Жителите на селото Блатец и во вечерните часови продолжија со блокадите, изразувајќи го своето незадоволство и противење на најавената изградба на хидроцентрала во нивната околина. И покрај дождливото време, поголем број жители повторно излегоа на терен, испраќајќи јасна порака дека остануваат обединети во ставот дека ваквиот проект не треба да се реализира. Присутните нагласија дека ќе продолжат со активностите сè додека, како што велат, не ...
Жителите на село Блатец кај Виница во изминативе денови постојано се на нозе и ја чуваат реката Блатешница. Тие поставија рампа преку која никој не може да помине без нивна дозвола, а стражите се организирани деноноќно. Вчера попладнето беа повторно на терен, испраќајќи порака дека нема да да дозволат изградба на хидроцентрала, пренесува локалниот медиум ТВ Стар. „За нас Блатешница е живот. По ниедна цена нема да отстапиме“, порача еден од ...
Жителите од селото Блатец на 20 февруари два часа ќе го блокираат магистралниот пат Виница-Берово кај местото Скараница, каде што се наоѓа крстосницата од која по локалниот пат, по неколку километри, се стигнува до селото. Тоа е последната одлука на жителите на Блатец, донесена во знак на револт, откако по три и пол години повторно се приморани да протестираат и да го блокираат преминот кон реката Блатешница, поради најавата дека некој сака ...
Добивај вести на Viber Жителите на виничкото село Блатец организираа народна стража покрај Блатечка Река, со цел да спречат изградба на нова мала хидроцентрала. Тие велат дека започнуваат уште една битка – за зачувување на питката вода од која се снабдува селото, но и за заштита на животната средина. „Ќе настане еколошка катастрофа затоа што растителниот и животинскиот свет во тој дел на реката ќе биде уништен. Најголем проблем е што на ...
Жителите на виничкото село Блатец повторно се мобилизираат против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница, стравувајќи дека ќе останат без селскиот водовод, единствениот извор на вода за пиење и за наводнување. По протестите и блокадите на крајот на 2022 година, кога тогашните концесионери се откажаа од проектот, жителите веруваа дека опасноста е надмината. Но, според нив, затишјето било само привремено. „По цели 3,5 години, ...
Жителите на село Блатец и понатаму продолжуваат со блокади со цел да не се изгради хидроцентрала на река Блатешница. Денеска преставници беа на разговор во Министерството за транспорт и врски, и како што велат се надеваат на конструктивна соработка, но во петок од 15 до 17 часот ќе се одржат најавените блокади на локалниот пат. Додаваат дека 24 часа имаат дежурства со цел да не се пренесат машини за изградба на хидроцентраланата преку ноќ. ...

