Денеска во Струмица продолжуваат натпреварите во Купот на Македонија, на програмата се двата полуфинални дуели во женска конкуренција. Бранителот Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Пелистер, мечот е закажан со почеток во 17 часот. Во втората полуфинална двојка Спартак игра против Чаир, мечот стартува во 20 часот. Ѓорче Петров оди по 19 титулата, додека Пелистер, Спартак и Чаир по историја. Билетите веќе одамна се во продажба и истите за ...

Во првото полуфинале на женскиот ракометен Куп на Македонија, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров не дозволија изненадување и лесно го совладаа вечерва младиот состав на битолски Пелистер со 37-15. Бранителот на трофејот од самиот почеток доминираше на паркетот во салата „Парк“ во Струмица и веќе на полувремето имаше недостижна предност од 14 голови. Ѓорѓиевска со девет голови беше најефикасна во редовите на ЖРК Ѓорче Петров и воедно на ...

Во Струмица во салата „Парк“ вечерва се игра завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка и во женска конкуренција. Во фокусот ќе биде машкото финале, во кое Вардар и ГРК Охрид ќе ги одмерат силите. „Црвено-црните“ атакуваат по неверојатна бројка од 18-ти пехар во ова натпреварување, додека Охрид има шанса да испише историја и да дојде до првиот трофеј во ова натпреварување. Вардар стигна до финалето со триумф над Алкалоид, додека ...

Денеска во салата „Парк“ во Струмица се игра завршницата во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. Во центарот на вниманието е пресметката помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 која стартува во 20 часот. Охриѓани веќе испишаа историја со самиот пласман во финалето, посакуваат овој викенд да остане запишен со златни букви, да го подигнат пехарот во Купот на Македонија, кој ќе биде прв. На другата страна Вардар оди по 18 пехар, втор по ...

Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија кај дамите. „Лавиците“ дојдоа до 19. пехар во ова натпреварување, трет по ред, откако во финалето славеа против Спартак 30-33 (14-18), кој пак не успеа да приреди ново изненадување. Ризоска, Гугуљанова и Исиќ имаа по седум гола кај победникот, на другата страна Зечевиќ имаше 12 гола, Николовска постигна десет погодоци од исто толку обиди. Спартак беше рамноправен противник речиси ...