Дојавувачот Сони Диксон денес сподели фотографии од првите „dummy“ модели на iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max и преклопниот iPhone. Фотографиите се во согласност со гласините за дизајнот на трите уреди. „Dummy“ примероците на iPhone се наменети да ги заменат вистинските уреди за тестирање, особено кај производителите на аксесоари, кои сакаат масовно да произведуваат производи како футроли уште пред официјалното претставување на новите уреди, ...
Apple се соочува со поголеми инженерски предизвици од очекуваното во развојот на својот прв foldable уред, што може значително да го пролонгира неговото лансирање. Првиот преклопен iPhone на Apple би можел да пристигне подоцна од очекуваното, откако компанијата наишла на серија технички предизвици во раната фаза на тестирање. Според извештај на Nikkei Asia, уредот моментално се наоѓа во фазата на Engineering Verification Testing (EVT) – ...
Веќе подолго време се навестува дека iPhone Fold (или Ultra) конечно ќе „ја види светлината на денот“ во текот на есента оваа година, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Сепак, неодамнешните гласини наведуваат дека испораките нема веднаш да започнат, бидејќи Apple наводно ќе го најави на истиот настан како и Pro моделите, кои традиционално стануваат достапни кон крајот на септември, додека на Fold моделот ќе му бидат потребни уште ...
Apple го забрзува развојот на првиот преклoпен iPhone, со најавено лансирање заедно со iPhone 18 Pro моделите и покрај претходните шпекулации за одложување Развојот на iPhone Fold на Apple напредува непречено и уредот е планирано да биде лансиран во стандардниот септемвриски период за iPhone, пренесува Марк Гурман од Bloomberg. Преклопниот iPhine, кој може да биде наречен и iPhone Ultra ќе биде достапен за продажба во приближно исто време или ...
Информација која оваа недела беше објавена од страна на Nikkei Asia најави можно одложување на претставувањето на првиот iPhone на преклоп. Причината за тоа се инженерски проблеми кои се имаат појавено при процесот на тестирање на уредот, па iPhone Fold можно е да го видиме дури идната година, наместо овој септември како што се очекува. Кратко подоцна со објава излезе Марк Гурман, за кого може да се каже дека најретко греши со неофицијалните ...
Цената на преклопниот „iPhone“ веројатно ќе биде повисока од 2.000 долари. Американската технолошка компанија „Apple“ планира да го претстави својот прв преклопен „iPhone“ во септември, во рамки на стандардниот термин за лансирање нови модели, и покрај претходните шпекулации за можно доцнење. Според информации на „Bloomberg“, новиот уред би требало да биде претставен заедно со моделите „iPhone 18 Pro“ и „iPhone 18 Pro Max“, а продажбата би ...
Apple планира да објави ажуриран iPhone Air и поевтин iPhone 18e на почетокот на следната година, според најновите информации од Марк Гурман од Bloomberg. Во извештај објавен оваа недела, тој наведува дека Apple планира да ги претстави двата уреди во пролетта 2027 година, заедно со стандардниот iPhone 18. Доколку тоа е точно, компанијата најверојатно ќе ги најави трите модели во март или април следната година. Сè уште не е познато дали ќе има ...
Познатиот Џон Просер, кој стана уште повеќе познат по тужбата од страна на Apple за откривањето на Liquid Glass дизајнот кој дојде со iOS 26, иако поретко, продолжува со објава на видеа кои откриваат што може да очекуваме од компанијата. Просер објави ново видео за првиот iPhone на преклоп кој се очекува да биде претставен оваа есен и покрај тоа што некои најавуваат дека може да дојде до одложување поради инженерски проблеми. Ова е второ ...

