридиум

169549.30

Рутениум

44946.74

Платина

72292.89

Кобалт

59.52

Бакар

11.84

Цинк

3.10

Родиум

310254.70

Злато

144981.23