Македонската фудбалска репрезентација загуби вчера во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
Македонската фудбалска репрезентација заедно со спортските новинари кои ја придружуваа во Босна и Херцеговина и Турција денеска требаше да се врати од Истанбул со чартер лет. Авионот што требаше да слета во 13:00 часот во Скопје, по само дваесетина минути лет од Истанбул се вратил од местото каде што полетал поради проблеми. Најверојатно се работи за дефект на сензорите за брзина и висина и се чини дека фудбалерите и останатите патници ќе ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва се врати во Скопје по проблемите кои што ги имаше денеска во Истанбул. За потсетување нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул. Стануваше збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување. Фудбалската репрезентација на Македонија ...
Фудбалската репрезентација на Македонија безбедно слета на скопскиот аеродром, откако претходно имаше кратка непријатност при летот од Истанбул. Имено, чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија беше принуден да се врати на пистата на аеродромот во Истанбул кратко по полетувањето, поради мал технички проблем на авионот. Сепак, ситуацијата била под контрола и безбедноста на патниците во ниту еден момент не била доведена во прашање. ...
Фудбалерите доживеаа вистинска драма откако првиот лет кон Скопје им беше неуспешен. Откако авионот полета од Истанбул, направи круг и по барање на пилотот се врати на турскиот аеродром. Македонската експедиција мина неколку часа на аеродромот чекајќи да биде извршена проверка на авионот и да бидат поправени недостатоците. Откако добија зелено светло, авионот повторно полета од Истанбул и успешно слета во Скопје. Македонската репрезентација ...