Жители наплаќале влезници на туристи на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица, тврдејќи дека локалитетот е во нивна сопственост. Еден од посетителите вчера алармираше за проблемот преку социјалните мрежи и побара од надлежните институции да преземат мерки за да се спречи самоволието на неколку лица кои ја нарушуваат сликата за државата. Тој тврди дека вчера, откако одбил да плати ...

Посетители сведочат дека деновиве тешко стигнуваат до природниот споменик Камени Кукли во селото Долна Куклица бидејќи таму ги пресретнува жена што сака да им наплати влез и се однесува насилно. „Застаната е една жена која бара пари за да се посетат ‘куклите’. Жената воопшто не е некое официјално лице, ниту, пак, вработена во општината или каде било. Во нашиот случај не сакаше да нè пушти бидејќи имало гости (кампери) – странци кои требало ...

Општина Кратово попладнево соопшти дека со години е спречена да управува со локалитетот Куклица, кој е прогласен за споменик на природата, наведувајќи дека просторот е бесправно узурпиран и оти незаконски се наплаќа влез од туристите кои доаѓаат да го посетат. Ова доаѓа откако „Слободен печат“ објави сведоштва од граѓани и посетители дека маж и жена им барале пари за влез на локалитетот, им се заканувале дека ќе им пуштат кучиња и гаѓале со ...

Земјените кукли во Куклица е еден од најважните геолошки локалитети во Македонија. Иако е под законска заштита и управуван од општината сепак е под постојан притисок за уништување од немарните туристи како и неправилните начини за негова конзервација. Земјаните пирамиди или т.н. „камени кукли“ во с. Долна Куклица се најмаркантна појава на земјани столбови-пирамиди во Република Македонија. Станува збор за околу 150 поединечни форми, „кукли“ ...

Министерството за внатрешни работи потврди дека за случувањата поврзани со локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, кратовско, веќе се водат судски и обвинителски постапки, а по најновите пријави од 7 јуни годинава повторно се известени надлежните институции. Од МВР информираат дека уште во 2024 година случајот бил пријавен во Одделението за внатрешни работи Кратово, по што до Основното јавно обвинителство Куманово било доставено ...

Еден од најпознатите македонски природни локалитети – „Камени кукли“ кај Куклица, се најде во центарот на сериозен скандал откако беа објавени сведоштва за незаконска наплата на карти, узурпација и заплашување на посетители од страна на неколку лица. Додека туристите плаќале влез верувајќи дека станува збор за приватен имот, институциите потврдуваат дека случајот веќе е предмет на постапки, со поднесени кривични пријави и судски процеси. Во ...

Случајот со узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“ или “Куклица“ во Општина Кратово од страна на приватни лица, кои подолг период наплаќале влез за јавен споменик на природата, тврдејќи дека истиот е во нивна сопственост, е како вест од рубрика “верувале или не„. Имено здружението “Извор“ формирано од Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх им наплаќало влез на домашни и странски туристи, а како што информираа од ...