Карлос Алкараз се смета за тенисер кој ретко дозволува емоциите да го надвладеат, но за време на четвртфиналето на турнирот во Доха против Карен Качанов, тој покажа сосема поинаква страна. Во центарот на расправијата, покрај младиот Шпанец, беше и еден од најпочитуваните судии Марија Чичак. Чичак го стартуваше часовникот за сервис, накратко го запре додека Алкараз го славеше поенот, но го вклучи повторно кога Шпанецот отиде да земе пешкир. ...

Најдобриот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на АТП турнирот во Доха, откако го совлада Русинот Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:6(3), 6:4). Алкараз дојде до победата над 14 играч на АТП листата по два часа и три минути. Шпанецот пет пати му го одзеде сервисот на противникот, кој направи четири брејка. Во финалето, Алкараз ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Финс – Меншик. Најдобриот светски ...

Карлос Алкарас дојде до трофејот од АТП турнирот во Доха, Катар, и тоа не било како, туку убедливо како на тренинг и за само 52 минути. Ова финале ќе остане запаметено како едно од најкратките во историјата на АТП-500 серијата. Францускиот тенисер, Артур Филс, едноставно немаше шанси против моментално најдобриот на АТП ранг-листата и не само што загуби за само 52 минути, туку успеа да освои само три гејма во поразот од 6-2 и 6-1. Шпанецот со ...

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа тимот на Мемфис Гризлис (136-120) во НБА лигата. Во финишот на средбата во Флорида дојде до голем хаос, а во центарот на вниманието беа Скоти Пипен Џуниор и Мајрон Гарднер. Прво играчот на Мајами во една акција го турна Пипен, па овој ги загуби нервите, го бркаше преку теренот и физички го нападна. Двајцата завршија во првите редови на трибините и настана масовна турканица. Решението на судиите беше ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои АТП турнирот во Доха, Катар, откако во финалето го победи Французинот Артур Фис со 2:0 во сетови 6:2, 6:1. Моментно најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, убедливо го совлада Фис, кој е рангиран на 40 место на АТП листата, по само 51 минута игра. Шпанецот пет пати направи брејк на сервис на противникот, кој не успеа да запише ниту еден брејк. Ова беше трет дуел помеѓу шпанскиот и францускиот ...

Натпреварот меѓу Мајами хит и Мемфис гризлис заврши со победа на тимот од Флорида од 136:120 по продолжение, но по последниот звук на сирената во преден план изби инцидентот меѓу кошаркарите на двата тима. Кога победникот веќе беше решен на 1:55 пред крајот на продолжението при водство на Мајами од 134:113 дојде до жесток дуел меѓу Скоти Пипен Џуниор од Мемфис и кошаркарот на домаќините, Мајрон Гарднер. Пипен промаши шут и се враќаше во ...